|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 02:01 | |
| Fuck, па добро пичка му матер еднаш се праи вежба на која учествуваат Т-72-ките, БМ-21, хаубиците и топчињата и нема квалитетни слики Апел до АРМ, ве замолувам на наредната вежба која ќе се прави да бидеме присутни со барем еден член, верувам ќе има слики и квалитетни и на голем број!!!! Момци прашање до вас, демек на вежбава беа само две Т-72-ки или ја убаво не сум видел???? | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 10:37 | |
| - Makedon напиша:
- Fuck, па добро пичка му матер еднаш се праи вежба на која учествуваат Т-72-ките, БМ-21, хаубиците и топчињата и нема квалитетни слики
Апел до АРМ, ве замолувам на наредната вежба која ќе се прави да бидеме присутни со барем еден член, верувам ќе има слики и квалитетни и на голем број!!!!
Момци прашање до вас, демек на вежбава беа само две Т-72-ки или ја убаво не сум видел????
Мислам дека имаше 3-комада Т-72,односно еден вод,како и што беше споменато...и ако не се лажам немаше БМ-21 Град...
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 23/4/2012, 15:56. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 14:09 | |
| „Резервата е моќна компонента која треба континуирано да се развива“ – отворена конференцијата посветена на улогата на резервните сили во 21. век„Гледајќи од аспект на дводеценискиот развој како независна држава, Република Македонија неуморно работи на доизградба и модернизација на целиот безбедносен систем. Во тој контекст, резервата на активниот состав е една моќна компонента која во иднина треба да биде максимално развивана во согласност со резервите на најсилните НАТО-армии“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на отворањето на меѓународната научно-стручна конференција посветена на улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили како поддршка на мисиите и задачите во регионален и глобален контекст во 21-от век. Претседателот на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија, пензионираниот генерал Илија Николовски, во својство на организатор, се осврна на тоа дека темата на конференцијата не е случајно избрана, бидејќи во армиите на земјите во развој, како и на дел од земјите-членки на НАТО сè уште докрај не се дефинирани стратегиските резерви, и терминолошки, и функционално. Во присуство на голем број истакнати личности од земјата и од странство, меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, бригадниот генерал Гери Хофмен, во својство на претставник на здружената команда на силите на НАТО во Неапол и Националната гарда на САД, како и активни и пензионирани генерали на АРМ, министерот Бесими додаде дека токму изградбата и одржувањето на АРМ како ефективна и ефикасна вооружена сила подготвена да се справи со предизвиците на новото време, е од суштинска важност за националната безбедност. Осврнувајќи се на значењето на резервните сили, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање истакна дека безбедноста во 21-от век треба да биде сеопфатна што значи дека треба да ја гарантира сигурноста на поединецот и на општеството, особено имајќи ги предвид предизвиците на новото време – глобалниот тероризам, пролиферацијата на оружја за масовно уништување, организираниот криминал. Во тој контекст, според претседателот Иванов, постои реална потреба од резервните сили, кои треба да имаат соодветно место во АРМ. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајорот Котески укажа на тоа дека во суштина примената на современ, унифициран и сеопфатен систем за образование и за обука го опфаќа и активниот, но и резервниот систав, кој подеднакво ќе поседува борбени вештини, способности и знаења за извршување на различни мисии во земјата и надвор од неа. Воедно, генералот Котески дефинираше три основни прашања кои ќе бидат во центарот на вниманието на оваа конференција и тоа: дали активната компонента на АРМ треба во целост да биде составена од професионален состав или треба да се размислува за одредена пополна со редовно служење на воениот рок, потоа кое е местото и улогата на активната резерва и колкава таа треба да биде, како и кои се начините за пополнување на резервата со човечки и материјално-технички капацитети. Осврнувајќи се на интегративните процеси, претседателот Иванов и министерот Бесими потенцираа дека вклучувањето на Република Македонија во евро-атлантските структури е стратегиски приоритет, факт кој може да се увиди и преку големите напори за континуирани реформи во сите сфери на општественото живеење. „Република Македонија во 2008 година ги исполни сите критериуми за членство и е целосно подготвена за преземање на сите одговорности и обврски како идна членка на Алијансата. На тоа патување ние продолжуваме со спроведувањето на националните реформи како и со натамошниот придонес во меѓународните операции. Војниците на АРМ се нашите најдобри амбасадори во странство. Националните интереси, консензусот на политичките партии и силната јавна поддршка се основната насока на тој пат“, истакна министерот Бесими, додека, пак, претседателот Иванов потврди дека „и покрај незадоволството, ние не сме обесхрабрени и остануваме максимално фокусирани на нашите обврски“. Воедно, претседателот повика на преиспитување на позициите на земјите-членки на Алијансата во однос на упатувањето покана за членство на Република Македонија. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=rezervata-e-mokna-komponenta-koja-treba-kontinuirano-da-se-razviva&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 18:18 | |
