Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty29/3/2012, 22:00

Импликациите од економската криза, концептот „паметна oдбрана“ и енергетската сигурност во фокусот на Kонференцијата САД-А5

Во насока на реафирмирање на заложбите на Република Македонија и на регионот за целосно евроатлантско интегрирање, реафирмација на напорите за ефикасно планирање и трошење на буџетот за одбрана, како и паметна приоретизација на регионалните проекти, Конференцијата на министрите за одбрана на САД-Јадранската група продолжи со три дополнителни панели на кои учесниците имаа можност да укажат на своите размислувања во посочената област.

Темата на вториот панел „Глобалната економска криза и нејзините импликации врз регионалната безбедност и развој“, овозможи свое мислење со присутните, да поделат еминентни личности од земјата и од странство, директно инволвирани во областа. Модераторот Селмо Цикотиќ, поранешен министер за одбрана на Босна и Херцеговина, истакна дека како глобализацијата станува сè понапредна, Европа добива сè помала важност отколку што имаше во вековите во човековата историја до сега. „Верувам дека вистинскиот Балкан каде припаѓаме ние е уште еден дел од светот каде што има комплексен развој, меѓутоа се надеваме и на сигурна иднина, и верувам дека ваквата размена, ваквите собири се значаен придонес кон таа цел“, додаде Цикотиќ.
Излагања имаа д-р Срѓан Керим, дипломат и поранешен претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, д-р Николас Вит, независен дипломат од Брисел, проф. д-р Димитар Мирчев, советник на Претседателот на РМ, Саво Кентера, претседател на Атлантскиот совет на Црна Гора, проф. Нано Ружин, од ФОН Универзитет, поранешен амбасадор на РМ при НАТО и Марјан Ѓуровски, од Факултетот за безбедност.

„Можностите за примена на НАТО концептот за паметна одбрана во рамките на регионалната безбедносна соработка пред претстојниот самит на НАТО во Чикаго“ беше темата на третиот панел на кој свои излагања за оваа тема имаа Јордан Јорданов, д-р Џон Треденик од центарот за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, проф. д-р. Лидија Георгиева од Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“, Институт за безбедност, одбрана и мир и Лазар Еленовски, претседател на Евроатлански Совет на Република Македонија.
Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, кажа дека овој концепт помага да го развиеме она што можеме да го направиме заедно, по ниски трошоци, но ефикасно. „Паметната одбрана“ ќе биде тема на разговор во Чикаго. „Ова е начин да разговараме за пристапот кон овој нов концепт и начин како подобро да го разбереме истиот. Ние можеме да работиме на реформските задачи во процесот на креирањето на мала модерна Армија“, истакна министерот Бесими. Тој додаде дека во период на економски предизвици ние се трудиме да придонесеме во работни рамки, користејќи го пристапот односно концептот паметна одбрана.
Четвртиот панел беше на тема „Прашања за енергетска сигурност: глобални предизвици и регионални решенија“ и на него свое мислење меѓу другите даде и проф. д-р Ризван Сулејмани од Институтот за политички и мултикултуролошки студии.

Конференцијата на министрите за одбрана на САД-Јадранската група даде несомнен придонес кон унапредувањето на процесот на донесување ефикасни и ефективни одлуки во доменот на безбедноста и одбраната, како и овозможи поблиско разбирање на претстојните предизвици и аналогно на тоа, брзо и ефикасно донесување на здружени решенија.

АРМ - новости - Page 23 DSC_6738

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=implikaciite-od-ekonomskata-kriza-konceptot-pametna-odbrana-i-energetskata-sigurnost-vo-fokusot-na-konferencijata-sad-a5&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty29/3/2012, 23:44

Боеви гаѓања на Криволак - забрана за секакво движење

Од командата на армискиот полигон „Криволак“ денеска ги информираа жителите од општините кои гравитираат околу полигонот дека во реонот на Брест, Слатина и Караоџали се извршуваат вежби со боеви гаѓања.


Неопходно е, потенцираат од командата, жителите од околината да бидат информирани бидејќи се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање моторни возила во наведените реони.

- Се забранува и какво било земање или допирање на неексплодирани проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства истите да се одбележат и да се известат надлежните органи од командата или СВР Штип, како и полициските станици во Неготино, Кавадарци и Градско, укажуваат од командата на „Криволак“.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 18:37

АРМ секојдневно чекор поблиску до НАТО – посета на воздухопловната бригада и објавување на Конкурсот за Центарот за обука на пилоти

Имплементацијата на новата структура која претпоставува трансформација на ВИНГ-от на АРМ во Воздухопловна бригада, како и објавувањето на конкурсот за прием на кандидати во Центарот за обука на пилоти беа во фокусот на денешната посета на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, замен-министерот Емил Димитриев и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески на Воздухопловната бригада во Петровец.

„Новата структура согласно стандардите на Алијансата е уште еден начин како ефикасно да се движат реформите напред. Република Македонија секојдневно е чекор поблиску до НАТО и секојдневно имплементира нови стандарди со кои стоиме рамноправни со земјите-членки на Алијансата“, истакна министерот Бесими.

Генералот Котески, пак, додаде дека со новиот концепт на воздухопловството, креирана е Воздухопловната бригада, која произлегува од ВИНГ-от на АРМ, трансформација која носи повеќе предности во процесот на командување и контрола на бригадата, секако со внесување на баталјоните за ПВО и за Воздушно набљудување и јавување во состав на бригадата, но и во однос на зголемувањето на капацитетите за борбена поддршка и транспорт на единици. Како предност, генералот Котески го спомена и подобрувањето на капацитетите за одржување и обученоста.

Споменувајќи го долгорочниот план за модернизација – реформи 2020, министерот Бесими го потенцираше значењето на проектот за обука на кадри кој започнува со денешното објавување на соодветниот конкурс. „Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на овој конкурс кој е една одлична можност да развијат кариера како идни пилоти на Армијата НА Република Македонија“, нагласи министерот Бесими.

Всушност, развојот на Центарот за обука на пилоти е можност за вршење на обуката во домашни услови, со што ќе се зголеми безбедноста на самите пилоти кои вршат обука, а ќе се намалат трошоците.

Според зборовите на директорот на Центарот, Јаари Швага, овој момент е историски за Воздухопловната бригада и за АРМ.

Центарот за обука на пилоти ќе функционира според моделот јавно-приватно партнерство – тој ќе биде во целосна координација Воздухопловната бригада и Воената академија, додека по осум години проектот целосно останува во државна сопственост. Во 18 месечниот период, обуката ќе биде вршена на пет адаптирани воздухоплови „Злин 242“ за основна обука, потоа на четири хеликоптери „Бел 206“ и два симулатори, Ми-17 и Ми-24, кои во моментов се во изградба во Елбит, а ќе бидат достапни за 18 месеци. Управното ниво, директорот, неговиот заменик и шефот на одржувањето на Центарот ќе бидат од Елбит, додека останатите позиции – пилотите, инструкторите и техничарите ќе бидат на локално ниво.

АРМ - новости - Page 23 Image1
АРМ - новости - Page 23 Image1
АРМ - новости - Page 23 DSC_7280
АРМ - новости - Page 23 DSC_7292
АРМ - новости - Page 23 DSC_7352
АРМ - новости - Page 23 DSC_7439
АРМ - новости - Page 23 Image1
АРМ - новости - Page 23 Image1

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=arm-sekojdnevno-cekor-poblisku-do-nato&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 18:43

КОНКУРС за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација

http://www.morm.gov.mk/portal/?oglas=konkurs-za-zapisuvanje-na-slusateli-na-strucno-osposobuvanje-i-usovrsuvanje-za-rodot-avijacija&lang=mk

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 19:21

Momak od Gjorce напиша:
КОНКУРС за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација

http://www.morm.gov.mk/portal/?oglas=konkurs-za-zapisuvanje-na-slusateli-na-strucno-osposobuvanje-i-usovrsuvanje-za-rodot-avijacija&lang=mk


Секоја чест.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 19:22

Ме радува ова! aplauz aplauz aplauz

Него..сега не ја разбирам трансформацијава на ВИНГ-ов.. пак ќе се вратат од дрвено на камено односно од ВИНГ во ВВ и ПВО.. нели и ПВО сегментот ќе бил вметнат во бригадата..дај објаснете ако знаете повеќе.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 19:23

Најпосле има посакувам добра донација.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 19:25

Јас не слушнав ништо за авионите, т.е Сухоите. scratch

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 19:26

Генерал напиша:
Јас не слушнав ништо за авионите, т.е Сухоите. scratch
Чекај да аминува Вашингтон и да кажат каде да се модернизираат (Авиакон или на др место)
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty30/3/2012, 23:24

Frogfoot напиша:
Ме радува ова! aplauz aplauz aplauz

Него..сега не ја разбирам трансформацијава на ВИНГ-ов.. пак ќе се вратат од дрвено на камено односно од ВИНГ во ВВ и ПВО.. нели и ПВО сегментот ќе бил вметнат во бригадата..дај објаснете ако знаете повеќе.

Јас како што разбрав ке стане воздухопловна брида,што значи дека во сегашниот ВИНГ влегуваат батајонот за ПВО и батајонот за воздушно наведување и јавување,со што и се зголемува бројот на борбената подршка на единиците и транспортот на единици....

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/besimi-vo-poseta-na-vozduhoplovniot-ving
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 23 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: