|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 4/8/2013, 15:21 | |
| | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/8/2013, 22:05 | |
| На денот на АРМ, македонски војници ќе бараат преминување во бугарската армија Отпуштените професионални војници по неколкугодишната голгота, спас од немаштијата ќе бараат кај бугарските власти. Според инфорамции на А1он, на 18-ти август, на денот на Армијата на Република Македонија, официјално ќе побараат прием во бугарската амбасада и ќе разговараат дали е можно да служат во армиските редови кај нашиот источен сосед. За А1он, координаторот на отпуштените професионални војници Илија Тодев, потврди дека тоа е договорено-да се разговара со претставникот на Бугарија во Скопје. - Се подготвуваме, точно е. На 18. авуст на денот на АРМ, ќе пратиме допис за средба во бугарската амбасада, да излезат во пресрет за наше можно вработување во нивната земја, кога овде веќе не сме потребни. - Во прашање е нашата егзистенција, нерешениот статус од власта на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот голем непријател ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја бараме егзистенцијата во Бугарија. Власта досега можеше да го реши нашиот проблем, но не сака, изјави за А1он, Илија Тодев, координатор на отпуштените професионални војници. Станува збор за околу 120 отпуштени професионални војници, кои се социјално загрозена категорија. Откако истече нивниот договор за ангажман во армијата до 38 година, тие останаа на улица, а не беа опфатени ни со oдлуката од февруари минатата година, за останување во АРМ до 45 та година. Најчесто, оправдувањето на Министерствот за одбрана изминативе години беше дека овие војници го оптоваруваат и се товар за буџетот. Голем дел од нив се со сертификати и признанија, но и учесници во разни мировни мисии. Според Илија Тодев, Армијата ја напуштаат и старешiни, вработени во АРМ – поручници, капетани, мајори веќе заминуваат на печалба во странство. Извор: http://a1on.mk/wordpress/archives/190394 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 10:22 | |
| Македонија преку АРМ веќе е во НАТО Од воена гледна точка дадовме максимум за НАТО, ги постигнавме стандардите, ги поддржуваме, соработуваме и ценети сме од партнерите. Не можеме ништо повеќе да дадеме и направиме. Останува на нас како Армија да придонесуваме во регионалната и меѓународна безбедност и да ја одржуваме кондицијата и напредокот што сме го стекнале". Вака, на прашањето има ли шанси наскоро да се видиме во големото семејство на Алијансата, одговори првиот човек на Армијата во ексклузивното интервју за ВЕЧЕР што го направивме во пресрет на одбележувањето на Денот на армијата, 18 Август. Со генералот Котески разговаравме и за суштинските работи кои ја засегаат војската како што е подигањето на стандардот на војниците, за набавката на современи борбени системи, за подмладувањето на армиските редови со нови кадри од рестартираната Воена академија, за рејтингот на македонските мировници...Лично од него дознавме дека новите маскирни униформи се готови и дека војниците ќе ги добијат до прославата Со низа активности кои започнаа пред повеќе од еден месец го одбележувате Денот на армијата, 18 Август. Во каква кондиција македонската војска го дочекува 21-от роденден? - На вашето прашање ќе се обидам да ви дадам одговор со војнички вокабулар, бидејќи тоа што вие го гледате како "кондиција" за мене е од суштинско значење. Според она што е направено во изминатава година, гледано помеѓу два празника, јас како началник на Генералштабот сум задоволен од сработеното. Празникот е убава прилика да се согледа што е сработено и до каде сме. Армијата ги исполни планираните обврски, роковите се запазени, при што задачите ги извршивме без последици по животот и здравјето на луѓето. Овде посебно би истакнал дека и покрај намалениот буџет, успеавме да ги исполниме обврските како Армија, пред се кон пакетот партнерски цели и во реализацијата на вежбите. Кога зборуваме за вежбите, само би ги истакнал оние со кои ги исполнуваме планираните обврски од Концептот за оперативни способности. Успешно го продолживме процесот на оценување на декларираните единици од кои би ја издвоил средната баталјонска пешадиска група и полската болница - рол 2, оценувана низ реализацијата на вежбата од циклусот "Македонски блесок" и меѓународната медицинска вежба "Здружен отпор". Исто така, кон крајот на јуни изведовме и здружено-тактичка вежба со учество на единици од сите борбени системи на бојното поле, при што беше покажан висок степен на координација и извежбаност. Ако на ова ја додадеме обуката која ја спроведуваме во рамките на подготовката на контингентот за мисијата ИСАФ во Авганистан, можам да констатирам дека борбената готовност на Армијата е на високо рамниште. Но, да не бидам сфатен дека "кондицијата" на војската ја гледам само преку обученоста, сакам да истакнам дека и во изминатата година водевме сметка и за подигнувањето на стандардот на припадниците на АРМ. Преземените чекори од наша страна по ова прашање се скромни, ако се земе предвид фактот дека доделените буџетски средства не ни даваат многу можности, но сепак со сопствени сили и средства направивме напори да ја подобриме инфраструктурата во касарните и објектите, иако, како што кажав, Армијата е лимитирана за преземање на посериозни чекори. На почетокот на годинава, успешно ја рестартиравме касарната "Мирче Ацев" во Прилеп, што беше многу позитивно прифатено. Во пресрет на 21-от роденден на АРМ можам да кажам дека припадниците на АРМ гордо ќе го дочекаат и прослават својот празник, а наше обележје и понатаму ќе остане посветеноста кон професијата, високиот морал и обученоста. Во секое Ваше јавно обраќање Вие како прв човек на АРМ ја потенцирате вашата заложба за подигање на стандардот на војниците? Што е направено досега? - Стандардот на војниците не се огледа само во платата која ја примаат туку и во останатите услови. Ќе споменам најпрво дека е донесен акт за дополнување на легислативата која регулира одредени прашања во однос на правата и финансиските принадлежности на припадниците на АРМ. Преземени се и одредени мерки и активности за подобрување на условите за живот, работа и обука во касарните и полигоните. Подобрени се условите во воените кампови наменети за обука, рекреација и одмор. Донесена е уредба од Владата на РМ за посебни специјалности чија реализација е во тек. Од 2011 година наваму, во воениот буџет не се планирани речиси никакви средства за набавка или модернизација на воена опрема. Воените системи се многу скапи и невозможно е да се финансираат од воениот буџет, па затоа е потребна владина поддршка. Има ли Владата разбирање за ова? - Во последните 3-4 години буџетот во одбраната континуирано се намалува. Ова намалување се должи на економската криза не само во РМ туку и во целиот свет што директно влијае на стандардот на припадниците на АРМ. Сегашните финансиски средства во буџетот се доволни за одржување на опремата и техниката со која располагаме, но не се доволни и за модернизација на АРМ. Затоа изготвивме План за модернизација и го презентиравме пред надлежните институции и авторитети. Можам да кажам дека постои желба и поддршка да се отпочне со реализација на овој План. Очекувам дека оваа одлука ќе биде донесена и ќе биде позитивна, во корист на АРМ и во корист на државата. Сметам дека овие аквизиции, а имајќи ја предвид нашата економска моќ, е добро истите да се реализираат со отплата на повеќе години. Познато ви е дека организацијата на набавките е во потполна надлежност на МО. Заради специфичноста сметам дека системот за набавки во МО треба да се разликува во однос на законските одредби за набавки во останатите министерства и во тој контекст потребни се законски измени. Мора да вложуваме во одбраната, мора да вложуваме во модернизацијата затоа што со тоа вложуваме во иднината на нашата држава. Подготовки за одбрана и модернизација се вршат во мирновремени услови, а не кога на тоа сте принудени. Одбраната, безбедноста, мирот немаат цена. Кога еден човек е болен единствено што бара и му е потребно, е здравјето. И кога една држава ќе го изгуби територијалниот суверенитет и интегритет, во тој случај е потребна ефикасна одбрана со ефикасни системи. Да се вратиме повторно на војничкиот стандард. Најавивте рехабилитација на армиските капацитети за обука и рекреација во Дојран, Свети Наум, на Попова Шапка. До каде е реализацијата на овие проекти? - Точно е дека Генералштабот се залага за заживување на овие центри од причина што тие можат да понудат големи можности за обука, но и за рекреација на припадниците на АРМ. Како новина беше заложбата за преуредување и ставање во функција на капацитетите на одморалиштето во Дојран, кое од за мене непознати причини беше ставено надвор од употреба. Ние ќе направиме се да го уредиме воениот камп во Дојран во еден пријатен амбиент, а добивме и уверување за поддршка и од локалната самоуправа. Што се однесува до кампот Свети Наум, започнато е реновирање и изградба на тврди објекти-бунгалови, каде ќе биде реновирана комплетната инфраструктура, со што ова одморалиште ќе биде едно од најреномираните од овој вид на Охридското Езеро. Што се однесува до Попова Шапка, јавноста во една прилика беше запознаена за проектот за целосна реконструкција на Центарот за обука во зимски услови, кој е предвидено да се реализира во наредните неколку години. Дел од градежните работи се започнати и верувам дека ќе се изнајдат финансиски средства за заокружување на овој проект. Познато е дека Попова Шапка важи за "кралица" на снегот во регионот, а според скијачките капацитети, реално може да прерасне и во регионален центар. Со осовременувањето и реновирањето на сите овие рекреативни центри, најголем бенефит можат да имаат припадниците на АРМ кои ќе можат да ги користат во поголем број и под поволни услови. Ова не е ништо ново, голем број вакви одморалишта се во употреба во повеќето армии од земјите-членки на НАТО, тогаш зошто да не се избориме да ги достигнеме и овие стандарди. По шестгодишниот мораториум на Воената академија, деновиве дипломираше првата класа питомци и прва во која се произведени седум потпоручнички. Ќе значи ли тоа, освен подмладување, и можност за напредување на жените-офицери? - Ова беше првата класа каде што во историјата на Воената академија на додипломските студии се школуваа и припаднички на женскиот пол. Тие не само што успешно одговорија на сите предизвици поврзани со обврските кон испитите и војничкиот живот, туку и покажаа дека можат да се носат рамноправно со нивните колеги, така што најдобар доказ беше прворангираната потпоручничка. Генерално, сите произведени потпоручници претставуваат освежување и подмладок на АРМ, што за сите нас ќе значи обврска и да се помогне во првите чекори од професионалната кариера. Што се однесува до жените-офицери, тие и досега имаа можност за напредување во АРМ, но нивниот број сега ќе се зголеми и во родовските единици, што за нас претставува нов квалитет во однос на изедначувањето по ова прашање со современите армии во светот. По застапеност на припадници од женски пол со околу 9 проценти во армискиот состав АРМ е лидер во регионот. Во изминативе месеци имавте и исклучително богата дипломатска активност. Бевте гостин или домаќин на голем број ваши колеги од регионов, Европа, САД. Какви се импулсите што ги добивте по овие средби? - АРМ кај сите мои колеги-началници на генералштабови се доживува како рамноправен, посакуван и достоен партнер. На средбите, воглавно се фокусиравме на проширување и јакнење на билатералната воена соработка. Од исклучително значење се контактите кои ги остварив изминативе месеци, од причина што сите соговорници сакаат да ни оддадат признание за успешното долгогодишно учество во мисиите и напредокот кои го имаме остварено. Во изминатите месеци задоволен сум со резултатите од меѓународните активности. Накусо, сите средби кои ги остварив во Европа и во САД беа насочени кон заедничкото учество во меѓународни мировни операции, размена на искуства од различни области, обука на наши припадници во различни сфери, финансиска и техничка помош, изведување на заеднички вежби и формирање на заеднички единици. Од сите овие средби морам да искажам задоволство и во голема мерка сум убеден дека ако приемот на РМ во НАТО зависи од началниците на ГШ на НАТО-алијансата тие би донеле позитивна одлука. Што мислите, од ваш војнички поглед, има ли шанси наскоро да станеме дел од семејството на Алијансата? - Од воена гледна точка како армија дадовме максимум за НАТО, ги постигнавме стандардите, ги поддржуваме, соработуваме и ценети сме од партнерите. Ние не можеме ништо повеќе да дадеме и направиме. Останува на нас како Армија да придонесуваме во регионалната и меѓународна безбедност и да ја одржуваме кондицијата и напредокот што сме го стекнале. Не се откажуваме од нашата стратегиска цел да постанеме дел од воената политичка алијанса чија одлука не зависи само од воената туку и од политичката елита. Дали рејтингот на АРМ кој со години го држи во Алијансата преку нашите мировници во мисиите и натаму е на висока позиција? - Рејтингот на АРМ во мировните мисии е висок и овој тренд сметам дека ќе го задржиме. Ова се должи на квалитетната подготовка пред упатување во меѓународни мировни операции, обученоста и одговорноста на припадниците на АРМ. Секогаш можат да се појават одредени објективни проблеми, меѓутоа е потребно да се согледаат и успешно да се решат. Благодарение на високите оценки кои се уште ги добивавме од највисоките командни структури на НАТО, денес АРМ ужива висок углед во НАТО. Најдобар доказ во прилог на ова се околу 2000 одликувани припадници на АРМ. Искуството и научените лекции кои ги стекнавме во мисиите за нас се од непроценливо значење, а податоците за вкупниот број припадници на АРМ кои учествувале во сите мисии, а особено на оние кои се одликувани, доволно говорат дека оценките на Алијансата за подготвеноста на АРМ не се само декларативни. Дали со тоа ги демантирате пишувањата на некои медиуми дека во мировни мисии се испраќаат необучени и неподготвени војници? - Апсолутно! Одговорно тврдам дека сите мировници во мисија се упатуваат одлично психофизички подготвени, а доказ за тоа е и нивниот рејтинг. Подготовките за мисиите се крајно професионални и вклучуваат сериозна психофизичка обука. Траат по шест месеци и почнуваат со избор на војниците, потоа следат физички проверки, лекарски прегледи, психолошки тестови, вклучително и обука и оценувања во Маринскиот корпус на САД за Европа што е стациониран во Романија. Уште повеќе, за да се избегнат манипулации, списоците наместо со 150 се пополнети со 250 војници, па на крајот истиот се прочистува и прецизира на кадровски совет. Значи, да повторам, секој мировник пред да замине во мисија поминува низ неколку филтри. Она на што можеби треба да работиме во иднина е подобрување на техниката и опремата со која се задолжуваат.
Маскирните униформи се сошиени - за роденденот сите војници во ново оделоДо каде е проектот за изработка на нови борбени униформи? Ќе ја видиме ли за празникот целата војска подновена? - Изработката на униформата не се одвиваше според предвидената динамика, не по вина на МО и АРМ. Но овој проблем веќе е надминат и очекувам дека деновиве ќе почне задолжувањето на војниците со нова униформа. Всушност, јас веќе наредив на Денот на армијата, 18 Август секој припадник на АРМ да биде задолжен и облечен во новата борбена униформа. Што се однесува до контингентите за мисијата ИСАФ во Авганистан, веќе две години по ред ги испраќаме со новата борбена униформа со универзална (пустинска) шара, по што се веќе препознатливи помеѓу нивните колеги од армиите кои учествуваат во најголемата мисија на НАТО. Кога зборуваме за униформите, она што треба да се истакне е дека до крајот на годинава, заедно со Министерството, се прават напори да ја промовираме и новата службена униформа, која ќе ја носат офицерите и подофицерите. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F53328D7259CC241A1D1566AC0445188 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 18:53 | |
| Тенковите и топовите на ЈНА од полигонот кај Орел ги стопи сиромаштијата Игор K. Илиевски Таму нема ништо. Сè е однесено, одговараат жителите на околните села, кога ги прашуваме за некогашниот воен полигон кај светиниколското село Орел. Десетици стари топа, тенкови и авиони до неодамна беа распослани на ветровитите ридишта источно од патот Свети Николе-Kуманово. Денес, само огромните кратери од авионски бомби, од кои ридовите наликуваат на површината на Месечината, сведочат за некогашниот воен полигон, каде што во времето на ЈНА пилотите гаѓале со борбени авиони и хеликоптери. Двата објекта на командата на стрелиштето одамна се руинирани. „Исчезната“ е дури и набљудувачницата-контролната кула на полигонот, кој се користел и како аеродром. Заборавен полигон Вообичаено за воените објекти и полигони, некогашното стрелиште кај Орел е невозможно да се најде без водич. Далеку од населени места, од сите страни опкружено со високи ридови, освен патот Свети Николе-Kуманово, стрелиштето има географски идеални услови за воена употреба. Откако стариот асфалтен пат кон село Орел ќе свие зад првиот рид, десетина земјени патчиња се двојат кон нивите и лозјата. Еден, „тампониран“, но обраснат и речиси камуфлиран, води кон некогашниот полигон, неколку километри оддалечен од селото. Две сенишни куќи, одамна без прозорци, врати и покриви, го означуваат почетокот на некогашниот полигон, кај мештаните познат како аеродром. Околината речиси и не се разликува од другите ридови во крајот. Лозја, ораници и ниви со жита го прекриваат некогашното стрелиште. Единствено поглед од височина открива темни „дамки“ низ нивите - десетици кратери од авионски бомби, денес обраснати во