Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 14:12

НОА ја презеде одговорноста за експлозијата пред Владата

Националната ослободителна армија (НОА) ја презеде одговорноста за експлозијата во петокот вечерта пред зградата на македонската Влада, го пренесува пишувањето на приштинскиот весник Коха Диторе, агенцијата Б92.
И лани во октомври кон Владата биле истрелани два проектила со рачен фрлач при што беше предизвикана само помала материјална штета. Тогаш со соопштение се јави дотогаш непознатата Националната ослободителна армија (НОА) наведувајќи дека тие се одговорни за гранатирањето на Владата и дека барааат подобрување на статусот на Албанците во Македонија. Соопштението тогаш беше потпишано од извесен командант Куштрими.

ОНА, на чие чело беа Али Ахмети и Гзим Острени, е расформирана по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година. Оттогаш, од време на време се појавуваат албански фантомски герилски организации кои ја преземаат одговорноста за поедини инциденти.

Кон Владата било стрелано и во 2007 година со два проектила од тромблонски минофрлач. МВР тогаш соопшти дека се работи за терористички напад. Сторителите на и на овој инцидент не се откриени.

МВР засега не соопштува повеќе детали за пукањето кон Владата во петокот.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/noa-ja-prezede-odgovornosta-za-eksplozijata-pred-vladata

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 16:46

И што мислите дека е ова ? ако се вратиме наназад,уште од поодамна има вакви напади и дешавки...прво почнаа со МНОГУ тепачки по автобуси,школи,населби,па се деси Ѓорче,па бомбите по(во шахти наводно) станици,па рекетирање на влада ми се чини 2 пати,па сега пак пред влада...па формирање на илирида,па тепачки и пукања по штабови,па појавување нводно на гарди,па лажни пријави дека ги виделе и ги легитимирале(на крај испадна дека лажело детето,било некое шлакнато) па ги рчнаа со инспекции и затварања по тетово,дебар,гостивар....

сега секој ќе каже-абе намерно тоа да се тргне внимание го праат грујо и аљи,ама не ќе да е тоа,ова се дешава уште од многу поодамна...така беше и 2001 не сфаќале сериозно,биле шверцери па криминналци па бандити на крај испаднаа терористи за "човекови права"
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 18:12

УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од за сега непознат командант Куштрими.

До сега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади.

Од полицијата велат дека двата напади се случиле од ист правец, а во инцидентите немаше повредени.

http://a1on.mk/wordpress/archives/477067

П.С. Епа ај ќе почекаме додека се договорат сеа кој уствари е одговорен.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 18:33

Сестрински "единици" се...не се договориле убаво Very Happy се смееме ама не е за смеење реално...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 18:40

Клише случувања, ништо повеќе.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 19:07

чудно што не ја гранатираат владата на србија пример...или хрватска,или босна,или албанија...само нашево е клише scratch
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 21:35

JKD напиша:
чудно што не ја гранатираат владата на србија пример...или хрватска,или босна,или албанија...само нашево е клише scratch

Затоа што таму веднаш ќе се отпочне акција во која ќе бидат откриени и казнети, како сторителите така и нарачателите.

„На територијата на липковското подрачје престојува група од 40-тина ветерани на УЧК кои треба да фингираат вооружен судир на Кумановско-Скопско подрачје по нарачка на првите луѓе од владеачката структура во државата се со цел по секоја цена да се остане на власт, оправдувајќи се со нарушена безбедносна состојба. Таква е и акцијата за гранатирање на зградата на владата на Република Македонија која е изведена толку аматерски да е смешно што командантот Куштрими се согласил да ја потпише како своја. Ќе има уште вакви циркузијади, ама спас за оваа влада повеќе нема.“
– Професор Иван Бабановски, експерт од област на безбедност


*Преземено од фејсбук страницата "Македонски бранители".

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty13/4/2015, 23:21

Еве кажи ми дали веруваш дека на дпмне и аљи им треба нова војна ? со тоа автоматски паѓаат од власт.А никој не ти гарантира дека ќе паднат од власт,видеата не допреа до луѓево како што очекуваа,јас ти гарантирам.Прво,затоа што старата генерација,пензионерите,не се ни замараат нит па знаат.Еве сеа баба ми ќе иде на бања,баш и е гајле што заев пушта видеа.Она гласа за дпмне.А Македонија е со пензионери преполна.Татко ми исто не се замара со видеата,пошто не е глуп да верува како слепо куче на тоа што пушта заев,ниту па е глуп да верува на се што ќе каже грујо.На кого ќе му прдне за тој ќе гласа.СДСМ немаат НИКАКВА програма,дпмне имаат и тоа е факт,колку е реална тоа е друг муабет ама има што да ти кажат и има што да прочиташ.Тоа ти е исто ко продавница,ако има списание,ако има фб с трана,ако има онлине страна,одма неговата моќ е поголема,неголи некој што ништо не прави туку само оговара дека му е кинеска робата и дека он е боље,а неговата не кажува од кај е.Буквално исто.

Така да јас не мислам дека они би праеле војна,и тоа пази муабет,за да избегале со парите lol! па тие ако осетат дека е густо ќе избегаат и без војна,демек ние нема да приметиме дека немаме претседател,шеф на дбк,премиер,министер за внатрешни,за транспорт ? или ќе бидеме засенети со турски серии србски(цигански) шоуа и војна,па нема да приметиме дека нема пола државен врв ?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty16/4/2015, 17:00

http://sportmedia.mk/ffm-suspenzija-na-stadionot-chair-a-shkupi-predaden-na-distsiplinska/ племе...имам 2ца другари кои играа баш на таа утакмица...прво,судиите се плашеле да судат како што треба,ги испотепале у игра,направиле 2-1 мислам дека,и судијата свирел крај,пред време.Почнале да се бунат нашиве,и тогаш почнала брканицата...имало и истепани,а што е најсмешно,2ца шиптари што играат во вардар,баш нив ги тепале,најмногу.Имало само 5-6 полицајци,ги внесле некако во прособлекувални,тогаш дошле полицајци и алфи,саат време ги држеле внатре,после тоа со кордон ги извадиле,па ги прателе до градски парк со марици и со алфите...дур излагале ги мавале со камења и упаљачи и нормално ги пцуеле.И тоа младинци се.

Пред извесно време,истите гнаси избодеа во терен играч на куманово,исто младинец.

Две опции има-или да има јако полициско обезбедување,па кој фрли било што да јаде ќутек како магаре,или да не се игра таму.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty17/4/2015, 13:47

Пукање во Студеничани: Пет лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје

Пет лица облечени во маскирни униформи запрела група од 18 мигранти од Сирија и заканувајќи им се со огнено оружје им одземале 335 евра, 8000 денари и два мобилни телефони. Едно од маскираните лица почнало и да пука при што повреден е еден Сириец во пределот на поколеницата.
Во тој момент Сиријците ги нападнале своите напаѓачи. Го совладале оној со оружјето и му го одземале по што случајот бил пријавен во полиција а оружјето предадено на полициските службеници.

Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека пак по останатите лица интензивно се трага.

Црна Хроника
17.04.2015 - 13:17

http://press24.mk/pukanje-vo-studenichani-pet-lica-vo-maskirni-uniformi-napagjaat-vo-okolinata-na-skopje
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 52 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: