|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
shady3
Број на мислења : 113
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/2/2012, 22:32 | |
| http://kurir.mk/makedonija/vesti/60524-Profesionalni-vojnici-do-45-godiniКурир ексклузивно дознава дека Владата донесе заклучок старосната горна граница за работењето на професионалните војници во Република Македонија да ја зголеми од 38 на 45 години старост. Истовремено, како што дознава Курир, Владата донесе одлука и долната граница да ја зголеми од 23 на 25 години. За оваа цел Владата го задолжи Министерството за одбрана да изготви законски измени и да ги достави до Владата за усвојување, по што како предлог ќе бидат доставени до Парламентот. | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/2/2012, 00:41 | |
| Зошто не ја остајле на 23 години минимална граница? таман си беше, али ајде подобро вака него како што беше. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | meth
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/2/2012, 16:20 | |
| - shady3 напиша:
- http://kurir.mk/makedonija/vesti/60524-Profesionalni-vojnici-do-45-godini
Курир ексклузивно дознава дека Владата донесе заклучок старосната горна граница за работењето на професионалните војници во Република Македонија да ја зголеми од 38 на 45 години старост.
Истовремено, како што дознава Курир, Владата донесе одлука и долната граница да ја зголеми од 23 на 25 години.
За оваа цел Владата го задолжи Министерството за одбрана да изготви законски измени и да ги достави до Владата за усвојување, по што како предлог ќе бидат доставени до Парламентот. а не се малце стари 45 години војник да биде ??? у УСА како е o.O ? | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/2/2012, 21:51 | |
| Таман е meth , ако се професионални војници тоа е таман... а ова е одлука повеќе ради немањето на стратегија што и како понатаму со тие луѓе, па колку толку имаат подолга воена кариера пред отпушатњето. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/2/2012, 18:29 | |
| Средба на министерот Бесими со Стефани Бабст, заменик-помошник на генералниот секретар на НАТОДенес во Министерството за одбрана, министерот Бесими оствари средба со заменик-помошникот на Генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Стефани Бабст која ќе зеде учество на регионалната конференција „Цели на Резолуцијата на Советет за безбедност на ООН 1325 – степен на остварливост“. На средбата, која се одржа на барање на домаќинот на еднодневната конференција, Евроатлантскиот совет на Македонија, министерот Бесими ја поздрави оваа иницијатива и ја информираше г-ѓа Бабст за процентот на застапеност на жената во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана, факт кој иако не е директно поврзан со Резолуцијата 1325, како податок е особено важен да се напомене. Во тој контекст, министерот додаде дека се прават напори за зголемување на процентот на застапеност на жената во АРМ, а аналогно на тоа и во мировните мисии. Со оглед на важноста на оваа тема, министерот определи едно лице, жена-припадник на АРМ и воедно учесник во мировна мисија да учествува на Конференцијата како говорник, со што би ги пренела искуствата на Република Македонија во контекст на Резолуцијата 1325. Претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Лазар Еленовски, апелираше за што поскоро усвојување на национален акционен план за имплементација на оваа резолуција, која, според него, е од голема важност за Република Македонија. Секторот за јавна дипломатија на НАТО ги покрива сите активности кои придонесуваат во промовирање на имиџот на Алијансата пред поширок аудиториум, воспоставувањето односи на соработка со политичките, со дипломатските, со административните, со академските и со медиумските кругови. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-besimi-so-stefani-babst-zamenik-pomosnik-na-generalniot-sekretar-na-nato&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/2/2012, 18:30 | |
| Од касата на одбраната и на АРМ почна да течеПо долга суша од касата на одбраната и на АРМ почна да тече. Исплатени се неколку заостанати дневници, а почнала исплатата и на заостанатите сметки за гориво поради што АРМ имаше намалени резерви на нафта и се штедеше.Покрај тоа конечно и радијаторите во касарните се загреаја откако пред 10 дена беше набавен мазут. Но колку дневници и наемнини за станови им се исплатени на војниците, додека од Министерството за одбрана тврдат дека се исплатени сите долгови заклучно со декември, војниците велат дека примени се три заостанати дневници за месеци од ланската есен. Од независниот синдикат на одбраната денеска ја пофалија одлуката на владата и на министерството за одбрана да се зголеми возраста за професионални војници од 38 на 45 години. Сметаат дека таа одлука ќе го зголеми моралот на војниците. Од Независниот синдикат ги оценија како лицемерни изјавите на Ристо Ајтов од конкурентскиот самостоен синдикат дека тој преговарал за зголемување на возраста на професионалните војници, затоа што тврдат дека тој бил постојано против таквото решавање на проблемот. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87080Може и ке се подновиме со нешто ново... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/2/2012, 16:28 | |
| Официјална посета на генералот Хертлинг на Република МакедонијаДенеска во официјална посета на Република Македонија пристигна командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-потполковник Марк Хертлинг. При посетата генералот Хертлинг оствари средба со министерот за одбрана, Фатмир Бесими, на која беше потврдена одличната меѓусебна соработка со акцент на можноста за нејзино интензивирање и продлабочување, во контекст на заедничките обуки и вежби, а воедно стана збор и за имплементацијата и придобивките од новиот концепт на НАТО, „паметна одбрана“. Во оваа пригода генералот Хертлинг ја повтори поддршката кон АРМ и го поздрави активното учество на АРМ во мисијата во Авганистан. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески, по средбата со генералот Хертлинг изрази благодарност за поддршката на командата на копнените сили на САД во Европа и кон АРМ, но и кон Република Македонија. Воедно генералот Котески истакна дека на средбата станало збор реформските процеси во АРМ, за новата структура на Армијата и за идната соработка помеѓу командата на копнените сили на САД во Европа и АРМ, во насока на нејзино одржување и во иднина. „Денес разговаравме за неколку прашања – за заедничките вежби и за обуката на нашите припадници во командата на американските сили во Европа, а другата тема која ја отворивме е користењето на заедничките искуства од мировните мисии како и заедничкото упатување во мировни мисии“, додаде генералот Котески. Воедно, генералот брифираше дека на средбата било укажано и на капацитетите и можноста за искористување на полигоните за обука во Република Македонија. Генералот Хертлинг, пак, посочи дека заедничкото служење со припадници на АРМ во Ирак, како и преку средбите со нив при посетата во Авганистан, му овозможиле да увиди дека тие извонредно ја вршат својата работа, носејќи мир онаму каде што е потребно. За време на дводневната посета, генералот Хертлинг ќе ги посети ВИНГ-от на АРМ и полигонот „Криволак“, каде припадниците на Полкот за специјални операции ќе изведат показна вежба, а предвидена е и посета на Воената академија каде пред питомците ќе биде одржано предавање на тема „Воена професија“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=oficijalna-poseta-na-generalot-hertling-na-republika-makedonija&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2012, 00:18 | |
| САД и Македонија ја продлабочуваат армиската соработкаКомандантот на копнените сили на САД за Европа во дводневна посета на Македонија. Македонските војници ќе се обучуваат заедно со американските – ова било денеска договорено на средбите на командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-полковникот Марк Хертлинг со министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајорот Горанчо Котески. „Денеска разговаравме за неколку прашања - за заедничките вежби и за обуката на нашите припадници во командата на американските сили во Европа, а другата тема која ја отворивме е користењето на заедничките искуства од мировните мисии, како и заедничкото упатување во мировни мисии“, изјави генералот Котески по средбата. Генералот Хертлинг, пак, посочи дека од заедничкото служење на силите на САД и Македонија во Ирак, како и од средбите со македонските војници при посетата на Авганистан, увидел дека тие извонредно ја вршат својата работа, носејќи мир онаму каде што е потребно. Котески по средбата со Хертлинг изрази благодарност за поддршката од Командата на копнените сили на САД во Европа за АРМ, но и за Република Македонија во целина. На средбата станало збор реформските процеси во АРМ, за новата структура на Армијата и за идната соработка меѓу Командата на копнените сили на САД во Европа и АРМ, во насока на нејзино одржување и во иднина. За идната соработка станало збор и на средбата со министерот за одбрана Фатмир Бесими. „На средбата беше потврдена одличната меѓусебна соработка, со акцент на можноста за нејзино интензивирање и продлабочување, во контекст на заедничките обуки и вежби, а воедно стана збор и за имплементацијата и придобивките од новиот концепт на НАТО, `паметна одбрана`. Во оваа пригода, генералот Хертлинг ја повтори поддршката кон АРМ и го поздрави активното учество на АРМ во мисијата во Авганистан“, соопшти Кабинетот на министерот. За време на дводневната посета, генералот Хертлинг ќе ги посети ВИНГ-от на АРМ и полигонот „Криволак“, каде припадниците на Полкот за специјални операции ќе изведат показна вежба. http://www.voanews.com/macedonian/news/Macedonian-VOA-US-Army-Colaboration-Macedonian-139383613.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2012, 15:44 | |
| Министерот Бесими се сретна со полскиот амбасадор ЧижБилатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Полска ги карактеризира висок степен на пријателство и разбирање кое ќе овозможи интензивирање на соработката во сите сфери од заемен интерес. Тоа беше истакнато на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, со амбасадорот на Република Полска, Пжемислав Чиж. За време на средбата, министерот Бесими се заблагодари за принципиелната политика на Република Полска кон Република Македонија, притоа информирајќи го амбасадорот Чиж за неодамна реализираните посети и средби со повеќе колеги од земјите-членки на НАТО на кои стана збор за поддршката за полноправно членство на Република Македонија во Алијансата, по можност веќе на Самитот во Чикаго, поддршка заснована врз принципот на партнерство, на отвореност и на конструктивност. Во таа насока, министерот Бесими истакнувајќи го фактот дека Република Полска е земја која ужива голем кредибилитет во НАТО и во ЕУ, се заблагодари за поддршката дадена на нашата земја во процесот на евроатлантските интеграции. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=undo-edits-ministerot-besimi-se-sretna-so-polskiot-ambasador-ciz&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 17/2/2012, 15:08 | |
| Одбележување на Денот на Меѓународниот Совет на воени спортовиПо повод ,,18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“, во организација на Генералштабот на АРМ, денес на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одржа спортски ден со припадниците на АРМ од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана. Овој спортски настан, кој во АРМ се одбележува веќе шеста година по ред, истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, под мотото ,,СПОРТ ЗА СИТЕ“ со организација на спортски натпревари во следните дисциплини: крос на 8 km за мажи и на 4 km за жени, мал фудбал, кошарка, пинг-понг и шах. Кросот за припадниците на гарнизонот Скопје, се одржа на патеката покрај кејот на Вардар, од воениот стадион до хотелот ,,Александар Палас“ и назад, а останатите спортови во спортската сала на воениот стадион. Имено, во мај 2005 година, на годишното собрание на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС), Армијата на Република Македонија е примена како 127 членка на МСВС, со што се стекна со право на учество на сите меѓународни спортски натпревари во организација на МСВС. Со одбележувањето на Денот на Меѓународните Воени спортови, припадниците на МО и АРМ уште еднаш покажаа дека јакнењето на физичката кондиција и спортскиот дух се неопходни фактори не само за здрав живот, туку и за успешно извршување на сите задачи. Со развојот на воените спортови застапени во повеќе дисциплини, АРМ дава голем придонес во развојот на спортот и спортската култура во Република Македонија. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odbelezuvanje-na-denot-na-megunarodniot-sovet-na-voeni-sportovi&lang=mk | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|