Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 34 ... 64, 65, 66 ... 82 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty30/1/2013, 11:07

Питомците од АРМ на обука за скијање и преживување на Попова Шапка

Обуки за скијање,гаѓање и изработка на објекти за преживување и сместување во зимски услови веќе пет дена изведуваат на Попова Шапка питомците од втора година на воената академија Михајло Апостолски од Скопје.

АРМ - новости - Page 65 Y3WP48H

Според нивните старешини зимската обука претставува значаен елемент за подигнување на борбената способност. Питомците веќе знаат да изградат обичен бивак, мечкина дупка и партизанско игло.

-Најважни карактеристики на овие објекти е тоа што овозможуваат за еден поединец до цело одделение сместување и преживување во екстремно ниски температури и основна заштита во лоши метео временски услови. Најважното е што во зависност од објектот внатрешните температури се разликуваат од надворешните од 5 до 15 степени без никакво затоплување.
Доколку се користи само свеќа може да се постигне и повисока температура,изјави потполковник Звонимир Савески, командант на Центар за обука на питомци

Согласно програмата питомците во втора година задолжително мора да поминат 60 часа скијачка обука за најосновните техники.

„Овде еве Попова Шапка ја знаете нашава убавица ни пружа извонредна шанса и услови за оваа дисциплина и скијачките дисциплини ние ги совладавме до максимум. Годинешнава група што беше, така се погоди, само двајца беа скијачи а другите не скијачи а сега ќе ги видиме како научија за овие пет денови“, истакна инструкторот Трајче Јанковски

Меѓу 33 питомци што се на зимска обука на Попова Шапка четворица доаѓаат од Црна Гора.

-Од министерството за одбрана на Црна Гора имавме и други можности за други академии како Србија, Грција, Германија ама се одлучивме за Македонија бидејќи сакав да го запознаам македонскиот народ што е многу сличен на црногорскиот, друга земја, други услови, друга воена обука,истакна Јанко Марковиќ, питомец од Црна Гора

„Обуката е доста добра и сите питомци се задоволни. Обуката во скијање ја изведуваат инструкторите за физичко образование од Воената академија додека воениот дел го изведуваат командирите“, порача питомецот Благица Димитрова,

Според армиските податоци околу една третина од составот на АРМ е оспособен за борба и живот во зимски услови што е многу важно за одбраната на државата со голем дел планински гранични подрачја.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=105186

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty30/1/2013, 13:01

ФОТО: Питомци од АРМ на обука на Попова Шапка

АРМ - новости - Page 65 Pitomci500

АРМ - новости - Page 65 Igolo500

АРМ - новости - Page 65 Obuka500

АРМ - новости - Page 65 Puski500

АРМ - новости - Page 65 Strelanje500

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/101486-FOTO-Pitomci-od-ARM-na-obuka-na-Popova-Sapka
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty30/1/2013, 15:37

Еве нешто поголеми фотки.

АРМ - новости - Page 65 01-3

АРМ - новости - Page 65 02-3

АРМ - новости - Page 65 03-3

АРМ - новости - Page 65 04-3

АРМ - новости - Page 65 05-3

АРМ - новости - Page 65 06-3

АРМ - новости - Page 65 07-3

АРМ - новости - Page 65 08-3

АРМ - новости - Page 65 09-2

АРМ - новости - Page 65 10-2

АРМ - новости - Page 65 11-2

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty31/1/2013, 14:55

АРМ рамо до рамо со „сините шлемови“ на Кина

Неколкумилионска донација во информатичка опрема, АРМ со своја единица да учествува во мировни мисии заедно со Кинеската народноослободителна армија, поточно заедно да бидат дел од „сините шлемови“ на Обединетите нации. Ова е дел од темите за кои се говорело на неодамнешниот состанок помеѓу министерот за одбрана на Кина, генералот Лијанг Гуангли, и Фатмир Бесими. Ова за „Нова Македонија“ го тврдат високи воени извори.

Кинеската посета мина тивко и практично незабележано од домашната јавност, односно немаше ништо за деталите и за темите на кои говореле македонските и кинеските генерали. Практично, кинеската страна побарала таков третман, оти тоа воедно било и нивна политика во работењето.

- Веднаш по посетата на високиот гостин од Кина, македонскиот армиски врв редовно го посетуваа регионални и светски воени дипломати лоцирани во државата. Сите покажаа висок интерес за она за што говореа челниците на нашата армија со своите кинески пријатели - велат нашите соговорници.

Токму поради големите успеси на мировниците на АРМ, кои се во рамките на мировните мисии на НАТО, и добриот рејтинг што нашите војници го имаат, на состанокот од македонска страна било предложено ние да се вклучиме во мировните сили на Кина, кои се дел од „сините шлемови“ на ОН.

Двајцата министри и началниците на генералштабовите и генералите на АРМ и на Кинеската народноослободителна армија разговарале и за можноста македонски воени лица да се образоваат во кинеските воени академии, кои важат за едни од најеминентните во светот.

На состанокот било заклучено дека оваа соработка меѓу двете армии со сигурност и натаму ќе продолжи оти е корисна за сите. Притоа било најавено и дека во текот на годинава АРМ повторно ќе ја посетат претставници на официјален Пекинг.

Весникот „Народен дневник“ на владејачката Комунистичка партија неодамна во коментар објави дека армијата е силата на мирот, која го обезбедува развојот на земјата и има активна улога во заштитата на светскиот мир. Во коментарот на весникот е наведено и дека армијата ја гарантира политичката моќ на партијата.

Светските воено-политички аналитичари се согласни дека кинеската стратегија е да го шири своето влијание преку зголемената трговија и зачестените политички и воени сојузи, негувајќи поцврсти односи со владите во целиот регион, како и преку изучување на кинескиот јазик во балканските училишта.
Кина и Русија, заедно со Казахстан, Таџикистан, Узбекистан и Киргистан, се членки на т.н. Шангајска организација за соработка, пред сѐ во воената област, создадена во 1996 година, за која аналитичарите велат дека допрва ќе прерасне во воено-политички ривал на НАТО.

Македонија, пак, е партнер на Алијансата, но не може да стане полноправна членка поради спорот со Грција за името. Македонскиот интерес за вклучување во НАТО останува, само има интерес за партнерство со сите. Кина е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и нејзиниот глас е многу важен во светската организација, особено во ситуација кога во највисокото меѓународно тело на дневен ред би дошле македонското прашање и спорот со официјална Атина. Поради тоа, како и поради економскиот продор на Пекинг на Балканот и во Европа, што нуди можности за големи кинески инвестиции во Македонија, градењето добри односи со најмногубројната држава на светот и најголемата армија е од суштински интерес за нашата држава.

Инаку, македонско-кинеските официјални армиски односи почнаа пред неколку години, во времето на министерувањето на Лазар Еленовски. Оттогаш, постепено но сигурно се зголемува темпото на меѓусебните македонско-кинески контакти.


Автор: Александар Србиновски
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty1/2/2013, 17:03

Генерали сакаат референдум за враќање на воениот рок

Идејата за референдум за ова прашање е на самиот почеток и сѐ уште не се прецизирани никакви детали како би изгледал целиот проект на македонските генерали. Сепак, факт е дека за ова прашање мислењата се поделени во стручната јавност, но и кај самиот врв на Армијата и на Министерството за одбрана

Иницијатива од АРМ

Генералскиот врв на АРМ наскоро планира да испорача иницијатива до надлежните органи за спроведување референдум во државата на кој би било поставено прашањето дали на Македонија ѝ треба регрутен состав во постојната професионална армија.

Според нашите извори, засега идејата за референдум за ова прашање е на самиот почеток и не се прецизирани никакви детали како целиот тој проект би изгледал. Исто така, сѐ уште не е ни познато дали генералите во својата иницијатива ќе побараат од Собранието да се спроведе консултативен или, пак, задолжителен референдум.

Едно нешто сепак е јасно, информираат соговорниците, а тоа е дека за вакво клучно прашање од областа на одбраната секогаш треба да се слушне мислењето на народот.

Во НАТО регрутен состав имаат Данска, Естонија, Грција, Норвешка и Турција. Во Европа задолжително е служењето на воениот рок и во Австрија, Белорусија, Кипар, Финска, Швајцарија и во Украина.

Македонија во 2006 година ја укина обврската граѓаните задолжително да служат воен рок, но остави можност за доброволно служење. Од тие регрути се пополнува редот на професионалните војници во АРМ, но воени извори велат дека тоа не е доволно.

По Македонија, задолжителното служење воен рок го укинале членките на НАТО - Албанија, Бугарија, Хрватска, Германија, Полска и Романија. Последна во регионов регрутниот состав го укина Србија, на 1 јануари 2011 година.

Во одредени кругови се смета дека е исклучително битно да постои воената резерва, а таа единствено во полна ефикасност се добива со враќањето на воената обврска за служење на воениот рок. Доколку тоа се случи, би било корисно за државата од неколку аспекти. Прво, дел професионални војници, наместо да си ја работат работата за која се обучени и платени, сега се армиски курири и чуваат стража на објекти, а активните војници може многу полесно да ги преземат овие обврски. Ако би се вратила, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината. Регрутите би научиле да ракуваат со оружје и да се одбранат, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле чувство за дружење, ред, дисциплина и за морал.

На другата страна стои аргументот дека денес има многу мала реална потреба од активирањето на редовната војска и трошењето пари за неа, бидејќи средствата може да се употребат за содржини од поголем приоритет. Реално гледано, на Република Македонија не ѝ се заканува воена опасност од околните земји, бидејќи три од нив се членки на НАТО, а Србија сака да стане членка на ЕУ. Се смета дека не постои директна закана ниту од Косово, бидејќи земјата уште долго ќе биде во ситуација во која не смее да презема никакви ризични потези. Дополнително што големите сили, вклучувајќи ја тука и структурата на ЕУ, не би дозволиле нови воени потреси во Европа.

Котески и Бесими на различни страни

Самиот врв на оние што управуваат со македонската армија е поделен за ова прашање. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, и министерот за одбрана Фатмир Бесими имаат различни ставови за ова прашање.

Генералот Котески верува дека има издржани ставови кон прашањето за враќање на воениот рок, концепт што инаку беше напуштен во 2006 година, како дел од НАТО-стандардите за професионализација на АРМ, со аргументација дека секоја држава треба да има редовен воен состав што ќе го надополнува професионалниот, бидејќи тоа е и поевтино и значајно од аспект на безбедноста на државата.

За разлика од него, министерот Бесими смета дека нема потреба од повторно враќање на регрутниот систем на пополнување на единиците на АРМ, притоа упатувајќи директна порака до Котески дека тоа е крупна промена за која не одлучува тој, туку цивилниот сектор, односно граѓаните, преку нивните пратеници во Собранието на РМ.

И аналитичарите се поделени

Идентично на врвот на одбраната, и самата стручна јавност е на дијаметрална линија за ова прашање.
Првиот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Митре Арсовски, се чуди од каде толкав скептицизам во јавноста кога станува збор за можноста за враќање на задолжителното служење воен рок, бидејќи не станува збор за целосно враќање на регрутниот систем, во севкупниот број војници на АРМ.
Само 15-20 отсто би биле регрути, како своевидно решение на проблемот со староста на воениот кадар.
- Ние имаме проблем токму со пополнувањето на професионалниот состав, кој е платен до 38 години, а имаме и резервен до 35 години. Имаме реална потреба од млади војници, чија реална обврска според Уставот е да ја бранат државата. Токму овие нови регрути што ќе влезат во законот правно ќе претставуваат база од која ќе се пополнува и платена војска, за разлика отсега, кога кандидатите доаѓаат без грам знаење. Ќе се избираат најдобрите и за потребите на Академијата за офицери. На тој начин конкурсите веќе не би биле потребни - вели Арсовски.

И државата, според него, на тој начин ќе добие многу.

- Младите луѓе ќе учат да си ја сакаат државата, ќе бидат друштвени, обучени, поодговорни. Овој комбиниран систем не е новост. По тој принцип функционира и војската во Германија, Кина, САД, Русија и во многу други земји - резимира генералот.

За докторот на воено-политички науки и претседател на Балканскиот форум на безбедност Благоја Марковски, враќањето на регрутите дефинитивно би претставувало ретрограден процес за АРМ.

- За да спроведеш референдум, мора да се почитуваат законите за оваа намена, а колку што сум информиран, за активната резерва воопшто не постои уставна можност да се спроведе референдум - вели Марковски.

Тој потцртува дека ако државниот врв сака да го слушне мислењето на јавноста за оваа проблематика, треба да ги види и стручните размислувања за тоа дали на Македонија ѝ треба повторно враќање на регрутниот систем. За ова прашање најдобро е да дискутираат оние што се разбираат во оваа тематика, а не широките маси.

- Сите современи одбранбени системи одат кон професионализација на војската. Тоа на пократок рок можеби значи поголем трошок, но на подолг период сигурно претставува поефикасна и поевтина армија. Очигледно е дека Генералштабот дошол на ваква идеја притиснат од сѐ помалиот буџет за војската - смета Марковски.

Според него, враќањето на регрутниот систем не може да биде решение за недостигот од финансии.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2113841345&id=9&prilog=0&setIzdanie=22794

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty5/2/2013, 12:43

Транспарентно избрани најдобрите фотографии на тема „Армијата на Република Македонија во промоција на мирот, реформите, евроатлантските интеграции и соживотот“

1 место : Слободан Ѓуриќ – фотографија „Сонце“
(награда 30.000 денари);
2 место: Маја Златевска – фотографија „Преживување со волците“
(награда 20.000 денари);
3 место: Наќе Батев - фотографија „Преживување со ренџери“
(награда 10.000 денари);
3 место: Мирко Ордев – фотографија „Пречек на мировници“
(награда 10.000 денари).

АРМ - новости - Page 65 5825_506076646102240_533366396_n

АРМ - новости - Page 65 223563_506076739435564_1973067314_n

АРМ - новости - Page 65 580678_506076782768893_182683379_n

АРМ - новости - Page 65 487431_506076806102224_576017469_n

http://www.morm.gov.mk/content/?7D0431DA2EF7F443992BD57605DCD74F51F45C5E
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty6/2/2013, 14:58


Армиските „Волци“ заедно со американски војници на обука во зимски услови на Шар Планина
Припадниците на специјалната единица на АРМ „Волци“ и од 10 - та група на специјалните сили од вооружените сили на САД денеска презентираа дел од 11-та заедничка обука во зимски услови што ја спроведуваат на Шар Планина, пред министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Брајан Агелер.

Организација на привремена база на снег, патролирање на снег со скии и кожи, симулирање на пребарување и спасување лица и опрема во лавина, со бипери „Баривокс“, како и евакуација и реанимација на затрупани лица, беа работните точки што ги изведоа во рамки на обуката која ќе продолжи и на АП „Криволак“.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty6/2/2013, 17:53

АРМ - новости - Page 65 01_zps78c3c007

АРМ - новости - Page 65 02_zps765eab38

АРМ - новости - Page 65 03_zps9243437d

АРМ - новости - Page 65 04_zps8c8f9996

АРМ - новости - Page 65 05_zps55ae3edf

АРМ - новости - Page 65 06_zpsf753e05c

АРМ - новости - Page 65 07_zps0cb4b885

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty6/2/2013, 17:54

АРМ - новости - Page 65 14_zps78bae382

АРМ - новости - Page 65 13_zps2cd5b9c4

АРМ - новости - Page 65 12_zps0b7f597e

АРМ - новости - Page 65 11_zps839cbde9

АРМ - новости - Page 65 10_zps5ed7fd04

АРМ - новости - Page 65 09_zps598821ec

АРМ - новости - Page 65 08_zps1667b10f

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty6/2/2013, 18:16

АРМ - новости - Page 65 DSC_8840_1

АРМ - новости - Page 65 DSC_8195

АРМ - новости - Page 65 DSC_8348

АРМ - новости - Page 65 DSC_8397

АРМ - новости - Page 65 DSC_8569
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 65 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 65 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 65 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 34 ... 64, 65, 66 ... 82 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: