Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 65 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty19/4/2012, 12:49

Милошоски: АРМ да се повлече од Авганистан

Ова денеска по социјалните мрежи го изјави Антонио Милошоски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи на Собранието на Македонија и поранешен министер за надворешни работи. Во дополнителната изјава за МКД.МК Милошоски вели дека военото присуство во Авганистан треба да се сведе повеќе на инструктори за обука на авганистанските безбедносни сили, а помалку војници за борбени акции.

Ваквите размислувања не се осамени во последно време, особено по официјалните најави од НАТО дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг нема да има никакво влијание во однос на членството на Македонија во НАТО.

Јован Донев

Политикологот Јован Донев неколкупати досега изјави дека Македонија треба да ги повлече своите трупи од Авганистан.

„Ако Македонија и по мајскиот самит на НАТО во Чикаго остане надвор од оваа организација, тогаш навистина не гледам ниту една причина ние и натаму да партиципираме во мировните операции на оваа организација. Особено не ако оваа организација остане на ставот дека нема зошто да ја почитува пресудата на судот во Хаг. Ако НАТО процени дека нема зошто да го почитува меѓународното право, тогаш Македонија треба да пресече и да ги повлече трупите на АРМ од сите мировни мисии на НАТО“, изјави Донев за МКД.МК.

Учеството на АРМ во ИСАФ-операцијата на НАТО во Авганистан досега беше користено како еден од најсилните аргументи за македонското членство во Северноатлантската алијанса.

„Република Македонија, како партнер и сојузник во антитерористичката коалиција во Авганистан, ќе остане се додека е неопходно и ќе го следи трендот на транзиција и предавање на севкупната власт на авганистанскиот народ во согласност со интересите на нашата држава“,изјави неодамна претседателот и врховен командант на нашите вооружени сили Ѓорге Иванов.

И во Министерството за одбрана на Македонија велат дека АРМ останува во Авганистан сè додека не се повлече и НАТО. Во мисијата во Авганистан моментално Македонија има 168 војници. Во мировната мисија на ова воено жариште земјава е присутна од 2002 година и досега имаме испратено околу 2.500 војници.

Авганистанскиот парламент го осуди завчерашното убиство на 16-те цивили од страна на американскиот водник. Пратениците бараат јавно судење, изјавувајќи дека Авганистанците го изгубиле трпението во врска со однесувањето на коалициските сили предводени од НАТО во земјата, јавува Би-би-си.

Присуството на ИСАФ (Меѓународни сили за безбедносна помош) во Авганистан во последно време се претвори во медиумски кошмар, со неколку скандали поврзани со странски војници за само неколку месеци. Коалицијата предводена од НАТО се подготвува за повлекување на поголем дел од своите војници по еднодецениска окупација. Очигледно е дека странските воени сили не успеаја да создадат држава што е способна самостојно да се одбрани од верските фанатици.

http://www.mkd.mk/18880/makedonija/milososki-avganistan-nato-arm/

Паметна работа... Cool
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty19/4/2012, 12:58

Ми се чини дека по НАТО самитот во Чикаго некои работи ќе бидат појасни.
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty19/4/2012, 14:22

Искрено не верувам дека на самитот кој што селдува ќе не примат во НАТО, а и факт е дека нашите без разлика
дали ќе не примат или не, тие сепак ќе ги остават своите трупи, нема да ги повлечат.
Народски кажано им го лижеме г.....
Простете на изразот искрено немам намера да бидам вулгарен..

А и не ги осудувам доколку не ги повлечат војниците..Сепак доколку останеме таму имаме некој привилегии.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty20/4/2012, 21:18

СОРАБОТКАТА Е ОДЛИЧНА – ОЦЕНКА НА МИНИСТРИТЕ БЕСИМИ И МАУРЕР

Вчера, во рамките на официјалната посета на Швајцарската Конфедерација, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, оствари средба со својот колега, швајцарскиот министер за одбрана, цивилна заштита и спорт, Уели Маурер. На средбата двајцата министри разговараа за билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста. Досегашната соработка беше оценета како одлична, а воедно беа разгледани и можности за нејзино зајакнување, особено во областа на зајакнување на човечките капацитети преку обуки и школувања на припадниците на министерството за одбрана и на АРМ. Тема на разговор беа реформите во Министерството и во АРМ, како и учеството во меѓународните мировни мисии и контрибуцијата кон глобалната безбедност. Исто така, се разговараше и за безбедносната состојба во регионот на Југоисточна Европа, како и активностите за поблиска регионална соработка и нејзиното значење за севкупниот раст и развој.

Денеска, при посетата на седиштето на Меѓународниот црвен крст, министерот Бесими се сретна со директорката за операции во Европа и Северна Америка, Барбара Хинтерман со која разменија мислења околу мисијата ИСАФ во Авганистан и мисијата во Сирија, додека, пак, при посетата на Женева Центарот за безбедносна политика, реализирана беше средба со амбасадорот Фред Танер, кому му беше изразена благодарност за поддршката на неодамна одржаната Конференција на министрите за одбрана на САД-Јадранската група.

Дополнително, во насока на унапредување на меѓусебната соработка, министерот Бесими оствари и посета на Центарот за демократска контрола каде се сретна со амбасадорот Теодор Винклер.

На средбите стана збор и за модалитетите за зацврстување и унапредување на идната соработка со посебен осврт кон обуките за припадниците на министерство за одбрана и на АРМ и проектите коишто ќе значат подобрување на стандардот на војниците, како и модалитетите на инклузивност и професионалност при развојот на модерната структура на АРМ.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty20/4/2012, 23:26

Уште некоја слика од покашнатѕа вежба на алпинистичкиот тим...

АРМ - новости - Page 30 IMG_0533
АРМ - новости - Page 30 IMG_05181
АРМ - новости - Page 30 IMG_0534
АРМ - новости - Page 30 IMG_0542

И од средбата со Маурер...

АРМ - новости - Page 30 Picture-0021
АРМ - новости - Page 30 Picture-006
АРМ - новости - Page 30 Picture-0081
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Воена вежба на „Криволак“   АРМ - новости - Page 30 Empty21/4/2012, 11:12

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се изведе методско-огледна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“.



На вежбата ќе присуствуваат министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, активни и пензионирани генерали на АРМ, високи претставници на МО и ГШ на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

Целта на вежбата е да се прикаже ефективна огнена поддршка на маневарските единици, како и обученоста на персоналот од составот на механизираната пешадиска чета заедно со силите за огнена поддршка, декларирани за учество во борбената група на Европската Унија (ЕУ/БГ).

Се очекува единиците да демонстрираат висок степен на извежбаност и оспособеност за изведување на борбени дејства со висок интензитет во операции предводени од НАТО и ЕУ надвор од територијата на Република Македонија.

На вежбата, соопшти Министерството за одбрана, ќе учествуваат следните единици од 1.механизирана пешадиска бригада (мпбр): декларираната средна пешадиска чета, еден вод повеќецевни фрлачи на ракети (ПцФР) 128мм, еден вод ПцФР 122мм „ГРАД“, еден вод хаубици 105мм, две минофрлачки батерии 120мм, два минофрлачки вода 82мм, тенковски вод Т-72, како и борбени хеликоптери Ми-24 од воздухопловната бригада.

Според сценариото на вежбата, покрај високиот степен на обученост се очекува да биде покажана огнената моќ на борбените единици и единиците за огнена поддршка на 1.мпбр, но и нивното вземно содејство со единиците за блиска воздушна поддршка.
Вратете се на почетокот Go down
andrej




Број на мислења : 39

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty21/4/2012, 11:55

Да прашам дали некој знае дали и кога ке се одржи најавуваната вежба на криволак која ја најавуваат како најголема до сега а ке учествуваат и повеке други држави меѓу кои и неколку од НАТО . ??????????? Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad Sad king king scratch scratch study afro
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty21/4/2012, 14:13

Опа, БМ-21...Т-72... Ми-24 , е ова ќе биде добра вежба! Twisted Evil

Очекуваме одлични слики... aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty21/4/2012, 16:49

На линков има малку слики од денеска...се надевам дека попосле ке ги извадат сите слики и видеа...добро е добро,барем нешто иде у нагорна линија,ги извадија Т-72-те од гаража...

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=85221D9FF40E1D46BBEED2D36767ACCC
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty21/4/2012, 16:53

На АП „Криволак“ изведена методско-огледната вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска се изведе методско-огледната вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“, со цел да се прикаже ефективна огнена поддршка на маневарските единици, како и обученост на персоналот од составот на механизираната пешадиска чета заедно со силите за огнена поддршка декларирани за учество во борбената група на Европската унија.

Началникот на Генерал штабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котевски по завршувањето на вежбата изјави дека е задоволен од подготвеноста и организираноста на учесниците во денешната вежба.

- Досега во Република Македонија со овој голем број единици не е изведена вежба. Учествуваше четата која треба да изврши пополнување на борбената група во ЕУ заедно со СР Германија, Чешка и Исланд. Нашите војници се обучени не само за НАТО-мировни операции, туку и за операции надвор од територијата на државата. Карактеристично е дека следната вежба ќе биде во мај кога ќе биде оценуван средниот пешадиски баталјон за сертификат за меѓународни мировни мисии, изјави Котевски.

Задоволство од денешната вежба изрази и министерот за одбрана Фатмир Бесими.

- Денешната вежба покажа висок степен на способност за изведување борбени дејства и нивна успешна реализација. Оваа единица има капацитет и со стандардите и соодветствува на барањата на НАТО, изјави Бесими.

На денешната вежба на армискиот полигон „Криволак“ учесниците покажаа огнена моќ на борбените единици и единиците за огнена поддршка на Првата механизирана пешадиска бригада заедно со единиците за воздушна поддршка.

АРМ - новости - Page 30 DSC_9031
АРМ - новости - Page 30 DSC_9043
АРМ - новости - Page 30 DSC_9070
АРМ - новости - Page 30 DSC_9113
АРМ - новости - Page 30 DSC_9127
АРМ - новости - Page 30 DSC_9149
АРМ - новости - Page 30 DSC_9257
АРМ - новости - Page 30 DSC_9298
АРМ - новости - Page 30 DSC_9344
АРМ - новости - Page 30 DSC_9392
АРМ - новости - Page 30 DSC_9427
АРМ - новости - Page 30 DSC_9454
АРМ - новости - Page 30 DSC_9509
АРМ - новости - Page 30 DSC_9619
АРМ - новости - Page 30 DSC_9673

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=metodsko-oglednata-vezba-ognena-poddrska-na-mehanizirana-pesadiska-edinica-vo-napad&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 30 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 30 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 30 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 65 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: