|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
andrej
Број на мислења : 39
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/4/2012, 13:28 | |
| Се надевам дека ќе падне договор и дека ќе има модернизација барем на тенковите . | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/4/2012, 15:38 | |
| Ова е од вториот ден на конференцијата/презентацијата. Доста интересни моменти. Можност за модернизација на АРМ со користење на полското искуство и технологии24.04.2012 Презентацијата на можностите на полскиот оклопен транспортер на тркала „Росомак“ и на опремата за воздушна одбрана, како и поддршката за модернизација на македонските хеликоптери беа трите клучни теми на дводневната конференција на тема „Модернизација на македонската Армија со користење на полското искуство“ што денеска заврши во Скопје. На конференцијата, во организација на Полската амбасадата во Македонија и полскиот воено-индустриски комплекс „Бумар“, беа споделени искуствата кои Република Полска ги има акумулирано низ процесите на политичка и воена интеграција во НАТО и ЕУ, како и искуствата стекнати низ процесите на модернизација на сопствените вооружени сили и нивното учество во меѓународни воени мисии предводени од НАТО и ЕУ. - Полска има искуство и значајни капацитети за соработка и модернизација на македонските оружени сили согласно стандардите на НАТО. Може да понуди модернизација на хеликоптерите и оклопните возила, како и радарска опрема и системи за противвоздушна заштита. Подготвени и отворени сме за соработка во воениот аспект, како и за пренесување на новите индустриски технологии, порача полскиот генерал Анджеј Дукс на денешната прес-конференција. Тој посочи дека нивното искуство со трансформацијата на армијата покажува дека не е едноставно и лесно да се измени армијата и да се воспостави соработка со воената индустрија. - При трансформацијата Полската армија повеќето од опремата и оружјето го купи ново, но има искуство и со модернизација на веќе користената опрема како што се хеликоптерите и бродовите. Најголем дел од набавките, 80 отсто ги направи од полската воена индустрија, рече генерал Дукс. Полска, појасни, во Авганистан користи 110 оклопни транспортери на тркала „Росомак“ и 12 хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24. Имаме стекнато големо искуство од борбената употреба и можеме да го споделиме со Македонија. - Подготвени сме да ја почнеме дискусијата за трите клучни теми на оваа конференција. Наскоро очекуваме да одржиме и практична презентација на можностите на „Росомак“, а во јуни и заедничка воена вежба во Полска, рече генарл Дукс. Потпретседателот на Бумар Мариуш Андрејчек нагласи дека се отворени да пренесат знаење и технологии на македонските партнери, а не само да продаваат опрема. - Бараме локални партнери кои ќе бидат отворени за соработка и иден развој на системите и одржување на опремата. Спремни сме на компаниите од македонската воена индустрија да им го пренесеме нашето знаење и технологии, порача Андрејчек. Полковник Љубе Дуковски посочи дека Македонија сака развој на ваквите проекти на регионално ниво во духот на иницијативата „Смарт дифенс“ на НАТО зашто е многу порационално и може да се реализира со многу помали национални ресурси. - Македонија има амбиции да ја продлабочи соработката со Полска за капацитетите за воздушното набљудување и против воздушна одбрана до 3.000 метри, за набавка на модерни пешадиски транспортери на тркала и за модернизација на хеликоптерите. Презедовме и обврска да направиме контакти меѓу Бумар и нашата воена индустрија. Нашата крајна цел е заедничко учество во операции. Посакуваме евентуално заедничко учество со капацитети за кои ќе се договориме со Полска во операции предводени од НАТО или ЕУ, рече полковник Дуковски. Потполковник Кире Колевски посочи дека Полска е значаен партнер во доменот на ремонтирање на хеликоптерите и набавка на оклопни транспортери, радари и учество во мисии и вежби. - Полска со своето учество во мисиите во Ирак и Авганистан е релевантен партнер кој може да и помогне на Македонија. Во овие два дена беше разгледана можноста за помош на хеликоптерскиот детачмент во мисии надвор. Согласно партнерските цели воздухопловната бригада има обврска да подготви хеликоптерски детачмент од два хеликоптера во Авганистан каде во моментов Полска располага со 12 хеликоптери и нивното искуство ни е добредојдено, рече потполковник Колевски. За време на конференцијата беа изложени и дел од личното вооружување и опрема кои ги произведува „Бумар“, најголемата компанија во воено индустрискиот сектор во Полска, која е во државна сопственост и обединува 25 компании со различна специјализирана дејност. „Бумар“ на пазарот опстојува повеќе од 40 години и остварува годишен обрт од над една милијарда американски долари. Во компанијата работат 9.500 лица што е скоро една третина од вкупниот број вработени во полската воена индустрија. „Бумар“ произведува најразлична муниција со калибар од 5,56 до 155 милиметри, бомби, водени и неводени проектили, гранати, мини, експлозиви и проектили со краток дострел. Покрај тоа произведува и радари и сензори, командни и контролни сиситеми за противвоздушна одбрана, митролези, снајперски пушки, системи за контрола од далечина, лансери за гранати, минофрлачи, заштитна опрема, оклопни возила, подвижни мостови, лесни тенкови. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/moznost-za-modernizacija-na-arm-so-koristenje-na-polskoto-iskustvo-i-tehnologii | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/4/2012, 19:27 | |
| - Alvar напиша:
Потпретседателот на Бумар Мариуш Андрејчек нагласи дека се отворени да пренесат знаење и технологии на македонските партнери, а не само да продаваат опрема.
Ова е тоа што нам ни треба, освен некое ново парче и нова модернизација! | |
| | | Iko
Број на мислења : 503
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/4/2012, 21:20 | |
| Seto toa e fino...megjutoa bi sakal da znam - za KOI toa potochno eventualni industriski "partneri" kaj nas se pravi muabet - koga e sovrsheno dobro poznato - na koe deredze e namenskata industrija kaj nas..... Ova ne e voopshto kritika kon Poljacite...na nim sekoja chest i pochest....tuku kritika kon nashine klipani shto dozvolija da dojdeme do ovaa mizerija da ne sme vo sostojba deneska za zhal, ni sopstvena peshadiska municija povekje da proizveduvame ("SHKLJ" zemji od "kalibar" na edna Gambija i/ili Honduras go mozhat istoto) - a ne pak neshto poozbilno.... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/4/2012, 21:38 | |
| Искористување на полските искуства и знаења во областа на одбраната – заврши полско-македонската политичка и воено-експертска конференцијаНа 23 и 24 април во Скопје во организација на амбасадата на Полска и воено-индустрискиот комплекс „Бумар“ одржана беше Полско-македонска политичка и воено експертска конференција на која, во контекст на стратегиските приоритети, уште еднаш беше потврдена поддршката на Република Полска за процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија. Дополнително, конференцијата се фокусираше на три клучни теми – презентација на можностите на полскиот оклопен транспортер на тркала „Росомак“ и на опремата за воздушна одбрана, како и поддршката за модернизација на македонските хеликоптери. „Полска има искуство и значајни капацитети за соработка и модернизација на македонските оружени сили согласно стандардите на НАТО – може да понуди модернизација на хеликоптерите и оклопните возила, како и радарска опрема и системи за противвоздушна заштита. Ние сме подготвени и отворени за соработка во воениот аспект, како и за пренесување на новите индустриски технологии“, истакна на прес-конференцијата полскиот генерал Анджеј Дукс. Полковникот Љубе Дуковски, пак, посочи дека Република Македонија сака развој на проектите на регионално ниво, во духот на НАТО-концептот „паметна одбрана“ зашто е многу порационално и може да се реализира со многу помали национални ресурси. Конференцијата која понуди можност за одлични билатерални консултации посветени на стратегиските одбранбени прашања и конкретните проекти за модернизација на АРМ беше поделена на два засебни панели – политички панел посветен на трансатлантската одбрана, новиот концепт на НАТО, „паметна одбрана“ и политичките прашања и меѓународната соработка во областа на одбраната и безбедноста; и воено-експертски панел на кој стана збор за полската воена опрема користена во ИСАФ, споменатото оклопно возило „Росомак 8х8“, системите за логистичка поддршка, системите за воздушно набљудување и слично. На конференцијата, меѓу другото, присутните можеа да разменат мислења и за полските искуства стекнати во текот на мировните мисии, националната компонента на идниот европски и НАТО воздушен и антиракетен систем, индивидуалната војничка опрема и сл. Големото значење на оваа Конференција во насока на продлабочување на полско-македонските односи во областа на одбраната и безбедноста беше потврдено и преку присуството на голем број експерти од двете земји. Согласно заклучоците на конференцијата, елементите кои беа дел од дводневните излагања ќе бидат преточени во конкретни активности од Планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Полска во 2012 година. „Бумар“ е најголемата компанија во воено индустрискиот сектор во Полска, која е во државна сопственост и обединува 25 компании со различна специјализирана дејност. „Бумар“ на пазарот опстојува повеќе од 40 години и остварува годишен обрт од над една милијарда американски долари. Во компанијата работат 9.500 лица што е скоро една третина од вкупниот број вработени во полската воена индустрија. Дел од асортиманот на „Бумар“ вклучува муниција со калибар од 5,56 до 155 милиметри, бомби, водени и неводени проектили, гранати, мини, експлозиви и проектили со краток дострел, но и радари и сензори, командни и контролни системи за противвоздушна одбрана, митралези, снајперски пушки, системи за контрола од далечина, лансери за гранати, минофрлачи, заштитна опрема, оклопни возила, подвижни мостови, лесни тенкови и др. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=polsko-makedonskata-politicka-i-voeno-ekspertska-konferencija&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/4/2012, 12:03 | |
| Професионалните војници бараат одговор од Груевски: зошто АРМ отпушта само Македонци?Македонските професионални војници што останаа без работа денеска ќе бараат средба со премиерот Никола Груевски, од кого очекуваат одговор на нивното главно барање – да бидат вратени на работа во АРМ. Од Груевски, како што најавуваат војниците, ќе бараат да им одговори на, како што велат, најболното прашање за нив – зошто од Армијата на Република Македонија се отпуштаат само Македонци и тоа оние што во 2001 година застанаа во одбрана на државата и кои целиот свој професионален живот го поминале во АРМ.Според најавите на Илија Тодев, координатор на Синдикатот на професионалните војници, тие нема да си заминат од пред Владата сè додека не се сретнат со Груевски зошто сакаат од прва рака да го информираат за нивните барања и да дознаат дали со измените на Законот за служба во АРМ, предложени неодамна од Владата ќе бидат опфатени и овие војници. Во Синдикатот велат дека станува збор за стотина професионални војници на кои им престанале договорите и врз основа на исполнување на старосната граница од 38 години тие не можат да бидат повторно вработени во АРМ. Измените што ги предложи Владата предвидуваат да се зголеми старосната граница за служба во АРМ од 38 на 45 години. Затоа, во Синдикатот се надеваат дека државата сепак нема да го остави ова прашање отворено и дека нивното барање ќе биде остварено, односно можноста дадена во предлог-законот старосната граница од 38 години, која се поместува на 45 години возраст, за професионалните војници да важи ретроактивно. Војниците велат дека сакаат да го запознаат премиерот и со фактот дека од АРМ се отпуштаат само професионалните војници-Македонци.На овие прашања војниците бараа одговор и од Фатмир Бесими, министерот за одбрана, на последниот нивен протест пред Собранието, кога очекуваа парламентарците да расправаат за измените на Законот за служба во АРМ. Тогаш Министерството за одбрана (МО) вети дека ќе ги разгледа барањата на професионалните војници, поради кои и беа предложени измени во Законот за служба во АРМ, но дека измените кога ќе бидат усвоени во Собранието, нема да може да важат ретроактивно. Синдикатот на професионалните војници сепак е категоричен дека ако има волја, проблемот на 120-те војници може да се реши – некои од нив да се вратат во АРМ, а некои да се вработат во судската и во граничната полиција. „По истекувањето на договорите, останавме на улица. Се надеваме дека ќе не вратат на работа зошто немаме друг избор. После 38 година, што друго да работам? Што друго да учам? Осум години сум носел пушка, друго ништо“, вели војник кому договорот за работа му престанал од неодамна. http://www.mkd.mk/27867/udarna-vest/profesionalnite-vojnici-baraat-odgoovr-od-gruevski-zosto-arm-otpusta-samo-makedonci/Тоа е тоа дечки, државава капитулира пред група неандреталци симнати од планина. Им ја тутнавме одбраната на државата на истите оние кој ја нападнаа во 2001-ва. Треба некој да им објасни на луѓево пред да идат на прием кај премиерот (доколку ги прими, но се сомневам) оти рибата смрди од главата. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/4/2012, 13:37 | |
| Поздравена посветеноста на одбранбените реформи и придонесот во мировните мисииДенес, (26.04) во седиштето на НАТО во Брисел се одржа состанокот на Република Македонија со Комитетот на НАТО за политика и партнерства со цел одобрување на Партнерските цели на РМ за 2012 година во рамките на Процесот за планирање и анализа (ПАРП). Делегацијата од Република Македонија беше предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров, а во составот на делегацијата беа и Амбасадорот на РМ при НАТО, Мартин Треневски, претставници од Министерството за одбрана, ГШ на АРМ, МВР и Министерство за финансии. Државниот секретар Есмеров потенцираше дека Министерството за одбрана и АРМ остануваат посветени кон активниот придонес во операциите, мултинационалниот пристап во изградбата на капацитетите и регионалната соработка, потврдувајќи ја на тој начин силната стратегиска определба на државата за полноправно членство во Алијансата. На состанокот беше поздравен напредокот на Република Македонија во имплементацијата на барањата од партнерските цели, посветеноста на одбранбените реформи, развојот на распоредливите способности, придонесот во операциите предводени од НАТО. Воедно, беше споделена оценката дека Република Македонија е кредибилен партнер со интероперативни сили и способности и беше реафирмиран фактот дека Република Македонија е целосно подготвена за преземање на одговорностите и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=pozdravena-posvetenosta-na-odbranbenite-reformi-i-pridonesot-vo-mirovnite-misii&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/4/2012, 16:11 | |
| Средба на Началникот на ГШ на АРМ со преставницитe на дванаесеттата ротација на АЛТЕАДенес, 27-ми април Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески оствари средба со медицинскиот тим на АРМ кој ќе учествува во дванаесеттата ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево. АРМ во мисијата АЛТЕА учествува со медицинскиот тим од ноември 2006 година, кој во изминативе години задачите ги извршува беспрекорно, за што најдобра потврда се високите оценки добиени од командата на ЕУФОР. За време на средбата, НГШ на АРМ беше запознаен со работата и задачите на тимот во рамките на мисијата АЛТЕА, при што тој истакна дека медицинскиот тим на АРМ во изминативе шест години на најдобар начин ги покажа спосбостите и интероперабилноста на АРМ во рамките на мисијата на ЕУ, но и даде огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија. На средбата во Генералштабот со дванесеттата ротација на АЛТЕА присуствуваше и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, бригадниот генерал Методија Величковски. Учеството на АРМ во мисијата АЛТЕА како дел од силите на ЕУФОР е од огромно значење за афирмацијата на Република Македонија, но и за промоција на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување. Медицинскиот тим на АРМ деновиве ги завршува последните подготовки пред поаѓање за Бутмир, така што редовната ротација е планирано да се изаврши на почетокот од месец мај. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-nacalnikot-na-gs-na-arm-so-prestavnicita-na-dvanaesetata-rotacija-na-altea&lang=mkНовите униформи... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/4/2012, 16:14 | |
| Потпишан договор за поширока соработка, помеѓу Република Мaкедонија и НАТОДенес, во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров, со размена на писма го потпиша Договорот меѓу Министерството за одбрана и Организацијата на НАТО за консултации, команда и контрола во однос на соработката во областите на консултација, команда, контрола, комуникации, разузнување, набљудување и извидување. Потпишувањето на Договорот е резултат на напорите на Република Македонија во духот на нашите подготовки за членство и уште еден пример на перманентното продлабочување и зајакнување на соработката со Алијансата. Република Македонија е првата земја партнер од Регионот што потпишува ваков договор со оваа НАТО Агенција што нè носи во клубот на останатите земји партнери, но членки на ЕУ, како што се Шведска и Финска. Со овој договор се проширува патот и се овозможува подлабоко и понапредно ниво на интероперативност меѓу Армијата на Република Македонија и НАТО. Денешната активност претставува почеток на понатамошната поширока соработка меѓу Република Македонија и Агенцијата на НАТО за консултации, команда и контрола. Интензивно се работи на Иницијативата „Регионален пристап кон против-воздушната одбрана на Балканот” како прв проект за градење и воспоставување на регионални способности за контрола на воздушниот простор во духот на концептот „паметна одбрана“. Република Македонија уште еднаш потврди дека е посветена на сите напори на Алијансата за поттикнување на поголема соработка и интероперативност и сите иницијативи што овозможуваат буџетски заштеди со групирање и заедничко користење на одбранбените ресурси и потенцијали, а со цел остварување поголеми резултати. Во контекст на споменатото, од страна на државниот секретар Есмеров, кој ја предводеше делегација од Министерството за одбрана, беше нагласено дека придонесот на Република Македонија како членка на НАТО би бил уште поголем. Агенцијата на НАТО за консултации, команда и контрола обезбедува и изведува проекти, научен и технички совет и поддршка за воените структури на Алијансата, земјите членки и партнери во врска со прашања кои се однесуваат на оперативното истражување, следење, воздушна команда и контрола, вклучувајќи и одбрана од проектили, електронско војување и рано предупредување и контрола, како и комуникациско-информативните системи. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=potpisan-dogovor-za-posiroka-sorabotka-pomegju-republika-mekedonija-i-nato&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/4/2012, 19:00 | |
| Нова Македонија: Членството во НАТО ќе не чини 4,5 милиони евра годишноЧленството во НАТО Македонија ќе ја чини 4,5 милиони евра годишно, средства што ќе се издвојуваат од државниот буџет. Според пресметките, на кои се повикува денешна Нова Македонија досега од буџетот се издвојуваат 3,2 милиони евра, а по зачленувањето уште дополнителни 1,3 милиони евра. Најголем дел од овие средства ќе одат како партиципација на Македонија во НАТО буџетот, која секоја година е различна и зависи од нашата економска моќ и од бројот на населението. Според заменик министерот за одбрана Емил Димитриев со членството буџетските трошоци што се издвојуваат би се зголемиле во сите институции кои со свои претставници ќе партиципираат во мисијата во НАТО. Но колку и да чини, вели тој, тоа е само скромна сума со оглед на придобивките што Македонија ќе ги има од партнерството во Алијансата. /С.Д. http://www.kanal5.com.mk/%28S%285tkrribqphm2llny55tukk55%29%29/default.aspx?mId=37&eventId=90550 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|