Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 63 ... 100  Next
АвторПорака
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 15:02

Smrtnik, нас не можат да не извадат преку ноќ на улици,никој не излагап реку ноќ на улици.Нивниот план е веројатно како што кажа чичо зоки,прво да објавуваат такви документи,народот чита,секој што си ја сака државата ќе го дирнат ако се на националистичка содржина посебно со шиптарите,+ стај го тоа дека ДПМНЕ се декларира како ВМРО а сите знаеме што било ВМРО за Македонците...и размисли еве,објауваат 100 документи кај што има договори меѓу нив и шиптарите на база на национални интереси,што мислиш,што ќе се случи ? ќе има огромно незадоволство од народот+опозицијата ќе бара избори+ќе се накрцаат еден куп европски амерички руски дипломати што ќе кажат дека треба да има избори+мењање на власта+ се знае кој ќе дојде,СДСМ сигурно нема титови леви сили.

Јас мислам дека Заев не го очекуваше овој чекор од ВМРО,веројатно очекуваше дека ќе потклекнат поради тие документи ќе му кажат добро еве ти техничка влада еве ти избори нека бира народот,аама овие му направија "криви очи" како во баскет у маало.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 16:19

Доколку се објават тие еве да речеме документи, најверојатно ќе бидат точни и можно е да предизвикаат незадоволство кај народот и има можност народот да излезе на улица и да побара смена на оваа власт (чисто се сомневам дека овие овци некад ќе направат такво нешто ама ајде). Е тогаш во тој случај не зборуваме за државен удар, туку зборуваме за незадоволство на легитимните избирачи на оваа владеачка структура, односно народот кој во сите нормални држави има право да одлучува и да менува на еден или друг начин кога е незадоволен од они кои ги избрал. Државен удар би било евентуално сценарио кога опозицијата со помош на вооружени структури ќе употреби противправна присила со цел противуставно да ја преземе власта од легитимните избраници. А тоа дека некој го повикал народот да излезе на насилни демонстрации и да изврши смена на власта па и по цена на нечии животи, ниту имам видено, ниту имам слушнато такво нешто.

П.С. Се оградувам од секакви партиски определби. Моите мислења се засноваат на објективен поглед кон ситуацијата.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 16:31

Па и моето.Излегоа нели оние пораки од заев до тачи,се знае кој може да прави државни удари,а тоа се шиптарите.Кај нив е оружјето и со нив можеш најлесно да манипулираш.Рачунај дека ќе има не задоволство кај двата слоја,и македонци и шиптари.Не е дека нашиве политичари се овци а нивниве се со муда до колена...и они сигурно направиле еден куп лоши работи за нивниот народ кој го претставуваат.Размисли и на тоа поле...башка не мора да е баш државниот удар со оружје како во Украина,јас како што знам,Милошевич е симнат по пат на демонстрации масовни,но немало пукање и убивање како во украина...можда се појавил ваму-таму некој пиштол или М70 како што беше ете и за протестот пред влада кога политичарите ги пуштија терористите да пројдат покрај нив,и тогаш имало пукања и влагања во собрание или влада не знам кај било тоа точно,така да не мора да значи дека државен удар по дифолт мора да е со масовни убивања.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 17:34

Милошевиќ бил соборен поради тоа што поголемиот дел од неговите безбедносни сили веќе заговарале против него и при неговото "менувње" имало многу демолирани објекти меѓу кои објекот на собранието, како и 2 или повеќе жртви. За разлика од Србија во тоа време и Македонија денес има голема разлика. Сепак овде никој не излезе на улица да протестира против власта ниту пак да го загрози уставниот поредок, туку уште веднаш излегоа партиски полтрони на власта и се упатија кон опозицијата да протестираат. И покрај тоа велат имаше обид за државен удар, основна карактеристика на државниот удар е насилството кон власта и уставниот поредок, значи ако нема насилство, нема државен удар. Имаше ли овде некакво насилство кое беше насочено кон владеачката структура и уставниот поредок на РМ? Немаше! Најпрво приведоа лице заради детска порнографија и нелегално поседување на оружје (2 пиштола) а подоцна го обвинија за соучесник во обид за државен удар и тоа е обвинет врз основа на "докази" кои сеуште не се инкриминирани во кривичниот законик на РМ. Целава прашина која се крена за наводен државен удар е со цел да добијат на време и изговори за да продолжат со апсење на оние кои имаат информации за криминалот на власта, а со тоа опозицијата да ја покрие медиумски мрак.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 17:43

Луѓе,, да бидеме реални, ова нема ни П од пуч или државен удар. Се знае како се прави државен удар.

