ЈАВЕН ОГЛАС за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: АРМ - новости 29/5/2012, 01:02
Subzero напиша:
ЈАВЕН ОГЛАС за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Ова е старо. Од последниот конкурс
______________________ Потта штеди крв!
Goust
Број на мислења : 137
Предмет: Re: АРМ - новости 29/5/2012, 01:28
Еве уште едно промотивно видео
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2012, 00:20
Македонија подготви 1.200 војници за операции со НАТО
Досега најголемата единица на АРМ за операции надвор од земјава е подготвена да биде распоредена во мисија со НАТО. Баталјонската борбена група од околу 1.200 војници на меѓународната вежба „Kооперативна долга стрела/Лансер 2012“ на Kриволак го мина првото ниво на оценување според концептот на НАТО.
Оценка доби и пешадиската чета од околу 150 војници, која во втората половина на годинава ќе биде дел од Борбената група на Европската унија.
- Можеме да се гордееме од тоа што го покажуваат нашите војници, од нивната подготвеност заедно со другите армии да настапуваат во вакви мисии. Може да се заклучи дека тоа е и нашата определба постојано да ги негуваме и да истрајуваме на нашите стратешки определби АРМ да е подготвена за сите операции каде што ќе биде поканета – изјави врховниот командант, претседателот Ѓорѓе Иванов, кој вчера присуствуваше на вежбата.
И министерот за одбрана, Фатмир Бесими, потврди дека и баталјонската група, но и четата наменета за учество во Борбената група на Европската унија се оценети како подготвени.
- Со овие оценувања таа веќе влегува како успешна во оваа фаза, односно не само во декларацијата и во подготовките, туку и на терен се покажа дека нашата армија е подготвена за вакви мисии - истакна Бесими.
Официјалната оценка се добива по неколку месеци, но извесно е дека единицата ќе ја добие оценката „подготвена за распоредување“, која важи две години и значи дека единицата е способна да се упати во операција на НАТО и да ги извршува сите борбени дејства за кои е наменета, потврдуваат извори во АРМ.
- Единицата има обврска во тој период да одржува одреден процент на пополнетост со персонал и со опрема. Оценката се однесува на целиот спектар на операции, кои единицата може да ги извршува - изјави висок извор од АРМ.
Средната пешадиска баталјонска борбена група се оценуваше со опремата и со оружјето кои сега ги поседува, иако ~ претстои модернизација. Министерството за одбрана најави дека единицата ќе добие нови оклопни борбени возила, со подобри перформанси и заштита од сегашните нови орудија за поддршка и друго оружје и опрема.
- Генерално, најважна е интероперабилноста и компатибилноста со НАТО-армиите. Оружјето може да биде и различно, но најважни се стандардните оперативни процедури, комуникациите и јазикот на кој се комуницира, но и средствата и уредите со кои се комуницира. Единицата мора да има и сопствена логистичка поддршка, што ќе ~ овозможи независно да функционира во одреден временски период - вели изворот.
Со кој ли пари само ќе набават нова опрема и оружје..
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2012, 01:25
Со тие 10 000 000 што ги позајмија со ребалансот...
______________________ Потта штеди крв!
Subzero
Број на мислења : 213
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2012, 11:35
Луѓе ја мислам дека треба како што плаќаме за Телевизор по 150-200, така треба и да одвојуваме од нашиот прива- тен буџет и за Армијата-Полицијата(целокупниот систем за пезбедност) -Или има и друга варијанта на сите вработени од платата да му минусираат по 200 ден. Ја мислам дека би било прифатливо и дека никој нема да се противи на тоа. Освен овие од опозицијата кој ќе речат. Ги цитирам :
"Луѓето немаат леб да јадат а вие ги толчите и ги толчите, па до кога вака со оваа тиранија!-Само даноци и даноци!"
Хахаха шала на страна. Што мислите за ова?
Wolf
Број на мислења : 115
Предмет: Re: АРМ - новости 30/5/2012, 12:11
[quote="Subzero"]Луѓе ја мислам дека треба како што плаќаме за Телевизор по 150-200, така треба и да одвојуваме од нашиот прива- тен буџет и за Армијата-Полицијата(целокупниот систем за пезбедност) -Или има и друга варијанта на сите вработени од платата да му минусираат по 200 ден. Ја мислам дека би било прифатливо и дека никој нема да се противи на тоа. Освен овие од опозицијата кој ќе речат. Ги цитирам :
"Луѓето немаат леб да јадат а вие ги толчите и ги толчите, па до кога вака со оваа тиранија!-Само даноци и даноци!"
Хахаха шала на страна. Што мислите за ова?
toa se vika voen danok i nema potreba od toa.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 31/5/2012, 13:58
Посета на НГШ на АРМ на ВС на Словенија
Од денес, во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Словенија ќе престојува делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. Делегацијата на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на ВС на Република Словенија, каде домаќин ќе биде Началникот на ГШ на ВС на Република Словенија, бригадниот генерал Добран Божиќ.
Главни теми за кои ќе се разговара се искуствата на ВС на Република Словенија во развојот на оперативната способност и капацитетите во новонастанатите економски услови, активностите на словенечките ВС во рамките на Концептот на НАТО за паметна одбрана и Централната европска иницијатива, како и презентација на искуствата од трансформацијата и НАТО интеграциите. На средбата, ќе биде разгледана и билатералната воена соработка, која во последните години е исклучително богата и содржајна, при што искуствата од трансформацијата на словенечките ВС, на АРМ и помогнаа во достигнувањето на стандардите на НАТО и спроведувањето на реформите.
За време на престојот во Република Словенија, генералот Котески ќе се сретне со претставници од комисијата за одбрана во словенечкиот парламент, а во останатиот дел од посетата, делегацијата на АРМ ќе го посети деветтиот баталјон за противвоздушна одбрана (9.бПВО) и единицата за воздушно набљудување и јавување (АСОК) на ВС на Република Словенија.
АРМ со ВС на Република Словенија има развиено одлична билатерална соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се: образованието, обуката, вежбите, воената логистика и друго. Во прилог на ова говори и последната билатерална воена вежба ,,Предизвик 2011“ која на Армискиот полигон ,,Криволак“ се одржа во септември минатата година, кога припадниците на двете армии демонстрираа висок степен на обученост и извежбаност во гаѓање на цели во воздушен простор со ракетниот систем ,,ИГЛА“. Во текот на оваа година, неколку офицери на АРМ се наоѓаат на школување во високите воено-образовни институции на Република Словенија.
Доделување на одликување и плакети на учесниците во 3-та ротација на хируршкиот тим во мисијата ИСАФ
Денес, во Министерството за одбрана на Република Македонија, се одржа свечено доделување на Норвешки одбранбен медал за учество во мисија на припадник на Медицинскиот хируршки тим од Република Македонија, во составот на норвешкиот Контингент во силите ИСАФ во Авганистан.
Орденот на лидерот на тимот, пензионираниот полковник др. Златко Пендовски му беше врачен од страна на акредитираното воено аташе на Кралството Норвешка во Република Македонија, полковникот Есбен Ас. На останатите припадници на медицинскиот тим, составен од шест лица, им беа врачени плакети за учество во мисијата.
Македонскиот хируршки тим, составен од шест лица, беше дел од силите ИСАФ во првата половина од 2010 година. Имено, припадниците на тимот, заедно со тимовите од Норвешка, од САД и од Латвија беа сместени во кампот Мејманах, во состав на Норвешкиот тим за реконструкција на провинцијата Фаријаб.
За време на мисијата македонскиот хируршки тим реализираше повеќе активности: прием на повредени и извршување на итни хируршки интервенции, операции во операциона сала, помали хируршки интервенции, прегледи, ренгенски снимања, лабораториско-биохемиски анализи.
Одбранбеното аташе на Кралството Норвешка, полковникот Есбен Ас е задоволен од соработката што ја имал со целокупниот македонски тим, кои извршувале извонредна работа и извонредни хируршки постапки.
„Може со гордост да констатираме дека успеавме како Армија низ досегашните ротации да ставиме до знаење на сите дека располагаме со стручни експерти не само од одбраната туку и од областа на медицината кои и во супстандардни услови од сите аспекти каква што е по карактер и самата мисија во Авганистан, може да се носат со задачите и да бидат најдобри во нивното извршување“ – истакна Министерот за одбрана на Република Македонија, господин Фатмир Бесими во своето обраќање пред присутните.
„Нашите мировници имаат висок степен на професионализам и интегритет, а тие се нашиот најголем аргумент за прием во НАТО и за промовирање на Македонија како држава која инвестира во глобалниот мир“ – рече Бесими изразувајќи благоданост до Норвешка за укажаната доверба и соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Министерот за одбрана изрази благодарност и до членовите на Медицинскиот тим кои го добија медалот за нивните дејствија од најхуман аспект – да се спасуваат човечки животи.
„Најголем мотив за нас беше да ја претставуваме македонската нација и народ достоинствено со работа и со труд, а сите задачи кои ни беа поставени ги извршувавме најдобро што можевме. Се истакнувавме и со нашата дружељубивост, но бевме опкружени со Норвежани – професионалци кои ни станаа многу добри приајтели“ – изјави полковникот др. Златко Пендовски.