Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 62, 63, 64 ... 81 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty2/1/2013, 12:58

Претседателот Иванов во посета на касарната Мирче Ацев во Прилеп.

АРМ - новости - Page 63 P8PVM

АРМ - новости - Page 63 PEGBC

АРМ - новости - Page 63 LK4b6

АРМ - новости - Page 63 VeM8x

АРМ - новости - Page 63 VvPV1

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty2/1/2013, 13:01

Министерот Фатмир Бесими им ја честита Новата 2013 година на македонските мировници преку видео-конференциска врска со Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.

АРМ - новости - Page 63 R7VKh

АРМ - новости - Page 63 O7Ygn

АРМ - новости - Page 63 PYYR7

АРМ - новости - Page 63 OBD12

АРМ - новости - Page 63 G4A7U

АРМ - новости - Page 63 HY4mh

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty9/1/2013, 16:08

Посета на Началникот на ГШ на АРМ на националниот контингент во мисијата АЛТЕА

Денес 09-ти јануари Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески во Сараево, Босна и Херцеговина ги посети припадниците на АРМ кои се дел од националниот Контингент во мисијата АЛТЕА.
За време на посетата генералот Котески оствари средба со Началникот на штабот во командата на ЕУФОР бригадниот генерал Ерно Петер Сипош каде уште еднаш беше потенциран допринесот кој Република Македонија го дава во етаблирањето на демократските вредности, мирот и еднаквоста во светски рамки.
Посетата на националниот контингент во мисијата АЛТЕА беше искористена за одбележување на петгодишнината од трагичниот настан во хелихоптерската несреќа во кој загинаа македонските мировници. Генералот Котески, Началникот на штабот во командата на ЕУФОР и Амбасадорот на Република Македонија во БиХ Н.Е. г-дин Рами Реџепи во присуство на најстарите национални претставници од сите земји учеснички во мисијата АЛТЕА положија венец со свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на АРМ.
Началникот на ГШ на АРМ на средбата со припадниците на контингентот ја поздрави посветеноста и професионализмот кој нашите мировници го покажуваат во секојдневната работа, како дел од мултинационални сили.


АРМ - новости - Page 63 IMG_7942_1

АРМ - новости - Page 63 IMG_7923

АРМ - новости - Page 63 IMG_7960

АРМ - новости - Page 63 IMG_7981

АРМ - новости - Page 63 IMG_7988

АРМ - новости - Page 63 IMG_8034

АРМ - новости - Page 63 IMG_8078

http://www.morm.gov.mk/content/?BC9A39F01396A204502318634CAF8CC46451F572
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty10/1/2013, 12:32

„Опел корса“ усмрти воен лабрадор

Утринава во 9 и 15 часот, автомобилот „опел корса“ удрил и усмртил воено куче од раса „лабрадор“ на Булеварот „Осми Сптември“, кај мостот кај хотелот Александар Палас.
Кучето, кое е специјализирано и обучено за безбедносни задачи, било удрено на коловозот.

Се уште не е познато како кучето се нашло на местото.
Увид извршија сообраќајната и воената полиција.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=103500

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty11/1/2013, 14:23

Бесими-Гунагли: Интензивирање на македонско-кинеската соработка

Продлабочување и интензивирање на меѓусебната соработка, како и потврда за меѓусебната почит и поддршка беа темите на кои денеска разговараа министрите за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими и на НР Кина Лианг Гуангли, кој се наоѓа во прва официјална посета на нашата земја.

На средбата на која присуствувал и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, Бесими се заблагодарил за принципиелниот став на НР Кина во однос на стратегиските ориентации на Република Македонија, што е одраз на кинеската генерална политика која поаѓа од почитување на природното право на секоја земја самостојно да се води од своите интереси за национална безбедност и непречен развој.

- Благодарност беше искажана и за безусловната поддршка и признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име, подвлекувајќи дека НР Кина е значајна земја на светско ниво, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, како од економски аспект, така и од аспект на одбраната и безбедноста. За Република Македонија, Министерството за одбрана и за АРМ привилегија е да се има соработка со моќна армија како што е кинеската со над 2,5 милиони војници и со буџет од 22 милијарди долари, со еден збор еден од партнерите за респект за сите, како и за Северноатланската алијанса, соопшти Министерството за одбрана.

Ова е прва посета на министер за одбрана на НР Кина на Република Македонија, што укажува на континуираното продлабочување на пријателството помеѓу двете земји, како и меѓусебното почитување и разбирање.

АРМ ќе продолжи со соработката со кинеската армија, особено во областа на размена на искуства во мировните операции и во обуката на специјалните единици. Инаку, соработката со вооружените сили на НР Кина бележи забележителен развој и таа се остваруваше на полето на воената едукација, меѓународни студии и обука на инструктори за боречки вештини.

Со цел интензивирање на соработката меѓу двете земји, Република Македонија планира да испрати одбранбено аташе во НР Кина согласно донесената Стратегија за одбранбена дипломатија.

Претходно, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го прими кинескиот министер за одбрана, генерал Гунагли. Иванов изразил задоволство од нивото на политички дијалог меѓу двете земји, што придонесува кон постојано унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка. Тој упатил и благодарност за континуираната поддршка што Министерството за одбрана на Република Македонија ја добива од кинеското Министерство за одбрана.

Кинескиот министер Гунагли искажал интерес за продолжување на билатералната соработка во областа на одбраната и во сите сфери од заеднички интерес, како и подготвеност за натамошна мултилатерална соработка во рамки на меѓународните организации.

На средбата биле разменети мислења и за можностите за интензивирање на економската соработка, при што претседателот Иванов изразил подготвеност за зголемување на трговската размена и соработката во областа на инвестициите, поздравувајќи ја воспоставената правна рамка меѓу двете земји.

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими во декември 2011 година ја имаше првата средба со неговиот кинески колега Гунагли во Пекинг. Зајакнување на позитивната соработка и отворање нови можности за нејзино продлабочување, размена на искуствата во однос на реформите во областа на одбраната и поддршка во меѓународните мировни мисии, беа во фокусот на разговорите на разговорите на Бесими со Гунагли, како и со потпретседавачот на Централниот воен комитет, генерал Гуо Боксиан, во рамки на официјалната посета на Пекинг.

Министерот Бесими тогаш најави отворање на позицијата воено аташе на Република Македонија во НР Кина, како исклучително важно за зајакнување на билатералните односи на двете министерства за одбрана.

Македонскиот министер за одбрана го посети и Националниот универзитет за одбрана и Центарот за обука за операции за чување на мирот.

Во рамки на билатералната соработка еден војник од АРМ ја посетувал кинеската командно штабна академија, еден бил во школата за народна одбрана, тројца македонски војници ја посетувале Академијата за боречки вештини и тоа во период од една година, еден војник го посетувал курсот за специјалните сили, додека пак од кинеската армија двајца инструктори шест месеци престојувале во АРМ.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/98950-Besimi-Gunagli-Intenziviranje-na-makedonsko-kineskata-sorabotka

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty11/1/2013, 15:19

Потврда за соработката и меѓусебното разбирање – посета на министерот за одбрана на НР Кина, Лианг Гуангли, на Република Македонија и средба со министерот Бесими

Продлабочувањето и интензивирањето на меѓусебната соработка, како и потврдата за меѓусебната почит и поддршка беа темите на кои, при денешната посета на Република Македонија, разговараа министерот за одбрана на НР Кина, Лианг Гуангли и неговиот македонски колега, министерот, Фатмир Бесими.

При средбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, министерот Бесими се заблагодари за принципиелниот став на НР Кина во однос на стратегиските ориентации на Република Македонија, кој е одраз на генералната политика на НР Кина која поаѓа од почитувањето на природното право на секоја земја самостојно да се води од своите интереси за национална безбедност и непречен развој.

Воедно, благодарност беше искажана и за безусловната поддршка и признавањето на Република Македонија, под нејзиното уставно име, подвлекувајќи дека НР Кина е значајна земја на светско ниво, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, како од економски аспект, така и од аспект на одбраната и безбедноста. За Република Македонија, Министерството за одбрана и за АРМ привилегија е да се има соработка со моќна армија како што е кинеската со над 2,5 милиони војници и со буџет од 22 милијарди долари, со еден збор еден од партнерите за респект за сите, како и за Северноатланската алијанса.

Оваа посета претставува прва посета на министер за одбрана на НР Кина на Република Македонија, што укажува на континуираното продлабочување на пријателството помеѓу двете земји, како и меѓусебното почитување и разбирање.

АРМ ќе продолжи со соработката со кинеската армија, особено во областа на размена на искуства во мировните операции и во обуката на специјалните единици. Инаку, соработката со вооружените сили на НР Кина бележи забележителен развој и таа се остваруваше на полето на воената едукација, меѓународни студии и обука на инструктори за боречки вештини.

Со цел интензивирање на соработката помеѓу двете земји, Република Македонија планира да испрати одбранбено аташе во НР Кина согласно донесената Стратегија за одбранбена дипломатија.

АРМ - новости - Page 63 DSC_6215_1

АРМ - новости - Page 63 DSC_6312-namalena

АРМ - новости - Page 63 DSC_6327_1

АРМ - новости - Page 63 DSC_6416

АРМ - новости - Page 63 DSC_6495

http://www.morm.gov.mk/content/?39C4F97760FB5150BE1276D65185AD79FB6E77AC
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty11/1/2013, 16:41

Какви капути им се овие на гардијциве? првпат гледам..
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty11/1/2013, 17:03

Frogfoot напиша:
Какви капути им се овие на гардијциве? првпат гледам..

Ношпал мода. Ne! Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty14/1/2013, 13:38

Министерот Бесими пред мировниците: „АРМ со НАТО споделува исти одговорности„

Денеска 14.01.2013 година (понеделник), во касарната ,,Јане Сандански” во Штип, се одржа свеченост по повод испраќањето на контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
На свеченоста свое обраќање имаше министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими кој воедно разговараше со припадниците на контингентот за нивната подготвеност да одговорат на задачите кои им престојат во текот на мисијата.
„Многупати досега е повторувано огромното значење на мисијата во Авганистан, пред сè за меѓународниот углед и за позицијата на нашата земја, за нејзиното евроатлантско интегрирање и за општите консеквенци по светскиот и регионалниот мир и безбедност. Историјата на нашите миротворци во Авганистан ги потврдува одличните резултати кои ги постигнуваат припадниците АРМ со својот професионализам и одговорност кон задачите што од нив ги бара благородната мисија, оцени министерот Бесими.
Меѓу другото нагласи „екстремно сложените, безбедносно-ризични и воено-чувствителни услови во кои тие дејствуваат во рамките на меѓународната мисија ИСАФ во тој нестабилен регион, ми дава апсолутно право да ги наречам светски миротворци и најголеми репрезенти на Република Македонија надвор од границите на нашата држава„.
Министерот за одбрана искажа уверување дека со преставниците од Армиите на земјите членки на НАТО „рамо до рамо„ војниците на АРМ споделуваат исти одговорности далеку од своите родни домови, и ги исполнуваат предвидените задачи и ќе се вратат побогати за уште едно успешно искуство во вашата воена биографија.
„Многупати до сега истакнав дека од земја „увозник на мир“ станавме земја која го „извезува мирот“. Научените лекции кои нашите мировници ги стекнаа за време на десет годишната посветеност во Авганистан едноставно се поклопуваат со заклучоците кои официјалните политички претставници на земјите членки на НАТО, но и експертите ги втемелија во Новиот стратешки концепт од ноември 2010та година. Имено, согледувајќи ја комплексноста на современите закани, на земјите членки, покрај останатото им стана јасно (а тоа недвосмислено го подвлекоа и во новиот стратешкиот документ) дека за да се даде ефективен одговор потребен поинаков и сеопфатен пристап„.
Прво, фактот дека НАТО ја препознава важноста од соработката со земјите партнери, јасно изразена преку рамките и насоките поставени во т.н. „кооперативна безбедност“-една од трите нови основни мисии на НАТО. И второ, во склад со стекнатото искуство и потребата од поинаков пристап кон современите безбедносни закани, важноста на цивилно - воената соработка за оперативниот успех се пораките упатени од Штип од министерот Бесими.
Според него „од научените лекции стана јасно дека без разлика на се крајната цел и напорите во Авганистан НАТО и партнерите нема да ја остварат доколку не успеат да ја задржат лојалноста на населението. Не се согласувам со некои ставови дека патот во Авганистан е загубен во маглата на пост – конфликтното дејствување. Напротив, статистиката за успехот на Авганистанската полиција и Авганистанската национална армија, упатуваат на поинаков заклучок„.
Во мисијата ИСАФ ќе учествува персонал во вкупна бројка од 156 старешини и професионални војници. Исто така составот на овој контингент е од мешан етнички и полов состав , во него се застапени преставици од сите заедници, меѓу нив над 40-тина од албанската заедница, потоа од влашката , српската, ромската националност, како и 5 (пет) припаднички од понежниот пол. За време на траење на мисијата составот ќе извршува најразлични должности од кои најзначајната и најодговорната е обезбедувањето на главниот штаб на мисијата ИСАФ, патролирање во зоната на одговорност во Кабул, борбено обезбедување на комуникации и области во зависност и од потребата на мисијата, итн. На испраќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ присуствуваа високи претставници од државниот и воен врв како и претставници од локалната самоуправа и други цивилни авторитети од зоната на одговорноста на бригадата, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

АРМ - новости - Page 63 DSC_7445

АРМ - новости - Page 63 DSC_7514

АРМ - новости - Page 63 DSC_7556

АРМ - новости - Page 63 DSC_7598

АРМ - новости - Page 63 DSC_7736

АРМ - новости - Page 63 DSC_7742

http://www.morm.gov.mk/content/?E6B6F4600AE4FE76262B0338451B5C2BBF6A2F91
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty14/1/2013, 13:41

Нека не паламуди ова клетово, неможам да го сварам. Инаку од 156 души , дури 40 албанци?!?!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 63 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 63 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 62, 63, 64 ... 81 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: