Добра работа ова во Прилеп! Ама да се отвори и некоја касарна и на истокот на Македонија нема да биде лошо
______________________ "If you want peace, prepare for war." Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 6/4/2012, 17:42
Новата формација и унапредувањето на стандардот на припадниците на АРМ се врвни приоритети
Согледувањето на процесот на трансформација согласно новата структура на силите, како и плановите и активностите на раководството во насока на понатамошно подобрување на ефективноста и професионалноста на припадниците на Армијата на Република Македонија беа главните цели на денешната посета на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, на Здружената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
„Иницијативата ’Формација и стандард’ вклучува следење на имплементација на новата формација согласно НАТО стандардите и следење на стандардот на припадниците на АРМ. Ова иницијатива ќе ја имаме низ повеќе градови и низ повеќе структури на армијата на Република Македонија“, најави министерот Бесими.
„Здружената оперативна команда со потчинетите единици се наоѓа во фаза на интензивна трансформација и паралелно со неа како врвен приоритет работиме на тежишните задачи во кои се инволвирани припадниците на ЗОК“, истакна Командантот на Здружената оперативна команда, бригадниот генерал Методија Величковски. Воедно генералот Величковски посочи дека во наредниот период планирана е надгледна вежба со артилеријата на ЗОК, подготовка на нова ротација во Авганистан, како и подготовка на единиците за учество на меѓународната вежба во мај која ќе биде најголемата воена вежба досега одржана во Република Македонија. Како што посочи генералот, ќе се отвори можност за организација на курс за оценувачи согласно концептот за оперативни способности, оценка на декларираните единици како што е баталјонската борбена група и средната пешадиска чета за баталјонската борбена група на ЕУ, како и подготовка на нова ротација за мисијата во Авганистан.
При посетата, министерот Бесими имаше можност да се сретне со поголем број војници и старешини со цел непосредно да разговара со нив и притоа од прва рака да ги дефинира проблемите и прашањата коишто се однесуваат на нивниот стандард, како и да се информира за планираните активности поврзани со јубилејот „20 годни АРМ“.
На новинарско прашање поврзано со проектот кој директно влијае на стандардот на припадниците на АРМ, „АРМ – мој вистински дом“, министерот Бесими посочи дека по завршувањето на двете фази поврзани со проектот, промената на урбанистичките планови и организацијата и координацијата со банките, следеше и објавувањето на Конкурсот кој заврши пред два дена. „Целта на овој проект останува – да се реши станбеното прашање на припадниците на АРМ, на начин што финансиски е поодржлив од страна на министерството, во однос на буџетските средства. Ние на проектот гледаме како на еден жив процес кој постојано треба да се моделира и редизајнира согласно реалните потреби и можности“, потенцираше министерот Бесими, кој воедно дополни дека фактот што заинтересираноста за Скопје е најголема се должи на економските причини, односно на големата разлика помеѓу понудената и пазарната цена во главниот град.
Во кругот на МО и ГШ на АРМ засадени садници по повод јубилејот „20 години АРМ“
Денес 12-ти април 2012 година (четврток), во паркот пред зградата на МО и ГШ на АРМ во Скопје, во рамките на годишната програма за одбележување на Јубилејот ,,20 години АРМ“ беа засадени млади садници фо форма на бројот дваесет и АРМ.
Пред почетокот на денешниот чин на засадување садници, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески истакна дека со засадувањето на млади садници, во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот и во сите касарни на АРМ, денес припадниците на АРМ, оставаат жив белег за навршувањето на дваесет години на АРМ, но и почетокот на развојот на една нова, современа Армија на Република Македонија во чии редови се наоѓаат припадниците на сите етнички заедници. Тој исто така истакна дека засадените стебла во иднина ќе сведочат за негувањето на култот на војничката професија, за посветеноста и професионалноста, но и дека ќе бидат поттик за уште поголеми успеси и дострели на идните генерации на АРМ. Во кругот на МО и ГШ на АРМ, покрај НГШ на АРМ, стебла засадија: Заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, активните и пензионирани генерали на АРМ, високи претставници од МО и воените аташеа акредитирани во Република Македонија.
По истиот повод денес истовремено на посебни локации во девет касарни на АРМ низ Република Македонија каде што се лоцирани единиците на АРМ, беа засадени по дваесет садници. Во касарните, овој настан беше збогатен и со присуството на првите регрути на АРМ, кои пред дваесет години како припадници на АРМ, зачекорија први во касарните на АРМ. Покрај садењето на млади садници, со нив беше организирана обиколка на полигоните и вежбалиштата, присуство на обуката, како и спортски натпревари и заеднички ручек.
Оваа последнава слика, што откриваат? нешто за бранителите од 2001?
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 15/4/2012, 17:14
Резолуција на Сенатот и Парламентот на Вермонт врачена на министерот Бесими
Во чест на посетата на министерот Бесими на сојузната држава Вермонт како дел од официјалната посета на САД, успешната соработка помеѓу Република Македонија и Вермонт како и заедничкото партнерство помеѓу Националната Гарда на Вермонт и АРМ, претседавачот на Генералното собрание на Вермонт на министерот Бесими му предаде резолуција донесена од страна на Сенатот и Парламентот на Генералното собрание на сојузната држава.
Резолуцијата укажува на улогата на Република Македонија како фактор на стабилност во Регионот, потенцирајќи го нејзиното значење во косовската криза во 1999 година, дадената логистичката поддршка за силите на КФОР и, во тој контекст, формирањето на Координативниот центар за поддршка на земјата-домаќин во рамките на Министерството за одбрана. Дополнително, преку резолуцијата се изразува поддршка за учеството на Република Македонија во НАТО-предводените операции како и за проактивниот став на Република Македонија во однос на регионалната соработка.
Во неа се искажува и благодарност за залагањата и посветеноста на Република Македонија во заедничкото учество со Вермонт и останатите партнери во ширењето на мирот, на демократијата, на стабилноста и на меѓусебното разбирање помеѓу владите и народите во светот.
Министерот Бесими и секретарот за одбрана на САД Леон Панета одржаа разговори за стратешкото партнерство
Министерот за одбрана Фатмир Бесими се сретна вчера со секретарот за одбрана на САД Леон Панета во Пентагон, заокружувајќи ги годишните билатерални консултации во областа на одбраната на Република Македонија со владата на САД.
Шефовите на одбраната разменија мислења за регионалниот мир и безбедност, напредокот на Македонија во имплементацијата на одбранбените реформи и нејзините тековни подготовки за членство во НАТО. Стратешкото партнерство меѓу САД и Република Македонија беше истакнато како клучно за одржување на стабилноста во Југоисточна Европа. Министерот Бесими и секретарот Панета дискутираа и за ситуацијата во Авганистан, каде што Македонија е петти по големина придонесувач во ИСАФ по глава на жител и дејствува како водечка сила во заштитата на штабот на НАТО/ИСАФ во Кабул. Министерот Бесими ја изрази благодарноста на неговата влада за пофалните зборови на секретарот Панета за вредните придонеси на македонските трупи во НАТО мисијата во Авганистан.
И двајцата претставници ја изразија нивната заложба за политиката на „отворени врати“ на НАТО, со можност за членство на сите европски демократии кои ќе ги исполнат неопходните квалификации. Министерот Бесими ја изрази подготвеноста на Македонија да придонесува во тековните и идните мисии на НАТО како членка на Алијансата.
Беа дискутирани и проекти кои би ѝ помогнале на Република Македонија да се подготви за целосна интеграција во НАТО, меѓу кои, координацијата во рамките на А-5 Јадранската група, придонесот на Македонија во Училиштето за воена полиција за Авганистанската национална армија и формирањето на Балканскиот регионален пристап кон против-воздушната одбрана (BRAAD) и регионалното лидерство на Македонија во координирањето на проектите на „Паметната одбрана“ во Југоисточна Европа.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими допатува во Пентагон по два дена поминати во Вермонт, каде што ја поздрави соработката меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда Вермонт која тече веќе речиси две децении.
Состанокот со секретарот Панета следи по консултациите кои се одржаа минатата недела со Селест Валандер, заменик на помошникот на секретарот за одбрана за Европа и Евроазија.
Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ги прифатија предлог-одлуките за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировни операции на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА и на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.
Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев информира дека во мировната операција АЛТЕА, ќе биде испратен еден медицински тим од 10 припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за работа во Командата на ЕУФОР.
Медицинскиот тим ќе биде испратен во мај годинава, а офицерот треба да замине во јуни. Припадниците на Армијата се испраќаат за период од шест месеци.
Во мисијата во Либан ќе биде испратен еден штабен офицер за период од една година, сметано од мај.
На дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност се и вторите читања од предлог-законите за изменување и дополнување на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за служба во АРМ.
Освен обуката, обврска ни беше и уредување на празната касарна, што го правевме со голем елан, истакнуваат првите регрути, кои на 15 април 1992 година ја облекоа униформата на АРМ
Kако да беше вчера, иако поминаа точно 20 години од денот кога станавме првите војници на Армијата на Република Македонија. Вака коментираа некои од првите регрути на АРМ кои во штипската касарна дошле на 15 април 1992 година, денот кога почна формирањето на вооружените сили на самостојна Република Македонија. Освен во Штип, првите регрути тој ден влегле и во касарните во Охрид, Скопје и во Битола.
- Тогаш касарната, за разлика од сега, беше речиси празна. Можеше да се види само лесно пешадиско вооружување. Освен редовната воена обука, имавме обврска и да ја средуваме и да ја уредуваме касарната. Тоа го работевме со задоволство бидејќи знаевме дека и на тој начин даваме придонес во градењето на нашата армија – се сеќава на тие денови скопјанецот Иванчо Боневски, кој заедно со уште петмина регрути од првата генерација војници на АРМ дојде во Штип на одбележувањето на јубилејот.
Задоволство што биле дел од првата класа македонски војници и што во касарната дошле токму на 15 април 1992 година изразија и неговите колеги-регрути Сашо од Kуманово и Мухамед и Благојче од Скопје.
- Не може човек на ваков ден да не биде исполнет со возбуда и со емоции. Првпат по 20 години доаѓам на овој простор на кој поминав девет месеци од животот. Се видов и со некои од старешините – вели тогашниот регрут, актерот Зоран Љутков, сега уметнички директор на Драмскиот театар во Скопје.
Регрутите од првата генерација ги прошетаа објектите во касарната, во кои минувале најмногу време од воениот рок, потоа со сегашните војници и со старешините засадија дрвца во кругот на касарната, а на крајот впечатоците ги сумираа на заеднички ручек.
На свеченоста по повод примањето на првите македонски регрути одлично се сеќаваат и старешините кои и сега се на служба во штипската касарна „Јане Сандански“, во која е командата на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ. Од средината до крајот на април 1992 година во касарната дошле 707 регрути, од кои 164 униформата на АРМ ја облекле првиот ден, на 15 април.
- Преземањето на 18-те македонски касарни почна во почетокот на март, а на 26 март 1992 година од Македонија замина и последниот војник на тогашната ЈНА. Од касарните беше изнесено и оружјето и речиси с` друго вклучувајќи ги, на пример, во Струмица и казаните за подготовка на војничка храна. Имавме две-три седмици да ја подготвиме касарната за приемот на првата класа македонски војници на 15 април. Kако старешини се бевме вратиле од служба од речиси сите делови на СФРЈ и самопрегорно се зафативме со средувањето на касарната, без да водиме сметка за работното време. Со голем елан варосувавме, чистевме, носевме кревети. Успеавме да создадеме пристојни услови за живеење и за работа на регрутите, кои еден месец подоцна, на 16 мај, во Штип дадоа и заклетва, првпат на македонски јазик – раскажуваат старешините.
Меѓу нив тогаш како капетан прва класа бил и сегашниот командант на Првата механизирана пешадиска бригада, штипјанецот Стојан Димчов. Го прашавме дали и како тогаш го приспособиле командувањето со војската на македонски јазик.
- И за тоа многу ни се најде Територијалната одбрана. Бидејќи ЈНА го однесе сето оружје, во почетокот го користевме зачуваното од магацините на ТО, а и за командување одлично ни се најдоа правилата на служба на македонски јазик што ги користеше ТО. Територијалната одбрана тогаш беше еден вид републичка војска со резервни војници и старешини – објаснува полковник Димчов.
Денес, 19-ти април 2012 година на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија, во организација на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, пред воените аташеа акредитирани во Република Македонија, беше одржана показна вежба на тема ,,Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“.
Во оваа прилика припадниците на пСО прикажаа качување по карпест терен во парови спасување на повреден со извлекување со помош на специјална носилка ,,TYRAMONT“, префрлување на повредено лице од една на друга точка со помош на јаже и носилка и префрлување на повредено лице на безбедно место за понатамошна евакуација. Исто така, пред воените аташеа беа демонстрирани алпинистички операции со примена на тактики и техники за премин преку тешко прооден терен со помош на: командо, манки, и исправено со користење на раце. На вежбата припадниците на алпинистичкиот тим на пСО покажаа висок степен на обученост, стручност и психо-физичка кондиција.
Инаку, алпинистичкиот тим од пСО е дел од декларираните единици на АРМ за операции надвор од Република Македонија, а високиот степен на обученост кој го поседуваат, го достигнаа во изминатите неколку години со сериозна и напорна работа со стручните алпинистички тимови од Швајцарија.