Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty14/8/2012, 13:54

Не ми е гајле дали биле информирани ДПМНЕ или не. Кој треба да ги информира и координира, јас!?
За мене положувањето цвеќе на терористи од УЧК е оддавање почит од страна на владата на РМ и тоа е тоа.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty14/8/2012, 14:33

Точно, нека не се вадат ДПМНЕ на вакви проѕирни изјави... ДУИ е Влада исто како и ДПМНЕ.

Ако не го одобруваат тоа тогаш нека излезат на прес и нека ги искритикуваат.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty14/8/2012, 14:41

Срамота бе срамота...у п.м. кога видов ми идеше да се упукам у глава...каква е оваа држава...абе додека не влезе нарот у влада и онаа банда што е у нутра и што била у нутра све тоа лепо вино не се обеси по бандериве нема од ова држава...викам ај да кутам ама неможам у П.М...Па уште го извадиле знамето од униформата,абе мамичете мамино...срамота за бранителиве за кого гинеа,вака не заслужија да им се прави...Не не можам да сватам дигнал оружје против тебе ти убил твој војници и полицајци и уште тродупло толку ранил а ти го славиш и цвеке на гроб му ставаш па ај уште неработен ден нека биде... Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty15/8/2012, 14:38

Во собирниот пункт на Црвениот Крст на град Скопје во Момин поток, денеска припадниците на АРМ донираа облека и обувки, во рамките на програмата за одбележување на јубилејот ,,20 години АРМ” и по повод одбележувањето на Денот на АРМ. Во собирниот пункт на Црвениот Крст беа донирани 41 пакет со облека и обувки, а во хуманитарната акција учество зедоа припадници од сите единици и команди на АРМ.

link
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty16/8/2012, 11:43

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ АРМ



Свечена акдемија ќе се одржи вечер во Домот на АРМ по повод јубилејот 20 години од формирањето на Армијата на Република Македонија.


На академијата ќе присуствуваат претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески, министри во Владата, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалници, амбасадори, воени аташеа, високи воени претставници акредириани во земјава, делегации од Вооружените сили на Република Турција и Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.

Претседателот Иванов ќе има обраќање и по повод јубилејот ќе ги одликува со Орден за воени заслуги генералот во пензија Митре Арсовски, Полкот за специјални операции на АРМ, Националната гарда на Вермонт и Турската воена академија.

http://tocka.com.mk/1/72974/svecena-akademija-po-povod-20-godini-arm
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty16/8/2012, 15:26

Ке има на МТВ некој а си емисија поврзана со АРМ ке биде убаво да се погледене...

20:00 20 години Македонска Армија Информативна Програма

http://www.mtv.com.mk/MK/programa/chetvrtok.aspx
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty16/8/2012, 16:40

Ќе влеземе во НАТО, само тоа сега е политичко прашање!

Војската слави дведецениско постоење. Одбележувањето на големиот јубилеј е и поводот за разговор со армискиот лидер, генералот Котески. Тој не го крие своето задоволство што за 20 години постоење, армискиот персонал прерасна во респектабилна институција, обучена и оспособена за извршување на основната задача определена со Уставот, одбрана на територијалниот интегритет и суверенитетот на државата. Високите резултати и меѓународниот углед на АРМ, вели, се стекнати со огромни напори на сите нејзини припадници во исклучително тешки услови. Најголем дел од нив, додава, беа ефектуирани со беспрекорното извршување на мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН, заради што Армијата денес е не само рамноправен, туку и посакуван партнер во системите за колективна безбедност и одбрана. Прашањето за подигање на стандардот на припадниците на АРМ останува негов императив и натаму

Му забележуваат за прилепскиот акцент, но никој нема забелешка на неговата професионалност. Неговиот кабинет, велат, е составен исклучиво од луѓе кои можат да го следат неговото турбо-темпо на работа.

Во АРМ е од нејзиното формирање, а на чело на Генералштабот е токму една година. Има импозантно ЦВ, од извршување на командни должности, преку завршени највисоки школи, до повеќегодишна дипломатска служба како воено аташе во Германија, но и искуство од вршење на должноста аѓутант на претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов. За него велат дека е генерал што ги исполнува сите НАТО-стандарди, а зборува англиски и германски јазик.

Како Вам, како на армиски лидер, Ви изгледа АРМ на својот 20 роденден?

Како началник на Генералштабот на АРМ, но и како воен старешина кој е во нејзините редови од формирањето, со гордост можам да констатирам дека денес Армијата ужива висок рејтинг во македонското општество и најголема доверба кај граѓаните. За тоа се заслужни повеќе генерации припадници на АРМ, кои без разлика на чинот, должноста или националната и полова припадност, во изминативе 20 години покажаа голема посветеност, врвен професионализам и висок морал.

Како изгледа АРМ на 20-тиот роденден? Како човек кој ја раководи, можам да кажам дека армискиот персонал денеска е обучен и оспособен за извршување на основната задача определена со Уставот, одбрана на територијалниот интегритет и суверенитетот на државата. Тоа се должи на високиот степен на борбена готовност што е наша задача од највисок приоритет. Во прилог на оваа констатација најдобро говорат резултатите кои Армијата во континуитет ги постигнува, особено на меѓународен план.

Какви активности се подготвуваат за 18 август. Ќе има ли парада?

Уште на почетокот од годинава, заедно со МО ја промовиравме Програмата за одбележување на јубилејот "20 години АРМ" со голем број активности кои се веќе завршени. Успешно реализиравме неколку научно-стручни конференции, голем број спортски натпревари, направивме изложба на воената опрема и вооружувањето на Воениот стадион, спроведовме акција за доброволно дарување на крв која беше една од најмасовните, а во план е и донација на облека и обувки која ќе биде предадена на соодветните институции, за да стигне до оние на кои им е најпотребно. Чествувањето ќе биде одбележано и со свечена академија на 16-ти август со присуство на државниот врв, дипломатскиот кор и голем број гости, а во предвечерието на празникот, на 17-ти август од касарната "Илинден" ќе бидат испалени 10 плотуни од артилериски орудија. Централната свеченост ќе се одржи на 18-ти август со почеток во 10 часот во касарната "Илинден" во Скопје. Во оваа прилика сакам да информирам дека нашата најголема касарна широко ќе ги отвори портите за сите граѓани слободно да можат да присуствуваат на централната свеченост. На свеченоста ќе се изврши свечено дефиле на единиците и на дел од борбената техника и материјално-технички средства на АРМ.

Во чест на јубилејот ја промовиравте и химната на АРМ. Некои од вашите постари колеги беа критични, а најголеми забелешки имаше околу текстот.
Без намера да го коментирам она што е кажано, сакам да нагласам дека химната на АРМ претставува израз на мултиетничкиот карактер не само на Армијата, туку и на нашата држава. Затоа сметам дека таа е општоприфатлива и според мислењето на музичките експерти, таа е одлично музичко дело. Колку што ми е познато, критиките одеа на сметка на текстот за химната на АРМ, но за тоа сега не може да зборуваме, од причина што текстот за химната не е усвоен. Се раководевме од фактот дека во останатите земји во војничките химни нема текст. Критиката треба да биде насочена повеќе кон тоа зошто досега не сме имале химна на Армијата. Инаку, изборот на автор за химната на АРМ беше во надлежност на МО и можам да кажам дека јавниот оглас и целокупната процедура поминаа коректно и без забелешки. Сметам дека е добро што Армијата на својот 20-ти роденден доби химна, која во иднина ќе биде прифатена и препознаена.

Кога ја презедовте функцијата НГШ на АРМ ветивте дека најмногу ќе се ангажирате на подигнување на стандардот на војниците. Каков е стандардот денес, после една година од Вашиот мандат?

Прашањето за подигање на стандардот на припадниците на АРМ останува мој императив и натаму. Досега, и во услови на светска економска криза и намален буџет, заедно со командантите и одговорните лица во МО, сепак успеавме да го поправиме стандардот. Бидејќи стандардот не значи само примањето плата секој месец. Тој се огледа и низ тоа во каква униформа се облечени, со каква опрема се снабдени, какви им се условите за работа и обука, во какви објекти за сместени, каков е квалитетот на исхраната итн. Генералштабот заедно со МО прави напори старата и дотраена инфраструктура постепено да се реновира и подновува, при што се трудиме максимално да ги искористиме сопствените капацитети. Иако животниот стандард на вработените во Армијата, гледано од финансиски аспект, нема да се подобри, сепак е добро тоа што средствата предвидени за плати нема да бидат скратени. Сакам да истакнам дека припадниците на АРМ имаат целосно разбирање за актуелната економска состојба и дека со проекцијата на плановите за долгорочно финансирање на одбраната, во еден разумен временски период постапно ќе се подобрува стандардот.

Во која насока, според Вас, треба да продолжат реформите?

Реформите претставуваат процес кој не запира. За нас тие се клучен фактор за изградба на современа армија која ќе одговори на новите безбедносни предизвици. Поаѓајќи од фактот дека стандардите на НАТО не се дадени еднаш засекогаш, наша обврска е да продолжиме со реформите доколку сакаме да го одржиме чекорот со Алијансата. Тоа значи дека реформските процеси во многу зависат од безбедносната состојба во регионот и пошироко, но пред се и од приоритетите кои произлегуваат од програмите за Евроатланска интеграција на РМ. Генералштабот на АРМ покрај реализацијата на новиот пакет партнерски цели соАлијансата, во целост е фокусиран кон воспоставување на новата структура на силите која започна уште на почетокот од оваа година.

Годинава АРМ одбележува уште еден јубилеј, во септември ќе се навршат и десет години од учеството во мировните мисии. Македонските војници секогаш добиваат високи оценки за нивната подготвеност и професионалност. Но, покана за полноправно членство во Алијансата се уште нема.
Приемот во Алијансата е политичко прашање и како такво е предмет на политичка одлука. Како многупати досега, ќе повторам дека наша обврска како Армија е да ги совладаме војничките пречки и со исполнување на бараните стандарди да помогнеме во процесот на зачленување во НАТО. Спорот за името со нашиот јужен сосед на целата меѓународна јавност и е познат како крајно ирационален и нанесува штета на евроатлантските интеграции на нашата држава. Јас и во оваа прилика ќе повторам дека сум оптимист, а мојот оптимизам се темели на фактот што НАТО, сепак, е и воена организација. АРМ во најголем дел не само што го завери, туку и во пракса потврди дека ги има исполнето условите и стандардите за полноправно членство. Сепак, на политичарите останува да изнајдат начин за конечно исправување на долгогодишната неправда, за конечно деблокирање на процесот.

Задолжително служење војска

Каков е вашиот став за враќање на задолжителното служење на воениот рок, тема која особено ги засега младите?
АРМ од 2006 година е целосно професионална воена структура. Факт е дека тој модел е застапен во голем број земји, членки на НАТО. Професионализацијата на вооружените сили има голем број на предности кои во изминативе години ги ползуваме и ние. Сепак, искуството на некои армии (Р.Турција, СР Германија) укажува дека комбинирањето на професионалниот и регрутен состав на армијата има повеќекратни предности како модел. Генералштабот на АРМ направи компаративна анализа на концептите за пополнување на активниот и резервниот состав во АРМ. Се разгледува модел со кој АРМ би била пополнета со 85% професионален и 15% регрутен состав. Анализите покажуваат дека со воведувањето на задолжителното служење на воениот рок би се постигнале голем број позитивни ефекти. Вкупниот одбранбен потенцијал на Македонија би се подобрил, а активната и општата резерва на АРМ би се пополнувала континуирано и квалитетно. Одредени финансиски трошоци на АРМ со овој модел би се намалиле, а служењето на воениот рок би имало позитивни ефекти и врз младината на нашата држава. Сепак, за донесување на една ваква одлука потребно е да се вклучат и други експерти од јавноста и политиката.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E09274994F73E245AF90FA438254BB16
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty17/8/2012, 15:04

Парада по повод денот на Армијата на Република Македонија

Утре, 18-ти август (четврток) во касарната ,,Илинден“ во Скопје, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи централната свеченост по повод јубилејот ,,20 години АРМ“ и 18-ти Август – Денот на АРМ.

На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, активните и пензионираните генерали на АРМ, високи претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите, воените аташеа, високи воени претставници акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

На централната свеченост во касарната ,,Илинден“ по повод јубилејот ,,20 години АРМ“ и Денот на АРМ, ќе се изведе парада на која ќе учествуваат ешелони од сите единици на АРМ, борбените средства, техниката и воздухопловите кои се во формацискиот состав на АРМ. На парадата, покрај единиците на АРМ ќе учествува и ешелон од Вооружените сили на САД.

Централната свеченост ќе биде од отворен карактер, заради што влезот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе биде слободен за сите граѓани на Скопје и Република Македонија кои сакаат да ја проследат парадата и да го прослават јубилејот и Денот на Армијата, заедно со припадниците на АРМ.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот.
Заради запазување на процедурите за влез во касарната ,,Илинден“, пристигнувањето пред пријавницата на касарната, треба да биде најдоцна до 09.30 часот. За претставниците на медиумите кои ќе пристигнат со сопствени моторни возила, непоссредно пред влезот на касарната ,,Илинден“ е обезбеден паркинг. Поради големиот број на гости и потребното време за пристигнување до местото на настанот, препорачуваме навремено пристигнување.

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=parada-po-povod-denot-na-armi%D1%98ata-na-republika-makedoni%D1%98a&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty18/8/2012, 01:11

[quote="Frogfoot"]Во собирниот пункт на Црвениот Крст на град Скопје во Момин поток, денеска припадниците на АРМ донираа облека и обувки, во рамките на програмата за одбележување на јубилејот ,,20 години АРМ” и по повод одбележувањето на Денот на АРМ. Во собирниот пункт на Црвениот Крст беа донирани 41 пакет со облека и обувки, а во хуманитарната акција учество зедоа припадници од сите единици и команди на АРМ.

АРМ - новости - Page 49 N8g5V

АРМ - новости - Page 49 KuDmG

АРМ - новости - Page 49 KY99Q

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty18/8/2012, 12:26

Momak od Gjorce напиша:
Ке има на МТВ некој а си емисија поврзана со АРМ ке биде убаво да се погледене...

20:00 20 години Македонска Армија Информативна Програма

http://www.mtv.com.mk/MK/programa/chetvrtok.aspx

Да и сабаиле во 10:00 часот на МТВ имаше директен пренос од касарната Илинден.

Ова е само да им биде мака на оние кој што не биле на случувањето и не успеале да го гледаат или пак
не знаеле дека има директен пренос на телевизиските екрани Laughing Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 49 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 49 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 49 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 48, 49, 50 ... 74 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: