Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 94, 95, 96 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty21/8/2013, 20:01

Македонија подготвена да го обучува регионот за сајбер-одбрана

АРМ - новости - Page 95 0AB6F3FB2FC2694C95255A11D6ECE462

Мерките, стандардите и опремата за „сајбер-одбрана“ што се применуваат во АРМ се најсовремени не само по критериумите на НАТО, туку воопшто, тврди Генералштабот на АРМ. Министерството за одбрана, како еден од приоритетите за годинава, иницира регионална обука за сајбер-одбрана за земјите-членки на Јадранската група.

- Во септември ќе има обука за „паметна одбрана” и Македонија ќе биде прва земја во регионот каде што НАТО ќе почне со ваков вид обуки, во рамките на програмата за наука, мир и безбедност, која НАТО ја поддржува. Со тоа уште еднаш ќе се потврдат лидерството на Р. Македонија и имплементацијата на новиот концепт на НАТО - најави Министерството за одбрана.

Извори во Генералштабот велат дека сајбер-одбраната се однесува на заштита на целиот спектар комуникациски и ИТ-системи со кои располага одбраната - од заштита на комуникациите на единица на терен, до серверите, базите на податоци и другите електронски комуникации и системи на одбраната.

- Од заштитата на радиоуредите, до компјутерските системи, слободно може да се каже дека веќе некое време с` ни е заштитено по највисоките стандарди, не само на НАТО, туку воопшто. Сега се воведуваат и нови мерки за надворешната комуникација - тврди висок воен извор.

Тој посочува дека АРМ целосно ги усвоила стандардите за заштита, пропишани и во партнерските цели, кои секоја година ги добива од НАТО.

- Тоа, меѓу другото, подразбира и заштита на комуникациите и системите од упад, заштита на врските на бојно поле, сега споено со информатичка технологија, заштита на мирновременски комуникации. Меѓу другото, познато е дека одржуваме редовна, постојана врска со единиците во Авганистан, на пример. И таа врска мора да биде заштитена. Покрај тоа, досега успеавме да ги одржуваме сите врски со контингентите во мисии што беа барани од алијансата - вели изворот.

Заштитата се применува и во новите логистички и географски информатички системи, кои одбраната ги воведе со помош на САД.

- Разликата меѓу заштитата сега и порано, пред неколку години, е како небо и земја. Не зборувам само за технологијата, процедурите и за опремата. Разликата е очигледна кај секого, во пристапот кон темата - тврди изворот. Тој тврди дека нема разлика меѓу заштитата што ја применува АРМ и таа во земјите на НАТО. На тоа рамниште е и опремата што се користи со новите системи.

Министерството за одбрана уште лани ја најави иницијативата Македонија да одржува обука за сајбер-одбрана за земјите од регионот врз основа на новиот концепт на НАТО, усвоен на Самитот во Чикаго, и побара поддршка од програмата за наука, мир и безбедност на алијансата.

http://dnevnik.mk/?ItemID=2D96607003576B469940B85B3A0FAAAB
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty21/8/2013, 20:01

АРМ почитувана и - сиромашна

Мирче Јовановски

Денот на АРМ се одбележа со пригодни говори и промоции, но и со укажувања дека без вложување во Армијата, лесно може да се случи таа да го загуби чекорот


Почит и празни џебови. Ова е одликата и на годинашново одбележување на празникот на една од најпочитуваните институции во државата - Армијата на Република Македонија. Од една страна, пригодни говори, промовирање и унапредување на високи офицери, изложби и претставување на армиските потенцијали, а од друга страна, укажувања дека без континуирано вложување во Армијата, лесно може да се случи таа да го загуби чекорот, а тоа да има сериозни последици врз безбедноста на целата земја.

Во досегашните 21 година постоење, АРМ се стекна со атрибути што ја издвојуваат од повеќето други институции во земјава. Професионалноста, учеството во многубројни мировни мисии, од кои повеќето се со највисок степен на ризик, реформите што се правеа... сето тоа резултираше АРМ да се стекне со доверба и високо реноме дома и во странство.

Но, истовремено, развојот на Армијата не беше следен и со соодветна финансиска поддршка. Парите што се наменуваа за Армијата не само што не беа доволни да се одржи овој ритам туку често се кастреа за сметка за фаворизирање на Министерството за внатрешни работи.

Иако не гласно и јавно, се' почесто се зборуваше за проблеми со коишто се соочуваат припадниците на АРМ дури и за најосновни работи – униформи, храна, да не зборуваме за осовременување на вооружувањето.

Дека е крајно време да се сврти листот, и годинава укажаа најнадлежните – врховниот командант, началникот на ГШ на АРМ, министерот за одбрана...

Така, претседателот Ѓорге Иванов ќе нагласи дека е горд на Армијата, која по својата професионалност, посветеност и постигнати резултати постојано ги надминувала неговите очекувања и очекувањата на партнерите од НАТО. Но, и дека „без континуирано вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби“.

Ако е така, ако може тоа да влијае врз остварување на примарната цел – безбедноста, тогаш оваа изјава треба да е сериозна порака за надлежните што ги кројат приоритетите и распределбата на финансискиот колач. Во други земји, кога такво нешто го каже врховниот командант, тоа речиси се прима како наредба, но кај нас, очигледно, повеќе изгледа како молба. Но, молба за која, сепак, треба да се има повеќе разбирање, без оглед на ограничувањата што ги наметнува економската криза, која, очигледно, многу не влијае и врз вкупните буџетски трошења. Што значи, потребна е барем мала внатрешна прераспределба, која ќе има многу поголеми севкупни ефекти.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6F45B77E8474EC438CE19499879CA538
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty21/8/2013, 20:04

Дел од отпуштените професионални војници сепак не сакале да служат во бугарската армија

Дел од отпуштените професионални војници кои вчера со писмо бараа да станат бугарски државајани, сепак не сакале да служат во бугарската армија. Вчерашните информации дека барале средба со военото аташе на Бугарија било со цел да добијат бугарски пасош и да им биде понудена материјална заштита

Дел од отпуштените професионални војници кои вчера со писмо бараа да станат бугарски државајани, сепак не сакале да служат во бугарската армија. Вчерашните информации дека барале средба со военото аташе на Бугарија било со цел да добијат бугарски пасош и да им биде понудена материјална заштита.

Со рекации за случајот се огласија од повеќе здруженијата на бранителите.

Форумот за безбедност и Здруженијата на Бранителите (Форумот за безбедност и ние Бранителите, кои учествувавме во антитерористичката одбрана на Република Македонија во 2001 година, без разлика дали се наоѓаме во активниот или резервниот состав, или пак моментално не се наоѓаме во македонските безбедносни институции во кои служевме, изјавуваме сега и засекогаш, дека бевме, сме и ќе бидеме единствено во служба само во македонските безбедносни институции, вклучувајќи ја и нашата единствена Армија на Република Македонија)

Претседателот на Достоинство Ангелов, вели дека ги разбира, но не ги оправдува постапките на дел од отпуштените војници. Според него владата и претседателот можат да им помогне на овие луѓе, со што би се избегнал голем срам за земјава.

Бугарската амбасада се уште не одговорила на писмото на војниците, но тие се надеваат дека набрзо ќе бидат повикани на разговор и ќе им биде понудено решение.


http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=61829#.UhUAvH_W4So
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 10:58

Пожарот во Битола се уште активен, интервенираат хелихоптери на АРМ

Пожарот во општина Битола на потегот помеѓу селата Лисолај и Древеник се уште е активен. За негово гасење се ангажирани 106 лица.

АРМ - новости - Page 95 5000pozar-1

Во текот на вечерните часови и рано утринава голем дел од пожарот е ставен под контрола и се продолжува со гасење на местата каде сеуште е активен, информираат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување поради специфичниот терен но и поради близината и добрите услови за полнење на вода од акумулацијата Стрежево активира два хелихоптери на Армијата на Република Македонија.

Истите веќе се упатени и се очекува за краток временски период пожарот да биде локализиран.

Од подрачното одделение на Дирекцијата се на местото на пожарот и ја следат состојбата.

http://kurir.mk/republika/opstini/127595-Pozarot-vo-Bitola-se-uste-aktiven-interveniraat-helihopteri-na-ARM


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 23/8/2013, 11:01. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 11:00

Колку грижа за бранителите, толку доброволци во иднина

Имајќи ги предвид искуството од пред дванаесет години и последните случувања со поранешните професионални војници што побараа да бидат составен дел од бугарските безбедносни органи, можам да кажам дека некојаси идна мобилизација можеби и полошо би се одвивала од онаа за време на конфликтот - Благоја Марковски

Безбедносна реалност при евентуална воена мобилизација

За земјите од Југоисточна Европа, а особено за оние од Балканот, меѓу кои е и Македонија, реално во овој момент не постојат опасности од класична војна или агресија, туку единствено има многу асиметрични и неконвенционални закани, кои, за жал, се активни и бараат соодветен одговор од нашата армија, сметаат воените експерти. Тие се согласни дека до оној момент додека Македонија не влезе во НАТО и на таков начин си ја обезбеди својата сигурност и ги елиминира овие закани оставени сме самите на себе и мораме со свои сили и со свој рецепт добро да внимаваме на својата држава. Но што би се случило доколку повторно земјава се најде во несакана безбедносна ситуација од сличен карактер како онаа во 2001-та и каков би бил одѕивот на новата можна мобилизација?

Според македонските безбедносни експерти, за да знаеме да одговориме на можните закани, ние треба добро да го набљудуваме ширењето на радикалниот ислам низ регионот, будно да го следиме решавањето на статусот на Косово и одвивањето на односите меѓу Белград и Приштина, со голем степен на будност да ја следиме должничката криза во Грција, но и активно да ги мониторираме случувањата во Прешевската долина и оние со Република Српска во Босна.

Мобилизацијата во 2001-та

Македонија во 2001 година го искуси овој проблем кога од Косово нам ни се прелеа воената криза што ја дестабилизира целата земја. Воените случувања однесоа многу животи, направија големи материјални штети и ѝ нанесоа лоша етикета и имиџ на земјава, од кој сѐ уште тешко излегуваме една декада потоа.
За време на превирањата пред дванаесет години како одговор на заканите на АНА беа формирани безбедносните сили на Македонија во чиј склоп тогаш влегоа припадниците на МВР и АРМ заедно со резервниот состав на војската, кој беше мобилизиран од населението во согласност со потребите и заканите што тогаш ги имавме. Познавачите на овие случувања тврдат дека мобилизацијата во тој период, која беше наменска и не беше сеопшта и масовна, се одвиваше многу реално тешко и со многу слаб резултат. Многумина на возраст од 18 до 45 години ја избегнаа граѓанската должност за приклучување кон резервниот состав на безбедносните сили. Едни едноставно на подолг период заминаа од државата, други ги користеа своите лични пријателства со влијателните луѓе да бидат заобиколени од повикот, а трети едноставно беа прикривани од членовите на своите семејства... Се јавија само оние што беа подготвени да се жртвуваат за земјата и кои себеси се доживуваа како патриоти. Но повеќе од една декада подоцна истите тие луѓе што се јавија на повикот за мобилизацијата и стоеја на браникот на земјата сега останаа заборавени и маргинализирани, а од неодамна дел од нив (поранешни професионални војници) побараа да преминат во редовите на бугарската армија само за да си ги решат егзистенцијалните проблеми. Каков би бил одговорот на евентуално нова можна мобилизација.

Државата да работи на подобрување на моралот

Докторот на воено-политички науки Благоја Марковски тврди дека во 2001-та мобилизацијата имала реално слаб одѕив и на неа се јавиле само 30 отсто од сите оние што тогаш биле повикани.

- Имајќи ги предвид искуството од пред дванаесет години и последните случувања со поранешните професионални војници што побараа да бидат составен дел од бугарските безбедносни органи, можам да кажам дека некојаси идна мобилизација можеби и полошо би се одвивала од онаа за време на конфликтот - вели Марковски.

Тој советува дека надлежните многу треба да работат врз подобрување на ситуацијата во која се наоѓаат луѓето што некогаш се јавија за мобилизација и врз издигнување на националниот морал што би ги стимулирал граѓаните што некогаш евентуално би се приклучиле во безбедносните сили ако биде потребно.

Патриотизмот и парите не одат заедно

Предраг Петрушевски-Бинго, поранешен ветеран и првиот човек на Здружението на кумановски бранители од 2001-та, се согласува со Марковски дека ситуацијата со бранителите во моментов не е на завидно ниво. Но тој тврди дека парите и патриотизмот, за жал, никогаш не идат заедно.

- Ако повторно имаме војна и некојаси мобилизација за да се одбрани државата, јас ве уверувам дека прв ќе се јавам на неа, а верувам тоа ќе го сторат и сите мои соборци од 2001-та, но и многу други Македонци - објаснува Петрушевски.

Тој смета дека неодамнешниот чин на неколкуте според него платеници што побараа премин во бугарската армија е обична глупост, класична бугарска политичка провокација и ништо повеќе.

- Поткупените неколкумина што со своите изјави побараа да влезат во состав на бугарска армија со сигурност знаат дека тие на ваков начин од некојси револт директно ѝ наштетуваат на земјава и работат врз разнишување на моралот и борбената готовност на македонските вооружени сили. Јас сум сигурен дека нивното однесување наидува на голем револт кај сите ветерани и сите Македонци - вели Петрушевски.

Сепак тој е сигурен дека дури и покрај сите случувања, лошата економска ситуација но и ваквите пробугарски изјави ништо нема да ги спречи и да ги поколеба оние што ја сакаат Македонија.

- Верувам дека ако во иднина има повторно повик и мобилизација за да се одбрани државата, без сомнение пак ќе има доброволци што едноставно ќе излезат да ја бранат Македонија на ист начин како што го правеле тоа нивните дедовци и прадедовци - вели Петрушевски.

Токму на оваа тема како да се одржи безбедноста на една земја свои размислувања дале и едни од можеби најголемите американски државници Томас Џеферсон и Бенџамин Франклин.

Томас Џеферсон рекол дека: „Луѓето што себеси се сметаат дека се слободни и имаат намера така и да продолжат да живеат во секој момент треба да имаат на располагање добро вооружена војска, која може да ја активираат кога ќе згусти“. Бенџамин Франклин, пак, напишал: „Недовербата и големата претпазливост и планирањето се успешни родители за една безбедна држава“

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82213917274&id=9&setIzdanie=22959
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 11:00

Граѓаните треба да се загрижени за безбедноста



http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=16&vest=6800
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 12:03

Се е тоа во ред што го говори Генералот Марковски, но во држава која се поизгледно ќе има краток рок на траење можеби е безпредметно да се секираш, мислам дека прагот од каде нема враќање одамна е поминат. Можеби е дефетистички, но навистина не гледам излез од оваа манџа во која не пикнаа.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 13:51

Alvar si se sretnal so ovaa litertura.

АРМ - новости - Page 95 166044_688411338_md%20scope
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 13:53

Не сум, ги има кај нас?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty23/8/2013, 16:46

Alvar напиша:
Не сум, ги има кај нас?
Не знам
нај искрено 8 х 42 беше на зрак,
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 95 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 95 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 95 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 94, 95, 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: