|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 21:37 | |
| Sega e edna brigada samo ke bide so pogolem broj 3-4000. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 21:45 | |
| - Wolf напиша:
- Sega e edna brigada samo ke bide so pogolem broj 3-4000.
Ке се зголеми бројот на војници,или ке си остане ист,само ке се спојат... ??? | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 21:51 | |
| ке се намали бројот на команди оперативни единици исто како до сега . | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/3/2012, 16:53 | |
| Посета на министерот Бесими на Република ИталијаДенеска министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, оствари работната посета на Република Италија при што реализираше средба со министерот за одбрана на Република Италија, Џанпаоло Ди Паола и со началникот на Генералштабот на армијата на Италија, Биаџо Абрате. Имено, на средбата на министерот Бесими со министерот Ди Паола, беше потврдена отворената поддршка на Република Италија за членство на Република Македонија во НАТО, додека истовремено стана збор и за реформскиот процес кој се одвива согласно стандардите на Алијансата и за искуствата на двете земји стекнати преку учеството во мировните мисии на НАТО. „Членството на земјата во евроатлантските структури значи многу не само за стабилноста на Република Македонија, туку и за регионот во целина“, додаде министерот Бесими и истакнувајќи ја поддршката на италијанскиот министер за процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија потврди дека земјата продолжува со реформскиот процес и со посветеноста кон евроатлантските интеграции. Во фокусот на средбата на министерот Бесими со началникот на Генералштабот на Армијата на Италија, генералот Абрате, покрај реформскиот процес и важноста на евроатлантските интеграции беше и новата структура на Армијата на Република Македонија. Штотуку завршената посетата на министерот Бесими во Рим и онаа од пред некој ден во Копенхаген укажува на одлична соработка во областа на одбраната меѓу Република Македонија и Република Италија и Кралството Данска, две влијателни земји во северноатлантската алијанса. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-ministerot-besimi-na-republika-italija&lang=mk | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/3/2012, 16:58 | |
| да го замолоиме да ни ги ремонтираат Камилината ( М-113)! | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/3/2012, 14:43 | |
| Заедничка изјава од конференцијата на МО на САД-Јадранската повелба Скопје, 29 март 2012 г.1. Ние Министрите за одбрана на земјите членки на Јадранската повелба: - Неговата екселенција Арбен ИМАМИ, Министер за одбрана на Република Албанија, - Неговата екселенција Мухамед ИБРАХИМОВИЌ, Министер за одбрана на Република Босна и Херцеговина, застапуван од Заменикот министер Мирко Околиќ,, - Неговата екселенција Анте КОНТРОМАНОВИЌ, Министер за одбрана на Република Хрватска, - Неговата екселенција Фатмир БЕСИМИ, Министер за одбрана на Република Македонија, - Неговата екселенција др. Милица ПЕЈАНОВИЌ – ЃУРИШИЌ, Министер за одбрана на Република Црна Гора, - Неговата екселенција Леон Панета, Секретар за одбрана на САД, претставуван од Заменик помошникот секретар за одбрана, Селест Волендер, се сретнавме во Скопје на 29 март 2012 година со цел да ја зајакнеме и прошириме нашата регионална соработка. Оваа средба е продолжение на нашиот дијалог од последната средба на Министрите за одбрана на земјите членки на САД – Јадранската повелба одржана во Драч на 9-ти декември 2011 година. Ние уште еднаш ги потврдивме достигнувањата на полето на одбранбените реформи на А5 земјите, и ги охрабруваме сите земји од Регионот да продолжат со спроведувањето на реформите во одбраната. 2. Ние сме почестени со присуството на Н.Е. Амбасадорот Хусеин Дириоз, претставник на НАТО, им посакуваме добредојде на министрите, високите претставници од регионот, националните институции, амбасадорите и одбранбените аташеа акредитирани во Република Македонија, дипломати, универзитетски професори, експерти и други истакната гости. 