|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 17:34 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Вершбоу одушевен од идејата половина АРМ да се вклучи во мисиите на НАТО
Името па членство - добро познатата порака на НАТО уште еднаш, по кој знае кој пат ја слушна македонскиот државен врв, овој пат од заменик генералниот секретар на Алијансата, Александар Вершбоу, по средбата со министерот за надворешни Никола Попоски. Вершбоу иако вели дека НАТО нема план Б за членство на Македонија, со раширени раце и воодушевување ја прими идејата на министерот за одбрана половина од македонските војници да бидат постојано на располагање на мисиите на Алијансата.
Додека Македонија бара искреност во оценката на напорите за членство во НАТО и согледување на грчките опструкции во процесот, пораката од Алијансата останува иста - решете го името, па ќе станете членка. НАТО нема план Б за државата која тринаесетта година по ред ги исполнува зададените задачи, но не може да го освои заслуженото столче во Брисел.
Вершбоу е новоназначен заменик генерален секретар на НАТО, Американец е и во своето излагање наместо Македонија ја употреби референцата поранешна југословенска република.
Неговата порака на средбите со премиерот Груевски, министрите Попоски и Бесими била да укаже дека и по самитот во Чикаго останува отворена врата за членството во НАТО и дека Македонија тој благодет ќе го види откако ќе го реши спорот за името. Од македонска страна му било укажано дека НАТО треба да ги согледа опструкциите од членката Грција кои го оневозможуваат членството на Македонија.
Со ова изјава на министерот се согласи и Вершбоу, но вели очекува храбра стратешка одлука за спорот. Додека за членството во НАТО е резервиран поради името, Вершбоу на средбата со Бесими рекол дека е воодушевувачка идејата, половина од македонските војници да може да бидат распоредени во мисии на НАТО.
http://kanal5.com.mk/%28S%28kvzduae04i05r4455m44rxq5%29%29/default.aspx?mId=37&eventId=94067 А ако избувне војна во Македонија кој ќе војува тука. Само Полицијата? |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 17:36 | |
| - HolyTemple напиша:
А ако избувне војна во Македонија кој ќе војува тука. Само Полицијата? И војската,во случај на војна кај нас би се повлекле сите војници кој се во мисии надвор од државава...но прашањето дали ако има војна кај нас НАТО ке дојде да ни помгне... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 17:42 | |
| Промоција на новата химна на АРМ на плоштад “Македонија“Новата химна на Армијата на Република Македонија (АРМ) и новата униформа на баталјонот за Почести ќе бидат јавно промовирани денеска во 19 часот на плоштад “Македонија“ во Скопје. Како што соопшти Министерството за одбрана, на промоцијата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал- мајор, Насер Сејдини и командантот на здружената оперативна команда бригадниот, генерал Методија Величковски и други гости. Јавната промоција ќе се реализира за време на промената на државното знаме на големиот јарбол на плоштадот “Македонија“. Колоната на АРМ составена од припадниците на баталјонот за Почести и оркестарот на АРМ ќе се движи од Собранието, преку порта “Македонија“ до плоштадот. http://grid.mk/read/article/722850/promocija-na-novata-himna-na-arm-na-ploshtad-makedonija | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 21:31 | |
| Како звучи новата химна на АРМПо повод одбележувањето на 20 години од постоењето на македонската Армија, на плоштадот Македонија воениот оркестар денес ја промовираше новата химна на Армијата на Република Македонија. Во рамки на манифестацијата промовирана беше и новата униформа на баталјонот за Почести. Погледнете го видеото и слушнете како звучи новата армиска химна. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/78329-Kako-zvuci-novata-himna-na-ARMПромовирани новата химна на АРМ и новата униформа на баталјонот за ПочестиПред голем број граѓани, а во рамки на одбележувањето на 20 години од формирање на македонската Армија, денес на плоштадот Македонија се одржа јавна промоција на новата химна на Армијата на Република Македонија и новата униформа на баталјонот за Почести. Од Собранието, преку портата Македонија до плоштадот, припадниците на баталјонот за Почести ја промовираа новата церемонијална униформа, по што следуваше замена на државното знаме на големиот јарбол на плоштадот. -Химната е промовирана првпат во текот на овие 20 години. Припадниците на армијата ќе се гордеат и со униформата и со химната, а очекувам дека ќе биде прифатена и од граѓаните, изјави началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески. Новата униформа на почесниот баталјон се состои од 120 церемонијални униформи и по околу 60 свечени и празнични. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/78327-Promovirani-novata-himna-na-ARM-i-novata-uniforma-na-bataljonot-za-Pocesti | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 22:36 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- HolyTemple напиша:
А ако избувне војна во Македонија кој ќе војува тука. Само Полицијата? И војската,во случај на војна кај нас би се повлекле сите војници кој се во мисии надвор од државава...но прашањето дали ако има војна кај нас НАТО ке дојде да ни помгне... Во таков случај се повлекуваат војниците од НАТО мисиите, примерот на Грузија во 2008 и тоа со авион на USAF. А на вториот дел од прашањето, исто како во 2001 па сега види ти. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/7/2012, 00:17 | |
| - Makedon напиша:
Во таков случај се повлекуваат војниците од НАТО мисиите, примерот на Грузија во 2008 и тоа со авион на USAF. А на вториот дел од прашањето, исто како во 2001 па сега види ти. Го знам јас одговорот друже...него нашиве политичари изгледа дека не го знаат,чим се спремни да ја дадат пола армија за НАТО улуги беспари...па како после нема да биде воодушевен Вершбоу од оваа одлука на Бесими...спремни се се да потпишат и да дадат се нашиве политичара,абе барем еден договор да се потпишеше доколку дојде до војда во нашата држава да имаме воена помош од НАТО сојузниците,немора кознае колкава... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/7/2012, 19:27 | |
|
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 19/7/2012, 19:31. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/7/2012, 19:30 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/7/2012, 10:34 | |
| Во касарната во Тетово денеска се враќа контингент на АРМ од мисијата ИСАФ од Авганистан Во мисијата ИСАФ во периодот јануари-јули 2012 година, АРМ учествуваше со контингент од 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада, кои заедно со најстариот национален претставник и штабните офицери, во Авганистан беа распоредени во составот на Британскиот контингент. Министерот за одбрана, Фатмир Бесими денеска во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово ќе присуствува на свеченоста по повод враќањето на контигентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада по шестмесечно учество во мисијата ИСАФ во Авганистан. На свеченоста ќе присуствуваат и заменикот на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор, Насер Сејдини, Командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал, Методија Величковски, Командантот на Првата механизирана пешадиска бригада полковник, Стојан Димчов, претставници на локалната самоуправа, роднините на припадниците од контингентот и други гости. Во мисијата ИСАФ во периодот јануари-јули 2012 година, АРМ учествуваше со контингент од 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада, кои заедно со најстариот национален претставник и штабните офицери, во Авганистан беа распоредени во составот на Британскиот контингент. Контингентот на АРМ во изминатите шест месеци беше ангажиран за извршување на сложени задачи, како што се целосно обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго. Од страна на командата на ИСАФ и надлежните високи команди на НАТО, ангажирањето на припадниците на АРМ, во повеќе наврати беше високо оценето, што се должи на високиот степен на обученост, но и на покажаната храброст, компатибилност и оперативна способност за време на извршувањето на мисијата. http://www.libertas.mk/vest/31545/Vo-kasarnata-vo-Tetovo-deneska-se-vrakja-kontingent-na-ARM-od-misijata-ISAF-od-Avganistan ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/7/2012, 14:57 | |
| Свеченo пречекан контингент на АРМ по шестмесечната мисија во силите ИСАФ во АвганистанМинистерот за одбрана Фатмир Бесими денеска присуствуваше на свеченоста по повод враќањето на контингентот на Првата механизирана пешадиска пригада во гарнизонот Тетово по завршувањето на нивната шестмесечна мисија во меѓународните мировни сили на ИСАФ во Авганистан. „Како дел и од одбележувањето на јубилејот 20 години АРМ, јубилеј што со себе носи голем број успеси и моменти и предизвици кои го градат имиџот на АРМ, ликот на војникот на АРМ и секој граѓанин на Република Македонија. Вие градите слика на една земја која знае да биде пријател и знае да инвестира во универзални вредности, една земја и граѓани кои го сакаат мирот, знаат што значи соживот и знаат тоа да го пренесат и во светски рамки“, истакна министерот Бесими во своето обраќање. Воедно, министерот Бесими истакна дека со оваа мисија бројот на војници на АРМ што учествувале во ИСАФ во Авганистан надмина 2.000 војници, а вкупно во мисии надвор од Република Македонија бројката достигна 2.800 војници и старешини или 35 отсто од составот на АРМ кои учествувал во мисии рамо до рамо со останатите армии од НАТО, ОН и ЕУ и дале свој придонес за глобалниот мир. „Денеска се навршува и една година откако јас сум министер за одбрана и контингентот што се врати може да ги види промените во армијата со новата формациска поставеност според стандардите на НАТО што овозможува развој и унапредување на кариерата на секој војник и старешина со цел изградба на модерна и ефикасна армија поблиска до граѓаните“, дополни министерот Бесими. Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески истакна дека е среќен и горд затоа што мисијата беше извршена во најдобар ред и што сите нејзини припадници се вратија живи и здрави назад во Македонија и кај своите семејства. „И овој контингент на АРМ го даде својот придонес за глобален мир и безбедност и уште еднаш покажа дека нашето место е во НАТО“, потенцираше генералот Котески. Свое видување на предизвиците на оваа ротација на мисијата ИСАФ во Авганистан имаа и командантот на контингентот мајор Мухарем Мухареми, постариот водник Али Шабани и водникот Маја Угриновска. „Пред шест месеци од ова исто место реков дека заминуваме на многу значајна и тешка задача. Нема посреќен член на единицата од мене поради фактот што сите се вративме живи и здрави. Имавме многу предизвици и моменти што беа опасни по живот, но со нашата професионалнот и малку среќа успеавме да немаме никакви загуби. Фактот што 10 години рамноправно и паралелно со припадниците на војниците од другите земји членки на НАТО ги извршуваме задачите зборува сам по себе. Ние де факто иако не и де јуре сме членка на НАТО, рече мајор Мухареми. Оваа беше 11. контингент што се врати од мировна мисија, а е од гарнизонот Тетово. На мисија во Авганистан тргнаа и се вратија 149 војници и старешини. Тоа беше и 21 ротација на македонските војници во мисијата ИСАФ. Во следните шест месеци на нивно место ќе бидат нивните колеги од касарната во Кичево. На денешната свеченост во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово присуствуваа и заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-мајорот Насер Сејдини и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, бригадниот генерал Методија Величковски. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=svecenosta-po-povod-vrakanjeto-na-kontingentot-na-arm-od-misijata-isaf-vo-avganistan&lang=mk | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|