|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/2/2012, 18:14 | |
| Министерот Бесими го посети ПентагонМинистерот за одбрана, Фатмир Бесими, вчера го посети Пентагон и оствари средба со Џозеф МекМилан, вршителот помошник-секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. За време на средбата беше разговарано за сите аспекти на билатералната соработка во областа на одбраната, за начините за нејзино идно унапредување и за заедничкото учество во мировни мисии, како важен сегмент на стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и САД. Министерот Бесими на средбата истакна дека Република Македонија ќе продолжи со реформскиот процес и процесот на модернизација кој континуирано тече во Министерството за одбрана и во Армијата, а потврдени беа и заложбите на Република Македонија за членство во НАТО-алијансата. Исто така, министерот Бесими на состанокот информираше за учеството на Република Македонија во мировните мисии, односно во силите ИСАФ. Во тој контекст министерот истакна дека нашата држава ќе ги следи чекорите на земјите-членки на НАТО и одлуките коишто НАТО ќе ги донесе, и дополни дека во моментот останува истата бројка на нашите припадници кои се дел од ИСАФ. Истовремено министерот Бесими нагласи дека, ќе се зголеми бројот на припадниците на Армијата на Република Македонија, во однос на обуките на Воената Полиција во Авганистан, проект кој се реализира со земјите од регионот во рамките на А5-форматот. Помошник-секретарот МекМилан изрази благодарност за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и САД и ја нагласи поддршката за нашата држава во насока на реализација на крајната цел – полноправно членство во Алијансата. Во тој контекст помошник-секретарот го поздрави долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии. По посетата на Пентагон, министерот Бесими, во Стејт Департментот, оствари средба и со Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, како и средби со повеќе сенатори и конгресмени на кои што се разговараше на тема Република Македонија и НАТО. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-go-poseti-pentagon&lang=mkПочнаа нашиве да притикаат за влез во НАТО од сите страни...
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 3/2/2012, 10:32. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/2/2012, 20:49 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/2/2012, 10:33 | |
| МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ПРИСУСТВУВАШЕ НА МОЛИТВЕНИОТ ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОНВчера, во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, САД, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, заедно со неговите колеги од Владата на Република Македонија, министрите Поповски и Кралев, како и со пратеници од власта и од опозицијата претставена во Собранието, присуствуваше на традиционалниот Молитвен појадок организиран од страна на претседателот на САД, Барак Обама. Притоа, министерот Бесими имаше можност кратко да поразговара и со државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, како и да оствари неколку средби со претставници на Конгресот и на Сенатот на САД, на кои беше потенциран успешниот реформски процес кој непрекинато тече во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија, а воедно беше потврдена и цврстата детерминираност на Република Македонија за членство во НАТО-алијансата. При посетата, во Атлантскиот совет, министерот Бесими имаше можност да ги презентира и досегашните достигнувања на Република Македонија во насока на исполнување на критериумите за членство во северноатлантската алијанса, процес кој ужива голема поддршка и од политичките партии во земјата, но и од граѓаните на Република Македонија. Како што истакна министерот, токму членството во НАТО, гледано во поширока смисла, би овозможило регионот да ги избегне предизвиците кои можат да се јават поради застојот во овој интегративен процес и да стане кредибилен придонесувач кон глобалниот мир, што е од интерес на Република Македонија, на регионот вклучувајќи ја и Република Грција, но и на НАТО, во целина. Воедно министерот Бесими се сретна и со претставниците на Обединетата македонска дијаспора и Албанско-американскиот совет, на кои им беа претставени активностите преземени од Република Македонија за интегрирање во НАТО, значењето кое тој процес го има, додека истовремено од нив беше побарана континуирана поддршка при артикулирање на ставовите на Република Македонија поврзани со процесот на зачленување во НАТО-алијансата. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-prisustvuvase-na-molitveniot-pojadok-vo-vasington&lang=mk | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/2/2012, 01:59 | |
| Eve sto prenosuva sajtot Plusinfo.mk
Синдикален лидер бара достоинство за професионалните војници
Несериозен, неодговорен, неискрен и потценувачки е односот на надлежните спрема професионалните војници, велат од Независниот синдикат на професионалните војници.