| Конференција за модернизацијата на АРМ Полска има искуство и значајни капацитети за соработка и модернизација на македонските оружени сили согласно стандардите на НАТО. Може да понуди модернизација на хеликоптерите и оклопните возила, како и радарска опрема и системи за противвоздушна заштита. Ова го порача полскиот генерал Анджеј Дукс на конференција на тема „Модернизација на македонската Армија со користење на полското искуство“ што денеска беше отворена во Скопје. Тој посочи дека Полска е подготвена и отворена за соработка во воениот аспект, како и за пренесување на новите индустриски технологии. Целта на дводневната конференција, во организација на Полската амбасадата во Македонија и полскиот воено-индустриски комплекс „Бумар“, е споделување на искуствата кои Република Полска ги има акумулирано низ процесите на политичка и воена интеграција во НАТО и ЕУ, како и искуствата стекнати низ процесите на модернизација на сопствените вооружени сили и нивното учество во меѓународни воени мисии предводени од НАТО и ЕУ. Ќе бидат презентирани полските искуства од борбената употреба во Авганистан на современиот полски оклопен транспортер на тркала „Росомак“, како и искуствата од борбената употреба на полските воени хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24, со посебен осврт кон полските национални капацитети за обезбедување сеопфатна логистичка поддршка и продолжување на животниот век за овие типови летала. Македонските офицери и експерти ќе можат да се запознаат и со најновите достигнувања на полската воена индустрија во делот на современи мобилни средства за набљудување и заштита на воздушниот простор, како и со современите мобилни артилериски орудија „Краб“ и „Лангуста“. Во политичкиот дел од конференцијата ќе се дискутира за можностите за примена на концептот за „Паметна одбрана“ во соработката меѓу Полска и Македонија, како и за поддршка на процесите на модернизација на македонската Армија со современи оклопни транспортери, мобилни средства за набљудување и заштита на воздушниот простор и мобилни самоодни артилериски орудија од голем калибар. Ќе стане збор и за модернизација на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, тенковите Т-72, артилериските орудија БМ-21. Во рамки на конференцијата на македонската страна ќе и биде овозможено да се запознае со два приоритетни проекти за националната одбрана на Република Полска на кои активно работи „Бумар“. Тоа се проектот „Полски штит“ што има за цел изградба на комплексен систем за противвоздушна и противракетна одбрана на Полска и проектот „Војник на иднината“, проект за опремување на полскиот војник со современо персонално вооружување, униформи, опрема и системи кои ќе му овозможат супериорност на модерното војувалиште. За време на конференцијата ќе бидат изложени и дел од личното вооружување и опрема кои ги произведува „Бумар“, најголемата компанија во воено индустрискиот сектор во Полска, која е во државна сопственост и обединува 25 компании со различна специјализирана дејност. „Бумар“ на пазарот опстојува повеќе од 40 години и остварува годишен обрт од над една милијарда американски долари. Во компанијата работат 9.500 лица што е скоро една третина од вкупниот број вработени во полската воена индустрија. „Бумар“ произведува најразлична муниција со калибар од 5,56 до 155 милиметри, бомби, водени и неводени проектили, гранати, мини, експлозиви и проектили со краток дострел. Покрај тоа произведува и радари и сензори, командни и контролни сиситеми за противвоздушна одбрана, митролези, снајперски пушки, системи за контрола од далечина, лансери за гранати, минофрлачи, заштитна опрема, оклопни возила, подвижни мостови, и лесни тенкови. http://kurir.mk/makedonija/vesti/68700-Konferencija-za-modernizacijata-na-ARM | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 18:22 | |
| Јел то мирише на модернизацију Т-72ки и можда Росомак...или ипак на самохотке од 155мм? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 18:24 | |
| Не знам брат... пролет е, многу работи мирисаат убаво. Ако имаме кликер-два во главата, би требало да се продлабочи соработкава. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 18:27 | |
| Братче, ако не падне некој „дил„ од ова стварно сме пацери. Него за модернизацијава на Ми-24 и Ми-17, овие останативе 24-ки можеби ќе ни ги средат тие, можда видоа нашиве дека дебело ги избричија во Елбит Инаку..се спомнува модернизација на Т-72, БМ-21 ... хм.. мислиш како и јас, дека во АРМ се повампирија? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 18:33 | |
| Прво да скокнеме.. па да речеме ОП. Тешко дека ќе се "повампират" со скратен буџет (и од онака екстремно тенкиот) и оваа година. Ова е сепак комерцијална презентација на армиска/политичка лоби група која си ги претставува сопствените капацитети пред потенцијален купувач. Да имавме саглам буџет и да имавме решителност и воља за модернизација на армијата, вакви презентации ќе беа многу почести и од различни држави. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 19:11 | |
| Од овој договор најмалце очекувам... WR-40 Langusta PT-91 Добро стегнати,и модернезирани Mil Mi-24 | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/4/2012, 19:17 | |
| Ауууу... дечки, не дај боже Locheed Martin или Boeing да имаa презентација у Скопје. Сите ќе сакавте F-16E/F Block 60 и AH-64D Apache Longbow Block III. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|