|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/11/2012, 14:03 | |
| Нападнати македонските војници во Кабул, повредени нема Нема повредени припадници на АРМ во нападот што се случи изутрината во близина на базата во Кабул каде што се сместени македонските мировници, информира денеска началникот на ГШ на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котевски. Сите припадници на македонскиот контингент во Авганистан се во добра состојба, истакна генерал Котевски, кој заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими претпладнево во касарната „Илинден“ засадија дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото“. - Добро е што нашиот контингент е професионално поставен и нема ниту жртви ниту повредени, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими, додавајќи дека е добро оваа вест да се сподели навремено за да ја слушнат семејствата на нашите мировнци и граѓаните на Македонија. Одговорноста за денешниот самоубиствен напад во близина на американската база Кемп Егарс во Кабул ја презедоа талибанците. Во инцидентот загинале двајцата напаѓачи и двајца членови на обезбедувањето на базата, а петемина цивили се повредени. http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/19991-napadnati-makedonskite-vojnici-vo-kabul-povredeni-nema ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/11/2012, 14:25 | |
| Се зачестија нападиве над нашиве војници пред 8 дена исто така беа нападнати... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/11/2012, 15:20 | |
| Министерот Бесими и генералот Котески се приклучија на акцијата „Ден на дрвото“Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески симболично се приклучија на акцијата „Ден на дрвото“ и заедно со странските одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија засадија садници во кругот на касарната. „Денешниот настан на засадување садници заедно со сите странски воени аташеи и со поставување знамиња на државите од каде што тие доаѓаат, има една силна порака дека сите сме заедно тука за една подобра иднина. Со еден симболичен гест на благодарност одлучивме оваа патека со знамиња ќе ја наречеме патека на странските воени аташеи во РМ и очекуваме дрвјата кои тие ги засадија да го разубават овој дел“, посочи министерот Бесими. Воедно, како што додаде министерот, припадниците на Армијата на Република Македонија ќе помогнат да се засадат сите планирани садници низ цела територија на Република Македонија, согласно програмата на Владата. Генералот Котески, пак, информираше дека досега се засадени околу 30.000 садници, со што ќе се продолжат напорите за разубавување на државата. По настанот генералот Котески и министерот Бесими информираа дека изутрината околу 5.30 часот по македонско време на околу 500 метри од базата во Кабул имало напад, но дека припадниците на АРМ кои се дел од мисијата ИСАФ се во добра состојба, здрави и живи. „Тоа се такви појави што се очекувани, но добро е што нашиот контингент е професионално поставен и добро е што немаме ниту жртви ниту повредни. Оваа вест е добро да се сподели со цел роднините и граѓаните да слушнат дека нашите припадници се здрави и живи“. За време на брифингот, странските воени аташеи имаа можност да се запознаат со процесите на трансформација и реформи во МО и во АРМ, како и со регионалните иницијативи и проекти. http://www.morm.gov.mk/content/?3398D53F30357B8734217310507955D2EBACBC6E | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/11/2012, 18:18 | |
| Средба на министерот Бесими и генералот Котески со припадниците на контингентот во ЕУФОР-АЛТЕА Скопје, 20 ноември 2012 (МИА) - Припадиците на Армијата на Република Македонија континуирано ги покажуваат своите вештини и способности, а воедно и ја претставуваат Армијата и Република Македонија во вистинско светло, како верен и постојан придонесувач кон глобалната стабилност и мир. Тоа беше истакнато на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески со припадниците на АРМ кои беа дел од операцијата ЕУФОР-АЛТЕА (Алтеа-12). - Резултатите кои ги постигнавте се дел од добриот процес на селекција, процес кој е исклучително важен особено кога станува збор за помала група луѓе. Одговорноста која ја покажавте се исплати – вие се вративте живи и здрави, побогати за едно големо искуство кое ќе биде голем напредок за вас и за вашите колеги, истакна министерот Бесими за време на средбата. Според Бесими, соопшти денеска МО, секоја наредна мисија поставува нов и повисок стандард, а исклучок од тоа не е ниту оваа ротација. МО и АРМ, подвлекол министерот, се насочени кон секој припадник, секоја индивидуа, посветувајќи се на поединечните потреби и посветувајќи поединечно внимание и почит. Генералот Котески истакнал дека припадниците на ротацијата исклучително добро се презентирале себеси, своите способности и капацитети и видниот професионализам, а со тоа и Армијата на Република Македонија. - Нашите заложби се поврзување со регионот и со подалечните воено-медицински установи. Всушност, ние сме лидери во регионот во оваа област, бидејќи посветуваме внимание на медицинската заштита, посочил генералот Котески. Следејќи ја новата практика на АРМ за доделување значки на припадниците кои биле во мисија, а со цел потврда за несомнениот личен и државен придонес кон меѓународните мировни мисии, генералот Котески на командантот на контингентот, полковникот Душан Стојановиќ му додели сребрена значка на АРМ, додека на останатите припадници на контингентот, бронзени значки на АРМ. Припадниците на контингентот Алтеа-12 во операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина извршуваа поголем број задачи, како што се давање медицинска поддршка за ЕУФОР-АЛТЕА и за персоналот во базата „Бутмир“ во Сараево, потоа медицинска поддршка за разни настани (Денот на Европа) и за спортски активности. За време на ротацијата, се подвлекува во соопштението, извршени биле 1.430 медицински прегледи, со што значително се придонело кон одржување и подобрување на здравјето на припадниците на ЕУФОР-АЛТЕА. http://www.mia.com.mk ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/11/2012, 17:19 | |
| Бесими: Апостолски се вложил себе си во борбата за создавање на Република Македонија и АРМ – отворена „Спомен соба на генерал Михаило Апостолски“ во Воениот музеј во СкопјеВо Воениот музеј во Скопје денеска свечено беше отворена „Спомен соба на генерал Михаило Апостолски“, по повод 106 години од раѓањето на командантот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и придонесот на Република Македонија во антифашистичката борба. Министерството за одбрана, нагласи министерот, Фатмир Бесими, со посебен пиетет се однесува кон сите оние личности кои се вложиле себе си и својот животен век го поминале во борбата за создавање на Република Македонија и на АРМ. Еден од оние кои се наоѓаа на врвот на пиедесталот, истакна, е командантот на Главниот штаб на НОВ и Партизанските одреди на Македонија генералот Апостолски, првиот генерал во историјата на Република Македонија. Министерот Бесими подвлече дека како врвно обучен офицер по формирањето на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Апостолски го има главниот збор во формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, чиј ден на формирање 18 август 1943 година се слави како ден на АРМ, на Првата Македонско-косовска ударна бригада и други. „Генералот Апостолски упатува пораки до Македонците и припадниците на етничките заедници во Македонија, а посебно кон Албанците во Македонија да го дадат својот придонес „во оваа света НОБ“ и со зборовите „тргните и вие по стапалата на целиот македонски народ, по стапалата на народите на Југославија и Албанија“, истакна министерот Бесими. Интегративната одлика на делото на Михаило Апостолски се гледа и од периодот, посочи Бесими, и кога бил претседател на МАНУ од 1976 до 1983 година кога се објавени монографски и енциклопедиски изданија на повеќе јазици. Историчарите сведочат дека Апостолски е голема историска личност – успеал да ги обедини револуционерните движења од 19 и 20 век и да ги поврзе идеите на Илинден и на АСНОМ, во кои уште тогаш ги препознавал мултиетничките контури на македонското општество. Претседателот на Сојузот на борците на НОАВМ, генералот во пензија Тодор Атанасовски побара во следното издание за легендарниот командант Апостолски да биде ставен и неговиот псевдоним „Дончо Штипјанчето“. Предложи Воената академија, МАНУ, историчари и експерти, да организираат поширока расправа за делото, ликот и придонесот на Апостолски. „НОВ како моќен преродбенички процес беше војна во која учествуваа сите и македонскиот народ и народот во Македонија. Апостолски немаше готова војска, туку заедно со сите дејци можеше да ја создава и да дејствува, а истовремено во тоа време нашето војништво достигна највисоко воено ниво. Тој беше многу храбар и талентиран човек и се најде во виорот на војната како еден од најквалитетно образованите луѓе во својата професија и истовремено како национален патриот кој си ја познава историјата на сопствениот народ многу опсежно, рече Атанасовски, додавајќи дека Апостолски како врвен војник имал храброст да донесува одлуки дури и такви од кои би зависел и исходот од самата војна. Како негов војник, но и другар во повоеното време, и денеска, како и на денот кога починал, му поднесе рапорт на неговиот, како што рече, командант, генерал Апостолски, за состојбите во Македонија. Директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев по овој повод информира дека дел од оставнината на Апостолски, која на МО му е подарена од Фондацијата „Цвета и Михаило Апостолски“ во 1996 година, денеска првпат се промовира јавноста, како вредна колекција на лични негови предмети, неговата библиотека со околу 8.000 наслови, архивски материјал, фотографии, писма и подароци кои ги добивал како вршител на значајни воени и општествени функции. На свеченото отворање на Спомен собата беше емитуван аудио-видео запис со генералот Михаило Апостолски. http://www.morm.gov.mk/content/?CE5E6633CAF42A1B545316621FBA42C6C12E823A | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/11/2012, 17:20 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/11/2012, 11:11 | |
| Конференција за примена на ОФСЕТ програмите во Македонија Министерството за одбрана денеска организира научно-стручна конференција на тема “Примена на ОФСЕТ програмите во Република Македонија“. На отворањето ќе се обрати министерот за одбрана, Фатмир Бесими, а најавено е присуство на претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Собранието, стопанските комори, како и претставници од академската заедница. Целта на конференцијата е да се разменат искуства и мислења за иницијативата за воведување на ОФСЕТ аранжманите при набавката на опрема и вооружување за безбедносните сили на Република Македонија. Со внесувањето на овие програми во македонската законска регулатива се очекува значително да се олесни набавката на опрема и оружје и да се намалат можностите за злоупотреба. Од Министерството за одбрана најавуваат дека по завршувањето на конференцијата во соработка со МВР и Министерството за економија ќе предложат законски механизми за спроведување на ОФСЕТ програмите во Македонија. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=114617&kategorija=1 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/11/2012, 17:20 | |
| Професионалните војници со последен обид да им се исплатат заостанатите дневници Професионалните војници со последен обид пред да излезат на протести. Во министерството за одбрана доставија отворено писмо во кое бараат да им се исплатат заостанатите дневници, да се реши статусот на отпуштените војници. Ако и овојпат министерството остане глуво на барањата, професионалните војници ќе протестираат зошто веќе немале време за чекање соочени со извршители, немаштија и желба да ја напуштат државата. http://www.24vesti.mk/profesionalnite-vojnici-so-posleden-obid-da-im-se-isplatat-zaostanatite-dnevnicihttps://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=BDVC8UkrkmoМО: Работиме на унапредување на Армијата Од Министерството за одбрана, реагираат на денешната најава за штрајк, од страна на Синдикатот на професионалните војници. - Сите обврски кои Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ги имаат кон војниците навремено се подмируваат и дека се следат сите иницијативи за понатамошен развој и унапредување на севкупната област на одбраната и безбедноста. Воедно би сакале да посочиме дека постапката за донесување на нов Колективен договор, кој согласно Законот за работни односи, како поединечен, е предмет на преговори помеѓу министерот и Синдикатот на одбраната и безбедноста, е во тек како репрезентативен Синдикат на вработените во АРМ и Министерството за одбрана, стои во соопштението од МО. http://www.plusinfo.mk/vest/68413/MO-Rabotime-na-unapreduvanje-na-Armijata ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/11/2012, 23:10 | |
| Генералштабот за идејата за враќање на воениот рок АРМ бара регрути за на стража За идејата да се врати служењето војска во траење од три месеци, според ставот на Генералштабот, прво треба да се изјаснат стручната и научната јавност. Барањето потекна од пензионираните началници на Генералштабот, а му се спротивставија министерот за одбрана, претставникот на НАТО и експерти, оценувајќи го како промена на постојниот концепт на одбраната. - Пополнувањето сo регрути, според размислувањето, би се вршело со враќање на воената обврска и со тоа 15 отсто од активниот состав да биде составен од војници регрути. Воениот рок би траел 3 месеци. Тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1500-2.000 војници. Во текот на годината би служеле три генерации по три месеци. Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање одредени подготовки - објаснува началникот на Генералштабот, генерал-мајор Горанчо Kотески. Процентот е избран според бројот на војници, кои се јавуваат за доброволно служење на воениот рок, и според потребите на АРМ. Регрутите би минале низ основна војничка обука, а потоа би се распоредувале во гарнизоните според потребите, но најголемиот дел на редовни војници би се распоредувале во пешадиските и логистичките единици, како дополнување на единиците со професионален состав и би биле дел од вкупната бројка на активниот состав. Додека се на отслужување на воениот рок, регрутите не би можеле да учествуваат во мировните операции, но таа можност ќе ја имаат кога ќе бидат дел од активната резерва. Главни задачи на војниците би биле да даваат стража и да вршат логистичко обезбедување на активности. - Досегашните анализи покажаа дека со ангажирањето на војниците за отслужување воен рок на овие задачи би се постигнала најголема економска исплатливост - вели Kотески. Регрутите се поевтини стражари, покажале анализите на Генералштабот. Со ангажирање војници на отслужување воен рок, „цената“ на стражата би била многу помала. За еден професионален војник, кој е ангажиран на стража, се плаќа за храна, униформа, редовна плата, дневници и слободен ден. „Обичниот“ војник, пак, ја чини Армијата трошоци за храна, униформа и редовна војничка плата, која е симболична. - Ќе се смалат трошоците што сега ги имаме за обезбедување на објектите и ќе се намалат издатоците кои би се направиле со вработувања на дополнителен број на професионални војници за потребите за логистиката. Од досегашните анализи што ги има направено Армијата, трошоците на годишно ниво за еден редовен војник изнесуваат 157.000 денари наспроти 367.000 денари за еден професионален војник - објаснува генерал-мајор Kотески. Покрај финансискиот аспект, воениот рок би донел поволности и во подобар избор на професионални војници, пополнување на активната и општата резерва, изградбата на патриотското чувство, изградбата на одговорноста, дисциплината и така натаму, наведува началникот на Генералштабот. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=97BED75DE30D2341A97E9A7CE22EDB2E ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/11/2012, 17:08 | |
| Македонското знаме дел од воената парада во Тирана Со војниците на земјите-членки на НАТО ќе маршираат и тројца офицери на Армијата на Република Македонија од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија. На прославата на 100 години од независноста на Република Албанија во Тирана ќе присуствува министерот за одбрана Фатмир Бесими, на покана на албанскиот министер за одбрана Арбен Имами -јавува МИА. На централната воена парада по повод празникот, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија заедно со војниците на земјите-членки на нато ќе маршираат и тројца офицери на Армијата на Република Македонија од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија. Оваа активност, како што соопштуваат од министерството за одбрана е во духот на добрососедските и пријателски односи, како и заемното почитување и разбирање како вредности на нато алијансата. На покана на албанскиот премиер Сали Бериша, на прославата ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи./С.П. http://www.kanal5.com.mk/(S(hainm345af2a4z55qfy3cr55))/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=100179&AspxAutoDetectCookieSupport=1 |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|