- Законските измени кои ни ги вети Владата не се започнати, а не се спроведуваат ниту трансфер. Законските измени кои ни ги вети Владата не се започнати, а не се спроведуваат ниту трансфер-вработувањата во сродните инстиутции со кои требаше да се згрижат оние чии што договори во армијата завршиле, велат од Синдикатот.
Според тврдењата, имало многу отпушатања.
- Во исто време има стотина отпуштени војници, кои се најпогодни за работата и се со огромно сикуство некои биле и учесници во 4 војни), а повторно се заборавени. Нема ништо од активната резерва, иако јавноста мисли дека таа се спроведува со надомест од 100 евра месечно -истакна Веле Крбалевски, претседател на Независниот синдикат на професионални војници
Од Синдикатот апелираат до министерството да им ги исплати парите на војниците кои им ги должи по неколку основи, односно дневниците, патните трошоци и закупнини, кои не биле платени од август.
Синдикатот нагласува дека министерството ја укинало членарината Синдикатот за да се оневозможи нивната работа. Бараат итна средба со министерот. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/2/2012, 01:59 | |
| Od Sky.mk
Кој ги крие парите на професионалните војници?
Синдикатот на професионални војници смета дека со парите на војниците се вршат манипулации . Парите кои што војниците требало да ги добијат за деужурства и патни трошоци се пресметани и дека истите војниците ги примиле а во реалноста не виделе нити денар.
„Еве се гледа на пресметката дека ни ги запишуваат дневниците, но на сметка не ни ги префлраат“- изјави Веле Крбалевски, синдикат на професионални војници.
150 до 200 илјади евра е се пари на војниците кои што месечно треба да ги земат но некој ги прикрива од нив.
Според пресметките за 500 до 600 војници кои што се дневно на стража со дневница од 10 евра тоа се околу 5000 евра дневно односно 150 илјади евра.
Овие 150 илјади евра од професионалните војници потенцираат дека се пари само за дневници а на нив треба да им се додадат и парите за патни трошоци, кирија и одвоен живот но тие до сега немаат видено нити денар.
Министерот Бесими информира дека исплатата се врши преку трезорот на министерството за финансии но не даде никаква информација зошто трошоците пет месеци се ставаат во пресметките но истите не се исплаќаат.
Војниците открија дека две години ниту еден од професионалец не е пренесен во активна резерва како што им беше ветено за да ги прекинат протестите пред владата.
„Ништо не се случи со резервата веќе две години, иако јавноста мисли дека земаме по 100 евра месечноз а тоа изјави Веле Крбалевски.
За да бидат замолчени и да не зборуваат јавно за овој проблем на војниците им било ветувано вработување и неколку месеци се правеле списоци за судска медицина но нити еден од војниците не е вработен. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/2/2012, 16:29 | |
| Министерот Бесими на Минхенската конференција за безбедносна политикаМинистерот за одбрана, Фатмир Бесими, вчера зема учество на 48. конференција за безбедносна политика која што секоја година традиционално се одржува во Минхен. Централните теми на минхенската конференцијата оваа година беа светската финансиска криза и нејзините консеквенци по меѓународната безбедност, концептот „паметна одбрана“, ЕУ и иднината на НАТО, развојот на Блискиот Исток, сајбер-безбедноста и многу други. Министерот за одбрана во рамките на конференцијата имаше можност да оствари неколку билатерални средби со министерите за одбрана на Велика Британија, на Данска, и на Хрватска на кои се разговараше за сите аспекти на билатералната соработка во областа на одбраната, за начините за нејзино идно унапредување и за придонесот во мировните мисии. Министерот Бесими на билатералните средби го истакна значењето од добивањето полноправно членство во НАТО за Република Македонија и потребата да се искористи моментот и за оваа тема да се разговара на самитот во Чикаго. Притоа, министерот потенцираше дека евроатлантската интеграција е исклучително важна за целиот регион на Југоисточна Европа како и за НАТО. Министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата на билатералните сретдби ја потврдија нивната поддршка за членство на Република Македонија во НАТО и воедно изразија задоволство од беспрекорната соработка. Како и секоја година, и оваа, на конференцијата присуствуваа клучни личности од целиот свет, меѓу кои и државниот секретар и секретарот за одбрана на САД, Хилари Клинтон и Леон Панета, претседателот на Светската Банка, Зелик, министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, премиерот на Република Албанија, претседателот на Република Косово, дипломати со меѓународна репутација како Хенри Кисинџер, добитничката на нобеловата награда за мир за 2011 година, Тавакул Карман, и многу други, односно личности кои во време на глобализација, ја разгледуваат безбедносната политика во светски рамки, со цел подеднакво да се покријат сите светски региони, нивните безбедносни проблеми и потенцијалните кризни жаришта. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-na-minhenskata-konferencija-za-bezbednosna-politika&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/2/2012, 11:46 | |
| Oсвоен златен медал во дисциплината ,,велеслалом“ во алпско скијање женска конкуренција во Р. ИталијаЕкипа на АРМ учествуваше на скијачкиот шампионат во алпско скијање „CaSTA 2012“ кој се одржа од 29.01.2012 до 03.02.2012 година во Сан Кандидо, Република Италија, на кое во поединечна женска конкуренција во дисциплината ,,велеслалом“ Тања Кузмановска го освои првото место и златен медал. Овој скијачки шампионат кој е во организација на Вооружените сили на Република Италија се одржува традиоционално (годинава по 64-ти пат), учествуваат повеќе армии, при што ова натпреварување е влезено и во рамките на Меѓународниот Совет на воени спортови (CISM), каде полноправна членка е и АРМ. Тања Кузмановска минатата година на истово натпреварување го освои бронзениот медал, така што со освојувањето на златниот медал оваа година, го постигна најголемиот успех за АРМ во меѓународните воени спортови, со што даде огромен придонес кон афирмацијата и на Република Македонија. Инаку, екипата на АРМ во алпско скијање ја сочинуваа четири члена, кои иако не освоија медаљи, остварија солидни резултати. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=osvoen-zlaten-medal-vo-disciplinata-veleslalom%E2%80%9C-vo-alpsko-skijanje-zenska-konkurencija-vo-r-italija&lang=mkЧеститки и едно големо браво... | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/2/2012, 12:18 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/2/2012, 14:21 | |
| Годишно реферирање за борбената готовност на ГШ на АРМ на Претседателот на РМДенес, (8-ми февруари) во Домот на АРМ во Скопје, се одржа брифинг за борбената готовност на АРМ за 2011 година, како редовна обврска на Генералштабот на АРМ кон Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, кога Началникот на ГШ на АРМ му реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година. Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, од страна на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2011 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. На брифингот за борбената готовност на АРМ, покрај Претседателот на Република Македонија присуствуваа: Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантите на потчинетите команди и единици, клучниот персонал од Министерството за одбрана и началниците на организационите единици на ГШ на АРМ. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=godisno-referiranje-za-borbenata-gotovnost-na-gs-na-arm-na-pretsedatelot-na-rm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/2/2012, 16:34 | |
| Свеченост по повод враќањето на контингентот од составот на 1. мпбр.Денес, во касарната „Јане Сандански “ во Штип се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот од составот на 1. механизирана пешадиска бригада по шестмесечната мисија во составот на силите ИСАФ во Авганистан. Пред присутните високи гости, министерот за одбрана, Фатмир Бесими, истакна дека професионалноста и врвната обученост на припадниците на Армијата на Република Македонија била истакнувана во сите пригоди. „Вие ги добивте највисоките оценки за извршувањето на поставените задачи. Нам ни останува посветено да продолжиме на патот за обезбедување мир и стабилност не само во Република Македонија, туку и во глобални рамки“, додаде министерот Бесими. Во тој контекст, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески им оддаде признание на сите припадници на контингентот, нагласувајќи дека при оваа ризична мисија, тие го покажале своето знаење и стекнати вештини, но и храброст. Командантот на контингентот, капетанот Зоран Сумрачки истакна дека е горд на контингентот бидејќи успеал да одговори на предизвикот – нападот на главната команда на ИСАФ. Во дваесеттата ротација учествуваа 149 припадници од 1. мпбр. заедно со најстариот национален претставник и двајца штабни офицери распоредени во главната команда на ИСАФ. Единицата која пред заминување помина низ интензивни подготовки, својата мировна задача во дадената зона на одговорност во главниот град на Авганистан ја извршуваше во состав на групата за поддршка на главната команда на ИСАФ. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=svecenost-po-povod-vrakanjeto-na-kontingentot-od-sostavot-na-1-mpbr&lang=mk | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|