|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/3/2012, 16:02 | |
| Посета на Заменикот на командантот на Сојузничката команда за трансформација на НАТО на ГШ на АРМВисока делегација на Сојузничката команда за трансформација на НАТО, предводена од Заменик командантот генерал Миецислав Биениек, на кого домаќин му беше Заменикот на НГШ на АРМ Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, денес (6-ти март) претстојуваше во официјална посета на ГШ на АРМ. На разговорите во ГШ на АРМ пред гостите беа презентирани трансформацијата на АРМ, долгорочниот план за развој и искуствата од учеството во меѓународните мисии и оценувањето на декларираните единици на АРМ. За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Биениек оствари средба и со Министерот за одбрана Фатмир Бесими. Од страна на генералот Биениек беше искажано задоволство во однос на прогресот кој АРМ го има направено во реформите и трансформацијата, а како најголем доказ за тоа ги наведе успешното учество во во мисиите предводени од НАТО, како и придонесот во процесот на трансформацијата во одбраната. Инаку, Сојузничката команда за трансформација на НАТО (Allied Command Atlantic ,,ACLANT“) е лоцирана во Норфолк, Вирџинија, САД. Оваа команда на Алијансата, има водечка улога во процесот на промените и континуираното подобрување на капацитетите на НАТО, како и предводење во процесот на трансформација, со цел за подобрување на мисиите, операциите и ефективноста. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-zamenikot-na-komandantot-na-sojuznickata-komanda-za-transformacija-na-nato-na-gs-na-arm&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/3/2012, 16:20 | |
| Ги видов прееска Пољациве на прошетката низ Скопје. Им го покажуваа Ацета и фалангата. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/3/2012, 19:48 | |
| Пензионираните војници бараат да се вратат на работа Новите законски измени кои ги предложи Владата за зголемување на старосната граница за службата на професионални војници, а кои влегуваат во собраниска процедура побараа да важат и за нив. Сакаат средба со министерот Бесими, а до претседателот на Собранието доставија писмено барање, да бидат присутни на седницата кога ќе се расправа за измените во Законот за АРМ. Ако немало место за нив во армијата, велат имало и други државни служби каде што можеле да бидат вработени. Се работело за бројка од од стотина војници. Војниците добиа поддршка и од граѓаните. Од Министерсвото за одбрана за Сител велат дека Законот не може да важи ретроактивно, но ќе го разгледале нивното барање. Ако сакаат средба, министерот ќе се сретнел со нив. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/penzioniranite-vojnici-baraat-da-se-vratat-na-rabota | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/3/2012, 21:33 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2012, 13:26 | |
| Посета на НГШ на АРМ на Генералштабот на Војската на Република СрбијаДелегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески од денес (7-ми март) претстојува во дводневна официјална посета на Војската на Република Србија. За време на посетата во Белград, домаќин на делегацијата на АРМ ќе и биде Началникот на Генералштабот на Војската на Република Србија, генерал-потполковник Љубиша Диковиќ. На средбата, двајцата началници на генералштабови ќе разговараат за проширување на билатералната воена соработка, како и за идните чекори во делот на военото образование, обуката, вежбите и користењето на регионалните центри за обука. Во рамките на посетата, генералот Котески ќе се сретне со Министерот за одбрана на Република Србија, Драган Шутановац, а ќе ги посети Воената Академија и Воено-техничкиот институт во Белград. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-ngs-na-arm-na-generalstabot-na-vojskata-na-republika-srbija&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2012, 13:28 | |
| Одржана тркалезна маса на тема „Република Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“Развојот и реформските активности во процесот на евроатлантското интегрирање беа во фокусот на тркалезната маса на работна тема „Република Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“ која денеска во организација на Министерството за одбрана се одржа во Домот на АРМ. Како што истакна министерот за одбрана, Фатмир Бесими, целта на оваа тркалезна маса е да се дискутира за одданоста на Министерството и на Република Македонија за континуирана имплементација на реформите во одбранбено-безбедносниот сектор, и аналогно на тоа за одданоста кон целосно евроатлантско интегрирање на земјата. „Нема алтернативен пат на процесот на интегрирање во Евроатлантските структури, освен преку регионалната кооперација и одржување на добрососедските односи“, додаде министерот Бесими. Како што потенцираше тој, токму тоа може да се види и во рамките на групата А5, која ја покажа својата ефикасност и успешност во ова насока. Воедно, министерот го истакна и суштинското значење на новиот концепт на НАТО, „паметна одбрана“, кој подразбира здружување на капацитетите на партнерските земји со цел амортизирање на елементите на економската криза врз овој суштински сектор и додаде дека земјите дел од А5 се насочени кон имплементација на овој концепт во т.н. „air policing“. Дополнително, укажувајќи подетално на начинот на вметнување на „паметната одбрана“ во процесите на работа на Министерството и на Армијата на Република Македонија, министерот Бесими ги спомена човечките ресурси и кариерниот развој, методологијата за планирање на реформските процеси, координацијата на цивилниот и воениот сектор, апликацијата на софтверски решенија во процесите на менаџирање со документи и во логистиката, како и регионалната кооперација. Воедно министерот Бесими додаде дека во периодот што следи ќе се изготви и официјален документ за активностите за имплементација на овој концепт. Укажувајќи дека целта на евроатлантските интеграции е подобар живот за сите граѓани, амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Мариа Шурман, истакна дека реформите и регионалната соработка се добредојдени кога станува збор за интеграцијата во НАТО која се темели врз заедничките интереси и вредности. Пред присутниот дипломатски кор како и воените аташеи од земјите-членки на НАТО, дел од бившите министри за одбрана и претставниците на НАТО и „Буз Ален Хамилтон“ советодавниот тим, амбасадорот на САД, Пол Волерс подвлече дека Република Македонија покажа голем напредок во однос на интероперабилноста на припадниците на АРМ со силите на НАТО, факт кој може да се види и преку активната партиципација на АРМ во меѓународните мировни мисии, потенцирајќи ја мисијата на силите ИСАФ во Авганистан. Регионалната соработка, пак, беше во фокусот на обраќањето на амбасадорот на Република Албанија, Арбен Чејку, кој ги потврди одличните односи помеѓу двете земји во полето на одбраната и безбедноста, како и непроценливиот бенефит од соработката во рамките на А5 групата. Како дел од говорниците, Лазар Еленовски, бивш министер и претседател на Северноатлантскиот совет на Македонија своите размислувања ги насочи кон три засебни компоненти – националната, споменувајќи ги иницијативите на Министерството за одбрана за развој на безбедносниот сектор и развој на новиот концепт на НАТО, потоа регионалната, со акцент на меѓусебната зависност и евроатлантските интеграции како компонента за која свесноста е широко распространета и која континуирано продолжува во општествен контекст и по влезот во овие воено-политички сојузи. Тркалезната маса, како начин за неформална дискусија за патот на регионот кон евроатлантско интегрирање е дел од активностите за одбележување на јубилејот на Армијата на Република Македонија, „20 години АРМ“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odrzana-trkalezna-masa-na-tema-republika-makedonija-regionot-i-evroatlantskite-integracii&lang=mk | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2012, 13:45 | |
| Свечената униформа која ја носи Котески му е за посети надвор од земјата? (темно плавата мислам) .. П.С Српскава гарда моќно изгледа! | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/3/2012, 20:01 | |
| Нова генерација војници–доброволци денеска дадоа заклетва во Велес
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде уште една генерација војници за доброволно служење во АРМ. Командантот на командата за обука, полковник Љупчо Костовски потсети дека војниците на доброволно служење во АРМ се столбот на армијата и идните бранители на Македонија. - Од нивните редови се регрутираат идните професионални војници и старешини во редовите на АРМ. Војниците треба да бидат горди затоа што се генерација кога се одбележува голем јубилеј, 20 години од постоењето на АРМ – изјави Костовски. Војниците во наредните три месеци ќе ја поминат основната воена обука и ќе се стекнат со сите неопходни вештини како припадници на армијата.
СРЕЌНО! | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 19:17 | |
| Средба на министерот Бесими со делегација од Република Турција, предводена од бригадниот генерал Ишлејен„Република Македонија и Република Турција имаат одлична соработка во сите сфери на општеството, а особено во областа на одбраната“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на денешната средба со делегација од Република Турција, предводена од бригадниот генерал Али Шахин Ишлејен која ќе присуствува на утрешната свеченост по повод 113. години од дипломирањето на Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола. Министерот Бесими се заблагодари за континуираната поддршка од Република Турција и информирајќи го генералот Ишлејен за намерите на Република Македонија за реставрирање на куќата на турскиот реформатор и основоположник на модерна Турција, Кемал Ататурк, изрази задоволство што нашата држава активно може да придонесе кон унапредување на меѓусебното пријателство. Осврнувајќи се на утрешната свеченост, министерот Бесими укажа на фактот дека за Република Македонија претставува голема чест што може да даде свој придонес во прославата на значајни настани за Република Турција. Генералот Ишлејен заблагодарувајќи се за прикажаното гостопримство уште еднаш ја потврди поддршката на Република Турција за евроатлантската интеграција на Република Македонија и имајќи ја предвид пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, изрази надеж дека членството на Република Македонија во НАТО-алијансата ќе се реализира колку што е можно побргу. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-besimi-so-delegacija-od-republika-turcija-predvodena-od-brigadniot-general-islejen&lang=mk | |
| | | dejand
Број на мислења : 15
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 22:47 | |
| Здраво, како прв пост би прашал кои се критериумите кои што треба еден кандидат да ги исполнува? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|