|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 07.02.13 12:06 | |
| Котески ќе го брифира Иванов за борбената готовност на АРМ 07.02.2013 | 08:08 Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, денеска ќе го брифира претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов за борбената готовност на АРМ за 2012 година, како редовна годишна обврска. Претседателот Иванов, од страна на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Котески, ќе биде информиран и за реализацијата на плановите и задачите во 2012 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. Како што е најавено, на брифингот за борбената готовност на АРМ, ќе присуствуваат и министерот за одбрана Фатмир Бесими, како и командантите на потчинетите команди и единици, клучниот персонал од Министерството за одбрана и началниците на организационите единици на ГШ на АРМ. http://24vesti.mk/koteski-kje-go-brifira-ivanov-za-borbenata-gotovnost-na-arm ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 07.02.13 12:08 | |
| Недолжни војници заглавени во долг: срамота е да се крши и Устав и закон за да се земат пари од припадници на АРМ! Од војниците на АРМ на кои до 2011 година државата им давала пари за стан и за превоз сега Министерството за одбрана решило да си ги врати парите, без разлика на тоа што велат Уставот и законите. Уставот вели дека законите немаат повратно дејство, а Законот за служба во АРМ дека за платите и за надоместоците одлучува министерот или овластено лице што треба да е државен службеник. Во овој скандалозен случај ниту се почитува Уставот ниту законот затоа што, како што велат правни експерти, војниците (некои во септември 2012 година, некои и сега во јануари 2013 година) добиле решенија од командантите на единиците дека треба да ги вратат парите за закупнина. Во меѓувреме, како што предвидел законот пред да биде направена измената, плаќале кирија (не си ги ставиле в џеб) и сега во 2013 година треба да ги искешираат (или можеби ќе ги плаќаат на рати) затоа што во 2011 година биле направени измени во Законот за служба во АРМ, односно во членот 195 дека оној што зема пари за закупнина за стан, не може да зема и пари за превоз. Во членот 195, став 2 се вели: „Надоместокот за закупнина на стан, правото на исплата на стварни трошоци за превоз и користење организиран превоз меѓусебно се исклучуваат.“ Нејасно е како надлежните решиле да направат ваква трампа кога оние војници што немаат каде да живеат, ако побараат закупнина ќе не можат да го користат организираниот превоз со армискиот автобус. На пример размислувал ли некој како тие ќе стасаат до касарната во Петровец, ако се знае дека градски автобус оди само до селото Петровец, кое е повеќе од четири километри оддалечено од касарната. Но очигледно законодавецот не мислел како тоа што го предлага ќе изгледа на терен. И колку неправда ќе донесе кога решил пред две години да го внесе како измена во законот. „Не само што превозот и закупнината не одат едно со друго, па да се прави таков избор – стан или превоз, туку прават уште една неверојатна работа. Ни бараат да ги вратиме парите што сме ги зеле откако се случила промената во законот, а некои војници ги добиле решенијата за тоа во септември, некои сега ги добиваат дека треба да враќаат од 4.400 денари за самец, до 6.000 денари за семејство со две деца. Некои од нас имаат да враќаат по 30.000 денари, ама има и такви чии суми за враќање изнесуваат и по 3.000 евра. Во просек платите на војниците што се најзагрозени со овој потег изнесуваат од 20.000 до 25.000 денари. Може ли да замислите што ќе значи сега ова незаконско враќање на парите за нашиот буџет“, вели еден од професионалните војници, кој добил решение потпишано од својот командант. Веле Крбалевски, претседател на Независниот синдикат на професионалните војници, вели дека постојано во синдикатот добиваат поплаки од војниците што се обесправени по неколку основи, поради што побарале правна помош и ќе следуваат тужби. И покрај сите досегашни обиди на синдикатот да седнат на заедничка маса со министерот за одбрана Фатмир Бесимии да поразговараат за сите проблеми на војската – опрема, униформи, закупнина, превоз, нема ниту одговор ниту покана за средба. Крбалевски вели дека не е самo актуелниот министер недостапен за војската, дека од порано нема комуникација со главните во одбраната. Генералштабот, има отворени врати за проблемите на војската, но во случајов одговор е потребен од Министерството за одбрана, вели Крбалевски. На обесправените војници засега им помага само Стамен Филипов,пензиониран потполковник во правната служба на АРМ, кој е рекордер во поднесување иницијативи за уривање одредени законски одредби и преиспитување на нивната уставност и законитост пред Уставниот суд. Тој вели дека некои од војниците добиле решенија да враќаат пари за закупнина што ги зеле и во 2008 година. „Ова е невидено и е голема срамота. Прекршени се и Уставот и законите по неколку основи. Прво, решението за надоместок за закупнина на стан го донел министерот, а на војниците им било врачено решение дека се укинува тој надоместок , донесено од командантот на бригадата. Такво нешто нема ниту во еден закон – понискиот орган да ги укинува решенијата на повисокиот орган“, вели Филипов. Министерот, како што објаснува Филипов, е надлежен за надоместоците и за платите или пак овластено лице што може да биде од редот на државните службеници, а не како што е направено во случајот, лице од армијата. „Ова го нема никаде во светот – војниците треба да ги враќаат парите ретроактивно. Според членот 52, став 4 од Уставот на Република Македонија, законите не можат да имаат повратно дејство“, потсетува Филипов. Измените на Законот за служба во АРМ биле направени во 2011 година, војниците ги добиле решенијата некои во 2011, а некои и сега ги добиваат и според нив треба да враќаат пари за закупнина кои им биле дадени во 2008. „Ова е нонсенс. Невидено нешто. Си играат со војниците. Колку што можам ќе им помагам да дојдат до правдата“, вели Филипов. Со негова правна помош некои од војниците добиле позитивни одговори на обжалените решенија, некои сè уште чекаат одговор од Второстепената владина комисија. Во исчекување се да се реши дилемата дали во случајов станува збор за управен спор или пак за граѓански и дали е направено прекршување и на Законот за работни односи. Во Министерството за одбрана најавија дека деновиве ќе одговорат на сите нејаснотии и прашања во врска со закупнината и реакциите на војниците. http://www.mkd.mk/95912/makedonija/nedolzni-vojnici-zaglaveni-vo-dolg/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 07.02.13 18:26 | |
| Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2012 годинаДенес, 7-ми февруари 2013 година во Домот на АРМ во Скопје, се одржа брифинг за борбената готовност на АРМ за 2012 година. На брифингот за борбената готовност на АРМ, присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантите на потчинетите команди и единици, клучниот персонал од Министерството за одбрана и началниците на организационите единици на ГШ на АРМ. На денешниот брифинг, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили од страна на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2012 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. Врз основа на извршената сеопфатна годишна анализа на Генералштабот, беше донесен заклучок дека АРМ во изминатата година успешно ги извршуваше мисијата и поставените задачи, при што и покрај објективните потешкотии и ограничувања, борбената готовност беше на потребното рамниште. Во оваа прилика, од страна на НГШ на АРМ посебно беше истакнато успешното извршување на клучните задачи и проекти на Армијата кои ја одбележаа измината година, како што се: одбележувањето на Јубилејот ,,20 години АРМ“, воведувањето во употреба на новата борбена униформа, успешно извршување на меѓународните мисии надвор од Република Македонија, асистенција на институциите при елементарни непогоди и спасување, донесување на голем број правила и правилници за регулирање на животот и работата во АРМ и извршување на редовните задачи. Како главни предизвици, но и мерки кои во 2013 година ќе придонесат за понатамошно подигање на борбената готовност и јакнење на моралот на припадниците на АРМ беа издвоени: предлог и усвојување на планот за модернизација на АРМ од страна на Владата на Република Македонија, продажба на неперспективната и стара опрема на АРМ, доделување на финансиски средства во буџетот на МО од продажба на имотот со кој располага МО, реализација на проектот ,,АРМ мој дом’, пополна на Армијата со професионален, резервен и регрутен состав, подобро функционирање и координација на клучните сектори во МО со соодветните секции во ГШ на АРМ и понатамошно подигнување на степенот на обученоста на припадниците на АРМ. НГШ на АРМ побара поголема одговорност и реално согледување во однос на одбраната и состојбата на АРМ од сите субјекти и институции во Република Македонија кои имаат надлежност согласно Уставот и законите. http://www.morm.gov.mk/content/?3C741C7A0F811C79DFAE639C436DDFF2056E7DB7 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 09.02.13 14:23 | |
| Нови армиски униформи, туристички бродови и хотел наместо Домот на АРМСпоред стратегијата за одбрана и долгорочниот план за нејзиниот развој до 2020 година, армијата требаше да добие 135 милиони евра, а доби само 90 милиони евра. Сепак добро упатените велат дека и овие пари, иако де факто се помалку од оптималната сума, може добро да се искористат ВОЕНИ ПРОЕКТИ Промена на бојата и на изгледот на службените офицерски униформи, реконструкција, модернизација, комерцијализација и надградување во хотел на Домот на армијата во Скопје, возобновување на бродовите на езерската флота и реконструкција на неколку касарни и караули од стратегиско значење што поради недостиг од финансии досега биле подзаборавени и уште низа други проекти се дел од концептот „паметна одбрана“. Според најавите на високи воени извори, тие треба да се реализираат годинава. Според стратегијата за одбрана и долгорочниот план за нејзиниот развој до 2020 година, армијата годинава требаше да добие 135 милиони евра, а доби само 90 милиони. Сепак, добро упатените велат дека и овие пари, иако се помалку од оптималната сума, може добро да се искористат единствено во добро осмислени проекти и да се вклопат во концептот „паметна одбрана“, кон кој тежнеат земјите-сојузници во Алијансата. Министерството за одбрана во 2013 година ќе има на располагање 90,4 милиони евра, од кои 801.073 евра ќе бидат наменети за опремување и за модернизација на АРМ.Според нашите извори, буџетот нема да ја запре трансформацијата на АРМ што е во тек, но може сепак само реално да го забави опремувањето, кое веќе и онака доцни со години. Приоритет, велат високи воени извори, од сите овие проекти што се планираат за годинава ќе биде освежувањето на ликот на армиските офицери, односно смена на нивната службена униформа. Новите службени униформи на офицерите што се шијат во погоните на тетовски „Тетекс“ се последните од редот во почната смена на изгледот на целата армија. Новите униформи на офицерите се службени и свечени, кои ќе бидат главно во сина и во петролеј-боја, а се изработени во согласност со дефинирани квалитативни карактеристики што треба да ја претстават АРМ како модерна и професионална. Дополнително ќе се воведат и плик-капи, слични на „титовките“, кои ќе ги заменат сегашните маслинести баретки на старешините. Службената униформа ќе ја добијат само офицерите, кои имаат чин од потполковник до генерал, воените претставници во странство, подофицерите-аѓутанти и членовите на воениот оркестар. Аѓутантите, музичарите и аташеата ќе носат и триплетен златен гајтан од рамото до градите. Со новата уредба, баретките нема да се исфрлат. Тие и натаму ќе ги носат единствено припадниците на силите за специјални операции и на воената полиција. Со ова целосно ќе бидат задоволени поставените оперативно-тактички барања и НАТО-стандарди, бидејќи првпат ќе се воведе и женска офицерска униформа. Во наредните месеци одредена количество од пробните униформи ќе биде испратено кај офицерите за да се добијат сознанија и нивни мислења за квалитетот и практичноста. Ако се утврдат аномалии, ќе бидат коригирани, по што конечно ќе се сошијат униформите и дефинитивно ќе му се поделат на персоналот што управува со војската. Истовремено, двата воени брода што ‘рѓосуваат во Преспанско Езеро наскоро се планира да пловат со туристи по Охридско Езеро и по вештачкото езеро Козјак. Бродовите веќе се испорачани во сервисите и се очекува наскоро да бидат реконструирани и оспособени за пловење. Оваа одлука за реновирање на бродовите е донесена бидејќи тие беа несуштински дел од опремата на АРМ, а на овој начин се планира финансиски да придонесат во идните буџети на војската, бидејќи ќе се користат исклучително за туристички прошетки по езерата. Во плановите се наоѓа и атрактивната локација во строгиот центар на Скопје, односно Домот на АРМ. Воениот врв решил објектот да биде пренаменет за да прерасне во доходовна градба. Според она што се говорело на неколку состаноци на високиот генералски врв на АРМ, било заклучено дека со мали финансиски инвестиции, изводливо е зградата каде што е сместен Домот на армијата да се пренамени, организира и догради за во иднина да биде комерцијално искористена. Планот, за објектот што е во почетна фаза, предвидува реновирање на свечената сала и неколкуте холови, како и инвестирање во мензата и во кујната во Домот на АРМ. Целта е потоа со едноставна доградба на два или неколку ката што би се издигнале над сегашното ниво на објектот тој да биде преадаптиран во модерен хотел со кој во иднина ќе стопанисуваат армијата и Министерството за одбрана. Овој објект главно ќе се користи за прием и за престој на високи воени, но и државни функционери што ја посетуваат државата, а истовремено своите капацитети ќе ги користи за намамување на многубројните туристи што преноќуваат во Скопје. Освен овие големи зафати, предвидено е да се извршат и темелни реконструкции и обновувања на објектите на неколку касарни и армиски караули што имаат стратегиско значење за државната безбедност. Со овие нови проекти, АРМ има за цел да изврши развој, економска придобивка и да овозможи поголема оперативни способности на војската во услови на економска криза. Автор: Александар Србиновски http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=281383956&id=9&prilog=0&setIzdanie=22800 | |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: АРМ - новости 10.02.13 11:12 | |
| Бесими ќе ја замени Теута Арифи во Евроинтеграции Откако Теута Арифи ќе замине од вицепремиерската позиција за да влезе во трката за градоначалник на Тетово, на нејзино место ќе седне сегашниот министер за одбрана, Фатмир Бесими, објави А1, повикувајќи се на извори во ДУИ. Ова место се спомнуваше дека ќе и припадне на пратеничката Ермира Мехмети, но и на Артан Груби, шефот на кабинетот на Али Ахмети, кој сепак ќе се трка за градоначалничката функција во Скопје. No, koj ke go zameni Besimi?!?!!? | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 10.02.13 12:56 | |
| Хм...одлично, какви избори правиме тоа е чудо, кој не претставува во светот, кој ни се грижи за одбраната.. | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: АРМ - новости 10.02.13 14:40 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- No, koj ke go zameni Besimi?!?!!
Некоја УЧКа нормално. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 14.02.13 2:05 | |
| Министерството за одбрана почна да си го полни чекмеџето, војниците покуси и за 6.000 денари Македонските војници што до скоро земале пари за стан и за превоз од вчера се покуси од 4.000 до 6.000 денари. Наспроти реакциите на војниците, Министерството за одбрана почнало да им ги одбива парите што им ги давало за кирија на оние војници што користеле организиран превоз, поради тоа што со измени во Законот за служба во АРМ, војник не може да зема и закупнина и да користи превоз, велат во Независниот синдикат на професионалните војници. Откако војниците добиле решенија дека ќе треба да ги вратат парите, голем дел од нив поднесоа жалби, за кои сѐ уште чекаат епилог од Второстепената владина комисија, а некои од нив решија да тужат. И покрај очекувањата на војниците дека одбивањето на надоместокот од платите ќе биде одложено додека овој нејасен случај не добие судска завршница, тие вчера биле изненадени кога им биле поделени пониски плати. На војниците, како што велат во Независниот синдикат, им се одбиваат од 4.400 до 6.000 денари во зависност од тоа дали закупнината била за самец или за семејство. Неофицијално, околу 160 војници од касарната во Петровец се на списокот на должници за закупнина. Како што неодамна објавивме, Стамен Филипов, пензиониран потполковник во правната служба на АРМ, кој им помага на војниците што тужат, изјави дека во овој случај се прекршени и Уставот и законите по неколку основи. Повикувајќи се на членот 52, став 4 од Уставот на Република Македонија, Филипов вели дека законите не може да имаат повратно дејство. Измените на Законот за служба во АРМ биле направени во 2011 година, а некои од војниците дури сега (некои во 2013, а некои лани) ги добиле решенијата дека треба да ги вратат парите. Потоа Филипов посочи дека решението за надоместок за закупнина на стан го донел министерот, а на војниците им било врачено решение дека се укинува тој додаток, донесено од командантот на единицата во која служат. Такво нешто нема во ниту еден закон – понискиот орган да ги укинува решенијата на повисокиот орган“, предупреди Филипов. Министерството за одбрана засега е без одговор, иако во минатата недела најави дека ќе ги разјасни сите нејаснотии во врска со закупнината и парите што треба да ги враќаат војниците. http://www.mkd.mk/97627/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-pocna-da-si-go-polni-cekmedzeto/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 14.02.13 17:16 | |
| - beowulf напиша:
- Mrshajnoski напиша:
- No, koj ke go zameni Besimi?!?!!
Некоја УЧКа нормално. ДУИ го стокми Талат Џафери за нов министер за одбрана?! Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Tалат Џафери ќе биде нов министер за одбрана, дознава Либертас. Џафери ке седне во министерската фотелја на сопартиецот Фатмир Бесими кој од одбраната ке ротира во евроинтеграциите, откако вицепремиерката Теута Арифи стана кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово. Пратеникот Талат Џафери беше актуелен минатиот месец кога прво со повеќечасовни дискусии а потоа со молчење ја блокираше расправата и евентуалното донесување на Законот за бранители во кои не се опфатени припадниците на бившата ОНА. http://www.libertas.mk/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14.02.13 18:42 | |
| Ако се потврди нека се бесат! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|