|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 31/3/2012, 14:44 | |
| По име да зголемување , али во стварност ке види ме. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 31/3/2012, 15:30 | |
| Приземјените летала ќе се одлепат од пиститеАРМ годинава има можност да ги реши проблемите на авијацијата што се влечкаа со години, оти има поголем буџет. Министерот за одбрана Фатмир Бесими на располагање има дополнителни 8 милиони евра повеќе за својот ресор Имаме дваесетина летала, но ни фали транспортер ПОПРАВКИ И МОДЕРНИЗАЦИЈА ВО АРМИСКИОТ ВИНГСите дваесетина хеликоптери, како и четирите борбени авиони „сухои“ на воздухопловниот ВИНГ на македонската армија, ќе станат оперативни, зашто годинава тие што се во дефект ќе се поправат и ше се модернизираат, според најавите од Министерството за одбрана.Армијата почна да ја имплементира новата формација, која треба да го поедностави командувањето и да овозможи брзо распоредување борбени сили, способни за борби со висок интензитет и за целиот спектар на операции. Во склопот на овие активности големи реформи доживеа и оваа формација на АРМ, популарно наречена „плавци“ со армискиот жаргон, во која работат пилотите, копилотите, инженерите и механичарите, кои иако немаа големо претходно искуство, без ниедна грешка максимално и служеа на државата во воената криза во 2001 година. Овие луѓе сега, 10 години по конфликтот, имаат само школски летала, а од борбените хеликоптери само дузина се оперативни. Тие се горди на својот „ми-24 ВАМ 201“, познат и како проект „Александар“. На овој хеликоптер произведен во 1984 година МО потроши многу пари, за модернизацијата што ја изврши израелската компанија „Елбит“. Потполковникот Кире Колевски, командантот на македонските воени крила, вчера пред министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот Горанчо Котески ја презентира новата реорганизација на ВИНГ и ја објасни фактичката ситуација. - Предност со новата стратегија на АРМ е што го подобруваме командувањето над воздухопловната бригада, односно во состав на поранешниот ВИНГ влегуваат и баталјонот за противвоздушна одбрана и баталјонот за воздушно јавување и наведување. Исто така, се зголемуваат капацитетите во однос на борбената поддршка на единиците и нивниот транспорт, а подобрена е и состојбата со капацитетите за одржување на хеликоптерите и воздухопловите што армијата ги поседува - рече генерал-мајор Котески. Историјатот на македонското воздухопловство почнува две-три години по осамостојувањето. АРМ дури на 28 јуни 1994 година ги доби првите хеликоптери, генерално транспортни, популарниот „хјуи“ од американско и „Ми8“ од руско производство. Последните руски модели беа купени од украинското воено воздухопловство. До денес не е објавена сумата што е платена за нив. Според некои шпекулации, дадени се по 500.000 евра по хеликоптер, според други и до два милиона евра. Како и да е, хеликоптерите беа тука кога изби воениот конфликт, а нивната улога во поддршка на копнените единици беше бесценета. Само во почетокот од конфликтот екипажите беа украински посади, за потоа да бидат заменети со македонски. Ништо помалку добри од нивните украински колеги. Истата судбина ја имаат и четирите авиони „сухои“, од кои еден е двосед со копилотска кабина, а другите три ги управува само пилот. - Авионите се складирани во армиските магацини, едноставно се очекуваат подобри времиња тие да бидат повторно активирани доколку се јави потреба за тоа. Со зголемениот буџет ние се надеваме дека за некоја година ќе можеме повторно да ги ставиме во употреба, нормално надградени со современи електронски справи за летање и за нишанење - објаснува Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана. Воениот аналитичар Петар Шкрбина додава дека за да биде комплетна нашата воздухопловна флота треба да се зголеми со уште еден воздушен транспортер. - Ако сакаме да имаме респектибилна армија во регионот, ние мораме да набавиме воздушен транспортер, тоа ни е и еден од условите за модернизација на нашата армија доколку сакаме да влеземе во НАТО - резимира Шкрбина. Инаку, ВИНГ, покрај основната мисија за заштита на македонското небо, има задача и за воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ. Военото воздухопловство учествува во мировни мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ и од ОН, како „Алтеа“ во Босна. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=330121813166&id=9&prilog=0&setIzdanie=22545Ако има малку вистина во ова,едно големо БРАВО... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 10:56 | |
| Министерот за одбарна во посета на Авганистан Недела, 01 Април 2012 Денеска во посета на македонскиот армиски контингент што е дел од мултинационалните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ), пристигна министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими. Во посета на армискиот контингент покрај министерот Бесими е и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ. Бесими во Кабул ќе оствари средба со командантот на ИСАФ и на американските војници во Авганистан, генералот Џон Ален, со Јержи Виецлав, директор за политика и помошник на најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, како и со командантот на Регионалната команда-Капитол, бригадниот генерал Ѓозкаја. Македонска делегација го посетува Авганистан во време кога е најавено зголемено учеството на Армијата во составот на мултинационалните сили во Авганистан. http://www.sky.mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 10:58 | |
| - Alvar напиша:
- Македонска делегација го посетува Авганистан во време кога е најавено зголемено учеството на Армијата во составот на мултинационалните сили во Авганистан.
Кога било најавено зголемено учество? Уште војска ќе се праќа? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 13:59 | |
| Министерот Бесими во посета на Авганистан Кабул, 1 април 2012 (МИА) - Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими денеска пристигна во Кабул, во работна посета на македонскиот армиски контингент што е дел од мултинационалните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ). Министерот Бесими е придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ. Двајцата гости, како што јави известувачот на МИА, ќе имаат средба со војниците од 21-та ротација македонски мировници во оваа земја и детално ќе се запознаат со нивните секојдневни обврски и воопшто со условите во базата во Кабул. Министерот Бесими ќе има и средба со командантот на ИСАФ и на американските војници во Авганистан, генералот Џон Ален, со Јержи Виецлав, директор за политика и помошник на најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, како и со командантот на Регионалната команда-Капитол, бригадниот генерал Ѓозкаја. Посетата на македонска делегација на Авганистан се реализира по најновото зголемување на учеството на АРМ во составот на мултинационалните сили во оваа земја. Македонската армија од минатиот месец дополнително го зајакна своето учество во ИСАФ со петчлен мобилен тим за обука на авганистанската армија во Школото за воена полиција во рамки на Мисијата на НАТО за обука во Авганистан. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92665935&lId=1&pmId=501 | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 14:06 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 15:08 | |
| Бесими -Ален: АРМ високо ценет партнер во ИСАФ мисијата во Авганистан Македонија е исклучително високо ценета земја во НАТО заради придонесот на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан. Земјата и армијата остануваат доследни на курсот на приближување кон стандардите на НАТО, односно исполнување на реформите и модернизацијата на армијата, па соодветно на тоа на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон очекува и конкретна варолизација на постигнатото, со добивање полноправно членство во Алијансата. Како што јави известувачот на МИА, ова е истакнато на денешната официјална средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со генералот Џон Ален, командант на ИСАФ, во главниот штаб на мисијата во Кабул. Министерот Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котески, денеска пристигнаа во куса работна посета на македонскиот контингент војници во Авганистан, кои се дел од 21-та ротација во ИСАФ мисијата. Од 170-те македонски мировници 150 се ангажирани во обезбедување на главниот штаб и базата на ИСАФ мисијата во Кабул, додека останатите се распоредени на задачи во неколку други места низ Авганистан, како набљудувачи и обучувачи на авганистанската армија. - Задоволен сум од тоа што генералот Ален го кажа за придонесот на нашите војници и нивните квалитети во мисијата. Тоа е добра вест за нас како раководство во одбраната, но уште повеќе за Република Македонија. Задоволен сум од тоа што тие го прават и за мирот.Слушнав за транзицијата од Авганистан до 2014 и потоа, како и за очекувањата од самитот во Чикаго. Разговаравме и за нашиот стратешки интерес - ние остануваме во мисиите на НАТО, односно ги уверивме дека Македонија останува со својот придонес во Авганистан – заедно во, заедно надвор. На крајот, на генералот му го соопштивме нашиот интерес што поскоро да станеме де јуре членка на НАТО, изјави министерот Бесими по средбата во штабот на мисијата во Кабул. Американскиот генерал го потенцираше огромниот придонес на македонскиот контингент војници во Авганистан. - Имавме многу продуктивни и сериозни разговори за одлуката за модернизација и за имплементација на организациските промени во македонската Армија. За нас е многу важно да дознаеме за идниот придонес на Македонија во мировните мисии, изјави генералот Ален. Генерал мајор Горанчо Котески истакна дека со американскиот командант разговарале за нашиот актуелен придонес, но и за идната поддршка во мисијата во Авганистан. - Му порачав на колегата Ален овие негови позитивни импресии да ги пренесе кон Брисел и Вашингтон за нашето членство во НАТО да не биде само де факто, туку и де јуре, изјави генерал Котески, кој ја искористи можноста и на македонските војници да им порача да бидат сплотени, крајно професионални и дисциплинирани, и успешно да го носат македонското сонце под ова авганистанско небо. Во врска со модернизацијата на Армијата за која разговарале со американскиот генерал, Котески кажа дека станува збор за неколку сериозни проекти што се работат заедно со НАТО, од кои два веќе се реализираат – оние за опремување на радарот за воздушно јавување и извидување, а вториот е отворањето на Центарот за пилоти, додека трите други ќе се реализраат во 2013 и 2014 година. Во врска со засилениот ангажман на Министерството за одбрана во пресрет на самитот на НАТО, министерот Бесими истакна дека тој е директно поврзан со интересот на земјата да стане полноправна членка на Алијансата. - Нашиот ангажман главно е фокусиран на артикулирање на позициите на Република Македонија, односно стратешката определба за евроатлантските интеграции во ЕУ и НАТО. Второ, придонесот што земјата го дава во меѓународните мисии и трето реформите што Македонија ги прави за исполување на стёндардите на НАТО, а тоа е новата структура и организиција на Армијата што се прават во оваа јубилејна година-20 години на АРМ, како дел од проектот што го нарековме „Македонија до 2020 година, рече Бесими. Министерот Бисими и генералот Котески попладнево имаа средба со сите македонски мировници на кои лично им ги изразија своите пофалби за тоа што го прават во Авганистан, ги слушнаа нивните прашања и очекувања, а на крајот на сите им посакаа во јули живи и здрави да се вратат во Македонија. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/besimi-alen-arm-visoko-cenet-partner-vo-isaf-misijata-vo-avganistan | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 16:55 | |
| Ако ништо друго, мило ми е да ги видам нашиве војници конечно во една наша и нова униформа | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 17:02 | |
| Уште да имаа и нови пушчиња. | |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/4/2012, 19:18 | |
| Зависи кои војници знам дека специалците се подновија со пушките пред некое време. ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|