3. Во текот на нашите дискусии се фокусиравме на: Предизвиците и перспективите на евро-атлантската интеграција во обезбедување на одржлив мир и развој на регионот; Глобалната економска криза и нејзините импликации на регионалната безбедност и развој; Прашањата од енергетската безбедност: Глобални предизвици – регионални решенија; Можностите за имплементацијата на Концептот за паметна одбрана на НАТО во рамките на регионалната безбедносна соработка во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго. 4. Преку препознавање на напредокот на земјите од регионот во унапредување на демократијата, зајакнување на демократските институции, промовирање на одржливиот развој и почитување на човковите права, очекуваме силна порака, на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, до земјите аспиранти во која ќе се истакне дека Алијансата останува посветена на нејзината политика на отворени врати и евро-атлантската интеграција на Југоисточна Европа. 5. Ја истакнуваме важноста на улогата на Албанија, Хрватска и Соединетите Американски Држави во обезбедувањето на континуирана поддршка во аспирациите на преостанатите земји од Јадранската повелба во нивните аспирации за станување полноправни членки на НАТО. Во овој контекст, и согласно политиката на отворени врати на НАТО, уште еднаш ја истакнуваме нашата посветеност на полноправното членство на Република Македонија во НАТО во најкус можен рок. Го поздравуваме постигнатиот значителен напредок постигнат од страна на Црна Гора и Босна и Херцеговина во правец на евро-атлантските интеграции. Исто така го поздравуваме и напредокот и ја изразуваме нашата верба дека Босна и Херцеговина набрзо ќе биде во можност целосно да учествува во Акциониот план за членство. 6. Потврдувајќи го ставот дека регионалната соработка во рамките на А5 претставува ефективен механизам за промовирање на регионалното водство, соработка, менторирање, градење на доверба и помош за членство во НАТО, како и одлична можност за идентификување на креативни пристапи кон новите предизвици и достигнување на практични одбранбени резултати, ќе продолжиме да ја негуваме соработката, добрососедските односи и ќе ја дадеме нашата поддршка на поширокото регионално учество во овој форум. Со таа цел, поканивме и други земји од Регионот да учествуваат на овој состанок. Цврсто сме убедени дека идното ангажирање на земјите од А5 ќе се заснова на принципите на пристапот на инклузивност и соучество на поголемите со помалите Сојузници, а тоа го промовира јакнењето на врските помеѓу НАТО и земјите партнери. 7. Уште еднаш ја потврдуваме нашата поддршка и придаваме големо значење на процесот на транзиција во Авганистан. Директниот придонес на членовите на САД-Јадранската Повелба во ИСАФ и глобалната безбедност покажува дека нашите земји се сигурни извозници, а не увозници на мир. Се обврзуваме дека ќе продолжиме со поддршката и учеството во ИСАФ согласно целите и приоритетите на НАТО во врска со транзицијата во Авганистан. Исто така, се обврзуваме дека ќе продолжиме со нашиот придонес кон рамката на регионални иницијативи и дека ќе останеме силно посветени на извршување на заедничките обврски. 8. Го поздравуваме заедничкото распоредување на ментори во Школата за воена полиција на Авганистанската национална армија предводена од страна на Република Хрватска како најдобар пример на непоколебливата колективна регионална посветеност на напорите на Алијансата во Авганистан и како поддршка на авганистанската влада во преземањето на целосната одговорност за безбедноста на Авганистан. Ние уште еднаш ја потврдивме нашата обврзаност за заеднички придонес во Школото за обука на воената полиција на Авганистанската национална армија. 9. Ги разгледавме новите проекти во духот на иницијативите на паметната одбрана. Се согласивме да преземеме следни чекори во правец на реализација на Мултинационалната иницијатива на НАТО за Балкански регионален пристап кон против-воздушна одбрана (BRAAD – Balkan Regional Approach to Air Defence). 10. Се договоривме заеднички да работиме и на другите регионални заеднички проекти како формирањето на Регионални медицински наменски сили, Задничка обука за истурените контролори на летање, како и на предаквизициските активности поврзани со модернизацијата на националните вооружени сили. 11. Исто така, уште еднаш го реафирмиравме ставот за мрсежно поврзување на Регионалните центри за обука, со што ќе се зголеми можноста за користење на системи за учење од далечина. Се договоривме да формираме базен на експерти од поедини области со што секоја земја ќе може да ги координира и побарува експертиза на регионален принцип 12. Денес, дискутиравме и околу идејата за проширување на нашата соработка во полето на вонредните состојби. Сите членки ја поздравија оваа иницијатива и се договорија да ги разгледаат конкретните можности за продлабочување на соработката во иднина. 13. Уште еднаш, ја изразуваме нашата благодарност до Соединетите Американски Држави за нивната великодушна поддршка и помош на активностите во рамките на САД-Јадранската повелба и Република Македонија како организатор на овој настан за љубезноста и извонредното спроведување на овој состанок. 14. Го поздравуваме учеството и континуираната поддршка на другите земји во регионот и меѓународните придонесувачи кон иницијативите и проектите на САД-Јадранската повелба. H.E Арбен ИМАМИ Министер за одбрана Република Албанија H.E Мухамед ИБРАХИМОВИЌ, Министер за одбрана на Републиката, претставувам од Заменикот министер, г. Мирко ОКОЛИЌ H.E Анте КОНТРОМАНАНОВИЌ Министер за одбрана Република Хрватска H.E Фатмир БЕСИМИ Министер за одбрана Република Македонија H.E Милица ПЕЈАНОВИЌ-ЏУРИСИЌ Министер за одбрана на Црна Гора H.E Леон Панета Секретар за одбрана на САД, претставуван од страна на Д-р Селест Волендер, Заменик асистен на Секретарот за одбрана http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=zaednicka-izjava-od-konferencijata-na-mo-na-sad-jadranskata-povelba-skopje&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/3/2012, 14:44 | |
| „Заеднички предизвици и здружени решенија“ – отворена Конференцијата на министрите за одбрана на САД-Јадранската групаДенеска, како продолжение на процесот помеѓу земјите од Јадранската група, во насока на промоција на регионалниот дијалог, унапредувањето на одбранбената соработка и зајакнувањето на националните капацитети, Министерството за одбрана на Република Македонија ја организираше Конференцијата на САД-Јадранската група под тема „Заеднички предизвици и здружени решенија“. На конференцијата, покрај домаќинот, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, присутни се претставници на А5 земјите и на САД, и тоа: Селесте Валандер, заменик-помошник на секретарот за одбрана за Европа и Евроазија, Арбен Имами, министер за одбрана на Албанија, Мирко Околиќ, заменик-министер на БиХ, Анте Котромановиќ, министер за одбрана на Хрватска, Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, министер за одбрана на Црна Гора, како и Арбен Чеку, министер за косовските безбедносни сили, Александра Пападополу, амбасадор на Република Грција и останати претставници на НАТО, на Словенија и други високи гости. „Оваа конференција има за цел да ни овозможи размена на погледи и увид во идните предзивици, како и консеквентно на тоа, да понуди заеднички решенија“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на отварањето на Конференцијата. Во своето поздравно обраќање, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се осврна на значењето на регионалната соработка, како начин за надминување на сите препреки и предизвици на патот на евроатлантското интегрирање на регионот. „Партнерството со САД не поттикна да ги забрзаме и да ги зајакнеме демократските и пазарните реформи во нашите земји, а со тоа и безбедноста, напредокоти стабилноста на регионот, и сето тоа со една цел – целосна интеграција на нашите земји во европските и евроатлантските политички, економски, безбедносни и одбранбени институции“, додаде претстедателот Иванов и воедно истакна дека Република Македонија сака да биде дел од оние кои ја градат новата Европа. Во контекст на членството во НАТО, претседателот Иванов истакна дека „здружените решенија не вклучуваат само споделени вредности, задачи и одговорности, туку и споделени права и привилегии, кои произлегуваат од посакуваното и заслужено членството во НАТО“. „За жал формално, иако не суштински нашата желба за членство е попречена од еден апсурден и наметнат спор, спор во кој се соочуваме со соодветна уцена и ултиматум“, рече претседателот Иванов. По првичното отворање на конференцијата, учесниците