|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/11/2012, 11:26 | |
| Само тројца гардисти биле... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/12/2012, 12:23 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/12/2012, 13:11 | |
| Во врска со написите во дневниот печат дека „војниците плаќале 2.000 евра за да бидат упатени во мисија во Авганистан“ објавени викендов, а со цел целосно расчистување на шпекулациите, Министерството за одбрана соопштува дека се превземаат конкретни мерки со кои се објавува борба на евентуално било каква корупција во редовите на одбраната. - Министерството за одбрана на Република Македонија до Јавното обвинителство ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за сомневањата искажани во јавноста за корупција во селекцијата и испраќањето на професионални војници во мировна мисија во Авганистан. Воедно Министерството за одбрана ги охрабрува сите професионални војници на АРМ доколку им било побарано или им се бара да платат мито за да бидат испратени во мисија во Авганистан да го пријават случајот со цел од надлежните органи да се соберат докази, воедно целосно им се гарантира дека јавувањето нема да влијае воопшто на нивното работно место и кариера, независно кој да бил наводно инволвиран во нелегални дејанија, се наведува во денешното соопштение од Министерството за одбрана. За навреме да бидат регистрирани евентуални криминални и корупциски случаи, како што информираат од МО, ќе биде отворен бесплатен телефон за пријавување на корупција во АРМ и Министерството за одбрана. - Независно кој каде да се наоѓа нема да биде заштитен. На отворениот телефон може секој граѓанин да пријави криминал, корупција и мито во редовите на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, се додава во соопштението. Од Министерството за одбрана бараат медиумите за сите евентуални докази и сознанија кои ги имале во однос на тоа да ги достават до надлежните органи, со цел да бидат процесуирани во рамките на кривичната пријава против непознат сторител. - На последните директни средби на министерот Фатмир Бесими со професионалните војници во Куманово, Штип, Тетово, Скопје во рамки на проектот „Стандард“ од негова страна беа охрабрени сите припадници на АРМ да пријават евентуална каква било корупција или незаконско работење во редовите на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, бидејќи министерот за одбрана Фатмир Бесими е одлучен во целост да се почитуваат законите и да се почитува војничката и старешинска професија, нивниот интегритет и угледот на АРМ, се подвлекува во соопштението од Министерството за одбрана. http://sitel.com.mk/mo-objavuva-borba-na-eventualnata-korupcija-vo-redovite-na-odbranata | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/12/2012, 00:55 | |
| Бесими да си го праша заменикот зошто од Пробиштип има најмногу војници во Авганистан?! По написот во Фокус дека 2000 евра била тарифата која ја плаќале некој од оние што биле или се војници во Авганистан испратени преку АРМ министерот Бесими најави дека ќе испита дали и кој е вмешан во овој коруптивен скандал. Во редакцијата на Либертас добивме ваква информација- Бесими да го праша заменикот Емил Димитриев зошто од Пробиштип има најмногу војници во Авганистан.Емил е од Пробиштип и ток можеби знае каде ги даваат 2 илјади евра мито младите од Пробиштип за да заминат во Авганистан.Овој извор тврди дека се работи за криминал за кој знае цело Пробиштип.Либертас оваа информација само ја пренесува без реакција од посочениот заменик и од министерот. http://www.libertas.mk/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/12/2012, 01:01 | |
| - Alvar напиша:
- Бесими да си го праша заменикот зошто од Пробиштип има најмногу војници во Авганистан?!
По написот во Фокус дека 2000 евра била тарифата која ја плаќале некој од оние што биле или се војници во Авганистан испратени преку АРМ министерот Бесими најави дека ќе испита дали и кој е вмешан во овој коруптивен скандал. Во редакцијата на Либертас добивме ваква информација- Бесими да го праша заменикот Емил Димитриев зошто од Пробиштип има најмногу војници во Авганистан.Емил е од Пробиштип и ток можеби знае каде ги даваат 2 илјади евра мито младите од Пробиштип за да заминат во Авганистан.Овој извор тврди дека се работи за криминал за кој знае цело Пробиштип.Либертас оваа информација само ја пренесува без реакција од посочениот заменик и од министерот. http://www.libertas.mk/ За Заменикот министер досега имам само пофални зборови. Тој досега навистина се грижеше за своите сограѓани. Повеќето од вас знаат каква е економската ситуација во Пробиштип и тој затоа на секој можен начин им помага на младите да влезат во армиските редови. Е сега некои ќе речат па и во други градови економската ситуација е лоша, но зарем и вие нема да им помогнете на своите сограѓани доколку имате можност. Сепак мислам дека се почнува со некоја хајка против човек кој за разлика од другите си ја врши работата одлично. Што се однесува за митото има допрено и до мене таков глас но дали е вмешан и Заменикот министер не знам. За мене тој е невин додека не се докаже спротивното. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 4/12/2012, 01:40 | |
| Домати и вино во замена за воени транспортери Велика Британија и Германија и' понудиле офсет-програма на Јужна Африка во износ од 300 проценти при тендерот за набавка на подморници Наум Котевски Може ли Македонија со „храна и вино“ да стигне до оружје? Можно ли е македонските производи пиперките, доматите, јаболката... да ја најдат својата извозна стратегија на долгорочен рок преку спроведување на офсет-програмата, која значи компензација или друга форма на плаќање, што се користи при опремување на вооружените сили. На прв поглед оваа метода, која е малку позната за домашната јавност, изгледа банално, но подобрупатените велат дека таа не е ништо ново, туку, напротив, успешно функционира во близу 80 земји. Ваквите трампи на еден вид стока за друга, кои, всушност, ги елиминираат парите како главно средство во трговијата несомнено се интензивираат во време на криза. Според м-р Марјан Ѓуровски, асистент на Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, главната цел на офсет-програмата е да се одржи технолошкиот потенцијал на националната економија, да се зачуваат поголем број работни места, како и да се врати колку што е можно поголем дел од вложените средства за набавка на странската техника. Доколку вешто се одработи проектот, вредноста на македонските производи кои би се разменувале за воена опрема може да се зголеми повеќе од двојно. „Офсет-програмата се применува, всушност, државата законски го одредува тоа за работи што ја надминуваат определената дефинирана финансиска вредност. Денес во светот, според анализата, обврската на офсет-програмата од 100 проценти од вкупната вредност на договорот станува вообичаена вредност што ја бараат државните купувачи, но постојат примери каде што офсет-обврските достигнуваат вредност 200, па дури и 300 проценти. На пример, Велика Британија и Германија и' понудиле офсет-програма на Јужна Африка во износ од 300 проценти при тендерот за набавка на подморници, додека Австрија за набавка на хеликоптери барала офсет од 200 проценти“, вели Ѓуровски. Македонската законодавна регулатива досега не предвидела ниту еден од најзначајните механизми кои би ја регулирале областа на опремување и во голема мера би и' помогнале на државата да се справи со ова прашање преку специфични модели на опремување, инаку во светот познати под името офсет-програми. Но, таа е во можност да развива и да креира своја подзаконска регулатива за премин на офсет. Ресорните министерства, како што додава Ѓуровски, може да ја искористат моменталната состојба во светот и да создадат подзаконски акти според кои македонските стопанственици може да ги развиваат своите производствени капацитети и, што е најважно, со зајакнување на одбранбената способност на Армијата ќе ги зајакнат и индустриските капацитети, што е сигурно придонес кон зајакнување на националната безбедност и стабилност на земјата. Претседателот на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски, смета дека офсет-програмата е добро како идеја, но прашање е колку е тоа изводливо, бидејќи таа, според него, е условена од многу фактори. „Треба работите да ги сведеме во границите на реалноста. Нашата желба не е спорна, но прашање е дали тоа некому ќе му одговара. Потребни се сериозни анализи околу тоа каде би можеле да ги пласираме нашите производи. Некој би се заинтересирал за нашите услуги, но неопходно е истата таа држава да ја произведува воената опрема за која сме заинтересирани. Размената е чувствителна“, посочува Марковски. Благоја Марковски Треба да купиме 80 транспортери, а немаме ниту еден Македонија до 2015 година, како дел од програмата на НАТО, треба да купи 80 транспортери, а нема ниту еден. „Нив ги произведуваат Русија, Украина, Финска, Чешка. Тоа се земјите со кои сме разговарале за транспортерите, но не и за тоа дали им се потребни нашите производи. Тешко е да се совпаднат сите нешта. Програмата е присутна во повеќе земји и, дефинитивно, е корисна за стопанството. Лично, во нашиот случај сум скептичен“, вели Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност. Сепак, тој укажува дека најдобро е кога земјата е во ситуација да купува оружје со пари, бидејќи тогаш таа може да условува. (Н.К.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=13E071893DA45E44A7B9C2B215FB97E7 ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/12/2012, 21:55 | |
| Попоски: Македонија и по 2014-та останува во Авганистан Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-учеснички во ИСАФ-мисијата на Алијансата во Авганистан. На состанокот на кој министрите разменија мислења за натамошните активности и улогата на НАТО во Авганистан по 2014 година, во контекст на трајното партнерство на Алијансата со оваа земја, одлучено е и Македонија да го продолжи учеството и по военото повлекување на трупите во 2014 година, во рамки на програмата за тренинг и обука на авганистанските безбедносни сили. - Имавме министерски состанок во ИСАФ-формат во кој учествуваа сите контрибутори во мисијата на НАТО во Авганистан. Клучните пораки кои ги испративме беа перспективите до 2014 година и потоа. Република Македонија е една од најголемите контрибутиори по глава на жител во врска со военото присуство во оваа мисија и ние ќе ја засилуваме компонентата за обука и тренинг на авганистанските безбедносни сили заедно со наашите партнери од регион во рамки на Јадранската повелба. Ние и формално остануваме посветени со присуство и поддршка на Авганистан и по 2014 година. Придонесот на Македонија е на ниво и повисоко од некои земји-членки на НАТО и со таков придонес ќе можеме и да продолжиме по добивање на формално членство во НАТО, изјави Попоски за дописникотона МИА од Брисел по завршувањето на состанокот, додавајќи дека сето ова е најсилен аргумент дека и годиниве додека Македонија учествувала во овие мисии - покажала голем капацитет. Со оглед на тоа што денешниот министерски состанок во седиштето на Алијансата во Брисел се одржува на датумот кога пред една година Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда дека Грција не смеела да го блокира македонското членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, Попоски се осврна и на оваа правна победа на Македонија. - Иако денеска проширувањето на НАТО не беше тема на дискусија на министрите, морам да потсетам дека со оваа пресуда, освен морална и реална фактичка ситуација која носи заклучок дека Република Македонија заслужува да биде членка на НАТО, тоа донесе и еден силен правен аргумент. Тоа е аргумент за сите 28 држави-членки на Алијансата да покажат посветеност кон почитувањето на меѓународното право и кон заедничките интереси и насочување кон идните предизвици што се наоѓаат пред НАТО, истакна македонскиот министер за надворешни работи. Во рамки на овој министерски состанок во НАТО, Попоски имаше и неколку билатерални средби со неговите колеги што се наоѓаат на чело на дипломатиите на соседните земји. Според министерот, фокус на овие средби бил на она што се однесува на посветеноста на Македонија во рамки на мисијата на НАТО во Авганистан. - Дискутиравме и за процесот на проширување, при што мојот заклучок е дека дискуисиите во моментов ја потврдуваат реалноста што ја имаме, а тоа е дека никој нема сомнеж оти Република Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како и да стане членка на НАТО. Останува да постигнат консензус во двете организации, а сето ова што го правиме им нуди можност на оние кои досега не дале поддршка на овој процес, да покажат посветеност. Мора да се гледа на придобивките како клучни и да се фокусираме што е во интерес на НАТО и ЕУ, а тоа е членство на Маедонаија во овие две меѓународни организации. http://kurir.mk/makedonija/vesti/94518-Poposki-Makedonija-i-po-2014-ta-ostanuva-vo-Avganistan ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/12/2012, 22:05 | |
| Интересен податок на коj наидов. Знаете ли дека за култура се одвојуваат дупло повеќе средства отколку за одбрана? 2.5%. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/12/2012, 22:43 | |
| Примена на „Офф сет“ аранжманот
За воена опрема што треба да се купи од други земји, опрема што мора да биде високософистицирана и компатибилна со НАТО-стандардите, според процените на ДПРО, неопходно е да се издвојат најмалку 400 милиони евра. „Офф сет“ програмата претставува програма со која се дефинираат обврските на странскиот доставувач на оружје и воена опрема за да се компензира договорот за набавка на оружје и на воена опрема Официјалните органи на Република Македонија, особено Министерството за одбрана, поведоа иницијатива за усвојување на регулативата на „Офф сет“ програмите. Потребно беше претходно да се проучат таквите нормативни регулативи во другите земји, особено европските регулативи што се пропишани од страна на Европската агенција за одбрана (ЕДА). Повеќе од 80 земји во светот применуваат различни форми на „Офф сет“ програми што имаат значајно влијание врз национална стратегија за опремување и за модернизација на војската и на безбедносните сили. Иницијативата за донесување ваква регулатива произлегува од документот за Долгорочен план за развој на одбраната (ДПРО) од 2011 година до 2012 година. Во услови на недоволен развој на домашната воена индустрија на безбедносните сили (особено АРМ) особено се ориентирани на купување воена опрема од странски извори. За воена опрема што треба да се купи од други земји, опрема што мора да биде високософистицирана и компатибилна со НАТО-стандардите, според процените на ДПРО, неопходно е да се издвојат најмалку 400 милиони евра. „Офф сет“ програмата претставува програма со која се дефинираат обврските на странскиот доставувач на оружје и на воена опрема за да се компензира договорот за набавка на оружје и воена опрема. „Офф сет“ програмата се спроведува преку „Офф сет“ договор. Носител на договорот е Министерството за економија, по барање на потребите на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи. Регулирањето на „Офф сет“ програмата треба да произлезе од Законот за производство и трговија на оружје и на воена опрема. Наведените нормативни одредби во моментов ги нема, па е неопходно регулативата да биде донесена во најкраток рок. Важен елемент во донесувањето на регулативите е одредување регулаторно тело за спроведување на „Офф сет“ програмата. Зошто е важна регулацијата на „Офф сет“ програмата, кои се целите што треба да се постигнат и каква корист ќе постигне Република Македонија со употреба на „Офф сет“ програма? Како предмет на „Офф сет“, односно содржина на обврските на „Офф сет“, се подразбираат вложувања во доменот на домашната индустрија. Најважни инвестиции на странските доставувачи треба да бидат: - развој на потенцијалите на домашната индустрија со примена на најнова технологија - трансфер на нови технологии и организација на работата - соработка на подрачјето за развој и за истражување - отворање нови пазари за извоз на стоки и услуги од домашната индустрија, обука и образование на стручниот кадар и отворање нови работни места преку отворање заеднички компании Во одредбата за „Офф сет“ програмата, државата одредува кога и под кои услови ќе се примени „Офф сет“ договорот и колкава ќе биде вредноста на набавката на воена опрема и оружје. Еве неколку примери во однос на висината на вредноста кога била применета „Офф сет“ програмата за набавка на воена опрема и на оружје: во Словенија изнесува 500.000 долари, во Грција 800.000 евра, во Хрватска два милиони евра, во Турција пет милиони долари, во Финска 10 милиони евра. Покрај одредените вредности кога мора да се примени „Офф сет“ програмата, постојат коефициенти што се движат од еден до седум, во зависност од барањата што ги поставува земјата-купувач и во зависност од количеството и од приоритетите на одредени набавки. Постојат три типа „Офф сет“ програма: пред „Офф сет“, директна и индиректна „Офф сет“ програма. - пред „Офф сет“ или условен „Офф сет“ го обврзува потенцијалниот странски доставувач на воена опрема и на оружје однапред на вложи 10 отсто од вредноста на условно потпишаниот договор пред завршување на тендерот за набавка - директниот „Офф сет“ ги опфаќа обврските директно преземени од страна на странскиот доставувач поврзани со предметот на договорот и се однесуваат на развојот, производството, обуката и одржувањето на набавеното оружје и воена опрема - индиректниот „Офф сет“ ги опфаќа обврските преземени од страна на странскиот доставувач што не се директно поврзани со предметот за набавка на оружје и на воена опрема. Тоа подразбира обврска на странскиот доставувач да купи и да пласира производи од Република Македонија што од него ги бара државата. Во размената може да има производи за широка потрошувачка или земјоделски производи. Вредноста на „Офф сет“ договорот може да изнесува и 100 отсто од вредноста на набавената воена опрема и оружје. Една од најважните вести моментално е веста за вредноста на странските вложувања во Република Македонија. Според процената, од датумот на осамостојувањето до денес за купување оружје и воена опрема Република Македонија издвоила околу 600 милиони евра. Во ниту еден од реализираните договори за набавка на оружје и воена опрема до денес не е применет „Офф сет“ аранжман. Од оваа констатација следува заклучокот дека сме пропуштиле во Република Македонија да се слеат инвестиции од разни проекти во висина од 600 милиони евра. Оваа шанса не би требало да се пропушти во наредниот период за набавка на воена опрема и оружје кога според процените би требало да реализираме набавки во вредност од 400 милиони евра. Високоразвиените земји од Западот не случајно и сигурно не без корист за својата држава веќе со децении ја применуваат „Офф сет“ програмата. Крајно време е итно да ја донесеме потребната регулатива и да ја искористиме шансата за странски вложувања во Република Македонија за кои толку многу се зборува. Таквите вложувања се неопходни за понатамошен напредок на Република Македонија. Авторот е воено-политички аналитичар Автор: Петар Шкрбин http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12512928158&id=13&prilog=0&setIzdanie=22747 |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/12/2012, 23:07 | |
| Пожар во Генералштабот, горела собата со строго доверливи документи и државни тајни, МО и МВР го кријат случајот Пожар, кој министерствата за одбрана и за внатрешни работи сè уште го кријат од јавноста, избил утрово во главната зграда на Главниот штаб на АРМ, во секторот за финансии, дознаваме од извори во Министерството за одбрана. Пожарот избил на шестиот кат од зградата на Генералштабот, и тоа во собата на главната благајна, каде што се чуваат сите документи за исплати и уплати врз основа на аванси, дневници за учество во странски мисии, каде што се сите податоци за планираниот и потрошен буџет на МО, каде што ги има сите каса–прими и други трансакциски финансии на МО, сите потврди на вработените во Министерството за нивните барања за кредити по банките и потврди за напишаните висини за нивните плати при аплицирањето. Некои од нив се означени како „строго доверливи“, а некои од нив како „државна тајна“. МКД.МК засега нема информации за обемот на уништувањето на ваквите документи, но најверојатно надлежните министерства уште утре ќе дадат официјална информација. Според изворите, пожарот настанал со пламнување на паркетот во собата во која се наоѓа главниот сеф. Засега нема проверени информации како дошло до пожар во собата, особено што ниту МВР ни МО денеска не се огласија со официјална информација за случајот. Во вакви случаи, надлежни за утврдување на причините за пожарот се истражните органи на МВР. МО исто така има свои обучени служби (истрагата ја врши воена полиција), кои можат да ги утврдат причините, но МО по закон е должно веднаш да го информира МВР, како и за секој друг пожар што се случува во државата, макар тој бил и во контејнер. Пожарот, инаку, пламнал во шест часот утрово, а според нашите извори веќе во десет часот на шестиот кат од ГШ на АРМ работеле екипи, кои поставувале нова електрична инсталација, но интервенирале и на менување на звучниот аларм во случаи на пожар. Изворите тврдат дека додека интервенирале екипите што се појавиле во зградата на ГШ на АРМ по пожарот, целосно бил исклучен видеонадзорот, кој инаку е 24 часа активен во сите простории во зградата http://www.mkd.mk/80999/crna-hronika/pozar-na-generalstab-gorela-sobata-so-strogo-doverlivi-dokumenti-mo/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|