Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 63, 64, 65 ... 82 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty14/1/2013, 17:36

Frogfoot напиша:
Нека не паламуди ова клетово, неможам да го сварам. Инаку од 156 души , дури 40 албанци?!?!

Точно 25 % идеално математички.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty15/1/2013, 13:42

Кина ја става Македонија на својата мапа на Европа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11513840462&id=9&prilog=0&setIzdanie=22779
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty25/1/2013, 21:59

Долгорочно решение за набавки на резервни делови, стратегиски договор за одржување на хеликоптерите, договор за стратегиски транспорт на силите за операции надвор од земјава и национален елемент за нивна поддршка се некои од проектите што АРМ треба да ги спроведе за да ја подобри логистичката поддршка на силите.

Проблемите за кои бара решение се провлекуваат уште од формирањето на Армијата и неколку пати предизвикаа скандали, како приземјувањето на хеликоптерите поради недостиг од моторно масло во 2007 година.

Освен тоа, АРМ од 2002 година учествува во операции надвор од Македонија, но до денес нема развиено сопствена логистичка поддршка за нив, поради што е зависна и за стратегискиот транспорт на трупите.

Реформите во логистиката се зацртани во плановите за развој на одбраната и во програмата за членство во НАТО.

АРМ треба да воспостави и ефикасно снабдување резерви на делови за дневно функционирање на единиците за период од 90 дена. Единиците распоредени во операции надвор од земјата треба да имаат поддршка со селектирани резервни делови за 30 дена. До крајот на 2012 година требаше да се утврдат потребите за критичните резерви и резервните делови, како и парите потребни за набавка. Годинава, одбраната треба да го добие првото ниво на резерви и план за набавки со рокови за целосна снабденост до 2018 година.

Војската треба да го реши и проблемот со одржување на воздухопловите. Цел на АРМ е да обезбеди сеопфатна долгорочна поддршка на леталата и да ги исполни дефинираните стапки и стандарди на оперативна достапност. Се испитува можноста за стратегиско партнерство за поддршка на воздухопловите, а треба да се избере фирма што ќе ги одржува. Покрај логистиката, стратегискиот договор треба да опфати и модернизација и надградба.

Одбраната треба да се справи и со логистиката за единиците што се распоредуваат во операции надвор од земјава. Прв проблем е стратегискиот транспорт на силите, кој до денес е „донација“ од партнерските нации со кои АРМ учествува во мисиите. Kонтингентите на АРМ за мисијата ИСАФ се транспортираат со британски воени авиони. Македонија треба да склучи договори за стратегиска воздушна транспортна поддршка на единиците на Средната пешадиска баталјонска група, Подвижната полска болница, логистичкиот елемент за поддршка и другите единици на АРМ што ќе учествуваат во операции надвор од земјата.

До крајот на годинава, треба да се склучи мултинационален аранжман или билатерален договор со земји и организации, кои поседуваат капацитети за стратегиски транспорт.

До крајот на годинава треба да се формира, пополни, обучи и опреми и Национален елемент за поддршка, која ќе ја обезбеди логистиката за македонските сили надвор од земјава. (И.K.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=438CAB929C8AB8459C9187BA29225162
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty27/1/2013, 15:55

Сто и дваесет офицери на АРМ се образовани во земјите на НАТО

Досега 119 офицери на АРМ завршиле високи воени школи во земјите на НАТО, покажува евиденцијата на Министерството за одбрана.

Во 12 земји од алијансата, 68 македонски офицери завршиле командно-штабна академија, 41 припадник на АРМ завршиле школа за национална одбрана (на ниво на трет циклус на студии), а само десетмина воена академија.

Најголем дел од офицерите биле на школување во САД – вкупно 31. Од нив, 14 завршиле школа за национална одбрана, а 17 командно-штабна академија.

Втора на листата е Турција, каде што шест офицери завршиле највисока воена школа, 10 командно-штабна, а тројца воена академија. Во Турција досега повеќе од 700 припадници на АРМ завршиле некое ниво на образование или обука.

По 13 македонски офицери биле школувани во Германија и во Хрватска.

Освен во Турција, офицери на АРМ завршиле воени академии и во Албанија (3) и Бугарија (4), каде што имало и по тројца офицери во другите високи воени школи.

Единаесет припадници на АРМ се школувани во Франција, во командно-штабна и во школа за национална одбрана, а по неа е Италија, каде што 9 офицери ги завршиле високите воени школи. Петмина македонски офицери се образовани во Британија, а тројца во Естонија.

На дното на листата се Грција и Романија, каде што командно-штабна академија завршиле по еден македонски офицер.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=847B419BF441F147B6EA045A5BDE72E8
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty27/1/2013, 23:27

Единаесети куп на АРМ во Биатлон

Денес, 27-ми јануари на скијачката патеката Кипрово во Крушево се одржа единаесетиот куп на АРМ во биатлон. Биатлон свечено го отвори полковникот Жикица Јовановски од Здружената оперативна команда. На самото отварањето полковникот пред натпреварувачите го нагласи значењето на Биатлонот како исклучително сложена спортска дисциплина на нордиското скијање, која од војниците покрај физичката кондиција, бара и примена на воено-стручно знаење и вештини. Тој во оваа прилика го истакна задоволството што во редовите на АРМ се наоѓаат најдобрите репрезентативци во Биатлон во Република Македонија, кои постигнуваат врвни резултати со олимписки норми.
За време на отварањето на купот полковникот Јовановски напомна дека овај куп во биатлон воедно е и квалификација за светското воено првенство во скијање кое треба да се одржи во Франција во периодот од 25 до 29.03.2013 година.
На единаесетиот куп на АРМ се одржа натпревар во поединечно трчање - спринт на 7,5 км на кое учество зедоа натпреварувачи од екипите на 1.мпбр, полкот за специјални операции, здружената оперативна команда, МВР, Скијачката федерација, како и клубот ,,Олимпик ски“ од Крушево.

АРМ - новости - Page 64 IMG_5259-001_1

АРМ - новости - Page 64 IMG_5265

АРМ - новости - Page 64 IMG_5276

АРМ - новости - Page 64 IMG_5298


http://www.morm.gov.mk/content/?4E78E5A40DC469B484C1F7955C6B89221A0E8FA2
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty28/1/2013, 18:00

Чисто да видиме каде стојат Австријците по прашањето за служење воена обврска. Wink
Кај нас некој одма крена паника... демек сите веќе имале армиии составени исклучиво од професионален состав.

Gotovo 60 posto Austrijanca protiv ukidanja vojne obveze
http://www.vecernji.hr/vijesti/gotovo-60-posto-austrijanca-protiv-ukidanja-vojne-obveze-clanak-500027

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty28/1/2013, 18:24

АРМ на зимска стража со летни и распарани чизми: Бесими на секои два месеца им купува нови, ама само на збор!

На терен на Криволак, по снег, дожд и кал, македонските војници одат со испокинати,одлепени чизми, а некои и со летни обувки.

Независниот синдикат на професионалните војници уште лани предупреди за овој проблем и побара војската да добие нова опрема, но од тогаш до сега слушаат само празни ветувања, кои одвреме-навреме министерот Фатмир Бесими само ги повторува.

Војниците не можат да се сетат кога последен пат им биле купени нови чизми, но некои од нив велат дека тоа било во 2007 година. Од друга страна, пак, Министерството за одбрана, вторпат, за време на парадата на 20-годишнината на АРМ на 18 август, откако синдикалците се пожалија дека нова руба добиле само оние што парадирале во касарната „Илинден“, вети дека сите професионални војници новите униформи ќе ги добијат најдоцна до 1 јануари. Тогаш МО демантираше дека нови униформи добиле само оние што учествувале на прославата и тврдеше дека униформите се испорачуваат онака како што доставувачот ќе ги достави до АРМ. Очигледно доставувачот не добил налог за испорака кога ветените униформи патуваат речиси пет месеци и никако да стасаат до касарните.

Во меѓувреме, министерот Бесими во почетокот на ноември во касарната во Тетово, повторно запрашан кога ќе стасаат новите униформи, изјави:

„АРМ ќе ги добие новите униформи, војниците ќе добијат и нови чизми, но ни следната година нема да има пари за опремување и модернизација. На сите ни е познато дека годинава имавме недоволно финансиски средства за остварување на сите плански цели. Kако министер за одбрана со мојот тим направивме сè што беше во наша моќ за добивање повисок одбранбен буџет. Но, за жал, проекциите за економскиот развој во 2013 година не ни оставија простор за буџет според планираните потреби на одбраната. И во 2013 година не можеме да очекуваме повеќе финансиски средства за опремување и модернизација на АРМ. Затоа мора да бараме и други можности и начини на финансирање“.

Решението, како што тогаш рече, ќе се бара во рационализација и преку принципот на „паметна одбрана“ со земјите од регионот.
Рационализацијата за која во ноември зборуваше Бесими никој во АРМ не претпоставуваше дека ќе почне токму од босите војници, од кратењето на нивните дневници, па дури и плати, кое, како што велат во Независниот синдикат на професионалните војници, е незаконско.

Станува збор за пари што некогаш им биле дадени на војниците за превоз и за станарина? Сега, војниците треба да ги вратат тие пари, односно им се одбиваат од платите. Кај некои од нив сумата што треба да ја вратат според измените на член во Законот за служба во АРМ што се однесува на закупнина и превоз изнесува и повеќе од 1.000 евра. Тоа, како што велат војниците, се многу пари за нивните плати, кои драстично се помали откако МО престана да им ги плаќа дневниците за терен.

„Имаме поплаки од војниците дека не им ги даваат сите слободни денови што им следуваат по теренска работа. За една недела на терен на војниците им следуваат 16 дена одмор, но имаме реакции дека не се почитува тоа што самото Министерство го предложи како мерка – слободни денови, наместо дневници“, велат во Независниот синдикат на професионалните војници.

Во врска со нивните вчерашни забелешки дека во касарните нема парно, дека нема вода и дека нема делови за возилата, реагираше Министерството за одбрана, кое изрази жалење поради реакциите на синдикалците затоа што се случувале во време кога министерот Бесими е „на значајна и интензивна дипломатска активност во седиштето на НАТО во Брисел, каде што остварува средби со врвни претставници на Алијансата.

„Министерството за одбрана на Република Македонија вложува значителни напори во подобрувањето на условите за живот и работа во касарните низ државата, а несомнен пример за тоа е еден од носечките проекти на кој му посветуваме особено внимание – проектот „Стандард“. Согласно со овој проект министерот за одбрана директно, транспарентно и низ дијалог се запознава со секојдневните проблеми на професионалните војниците и презема мерки и активности за нивно решавање“, информира Министерството за одбрана, кое тврди дека парното греење функционира без прекин, согласно со стандардниот режим за греење (во касарната во Велес нема греење кога се врши обука надвор од просториите).

МО вчера ги демантира и тврдењата на војниците дека немало вода за пиење во некои касарни:

„Во касарните во Чојлија/Петровец, согласно со редовните контроли од медицински тимови од Военомедицинскиот центар, утврдено е дека водата може да се користи за технички потреби и таа е во функција без престанок (неисправноста на водата е поради височината на септичките јами во посочената област). Припадниците на АРМ кои се сместени во споменатите касарни се снабдуваат со чиста вода за пиење редовно преку цистерни“.

Според МО, не се точни ниту обвинувањата за возниот парк во АРМ, кој како што велат, се одржува редовно и согласно со предвидената динамика. МО вели дека во „исправна состојба се сите возила предвидени за одржување на борбената готовност и за тековните потреби“.
http://www.mkd.mk/93689/makedonija/arm-so-letni-i-rasparani-cizmi-na-zimska-straza/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty28/1/2013, 23:46

Не ми е јасно како имаат доблест да излезат и да даваат изјави како се е добро само ние не го гледаме. Аман веќе од такви изјави и коментари. Нека имаат доблест нека излезат и нека речат дека поради финансиски проблеми нема да има нови чизми и готово. А вака само ни ја навредуваат интелигенцијата. Зарем ние не гледаме и не чувстуваваме дали ни е добро или не. Замислете: Во Велес не се вклучувало парното додека се изведува обуката надвор. Епа драги мои, војниците излегуваат наутро во 6 и се враќаат по ручекот за пладневен одмор, па во 17 повторно излегуваат за да се вратат по вечерата. Е сега нека ми каже некој колку време е потребно да се загрее еден павилјон?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty29/1/2013, 00:47

Овој Бесими, под НАЈИТНО да се смени.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty29/1/2013, 19:17

Свечена церемонија по повод враќањето на 13 ротација од мировната мисија ИСАФ во Авганистан

Денес, 29-ти јануари, во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево се одржа воена церемонија по повод враќањето на контингентот од мировната мисија ИСАФ во Авганистан која е од составот на 4. Механизиран пешадиски баталјон од 1. Механизирана пешадиска бригада, популарните „Леопарди“, кои ја извршуваа должноста во периодот јули 2012 – јануари 2013 година.

Контингентот кој беше во состав од 150 припадници во механизираната чета, најстар национален претставник, 2 штабни офицери и 5 припадници на менторскиот тим кои ја извршуваа должноста во Мазар е Шариф.

На воената церемонија присуствуваа ЗНГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски, началникот на штабот во ЗОК, бригаден генерал Мухамет Рацај, командантот на 1. мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов, како и голем број на останати претставници од локалната самоуправа, од претпријатијата во Кичево, претставници од верските заедници, роднини и пријатели на мировниците.

За време на извршување на задачите во склоп на мисијата, „Леопардите“ уште еднаш го потврдија високото ниво на професионалност успешно извршувајќи ги сите поставени задачи, пред сè обезбедувајќи го главниот штаб на ИСАФ во Кабул, за што неколкупати беа пофалени од највисокиот команден кадар во мисијата вклучувајќи го и командантот на ИСАФ, генералот Џон Ален.


АРМ - новости - Page 64 DSC04374_

АРМ - новости - Page 64 DSC04437_

АРМ - новости - Page 64 DSC04439_

АРМ - новости - Page 64 DSC04441_

АРМ - новости - Page 64 DSC04449_

АРМ - новости - Page 64 DSC04450__1

АРМ - новости - Page 64 DSCN0050_

http://www.morm.gov.mk/content/?496CEC28ADCEB7CF9019C46339077FF48D52710B
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 64 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 64 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 64 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 63, 64, 65 ... 82 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: