Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 25 ... 47, 48, 49 ... 74 ... 100  Next
АвторПорака
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty3/8/2012, 19:38

Сеа каде стадионот или Илинден? Very Happy Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty3/8/2012, 19:46

Луѓе 18 август е Сабота а зошто тука пише дека презентацијата ќе се одржи Недела и понеделник?
http://denesen.mk/web/2012/08/03/arm-ke-gi-izlozuva-svoite-borbeni-sredstva/
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty3/8/2012, 22:27

Ова е ТТ збор каде ке биде прикажана опремата што ја поседува армијата на граѓаните,овј ТТ збор се одржувал скоро секоја година но ден пред денот на АРМ,наводно на денот ке има поголем хепеннг и затоа е поместено неколку дена пред денот Д...но мислам и дека за прв пат опремата се прикажува два дена секогаш беше еден ден...


П.С. оваа слика е од лани а ова скрос десно сум јас... Very Happy
АРМ - новости - Page 48 Helihopter500
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty3/8/2012, 22:30

Subzero напиша:
Сеа каде стадионот или Илинден? Very Happy Very Happy

ТТ зборот е секогаш на воениот стадион,а досегашните воени паради(уствари досегашната воена парада) сегогаш биле во касарната илинден...ако сакаш да дојдеш викендов накај скопје а не знаеш каде е стадиотот пиши...нормално ако не си од скопје...
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty4/8/2012, 02:03

Така така. Значи оваа презентација ќе биде наредниот викенд. Па воениот стадион нели е одма до грацки? Или
можда грешам. Па ај ако бидеш тамо после тоа може и кафе да пиеме некаде.хахах Razz Razz

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty4/8/2012, 13:04

Subzero напиша:
Така така. Значи оваа презентација ќе биде наредниот викенд. Па воениот стадион нели е одма до грацки? Или
можда грешам. Па ај ако бидеш тамо после тоа може и кафе да пиеме некаде.хахах Razz Razz


Да да до грацки...тешко ако идам утре ке идам многу рано мегу првите (што се вика леб ке разнесувам) зашто имам после работа нешто а и да ги избегнам горештините...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty6/8/2012, 13:14

Приказ на вооружувањето на АРМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески денеска присуствуваа на тактичко-техничкиот збор на вооружувањето и опремата на Армијата на Република Македонија на Воениот стадион во Скопје.

Овој значаен настан, како дел од прославувањето на денот на АРМ, и јубилејот „20 години АРМ“ има за цел подетално да ги запознае граѓаните со дел од вооружувањето на Армијата, како и да овозможи тие поблиску да се дружат со припадниците на АРМ.

На дводневниот ТТ-збор, прикажано беше дел од личното вооружување, како и секогаш интересниот борбен хеликоптер Ми-24.

АРМ - новости - Page 48 DSC_8219_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8224_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8304_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8310_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8318_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8329_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8347_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8377_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8412_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8425_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8434_resize

АРМ - новости - Page 48 DSC_8443_resize

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=prikaz-na-vooruzuvanjeto-na-arm&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty7/8/2012, 15:33

Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001 кај Карпалак

АРМ - новости - Page 48 Image1

АРМ - новости - Page 48 Image1

АРМ - новости - Page 48 Image1

АРМ - новости - Page 48 Image1

АРМ - новости - Page 48 Image1
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty9/8/2012, 13:15

Јубилејна конференција „АРМ 1992-2012-Формирање, развој и предизивици“

Професионализацијата на Армијата е најуспешниот проект на македонската одбрана, а нејзиното преиспитување, ревидирање или какви било промени во периодот кога се видливи придобивките од неа ќе значи откажување на реформскиот процес и отстапување од дефинираната формација на АРМ и од концептот на одбраната на Република Македонија.

Ова е пораката што ја упати министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска на јубилејната конференција „АРМ 1992-2012-Формирање, развој и предизивици“ што се одржа денеска во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија.

Денес 20 години од формирањето на АРМ, потенцира во обраќањето министерот Бесими, значајно е подобрена соодветната и правична етничка застапеност во воениот персонал. Од 2-3 проценти во 2001 година, посочи тој, оваа година застапеноста на припадниците од немнозинските етнички заедници е 25 проценти во сите нивоа на АРМ.

„Членството во НАТО и во ЕУ претставува силен мотивирачки фактор и за сеопфатните безбедносни реформи во Република Македонија, која е целосно подготвена за преземање на обврските и одговорностите како членка на Алијансата. Гледано од перспектива на РМ, НАТО е клучниот столб на современт евроатлантска безбедносна архитектура“, рече меѓу другото министерот за одбрана.

Воедно, во своето обраќање министерот Бесими дведекадниот јубилеј го презентираше преку четири засебни периоди кои оставиле траги во развојот на одбраната. Имено, првично станува збор за одлуката да се гради самостојна и независна држава, и консеквентно на тоа мирното раздвојување со ЈНА, потоа за можностите во опремувањето на Армијата и развојот на логистиката како еден од темелите за развој, како и за одлуката за аплицирање за полноправно членство во НАТО, како трет важен елемент. Четвртиот период заокружен со донесувањето на Стратегискиот одбранбен преглед, според министерот Бесими, е донесувањето на одлука за напуштање на народниот концепт и концентрирање на градење мала, но професионална и добро обучена армија.

За началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајот Горанчо Котески ако накратко се резимира 20 годишниот развој на АРМ, тој може да се оцени како повеќе од успешен во сите облсти од нејзиното функционирање.

Еден од најзначајните факти, според него, е дека АРМ како највитален субјект на единствениот одбранбен систем на Република Македонија, во изминатиот период, потенцира, успеа да се етаблира во сериозен чинител и гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

„Убеден сум дека е многу блиску и денот кога Република Македонија ќе стане полноправна челнка на НАТО, што денес веќе претставува реалност. АРМ стана респектиран и посакуван партнер насекаде во светот каде меѓународната заедница прави напори да го зачува мирот и безбедниста“, нагласи началникот на ГШ на АРМ, додавајќи оти останува обврската за натамошно јакнење на моралот, стандардот на припадниците на АРМ, како и на борбената готовност на Армијата воопшто.

Претседателот на Здружението на ветерани и резервисти генерал-мајор во пензија Илија Николовски констатира дека имаме модерна и професионална Армија со висок степен на обученост од која постојано излегуваат ветерани и резервисти.

АРМ спроведе повеќе процеси на трансформација во изминатите 20 година, но не сите биле и успешни, истакна генерал-потполковник Мирослав Стојановски, поранешен началник на ГШ на АРМ, укажувајќи оти се случувало и работи кои ги попречувале тие процеси, кои не секогаш се извршувале и во идеални и поволни услови. Но, благодарение на пред се лојалниот и професионалниот однос на припадниците на Армијата, потенцира, се амортизираа тие неповолни влијанија и АРМ излезе многу појака и го издржа тој временски тест.

„Ова што денеска го имаме претставува еден компромис меѓу она што значат внатрешни потреби на РМ, да може Армијата да ги исполни мисиите пропишани со Уставот и законите и од друга страна да биде она што одговарана на барањата на нашите сојузници во НАТО во делот што бара интероперативност и стандардизација“, изјави поранешниот началник на ГШ на АРМ, Стојановски.

За првиот началник на ГШ на АРМ, Митре Арсовски, АРМ е една од најобучените, но од исклучителна важност е резервниот состав, а основен стратегиски постулат, рече, е дека резевите ја бранат државата. Ќе мора да се пополнува резервната Армија, но ќе мора, исткна, да се размислува со што односно да се бараат млади кадри.

АРМ - новости - Page 48 DSC_8817
АРМ - новости - Page 48 DSC_8882
АРМ - новости - Page 48 DSC_8905
АРМ - новости - Page 48 DSC_8912
АРМ - новости - Page 48 DSC_8977

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=jubilejna-konferencija-arm-1992-2012-formiranje-razvoj-i-predizivici&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty14/8/2012, 13:45

Бесими ја донел одлуката за почеста од АРМ на споменикот на борците од ОНА

Лична одлука на министерот Бесими, политичка на ДУИ била вчерашната почест што офицери на АРМ им ја одадоа на поранешните борци на ОНА на споменикот во Слупчане. Во неформален разговор, Бесими за 24 Вести рече дека одлуката ја донел во согласност со Законот за одбрана, а намерата му била да се даде придонес кон неопходниот процес на помирување. Идентично е и објаснувањето што утрово го дадода од неговиот кабинет.

„Положувањето на венец од страна на министерот за одбрана и припадниците на АРМ на споменик на припадниците на ОНА претставува придонес кон процесот на помирување кој е неопходен за Република Македонија и нејзините граѓани. Потегот е политичка одлука со која целосно е испочитуван законот за одбрана и не е прекршена ниту една законска одредба“ - објаснија од кабинетот на Бесими.

За потегот на Бесими и ДУИ не бил информиран ниту коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Не бевме информирани и не го одобруваме тоа што вчера се случи - ни изјави директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски.

Оддавањето почест од офицери на АРМ на борци на ОНА се случи за прв пат од одбележувањето на годишнините од Рамковниот договор. Министерот Бесими претходно им има оддадено почит на бранителите, пред споменикот во дворот на министерствто, но не беше на годишнината од загинувањето на воените резервисти и обврзници кај Карпалак и Љуботенски бачила.

http://www.24vesti.mk/besimi-ja-donel-odlukata-za-pochesta-od-arm-na-spomenikot-na-borcite-od-ona

Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 48 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 48 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 48 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 25 ... 47, 48, 49 ... 74 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: