Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty3/6/2013, 13:17

Министерство за одбрана доби донација од Холандија

Донација од Кралството Холандија доби денеска Министерството за одбрана.
Се работи за техничка опрема, мебел, реновирање на просториите и доедукација на вработените во Одделението во областа на графичкиот дизајн и видео-продукцијата.

- Соработката помеѓу Министерство за одбрана и Кралството Холандија е на завидно ниво, со голем број проекти иницирани со цел постојан развој и работа согласно стандардите на НАТО. Со оваа донација се зајакнуваат капацитетите на Министерството за комуницирање со јавноста и се доближуваат активностите на МО и на АРМ до сите граѓани на Македонија, рече министерот за одбрана Талат Џафери на примопредавањето на опремата.

Амбасадорката Шруман вели дека „е среќна сум што имаме можност да ја поддржиме Македонија во реформите со цел креирање модерна и транспарентна Армија“.
http://sky.mk/index.php/makedonija/18198-ministerstvo-za-odbrana-dobi-donacija-od-holandija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty3/6/2013, 13:34

Laughing Laughing Laughing греој сме!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty3/6/2013, 13:41

Значи 2-3 столчиња, работна маса и курс по Adobe Ilustrator и Photoshop. Laughing

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty3/6/2013, 14:40

Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty3/6/2013, 17:25

Процес на самооценување ниво 1 на Леснaта маневарска болница во рамки на меѓународната вежба „Здружен отпор 13“

АРМ - новости - Page 80 HzlQ4RG

АРМ - новости - Page 80 0OYfsJV

АРМ - новости - Page 80 C8fb508

АРМ - новости - Page 80 FEWUkWD

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty4/6/2013, 16:33

Меѓународната вежба „Здружен отпор 13“ започна со реализацијата на практичниот дел од сценариото за симулирање на земјотрес каде се очекува да биде демонстрирана интероперабилноста помеѓу Армијата и цивилните институции од Македонија, како и армиите на САД и земјите од регионот во справување со последиците кои произлегуваат од него како што се пожари, поплави и оштетување на инфрастрктурата.

Предвидено со сценариото е да раководи Главниот штаб на Центарот за управување со кризи, кој ќе издава наредби на Оперативниот центар во кои партиципираат претставници од армиите на земјите учеснички во вежбата.

Планираните инциденти се проигруваат во реонот на село Мушанци и Армискиот полигон „Криволак“, во кои учество ќе земат тимови за медицинска поддршка од Република Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Црвениот крст од републиката , тимови за пребарување, спасување и евакуација од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерство за внатрешни работи и Косово, тим за епидемиолошко извидување од Словенија и тим за цивилно воена соработка од САД и Босна и Херцеговина, кои ќе бидат кординирани од оперативниот центар.

Од Македонија учество ќе земе и Полската болница ниво 2, во чиј состав се припаднците од АРМ и лекари-специјалисти од Министерство за здравство.

Полската болница, која е распоредена во Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се врши прифат и третман на лица кои имаат живото-загрижувачки повреди. Главната улога на Полската болница е стабилизација на пациентите и подготовка за евакуација до наредното ниво на здравствена заштита, доколку е потребно.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty5/6/2013, 13:00

Македонија ќе купува воени радари со Црна Гора и со БиХ

Според НАТО, регионалната контрола на воздушниот простор ќе ги намали трошоците на секоја земја одделно, а истовремено ќе ја подобри интероперабилноста со алијансата

Македонија ќе купува воени радари со Црна Гора и со Босна и Херцеговина, а трите земји заедно ќе ја користат „сликата за небото“. Ваквиот пристап е дел од иницијативата на НАТО за балкански регионален пристап кон противвоздушната одбрана (БРААД), со кој земјите треба да добијат системи за контрола и набљудување на воздушниот простор, а со заеднички пристап и со помош на алијансата - да ги намалат трошоците од сопствените буџети.

Во Министерството за одбрана информираат дека реализацијата на иницијативата БРААД ќе овозможи размена на информации за набљудувањето на воздушниот простор според стандардите на НАТО. Таа треба да ги развие и да ги поврзе националните капацитети за воздушно набљудување и јавување со Интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на алијансата.

- Во тој контекст, во тек се подготовките за изработка на предаквизициска студија за набавка на современи тридимензионални радарски системи помеѓу Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Трите земји имаат рамноправна улога во однос на ингеренциите и обврските поврзани со БРААД, кој како регионален проект се насочува кон набљудување на воздушниот простор - велат во Министерството за одбрана и нагласуваат дека иницијативата е во духот на НАТО-концептот „паметна одбрана“, каде што повеќе земји ги здружуваат ресурсите за да ги надградат капацитетите.

НАТО уште во 2010 година го иницира проектот БРААД, а во првите разговори биле вклучени земјите од Јадранската група - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со Србија и Унгарија. Во јуни 2011 година САД и Јадранската група се согласиле дека постои потреба за подобрување на надзорот и контролата на воздушниот простор за што е потребен заеднички пристап.

Усвоен бил план за лоцирање четири главни радари - еден на планина во источна Македонија и по еден на Фуше во Албанија, Јахорина во Босна и Херцеговина и на Врсута во Црна Гора. Освен главните радари, било охрабрено и купување дополнителни радари за да се подобри покриеноста на подрачјето.

Земјите договориле и при набавката да се користат и агенциите и фондовите на НАТО. По договорот, Брисел почна анализа на потребите и можностите за имплементација на иницијативата.

Според алијансата, набавката на опремата за контрола на воздушниот простор може да се финансира на три начини - од националните буџети, од заедничкиот фонд на НАТО и од фондот за интеграција на командувањето и контролата. Но, самата алијанса нагласува дека трите можности не се исклучуваат една со друга и всушност е многу можно сите да бидат употребени. Во делот финансиран од националните буџети се нагласува дека можат да помогнат и земји-донатори, меѓу кои се посочуваат САД.

Македонија веќе неколку години доцни со набавка на радарски систем за противвоздушната одбрана, кој е прескап за буџетот на одбраната. НАТО-ќелијата за анализа на воздушната одбрана (НААДЦ) во една студија оценила дека Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора „не се целосно компатибилни со НАТО-структурата за команда и контрола на воздушниот простор и немаат соодветни системи“.

Освен набавката на радарски системи и делење информации за контрола на воздушниот простор, регионот треба да користи и заеднички капацитети за патролирање на воздушниот простор, односно авиони од една или од неколку земји да патролираат на регионалното небо. С` уште нема конкретни договори за овој дел од иницијативата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=02DE104BBE828F4F86FC530606511D78

Се собрале сите голтари...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty5/6/2013, 13:28

И што радари би можеле да купиме, од каде... ?
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty5/6/2013, 15:55

А како би се користиле и авионите за заедничко патролирање ? Rolling Eyes

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty5/6/2013, 16:06

Кои авиони?!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 80 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 80 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: