Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 95, 96, 97, 98, 99, 100  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty23/8/2013, 20:30

Alvar напиша:
Се е тоа во ред што го говори Генералот Марковски, но во држава која се поизгледно ќе има краток рок на траење можеби е безпредметно да се секираш, мислам дека прагот од каде нема враќање одамна е поминат. Можеби е дефетистички, но навистина не гледам излез од оваа манџа во која не пикнаа.
Интересно мислење Alvar, вистина е дека сме во една многу лоша ситуација но не гледам зошто не би излегле од неа еден ден...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty23/8/2013, 20:35

Кога? Не гледам како... од ден на ден е се полошо и полошо.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty23/8/2013, 20:56

Alvar напиша:
Кога? Не гледам како... од ден на ден е се полошо и полошо.
Тука си во право. Ние се наоѓаме во една спцифична ситуација и можеби некои чичковци како Билдеберг групата или нешто слично имаат некои лоши планови за нас. Околу нас се ствара еден круг, круг од земји членки на ЕУ и НАТО а ние остануваме надвор од нив. Едноставно сите наши соседи стануваат членки на ЕУ и НАТО, па дури и Србија е на тој пат. Земја која пред околу една деценија беше бомбардирана од истите тие НАТО. Просто кажано сме под голем притисок. Добиваме надворешен притисок од Грција која него признава нашиот идентитет, од Бугарија која не ја признава нашата територија, од Косово и Албанија кои имаат територијални претензии кон Макеоднија, а сега и економски блокади од "браќата" Срби. Додека како внатрешен механизам за притисок ги користат "рамковните". А како шлаг на тортата, армијата ни буквално крш. Општо кажано ние сме во една многу лоша ситуација, меѓутоа секогаш има некој излез...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty23/8/2013, 21:25

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty26/8/2013, 14:29

ВОЕНИОТ МУЗЕЈ НА ОТВОРЕНО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОРЕН ВО ФИОКА

Воениот музеј во Скопје с` уште ја чека отворената поставка, односно Паркот на воената историја, кој беше најавен за крајот на 2009 година. На платото под бедемите на скопското Kале требаше да се постават тенкови, топови и воена опрема од различни периоди, информативни табли и да се отвори продавница за сувенири. Министерството за одбрана последен пат најави дека оваа поставка ќе биде изложена до крајот на минатата година, а вчера не одговори до каде е проектот. Последното објаснување е дека проектот е скап и за него треба време.

По углед на речиси сите светски воени музеи, и македонскиот уште пред четири години требаше да добие поставка на отворен простор. На платото пред скопската тврдина требаше да се најдат ретко оружје и опрема, реконструкција на ров и бивак од Македонскиот фронт од 1915-1918 година, оружје и оклопни борбени возила од Втората светска војна... Меѓу ексклузивните предмети требаше да бидат изложени ретки британски кујни од Првата светска војна, орудија од таа војна, еден од првите тенкови „шерман“, употребени кај нас, извидувачко возило „м-8“ од Втората светска војна...

Паркот на воена историја не е единствениот „заборавен“ проект на Воениот музеј. Уште пред четири години беа најавени и Регистар на македонски војници и настани и онлајн-поставка, во која на интернет ќе може да се видат голем дел од експонатите со кои располага музејот.

Во регистарот треба да бидат забележани имињата на сите учесници во буни, востанија и војни водени на територијата на Македонија. Сите учесници во борби, семејства на учесници или граѓани што имаа информации или сведоштва за борци преку посебен формулар ќе може да регистрираат име во регистарот, кој треба да биде јавно достапен список.

Воениот музеј беше основан во 2006 година, доби објект во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје и комплетира неколку збирки предмети. Уште тогаш музејот во својот двор постави неколку експонати - топови и други артилериски орудија. По една година, музејот беше затворен, а зградата му беше предадена на користење на МВР. Министерството за одбрана во 2009 година ја врати Службата за воена историја - Воен музеј и најави атрактивни содржини. Тогаш Владата на Воениот музеј му додели 400 квадратни метри простор во објектот на Музејот на Македонија, а за втора локација, за отворена поставка, беше избрано скопското Kале.

Во просторот во Музејот на Македонија требаше да бидат изложени предмети од воената историја на Македонија од антиката, преку Самуиловото Царство, Kрали Марко, востанијата во Отоманската Империја, предмети од историјата на Македонскиот хусарски полк во Украина, што руската кралица Елисавета Петровна во 1759 година го формирала од доселеници од Македонија, балканските и светските војни, до денешните мировни операции на АРМ.

ЗАСЕГА САМО СО СПОМЕН-СОБА ЗА ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ

Воениот музеј официјално беше отворен во декември 2011 г. со изложба на фотографии „Нобеловците и АРМ за мирот“ во просториите што му се доделени во Музејот на Македонија. Фотографии од мировните операции на АРМ се првата поставка на Воениот музеј. Сега има спомен-соба на генерал Михајло Апостолски, неговиот мебел и библиотеката, која има околу 5.000 наслови, од кои илјада имаат статус на библиотечно богатство, односно се постари од 100 години.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F78F9F8058CDFB40A6358576137265D6
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty26/8/2013, 14:36

Па белким не очекуваат бивши (и веројатно идни) терористи да подигнат музеј на армијата против која се бореле... а за жал денеска е оставена на нивна милост а повеќе немилост.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty26/8/2013, 14:41

Alvar напиша:
Па белким не очекуваат бивши (и веројатно идни) терористи да подигнат музеј на армијата против која се бореле... а за жал денеска е оставена на нивна милост а повеќе немилост.
Зш ја баш очекувам ке кажат види што победивме, нема да кажат дека Вујче импомагаше по телефон.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty6/9/2013, 12:52

Воениот магацин во месноста Новакова чешма стана имот на Општина Штип

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8224-2013-09-04-10-29-25

Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty6/9/2013, 16:56

Генерал Арсоски - нов командант на механизираната пешадиска бригада

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр). Должноста командант  на 1.мпбр од бригадниот генерал Стојан Димчов ја прими бригадниот генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ.

На свеченоста присуствуваа командантот на  Здружената оперативна команда (ЗОК)  генерал-мајор Методија Величковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици и други гости.

Генералот Величковски искажа задоволството што присуствува на свеченоста по повод примопредавањето на должноста командант на 1.мпбр. Предавајќи му го борбеното знаме на единицата, командантот на ЗОК му посака добредојде на новиот командант на бригадата и му порача дека е потребно да продолжи со  понатамошниот развој на обученоста и оспособеноста на 1.мпбр.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов истакна дека како досегашен командант е задоволен од постигнатите резултати, и искажа задоволство што командувал со овој состав, при што на сите им се заблагодари за укажаната подршка.

Новиот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека е горд што ќе командува со единица како што е оваа.

- Ќе маршираме подолго и подалеку, ќе гаѓаме почесто и попрецизно, ќе изведуваме вежби надолж и попреку низ целата Република Македонија, рече Арсоски.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за началник на штабот во Здружената оперативна команда.

http://press24.mk/general-arsoski-nov-komandant-na-mehaniziranata-peshadiska-brigada
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty7/9/2013, 21:05

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 96 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 96 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 96 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 49 ... 95, 96, 97, 98, 99, 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: