Акција за доброволно дарување на крв по повод Денот на Полкот за специјални операции на АРМ
Денес, 15-ти февруари 2013 година, во рамките на активностите по повод одбележувањето на 1-ви март Денот на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, припадниците на АРМ од оваа касарна, учествуваа во акција за доброволно дарување на крв. Акцијата за доброволно дарување крв беше реализирана со помош и координација на Воено-медицинскиот центар на АРМ и Републичкиот завод за трансфузија.
Во оваа прилика ,,волците“, ,,ренџерите“ и останатите припадници на АРМ сместени во касарната ,,Илинден“, во чест на Денот на пСО, уште еднаш ја покажаа нивната хуманост со доброволно давање на над 100 единици на крв, со што ќе придонесат да се спасат многу животи во Република Македонија на кои им е потребна крв од различни причини.
Интересна анализа на ген. Арсовски и пол. Марковски на темата одбрана во Р.М.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Гостин Гостин
Предмет: Re: АРМ - новости 15/2/2013, 23:44
Alvar напиша:
beowulf напиша:
Mrshajnoski напиша:
No, koj ke go zameni Besimi?!?!!
Некоја УЧКа нормално.
ДУИ го стокми Талат Џафери за нов министер за одбрана?!
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Tалат Џафери ќе биде нов министер за одбрана, дознава Либертас. Џафери ке седне во министерската фотелја на сопартиецот Фатмир Бесими кој од одбраната ке ротира во евроинтеграциите, откако вицепремиерката Теута Арифи стана кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово.
Пратеникот Талат Џафери беше актуелен минатиот месец кога прво со повеќечасовни дискусии а потоа со молчење ја блокираше расправата и евентуалното донесување на Законот за бранители во кои не се опфатени припадниците на бившата ОНА. http://www.libertas.mk/
Neznam dali spomnav nekade na forumov, ama pak ke spomnam, ako ne daj boze dojde do vojna, postoi opasnost ARM da se raspadne, so sto ke se sozdadadat etnicki cisti milicii koi ke bidat odbranata na dr\avata, a nisto cudno oruzjeto koe go ima ARM da bide izvleceno od magacinite i da padne vo race kaj branitelite.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: АРМ - новости 15/2/2013, 23:48
Какви бранители? Па добар дел од тоа оружје ќе падне кај „браќата„ а не кај бранителите.
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: АРМ - новости 19/2/2013, 14:07
Командант Форина ја презеде функцијата министер за одбрана
Под отворено небо и на дожд довчерашниот пратеник на ДУИ, Талат Џафери претпладнево и официјално ја прими новата функција, министер за одбрана, која му ја додели сега веќе верификуваниот евроинтегративец и поранешен министер за одбрана, Фатмир Бесими. Оваа ротација на високите државни функции настапи откако пратениците вчера во Собранието го изгласаа верификувањето на министерските места кои останаа празни откако дел од челниците на ДУИ решија да се кандидараат за градоначалници на претстојните локални избори. Пратеникот Џафери, познат и како командант Форина, денеска ја прифати новата служба пред платото на Министерството за одбрана со сите почести кои ѝ претходат на оваа свеченост. Под големи чадори за сонце, за да се заштитат од дождот, присутните прво го проследија интонирањето на химната на Република Македоинија и химната на АРМ. Потоа, пред гардистите на Армијата, армискиот оркестар и пред началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, прв на присутните им се обрати Фатмир Бесими кој говореше наизменично на албански и на македонски, сам преведувајќи се. - Во оваа прилика потсетувајќи се на големиот историскит лик на Абрахам Линколн кој во период при обединувањето на САД кажал дека „куќа поделена однатре, не може да опстане“, би сакал да заклучам дека ние мораме да се посветиме на градењето на Република Македонија како наша заедничка куќа која сите граѓани ќе ја чувствуваат подеднакво за своја. Во остварувањето на нашите цели остануваат и отворени предизвици. Она што сакам да го потенцирам е дека останува нашата силна заложба и задача да чекориме кон полноправно членство во НАТО. Дозволете ми да истакнам и да го споделам со вас моето уверување и силна доверба дека Република Македонија ќе успее во евроатланските интеграции – рече Бесими. За разлика од долгиот говор на Бесими, кој ги опфати сите реформи и постигнувања на армијата за време на неговиот мандат, говорот на Џафери, кој го почна на албански јазик, беше мошне краток и концизен изразувајќи задоволство што стапува на оваа функција. - Мојата должност ќе ја извршувам со најголема одговорност и убеден сум дека ќе придонесам кон градењето на армијата согласно стандардите на НАТО, подготвена да се справи со предизвиците на модерното време. Пред сé, ќе придонесам АРМ во секоја нејзина димензија да ја рефлектира реалноста на нашата држава, да биде симбол на меѓуетничкиот соживот, толеранција, почит на различностите како и помирување помеѓу етничките групи. Се надевам на вашата поддршка со заеднички залагања да ги исполниме предизвици и очекувања кои ни претстојат – ѝ се обрати новиот ресорен министер на армијата. На тој начин заврши краткото примопредавање на дожноста која му припаѓа на првиот човек на одбраната, свеченост која требаше да се одржи вчера претпладне, но која беше презакажана затоа што Собранието сé уште ги немаше изгласано предлозите на Владата за новите министерски места. За стапувањето на Џафери на оваа министерска позиција се побунија бранителите од партијата „Достоинство“ кој бараа од Владата и пратениците да не му ја доделат раководната функција во одбрана на човек кој во 2001 година се борел на страната на УЧК под псевдоминот командант Форина, додавајќи дека со тоа ја навредуваат македонската држава и народ. http://plusinfo.mk/vest/81096/GALERIJA-Komandant-Forina-ja-prezede-funkcijata-minister-za-odbrana-
Ц, ц, ц, ц, ц, ц.... каква беда! Една УЧК-а пречекува друга УЧК-а во институцијата против која се бореа. Гардата им оддава почит на оние кој ги колеа нивните соборци! Оваа власт дефинитивно се посра врз достоинството на бранителите, и целиот Македонски народ.
Благословен е оној човек, кој се надева на Господа, и кому надежта му е Господ (Јерем. 17, 7); Подобро да се надевам на Господа, отколку да се надевам на човек. Подобро е да се надеваме на Господа, отколку да се надеваме на кнезовите (Псалм. 117, 8-9). Кои се надеваат во Господа, тие се како гората Сион; нема да се поколеба, ќе живее вечно (Псалм. 124, 1). Кој се надева на Господа, ќе се развесели и ќе се спаси (Изреки. 29, 25). Оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат (Исаија. 40, 31). Оние, што се надеваат на Мене, нема да се посрамат (Исаија. 49, 23). Кој се надева на Мене, ќе ја наследи земјата, вели Господ (Исаија. 57, 13) Да не се надеваме на себеси, а на Бога. Кој ги воскреснува мртвите (2. Коринтјаните. 1,9)