трева. - Тој полигон го нема на листата со полигони на АРМ. Го користеше некогашната ЈНА, но ние никогаш. Целите се гаѓаа главно со цементни, вежбовни бомби - вели полковник Мирче Ѓорговски, началник на канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на АРМ. Но, иако официјално не ~ припаѓа на АРМ, според воените пилоти, неколкупати и македонските борбени хеликоптери таму вежбале гаѓање со неексплозивни, вежбовни бомби, а го користеле и за вежбање ноќно слетување. На некогашниот полигон беше промовиран и проектот „Александар“ за надградба и модернизација на воените хеликоптери, која ја изведуваше израелската компанија „Елбит“. Борбени хеликоптери „ми-24“ и транспортни „ми-17“ на АРМ со ноќно слетување кај Орел ја промовираа во јавноста новата опрема, меѓу која и ноќни визири и опрема за ноќно летење. Замрзната битка Пилотите на борбените хеликоптери на АРМ, како некогаш нивните колеги во ЈНА, кај Орел гаѓале во мети поставени во фронтовски формации. Десетици руини од тенкови и топови беа поставени во неколку линии, а изборот на цели за пилотите беше збогатен и со расходувани авиони од првите модели што ЈНА ги добивала како воена помош од сојузниците. Распослани по ридовите, поредени во формации, метите изгледаа како да замрзнале среде битка. Американски и советски тенкови, топови и хаубици од сите големини и видови, оружје од различни земји и од различни ери по повлекувањето на ЈНА дваесетина години беше вистински воен музеј на отворено и игралиште за децата од околните населени места. Малку си зела АРМ, многу повеќе „железарите“ Но, денес нема ниту траг од „формациите“ воздухопловни мети. Само кратерите по ридовите и редовите борови што ја означуваат јужната граница на стрелиштето сведочат дека овие ридови не биле отсекогаш неми домаќини на локалните земјоделци, туку татнеле од експлозии. - Прво, уште кога се повлече ЈНА, ги „снема“ прозорците и вратите од двата објекта. Малку подоцна, откако никој не реагира, ги снема и ќерамидите од покривите - вели жител на Орел. Но, неговата приказна не продолжува со објаснување каде се сега топовите и тенковите. „Ги однесоа“, вели обидувајќи се да остане сериозен. Тројца негови соселани, кои поставуваат покрив на штала за овци, низ насмевка велат дека ги однела војската. Еден вели ЈНА, другиот АРМ, но се согласуваат дека било многу одамна. Но, АРМ нема прецизни податоци кога, што, и дали воопшто дислоцирала од некогашниот полигон. Во Генералштабот велат дека во средината на деведесеттите имало дислоцирање, но, бидејќи Орел денес и не е воен полигон, не се сигурни колку од метите останале сопственост на војската. Малку попрецизен одговор дава Фиданчо Ордев, земјоделец од Мавровица, чиј имот е јужно од полигонот. - Доаѓаа со камиони, со бренери ги сечеа тенковите и топовите, носеа... - вели Доне. Прашањето „кој“ му измамува широка насмевка. - Kој не. Прво, пред околу пет години, некој минал и си прибрал старо железо. Малку подоцна, минал и друг, па трет... По некое време, по ридовите одеа камиони, луѓе доаѓаа со бренери и ги сечеа дури и тенковите. Сè што имаше на полигонот отиде како старо железо - раскажува Доне. По „железарите“, теренот го прочешлале и „златари“ со детектори. Денес, низ насмевка велат селаните, на стрелиштето со гаранција веќе нема ниту едно парче метал. Единствените остатоци од некогашниот полигон можат да се најдат по околните дворови и куќи. Идните пилоти го заживуваат поранешниот полигон Апсолутната тишина на ридовите кај Орел полека ја нарушува едвај чуен звук, сличен на брзо тропање. Звукот брзо се засилува и, одеднаш, од зад сртот на ритчето „прескокнува“ хеликоптер. Летајќи на само неколку метри од земјата, следејќи го теренот, одненадеж, како што се појави, исчезнува зад сртот на следното ритче. Неговото појавување само го засилува неверојатниот, речиси митски амбиент во ветровитите ридови. Повеќе од дваесет години од последната официјална употреба во времето на ЈНА, воздухопловниот полигон кај Орел денес е место каде што дел од обуката изведуваат студентите на Школaтa за пилоти на АРМ. Црвено-бело-синиот хеликоптер „бел 206“ е едно од новите летала со кои се обучуваат идните пилоти. Тврдините на ЈНА - државна тајна Поранешна Југославија не само што градела подземни градови за државниот и за воениот врв, во кои би можело удобно да се живее барем еден месец, туку и подземни тврдини во кои може да се чува опрема, а луѓе да преживеат долги бомбардирања и да се вклучат во битка кога никој не ги очекува. Ова за српскиот весник „Новости“ го изјавил пензионираниот генерал Божидар Делиќ, еден од ретките познавачи на тајните подземни простории на ЈНА. По распадот на Југославија, Делиќ бил еден од ретките што имал пристап до нив. Наспроти медиумските приказни дека се откриени сите подземни тврдини на ЈНА, генералот кажа дека јавноста видела само мал дел од нив. - Најмногу ги имаше во Србија и во Босна и Херцеговина, а повеќето и понатаму се во функција или се конзервиран така што за набргу може да бидат активиран. Такви тајни објекти и тунели има во поширокиот центар на Белград и сè уште се чуваат како најстрога државна тајна. Поседуваме и огромен подземен комплекс во планините меѓу Прибој и Приеполе, кој чинеше многу, а никогаш не е ставен во функција. Во него можеше да се стави вишокот вооружување и минско-експлозивните средства – објасни Делиќ за „Новости“. Соговорникот на српскиот весник истакнал дека лицата што работеле на изградбата и на одржувањето на подземните објекти со договор биле обврзани да не ја откриваат тајната ниту на најблиските. Според генералот, подземните објекти никогаш не излегуваат од мода, па затоа се доградувани и се осовременети. Најскапите и најмодерните се граделе во 50-тите години од минатиот век кога Тито се плашел од советски напад. - Објектите градени во овие години беа командни места за државниот и за воениот врв во случај на атомски напад со можност да се преживее најмалку еден месец. Истите се направени длабоко под планините така што од нуклеарен удар би ги штител од неколку десетици до неколку стотини метри гранит. Се работи за многу пространи комплекси, кои стандардно поседувале дел за работа и за одмор, санитетски и блок за одржување на хигиената, сопствени извори на енергија и снабдување со чист воздух – објаснува генералот. Посебна важност имал центарот за врски, предвиден за комуникација со штабовите и со единиците на терен. Според Делиќ, некои од овие објекти биле користени во војните во 90-тите години, а потоа биле ограбувани и уништувани. Kако што пренесе „Новости“, архивите на ЈНА откриваат дека по судирот на Тито и Сталин, Југославија и САД тајно потпишале договор за меѓусебна воена помош. Така, ЈНА била опремена со американско оружје и со опрема, а Југославија се нашла на прагот на НАТО во облик на Балкански пакт, антисоветски воен сојуз со Грција и со Турција. Дел од Kосово и од Македонија биле предвидени за концентрација на војската на трите држави во случај на советска инвазија и за нивна заштита и снабдување биле направени големи подземни комплекси. - За нив малку се зборува бидејќи тие подземни тврдини не беа спектакуларни стратегиски командни места, туку огромно засолниште за резерва на луѓе, техника и опрема во близина на полигонот „Kриволак“ – вели Делиќ. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F720439C578F8D47B1ADCC0D034453C2 | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 20:04 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 20:09 | |
| | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 20:18 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/8/2013, 21:21 | |
| Не ми се верува дека ке идам годинава... | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/8/2013, 03:54 | |
| Живеам во свети николе Тоа што е пишано, не да е точно преточно да бидам попрецизен железото е украдено од директори на отпади кај нас (од роми)пред 4-5 години сеуште ги имаше таму тенковите користени за гагање а топовите уште од поодамна се украдени.местото е во близина на браната кај нас, така да таму врие од полиција а и шумска полиција има во тој реон.Ако така се крадело ке ги фатеа, тоа е со врски.. да не навлегувам.. а бааги е големо .. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/8/2013, 17:32 | |
| - Legija91 напиша:
- Живеам во свети николе
Тоа што е пишано, не да е точно преточно да бидам попрецизен железото е украдено од директори на отпади кај нас (од роми)пред 4-5 години сеуште ги имаше таму тенковите користени за гагање а топовите уште од поодамна се украдени.местото е во близина на браната кај нас, така да таму врие од полиција а и шумска полиција има во тој реон.Ако така се крадело ке ги фатеа, тоа е со врски.. да не навлегувам.. а бааги е големо .. Поз Легијо. На сите ни е јасно каде е полигонот ОРЕЛ наречен по селото во близина. За жал имот на државата обогатил арамии. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|