на Конференцијата дадоа придонес и разменија мислења на темата „Предизвиците и перспективите на евроатлантската интеграција во промовирање на одржлив мир и развој на регионот“. Денеска, регионот во услови на мир се движи во насока на одржлива безбедност и стабилност, но и евроатлантско интегрирање. На тој пат беше постигнат голем напредок, иако останува уште многу да се направи“, посочи министерот Бесими на првиот панел. Тој, во својот говор подвлече неколку основни елементи како фактот дека Европската Унија и НАТО се присутни во регионот две декади и дека во тој период овие институции беа клучните фактори во одржувањето и зацврстувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на земјите во окружувањето. Воедно министерот Бесими додаде дека токму предизвиците за станување дел од евроатлантските организации претставуваат силен мотивационен фактор за конзистентни национални реформи во сите социјални сфери. Учесниците на Конференцијата, претставници на земјите-потписнички на Јадранската повелба и САД, потпишаа и заедничка изјава со која се потврдува континуираниот дијалог и достигнувањата на групата А5 и се изразува поддршка за сите земји од регионот во насока на продолжување на имплементацијата на одбранбените реформи. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=zaednicki-predizvici-i-zdruzeni-resenija-otvorena-konferencijata-na-ministrite-za-odbrana-na-sad-a5&lang=mk | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/3/2012, 17:50 | |
| ке има и вежба во Мај . лансер Лонгбов. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/3/2012, 20:58 | |
| АРМ пак без нова опремаГолемите набавки на оружје и на опрема за АРМ нема да почнат ни оваа година, потврдуваат во Министерството за одбрана. Иако најголем дел од овие набавки требаше да бидат завршени уште пред три години, според плановите за реформи за членство во НАТО, АРМ ни годинава нема да ги добие. Во Министерството за одбрана велат дека е донесен планот за јавни набавки, се работи на проектите за покрупните набавки, но тие годинава нема да започнат. - Се прават планови за модернизација на опремата. Согласно реформите, тоа е континуиран процес на опремување и на одржување на опремата, а ќе трае во следните неколку години. За годинава се планираат набавки на информатичко-телекомуникациска опрема, медицинска опрема, новите униформи - изјави Селвет Барути, портпарол на Министерството за одбрана. Во планот за набавки за годинава се и инвестиции во инфраструктурата, подобрување на условите за живот, работа и обука и инвестиции во полигонот Kриволак. Списокот за купување на Министерството за одбрана ги опфаќа и логистичкиот и географскиот информатички систем, кои всушност се донација од САД. Уште во јуни 2010 година за системите беа издвоени 5,8 милиони долари од Фондот за надворешно воено финансирање. И дел од другите најавени набавки ќе бидат донација. До крајот на годинава САД на АРМ треба да ~ достават пакет-опрема за полска болница за мисии во странство. Министерството за одбрана за годинава има на располагање буџет од 100 милиони евра, од кои повеќе од 85 милиони се за секојдневното функционирање на одбраната. За модернизација и опремување се предвидени околу 5,6 милиони, а војската може да се надева и на дел од 4 милиони од владината буџетска потпрограма за унапредување на одбраната и на безбедноста, наменети за опремување. Истовремено, според плановите за развој, АРМ треба да набави нови оклопни транспортери, чиј број во моментов не е прецизиран, нова артилерија, опрема за атомско-биолошко-хемиска заштита, за заштита од импровизирани експлозивни направи, радари за воздушно набљудување и контрола на воздушниот простор, системи за противвоздушна одбрана... Во Министерството за одбрана тврдат дека дел од опремата ќе се набавува преку мултинационални проекти. - Еден од проектите е воздушната одбрана, се преговара со 4-5 земји за заеднички настап. Заеднички ќе се набават радар и слична опрема за набљудување на воздушниот простор. При крај се преговорите, а предвидени се и пари за тоа – тврди извор од Министерството за одбрана. (И.K.И.) http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?i ... 0AD7&arc=1 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|