Ова е класична фарса, и уште еден начин за дефокусирање од реалните проблеми. Не заборавајте, имате протести од студенти, просветни работници... кои допрва пак ќе изразат незадоволство. Така да...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 18:10

Frogfoot напиша:
Луѓе,, да бидеме реални, ова нема ни П од пуч или државен удар. Се знае како се прави државен удар.

Ова е класична фарса, и уште еден начин за дефокусирање од реалните проблеми. Не заборавајте, имате протести од студенти, просветни работници... кои допрва пак ќе изразат незадоволство. Така да...

Тоа е тоа. Само кој да сфати.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 20:00

Јас само те прашувам,што кога(ако) ги извади заев на виделина сите докази и разговори ? што тогаш ? за што да излезе народот на улица ајде кажи ми ? еве јас не сум ориентиран,само си ја сакам државата,кога би излегле такви разговори,договори,компромиси,меѓу нашиве политичари и шиптарите,тогаш јас би излегол на протест.Сега за што да излезам ајде кажи ми ?

Како и да вртиш,не смее да има такви документи со него.Без разлика дали тие документи се за зделки не легални или што и да е,он по закон не смее да има такви документи,нити да ги објави во медиум.Така да пак е чиста власта,а овој што го спомнуваш со пиштолите и порнографијата,како што се кажува,давал документи на заев.Заев вика од луѓе во ДБК ми се,значи има логика да му ги давал он,ВМРО вика од странски служби му се,што може и да е вистина пошто нели заев често идеше во Грција и се враќал наводно истиот ден,ваљда не идел да се избања во море или на шопинг во Солун ?

Инаку,синот на тој што го уапсија бил тежок лудак,па мислам дека делот за порнографија му го препишаа на него.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 21:48

JKD напиша:
Јас само те прашувам,што кога(ако) ги извади заев на виделина сите докази и разговори ? што тогаш ? за што да излезе народот на улица ајде кажи ми ? еве јас не сум ориентиран,само си ја сакам државата,кога би излегле такви разговори,договори,компромиси,меѓу нашиве политичари и шиптарите,тогаш јас би излегол на протест.Сега за што да излезам ајде кажи ми ?

Како и да вртиш,не смее да има такви документи со него.Без разлика дали тие документи се за зделки не легални или што и да е,он по закон не смее да има такви документи,нити да ги објави во медиум.Така да пак е чиста власта,а овој што го спомнуваш со пиштолите и порнографијата,како што се кажува,давал документи на заев.Заев вика од луѓе во ДБК ми се,значи има логика да му ги давал он,ВМРО вика од странски служби му се,што може и да е вистина пошто нели заев често идеше во Грција и се враќал наводно истиот ден,ваљда не идел да се избања во море или на шопинг во Солун ?

Инаку,синот на тој што го уапсија бил тежок лудак,па мислам дека делот за порнографија му го препишаа на него.

Прво, доколку опозицијата има такви докази како што најавува, треба да ги извади во јавност со цел народот да види дека неговите легитимни избраници ја злоупотребиле довербата која им ја дал овој народ и за тоа треба да сносат одговорност за своите постапки. Во меѓувреме никој не спомна дека тие се на етничка основа. Ако ја следиш ситуацијата ќе видиш дека наводно тоа се документи кои содржат докази за манипулација на одредени изборни единици и документи поврзани со огромен финансиски криминал за проектот "Скопје 2014". И никој не рече дека ти или било кој сега, веднаш, у моментов треба да излезе на протест без причина. Е сеа тоа дали смее или не смее е дискутабилно. Законски не смее да има класифицирани документи, меѓутоа доколку тие документи укажуваат на тоа дека власта ги злоупотребува народните пари, врши злоупотреба на својата положба и овластувања, а истовремено е злоупотребена и довербата на народот кој ги избрал да ја водат оваа држава, тогаш народот има право да ја знае вистината, на еден или друг начин. Патем, ДА смее да ги објави тие документи во медиум, барем во демократските држави каде што медиумите имаат слобода на изразување се додека тоа што ќе го кажат не е спротивно на принципот на презумција на невиност. Што се однесува пак до апсењето на Верушевски, истата судбина го снајде и еден од неговите претходници Богоевски. Богоевски беше речиси пред лустрирање, меѓутоа заради наводно поседување на документи кои говорат за криминалот на високи владини функционери, успеа да помине само со 1-2 години затвор.
Па дури и да ги добивал од странски служби тие информации, доколку станува збор за узурпаторска власт нормално е дека режимот нема сам да го поддржи своето уништување. Меѓутоа доколку навистина тие документи ги добивал од странски служби, тука се отвара ново прашање. Како тие странски служби успеале да дојдат до тие документи кои се сметаат за строго класифицирани. Дали тоа значи дека нашите безбедносни служби дозволиле странски служби да допрат до срцето на безбедносниот систем на државата и кој треба да ја сноси одговорноста за тоа?
Меѓутоа мислам дека опозицијата поради одредени причини, нема да извади некои посебни докази кои ќе бидат доволни да и наштетат на власта. Па дури и да извади, ќе ги изеде медиумскиот мрак.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 23:08

Класифицирана информација, Готфатхерот е пред умирање, рак имал или леукемија, нема оваа влада уште долго само кој ќе дојде следен.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty1/2/2015, 23:32

JKD напиша:
Јас само те прашувам,што кога(ако) ги извади заев на виделина сите докази и разговори ? што тогаш ? за што да излезе народот на улица ајде кажи ми ? еве јас не сум ориентиран,само си ја сакам државата,кога би излегле такви разговори,договори,компромиси,меѓу нашиве политичари и шиптарите,тогаш јас би излегол на протест.Сега за што да излезам ајде кажи ми ?

Како и да вртиш,не смее да има такви документи со него.Без разлика дали тие документи се за зделки не легални или што и да е,он по закон не смее да има такви документи,нити да ги објави во медиум.Така да пак е чиста власта,а овој што го спомнуваш со пиштолите и порнографијата,како што се кажува,давал документи на заев.Заев вика од луѓе во ДБК ми се,значи има логика да му ги давал он,ВМРО вика од странски служби му се,што може и да е вистина пошто нели заев често идеше во Грција и се враќал наводно истиот ден,ваљда не идел да се избања во море или на шопинг во Солун ?

Инаку,синот на тој што го уапсија бил тежок лудак,па мислам дека делот за порнографија му го препишаа на него.

Јас те читам и не можам да поверувам колку наивно размислуваш.

Нема многу да те „едуцирам„ , бидејќи во последниот пост на Смртникот ти е кажано се, ама баш се. Само ќе се надополнам на една работа од твојов пост, а таа е: викаш, ќе излезеш на улица ако дознаеш за договор на оваа власт со шипците? Па кај беше бе другар ти досега? на колку форуми имаш војувано? Тебе соработка не ти се бизнисите со територијална распределба и сл. во Западна Македонија? Што мислиш ти, Грујо нема муабет со Али? Како успеваат да се договорат после секои избори? Да не нема избор Грујо? Што не влезе со ДПА во коалиција (ако веќе мора со некој албански парнтер), нели цело време викаа вриштеја дека ДУИ е ваков таков? Тебе ти треба документ за ти да се увериш дека такви бизнис зделки на ГОЛЕМО веќе постојат?

Не брат, ти нема да излезеш дури и написмено да ти го дадат тоа, знаеш и сам.

И да, не е само предавство и непатриотизам таквата коалиција, барем не за мене кој малку подобро ги знам и разбирам работите од тебе. За мене предавство и непатриотизам е и перењето пари преку тендери, со стотици милиони евра, ако не и милијарди, ВО ИМЕ НА ПАТРИОТИЗМОТ!

За тебе битно е шипците да се мирни, а овие нашиве нека крадат, тоа не ме интересира! Браво за логикава... затоа сме тука кај што сме.

Биди поздравен, и читни малку нешто од политика, да видиш како навистина функционираат работите во нашава држава.


Последната промена е направена од Frogfoot на 1/2/2015, 23:33. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 27 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 27 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 63 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: