|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/12/2012, 16:57 | |
| - Зоран напиша:
Изгледа Кобрата ќе оди кај Воената полиција. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/12/2012, 22:09 | |
| Пример за одлична соработка и искрено пријателство – донација од Република Турција за АРМ„Сиве овие години, од нашето осамостојување, сведоци сме на градење односи помеѓу Република Македонија и Република Турција кои се на исклучително високо ниво. Нашето пријателство е пример за тоа како треба да се соработува во регионот“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на денешното примопредавање на донација од Република Турција за Република Македонија, во Техничко-ремонтниот центар во Скопје. Донацијата која се состои од опрема (7 возила „Лендровер“ и 1 возило „Кобра“) вредна 710.000 американски долари е дел од досегашната вкупна помош во донации од Република Турција, чија вредност изнесува околу 18 милиони американски долари. „Станува збор за нова, неупотребена опрема со висок квалитет, сосема компатибилна со стандардите на алијансата кон која се стремиме“, додаде министерот Бесими во своето обраќање, укажувајќи на тоа дека истата ќе биде распоредена во единиците на Армијата на Република Македонија, како значителен придонес во зајакнувањето на борбената моќ и мобилност. Воедно, министерот Бесими пред присутните, меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер, изрази благодарност за континуираната и јасна поддршка од Република Турција за Република Македонија, на нејзиниот пат кон целосно евроатлантско интегрирање. „Воената соработка меѓу двете земји, особено во смисла на помошта на образованието и обуката како и донациите реализирани во рамките на лигистичката поддршка на АРМ од ден на ден сè повеќе се интензивираат. Помошта во областа на образованието и обуката се реализира согласно Договорот за соработка во областа на военото образование и обука потпишан со Република Македонија во 1994 година. Од 1998 година до денес, повеќе од 100 припадници на АРМ биле на долгорочно школување на Командно штабната академија, Воената академија, Воено медицинската академија Гјулхане и разни родовски школи. Освен тоа, до денес во Центарот на партнерството за мир и во Центарот за совршенство во борбата против тероризмот се организирани краткорочно курсеви за приближно 780 припадници на македонската армија“, истакна амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер во говорот на свеченото примопредавање на донацијата. Тој на крајот искажа убедување дека АРМ која успешно учествува на некои од активностите на мировните сили под чадорот на ОН уште повеќе ќе зајакне и дека за кратко време ќе постигне завидни резултати на патот за полноправно членство во НАТО што одамна го заслужи. http://www.morm.gov.mk/content/?52FE2125B885E3D8C7C533822D8B3C43573E83E5 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/12/2012, 22:22 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/12/2012, 20:10 | |
| Дневен Фокус: И со мито не стигнувале до Авганистан
Весникот Фокус во викенд изданието продолжи со нови сознанија за давање мито од лица за да заминат како војници во Македонскиот контигет во Авганистан.Најновите сознанија на весникот за оваа корупциска шема се дека имало и многумина што платиле мито но не успеале да заминат за Авганистан. За среќа според сведоците на Фокус парите дадени како мито сепак им биле вратени на оние кои одпаднале од списокот за Авганистан.
Војниците биле расположени да кажат детали за корупциската шема но според весникот барале анонимност.Пресудно за да се најдат на “добитничкиот“ список биле и врските ,бидејки се случувало да бидат одбиени кандидати кои биле подготвени да платат,но немале партиски или други привилегии кај надлежните,тврди Фокус.
-„Платив 5 илјади евра но ми беше кажано дека нема да заминам бидејки списокот веќе бил пополнет.Истото им се случи уште на неколку колеги.Парите ни беа вратени иако почекавме еден месец вели за весникот војникот што го поминал ова непријатно искуство. Тој објаснува дека заминувањето во Авганиста иако има опасности сепак е примамливо имајќи предвид дека месечно се заработувало по 2700 евра а за шест месеци колку што трае турата 16 илјади евра. Војниците за скандалот не се воздржуваат да коментираат ниту на социјалните мрежи каде што забележуваат дека честопати на мисиите учествуваат војници кои потекнуваат од еден град од истокот на Македонија,наведува Фокус Се коментира дека на една мисија од 160 војници околу 70 биле од едно градче од каде што пак и бил и висок функционер вработен во министењрството за одбрана.откако се проширила информацијата според војниците кои изјавиле за ФОКУС,функционерот сограѓанин им се налутил и наводно преку СМС порака ги искарал за неблагодарноста.
“Прва и најсилна желба ми беше на сите вас да ви помогнам во нешто,така и почнав,на голем број им помогнав и сега можам в очи да ги погледнам.Кафе се немам напиено со нив ,а камо ли нешто повеќе.Останаа уште луге на кои сакав да им помогнам ,без разлика дали ги знам или не,бидејки зад луѓето остануваат делата.Но вакви обвинувања ме натераа да ве замолам сите во иднина за работи врзани за армијата воопшто да не ме барате“ се наведува според сведоците на Фокус во СМС пораката што им ја испратил високиот функционер.
Скандалот околу наводното давање мито за место во армискиот контигент за Авганистан го заинтересира и министерот за одбрана Фатмир Бесими.Тој рече дека побарал истрага за овој случај.Засега никој освен министерот не реагирал. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/12/2012, 15:54 | |
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/12/2012, 14:34 | |
| Бесими во посета на мировниците на АРМ во Авганистан Скопје, 16 декември 2012 (МИА) - Министерот за одбрана Фатмир Бесими, денеска пристигна во посета на контингентот од Армијата на Република Македонија кој е дел од силите ИСАФ во Кабул, Авганистан. Целта на посетата на министерот Бесими, соопшти Министерството за одбрана,е пред почетокот на 2013 година да се запознае со тековните активности на македонскиот контингент во ИСАФ, како и да им посака успешно и професионално извршување на поставените должности на македонските мировници и во иднина. - Министерот Бесими, ќе им честита на припадниците на контингентот за посветеноста кон задачите и прикажаните вештини и знаења кои се слика за решителноста на Република Македонија да помогне во процесот на демократизација на Авганистан, с евели во соопштението. Во тек на посетата, министерот Бесими ќе оствари средба со командантот на силите ИСАФ, генералот Џон Ален на која, според соопштението, ќе стане збор за постојаниот придонес на Република Македонија во етаблирањето на базичните вредности – мирот, слободата, еднаквоста и почитувањето на човековите права во средноазиската земја. Воедно, министерот Бесими ќе укаже на тоа дека Република Македонија ги поддржува напорите за стабилизација, со што се потврдува фактот оти Авганистан има безбедна демократска иднина. Република Македонија е подготвена, согласно плановите на Алијансата за придонесот во изградбата на институциите во Авганистан по 2014 година, да партиципира во напорите за развој и подобар живот за сите граѓани на оваа земја, ќе истакне министерот Бесими на средбата со генералот Ален. Република Македонија моментно во силите ИСАФ учествува со вкупно 159 лица распоредени на повеќе должности – обезбедување на Командата во ИСАФ во Кабул, како и обука на Авганистанската национална армија. Контингенти од Армијата на Република Македонија се дел од силите ИСАФ во Авганистан од 2002 година, кога беа испратени двајца офицери во рамките на турскиот контингент. Досега дел од тие сили беа 1.843 македонски мировници. Учеството на АРМ во ИСАФ беше првиот придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од сопствените граници. лв/10:44 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/12/2012, 21:38 | |
| Донација од Министерството за одбрана и АРМ за децата од училиштето „Иднина“ и СОС Детското село„Среќата е многу важна за подобра иднина и уште поважна ако се споделува со најблиските и најмладите кои се нашата иднина“ порача министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими при денешното донирање новогодишни пакетчиња и подароци на децата од посебното основно училиште „Иднина“ и СОС Детското село од Скопје. По повод донациите од Министерството за одбрана и од АРМ на двете локации, од страна на најмладите беа организирани претстави и работилници на кои се цртаа цртежи со мотиви за мирот, за симболот на претстојните празници, Дедо Мраз, и за Армијата на Република Македонија. Во хуманитарната акција беа вклучени сите вработени на Министерството за одбрана и припадниците на Армијата на Република Македонија кои донираа парични средства и облека. Питомците, пак, од Воената академија, се откажаа од нивните редовни оброци во период од три дена, за да може она што ним им следува, да го поделат и да им го подарат на децата од училиштето „Иднина“ и СОС Детското село. Дечињата од „Иднина“ на присутните од МО и од АРМ им подарија мали подароци, кои самите ги изработиле за новогодишните празници, а со кои им посакаа најубави желби во Новата година. Во рамките на СОС Детското село, пак, министерот Бесими се запозна со целта и начинот на кој функционира оваа организација, а воедно посети и едно од куќите во кои се сместени нивните штитеници. Дополнително, во текот на следните неколку денови, првопотчинетите команди и единици во Армијата на Република Македонија, на локално ниво, ќе организираат слични активности од ваков карактер. Дејноста на посебното училиште „Иднина“ е да им овозможи на децата категоризирани со лесна попреченост во психичкиот развој, активно учество во стопанскиот и општествениот живот и поттик за љубопитноста и интересот за градење на навики за здрав живот. СОС Детското село чии темели се поставени во април 1999 година, преставува организација која гради семејства за деца во ризик и со тоа им помага тие да ја оформат сопствената иднина. http://www.morm.gov.mk/content/?70423A6E32EF3AF94E55C3DAF95CED8125D0A286 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/12/2012, 21:40 | |
| Средба на НГШ со питомците на Воената Академија и отварање на реновираните простории на кујната во касарната „Гоце Делчев“Денес, 26 декември во касарната „Гоце Делчев“ Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески имаше заеднички ручек со питомците од Воената Академија ,,Михаило Апостолски“ во Скопје. Генералот Котески воедно ја искористи оваа можност да ги отвори реновираните простории на кујната која ја користи Воената Акедемија. На активноста покрај Началникот на ГШ на АРМ присустваа и ЗНГШ генерал мајор Насер Сејдини и Директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски. Генералот Котески во своето обраќање до питомците им напомна дека реновираната кујна е само една од активностите кои ГШ на АРМ ги презема за подобрување на условите во Академијата и дека и во понатамошниот период ќе се продолжи со таквата иницијатива. Началникот на крај им посака успех во завршувањето на студиите и им посака среќни празници и пред се здравје и среќа во Новата 2013 година. http://www.morm.gov.mk/content/?CE228CAC42F47B5B96A06C25E437AEF8F5260996 | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/12/2012, 21:45 | |
| А што е реновирано во кујнава? Гледам стари плочки, стари казани, стар инвентар. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/12/2012, 22:06 | |
| - Alvar напиша:
- А што е реновирано во кујнава? Гледам стари плочки, стари казани, стар инвентар.
Лебот е тазе... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|