|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 22/5/2013, 15:32 | |
| Учество на Началникот на ГШ на АРМ на седмата конференција на началници на генералштабови на армиите од балканските земјиНачалникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, денес и утре учествува на седмата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која се одржува во Тирана, Република Албанија. На конференцијата во Тирана, покрај НГШ на вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Џемал Ѓункши како домаќин, ќе учествуваат и началниците на генералштабови од осум земји од Балканот и тоа: Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. На Конференцијата на началниците на генералштабови како гости присуствуваат и високи претставници на генералштабовите од армиите на Словенија и Хрватска, како и Воениот комитет на НАТО, Здружената команда на НАТО во Неапол и Команда на силите на САД во Европа (US EUCOM). Одржувањето на балканската конференција на началниците на генералштабови, претставува резултат на иницијативите и заложбите за зајакнување на соработката помеѓу државите во регионот, кои имаат за цел промовирање на мирот и стабилноста на Балканот и пошироко. На седмата конференција на НГШ на балканските земји се очекува да биде посебно ставен акцент на јакнењето на добрите меѓусоседски односи и соработката на полето на одбраната во насока на зацврстување на безбедноста на Балканот и пошироко, како и продолжување на започнатите процеси за взаемно справување со современите безбедносни предизвици, иницирани на претходните конференции. Генералот Котески во своето излагање порача вооружените сили на балканските земји да бидат главните субјекти кои допринесуваат за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот. Воедно во своето обраќање НГШ на АРМ изнесе проекти кои се од заеднички интерес за балканските армии. Како резултат на напорите за подобрување на заедничката комунакација и соработката на полето на одбраната, особено на полето на обуката и вежбите, минатата година на Армискиот полигон ,,Криволак“ се одржа заедничката вежба на специјалните единици на армиите од балканските земји, по името ,,Мудар Волк“, а во Софија компјутерска вежба “ENERGY FLAME 2011” со сценарио за реакции во кризни состојби. На маргините од конференцијата, се очекува генералот Котески да оствари повеќе билатерални средби со своите колеги, началници на генералштабови кои учествуваат на конференцијата. http://www.morm.gov.mk/content/?ID=5D1E5CC2A8104D406C9DF99C12FB8371C3C9C94F&lang=mk#.UZzISthmPRs | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/5/2013, 01:38 | |
| Добро бе само нашите генерали во цел свет носат жолти кошули? | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/5/2013, 12:55 | |
| Сваки муто, носи жуто.. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/5/2013, 02:09 | |
| ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/5/2013, 10:36 | |
| Рибата од главата смрди. Кому овде (не) му одговара средена и опремена армија? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/5/2013, 11:12 | |
| МИНИСTЕРОТ ЏАФЕРИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА СТАНДАРДОТ НА ВОЈНИЦИТЕ? Синдикатот на професионалните војници денеска повторно ја алармираше јавноста дека војската едвај има основни услови за функционирање и посочи дека министерот за одбрана Талат Џафери и натаму одбива да разговара со нивни претставници. Овој синдикат пред еден месец побара средба со министерот посочувајќи дека тој се уште не одговорил на нивниот повик за разговор иако е најодговорен функционер за позицијата на војниците кога тие немаат ниту соодветен оброк, ниту пак униформи. http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=27337 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/5/2013, 13:38 | |
| На (не)пријателот, т.е. самиот ‘‘министер‘‘ за одбрана Џафкос ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/5/2013, 12:33 | |
| Се зацврстува соработката со турската армијаВо ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан Началникот на ГШ на војската на Република Турција, генерал Неџет Озел на кого домаќин му е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Озел се сретна и со Министерот за одбрана Талат Џафери. Главни теми за кои се разговараше во ГШ на АРМ беа: унапредување на билатералната воена соработка и можностите за соработка на полето на наменската индустрија. На средбата генералот Котески упати благодарност до својот турски колега за несебичната и искрена поддршка и помош која АРМ и Република Македонија ги добиваат од страна на Република Турција, во напорите за целосна евроатланска интеграција на нашава земја, при особено беше потенцирана помошта од воените сили на Република Турција во опремувањето на АРМ. Двајцата генерали се согласија дека соработката помеѓу двете армии ќе продолжи да се развива во нагорна линија, во чии рамки во наредниот период се очекува да биде продлабочена во делот на обуката на единиците за специјални операции со фокус на обуката за нуркачи. Генералот Озел го изрази задоволството од соработката помеѓу двете армии, при што искажа подготвеност за продолжување и проширување на заедничките проекти за соработка помеѓу двете армии, особено на полето на военото образование и обуката. Тој нагласи дека Република Турција ќе продолжи несебично и безрезервно да ја поддржува Република Македонија на патот кон нејзиното полноправно членство во НАТО, како и давањето на конкретниот придонес во опремувањето на АРМ. Во високите воени школи на Република Турција од 1994 година до денес се школувале околу 640 високи воени старешини на АРМ, а Република Турција на АРМ & има донирано разни борбени возила и воена опрема во вкупна вредност од околу 16 милиони американски долари. Република Турција континуирано ја поддржува и помага Република Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО, заради што важи за стратешки партнер. http://makfax.com.mk/310681/se_zacvrstuva_sorabotkata_so_turskata_armija | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 28/5/2013, 11:22 | |
| Официјална посета на Началникот на Вооружените сили на Република Турција на Република Македонија и АРМДенес, 27 мај 2013 година, во ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан Началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Неџет Озел на кого домаќин му е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. Претходно генералот Озел беше примен од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а за време на престојот во ГШ на АРМ се сретна и со Министерот за одбрана Талат Џафери. Главни теми за кои се разговараше во ГШ на АРМ беа: унапредување на билатералната воена соработка и можностите за соработка на полето на наменската индустрија. На средбата генералот Котески упати благодарност до својот турски колега за несебичната и искрена поддршка и помош која АРМ и Република Македонија ги добиваат од страна на Република Турција во напорите за целосна евроатланска интеграција на нашава земја, при што посебно беше потенцирана помошта од ВС на Република Турција во опремувањето на АРМ. Генералот Котески на средбата ја иницираше можноста за посета на експертски тимови од наменската индустрија на ВС на Република Турција, на фабриката ,,Еурокомпозит“ од Прилеп, со што ќе се воспостави соработката и во оваа исклучително важна област. Двајцата генерали се согласија дека соработката помеѓу двете армии ќе продолжи да се развива во нагорна линија, во чии рамки во наредниот период се очекува да биде проширена во делот на обуката на единиците за специјални операции со фокус на обуката за нуркачи. Генералот Озел го изрази задоволството од соработката помеѓу двете армии, при што искажа подготвеност за понатамошно проширување на заедничките проекти за соработка помеѓу двете армии, особено на полето на военото образование и обуката. Тој нагласи дека Република Турција ќе продолжи несебично и безрезервно да ја поддржува Република Македонија на патот кон нејзиното полноправно членство во НАТО, како и давањето на конкретниот придонес во опремувањето на АРМ. На средбата е заклучено соработката со ВС на Република Турција да се прошири и во делот на логистиката од кои се издвојува можноста за школување и специјализација на лекари од Воено-медицинскиот Центар на АРМ во високите воено-медицински образовни установи на турските ВС во делот за воздухопловна медицина, како клучна специјалност поврзана со военото воздухопловство. Во високите воени школи на Република Турција од 1994 година до денес се школувале околу 640 високи воени старешини на АРМ, а Република Турција на АРМ & има донирано разни борбени возила и воена опрема во вкупна вредност од околу 16 милиони американски долари. Во наредниот период планирано е реализацијата на оваа програма од страна на Република Турција да достигне вредност од 20 милиони американски долари. http://www.morm.gov.mk/content/?ID=9C47B991DAE9BA0D9A09EB5B3231775801C16F26&lang=mk#.UaRMnNjlm8g | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 28/5/2013, 18:01 | |
| Почна меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13” на „Криволак“ и ЦО „Пепелиште“Во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ денеска се одржа церемонија по повод свеченото отворање на меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13”, која ќе се реализира на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и „Пепелиште“ од 28-ми мај до 7-ми јуни. Вежбата ја отвори бригадниот генерал Мухамед Рацај, началник на штабот на Здружената оперативна команда кој во своето обраќање потенцира дека вежбата е резултат на исклучително плодната сотработка помеѓу АРМ и армиите на земјите учеснички на вежбата, но пред се на соработката со Командата на силите на САД во Европа. Со вежбата ќе раководат двајца кодиректори и тоа полковник Душан Стојановиќ од АРМ и потполковник Џефри А.Цантор од Командата на силите на САД во Европа. Потполковникот Џефри А.Цантор нагласи дека сите професионалци од различни земји и различни култури се сплотуваат во една заедничка акција, што е осмислена да даде одговор на големите катастрофи и да стави крај на човековите страдања кои би произлегле од истите. Во обраќањето, тој и се заблагодари на Владата на Република Македонија за поканата за реализација на вежбата во нашата земја. Максимална посветеност од учесниците на вежбата, побара и кодиректорот полковник Стојановиќ што е, според него, значаен предуслов за достигнување на поставените цели на вежбата. Тој нагласи дека вежбата ќе биде прилика Република Македонија да демонстрира подготвеност за решавање предизвици предизвикани од природни катастрофи заедно си земјите од регионот. Вежбата „Здружен отпор 13“ е теренска вежба со единици на терен, базирана на сценарио за операции за справување со природни катастрофи и пружање хуманитарна помош предводени од НАТО/ЕУ или ОН со која треба да се демонстрира интероперабилност помеѓу армијата, цивилните агенции и земјите од регионот. За време на вежбта ќе се одвива Самооценување ниво 1 на Лесната маневарска болница од ниво 2, која е во состав на Воено-медицинскиот центар на АРМ. Покрај АРМ како домаќин, учество на вежбата ќе земат и армиите на:САД,Република Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и безбедносните сили на Косово. Учествуваат и Центарот за управување со кризи, министерствата за здравство и за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. http://sitel.com.mk/pochna-megjunarodnata-terenska-vezhba-zdruzhen-otpor-13-na-krivolak-i-co-pepelishte | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|