|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/3/2012, 13:20 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Средба на министерот Бесими со делегација од Република Италија
Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска се сретна со делегација од Република Италија, предводена од адмиралот Паоло Сандали, заменик-началник на Секторот за планови и политика на италијанскиот Генералштаб. Притоа, на средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете министерства и армии, а воедно од страна на министерот Бесими беше истакнато значењето на поддршката на Република Италија пред Самитот на НАТО во Чикаго, како и посветеноста на Република Македонија во процесот на интеграција во Алијансата.
Разговорите помеѓу двете делегации продолжија со билатерални консултации на коишто двете страни се заложија за продлабочување на соработката помеѓу двете министерства со посебен акцент на воздушното набљудување како и на можностите за идни ангажмани од областа на АБХО.
http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-besimi-so-delegacija-od-republika-italija&lang=mk
„посебен акцент на воздушното набљудување како и на можностите за идни ангажмани од областа на АБХО.“ Дали ова значи дека овие нашиве планираат Италија да ни го обезбедува воздушниот простор???? ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/3/2012, 13:27 | |
| - Генерал напиша:
Дали ова значи дека овие нашиве планираат Италија да ни го обезбедува воздушниот простор???? Само се разговарало не е ништо планирано,не се знае ништо,како што стојат кај нас рабориве тешко... | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/3/2012, 16:24 | |
| Измените на Законот за служба во АРМ нема да влијаат врз борбената готовност
Законот за служба во АРМ, кој е во собраниска процедура, нема да влијае негативно на борбената готовност на АРМ иако со него се зголемува старосната граница за служење во Армијата од 38 на 45 годишна возраст.
Ова го истакна заменик министерот за одбрана Емил Димитриев во одговор на прашањето од пратеничката Бети Кузмановска од ВБРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
- Измените се однесуваат на подигање на границата за прием во АРМ од 23 на 25 години и за зголемување на старосната граница за служење во Армијата од 38 на 45 години. За воздухопловниот персонал се предвидува да се зголемат бодовите со што нивните примања ќе се изедначат со оние на нивните колеги во другите институции во земјава, истакна Димитриев.
Тој потсети дека измени во Законот за служење во АРМ се направени и во 2007 година, кога старосната граница за служење во АРМ се зголеми од 35 на 38 години.
- Сега целосно се бриши и старосната граница за произведување во подофицерски чин, рече Димитриев.
Според него, подигањето на стросната граница за прием на професионални војници од 23 на 25 години ќе придонесе за зголемување на интересот за професијата и на бројот на заинтересирани кандидати за служење во АРМ. Зголемувањето, пак, на старосната граница од 38 на 45 години ќе овозможи професиналните војници дитректно да влезат во активната резерва и по наполнување на 50 години старост најголем дел од нив да ги исполнат условите за пензионирање.
- Со тоа е многу извесно решавањето на статусот на професионалните војници. Долго време размислувавме како да се уреди ова прашање бидејќи од војнички аспект гледано 45 година е висока старосна граница и постои ризик за намалување на физичката подготвеност. Затоа сериозно размислуваме дали има потреба од измени во одредени подзаконски акти и правилници со кои сакаме да се зајакне контролата врз физичката подготвеност, рече Димитриев и додаде дека ова решение нема да влијае негативно на борбената готовност на АРМ.
МРТ [url][/url] | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/3/2012, 16:24 | |
| АРМ подготвува вежба со националната гарда на Вермонт, САДВисока воена делегација на националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од својот командант генерал-мајор Мајкл Дуби, пристигна во тридневна официјална посета на Македонија, каде што ќе го разгледа развојот на Армијата на Република Македонија и подготовките за вежбата во мај, во која треба да учествуваат и припадници на оваа гарда. Домаќин на американската делегација е началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски, кој ги запознал гостите со трансформацијата на нашата армија и со плановите за понатамошен развој. Двајцата генерали се согласија дека е успешна соработката меѓу АРМ и гардата на Вермонт во наменските сили „Феникс“, кои се дел од мисијата ИСАФ во Авганистан. Генералот Дуби се сретна и со министерот за одбрана Фатмир Бесими, со кого разговарал за можностите да се прошири соработката. До крајот на неговиот престој во земјава тој ќе ги посети и тетовската касарна и воздухопловниот ВИНГ. Националната гарда на Вермонт е партнер на АРМ со кој се реализираат активностите за соработка со армијата на САД, координирани преку воената контакт-програма. Таа се реализира преку различни форми на обука, како семинари, посети на воени бази, школски центри и друго. Нова Македонија --- Море да се троши муниција само! | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/3/2012, 16:26 | |
| Генерал Методија Величковски ја презеде должноста командант на ЗОК
Во касарната „Боро Менков" денеска се одржа свеченост по повод примањето на должноста на бригадниот генерал Методија Величковски, командант на Здружената оперативна команда, инаку досегашен командант на Втората механизирана пешадиска бригада.
На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, генерали, команданти на командите и единиците од АРМ, преставници на локалните самоуправи од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, како и на МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, РЦУК.
- Предизвик е да се продолжи делото на командантите Јовчевски, Димов, Котески, предизвик е да се почне и заврши трансформацијата на ЗОК, а сите заедно треба да сме свесни за предизвиците кои ги носи новото време и кое бара од нас да сме побрзи и пофлкесибилни, рече пред присутните бригадниот генерал Методија Величковски.
Утрински | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 17:12 | |
| ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ НА КРАЛСТВОТО ДАНСКА
23/03/2012
Евроатланските интеграции како стратегиска определба на Република Македонија, потоа реформите во исполнување на стандардите на Алијансата со цел креирање постабилен регион, и поддршката од Данска на меѓународен план за забрзување на процесот за наше членство во НАТО, беа во врвот на агендата на средбата на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, со неговиот дански колега, Ник Хекеруп во Копенхаген, која е прва билатерална средба на шефовите на одбраната на двете земји на официјално ниво.
Од Данска, земјата која ги има двете клучни позиции во Алијансата, политичката преку генералниот секретар Андерс фог Расмусен, и воената преку претседателот на воениот комитет на НАТО, генерал Бартелс, како и функцијата актуелен претседавач со Нордискиот совет, Република Македонија во услови на исполнети критериуми реформи и висок степен на подготвеност и оперативна способност на мировниците на АРМ во мисијата во Авганистан, очекува отворена поддршка за членство во Алијансата.
Преку високите челници во Генералштабот, Кралството Данска ја потврди конзистентната оценка за високиот степен на обученост, компатибилноста и оперативната способност на припадниците на АРМ во силите ИСАФ кои заедно со земјите-членки рамноправно ги сносат сите сложени задачи за целосно обезбедување на штабот во Кабул.
„Од шефот на Генералштабот на Армијата на Данска бев запознаен со плановите и со искуствата коишто ги споделивме во меѓународните мировни мисии, како и со плановите за транзиција од 2014 година, кога мисиите од сегашната состојба ќе се трансформираат во мисии коишто ќе вршат обука за подготовка на авганистанската Воена полиција.
На средбата со заменик-началникот на данскиот Генералштаб за операции, Карстен Свенсон, министерот Бесими истакна дека АРМ ја продолжува трансформацијата фокусирана на зголемување на капацитетите, способностите и професионализмот како начин на достигнување финални оперативни способности.
Република Македонија има билатерален договор во делот на одбраната со Данска преку кој се креира годишниот план на активности мегу двете земји. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 17:14 | |
| Imam informacii deka rotacijata nova sto ke bide letovo, vo Avganistan ke odat pripadnici na Leopardite, a naskoro ke odat Romanija na vezbi. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 18:26 | |
| - Profesionalec напиша:
- Imam informacii deka rotacijata nova sto ke bide letovo, vo Avganistan ke odat pripadnici na Leopardite, a naskoro ke odat Romanija na vezbi.
Nema veke leopardi | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 19:54 | |
| Не се повеке бригада ама батљон се ! | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/3/2012, 21:26 | |
| Чекајте убаво да разберам, нема повеќе 1 и 2-ра механизирано-пешадиска бригада (Шкорпиони и Леопарди) туку сега се заедно???? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|