|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/1/2012, 15:20 | |
| Бесими: Нема да се откажеме од членството во НАТО
Ќе вложиме максимални напори Република Македонија да го докаже својот капацитет и интерес за членство во НАТО, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, независно дали Македонија на претстојниот Самит ќе стане членка на Алијансата, реформите мора да продолжат.
- Јас по природа сум оптимист, или, како што вели еден термин, реален оптимист. Мора да сме свесни за реалните околности, предизвиците, но оптимизмот е тоа што ќе ни даде мотивација да работиме и да не се откажеме од нашите цели. А и потоа, независно дали Македонија на тој Самит ќе биде дел од НАТО или не, ќе продолжиме исто интензивно во нашите цели за членство во Алијансата зашто овој процес не е само до влезот во НАТО, Македонија ќе треба да прави реформи и откако ќе стане дел од НАТО. Но, тоа е голем чекор доколку оваа година успееме да влеземе како членка во НАТО и ќе работиме на тоа, истакнува Бесими.
Членството во НАТО не зависи исклучиво од Република Македонија, додава, туку и од решавање на спорот за името. Тој голем предизвик што не е еднострано прашање, треба да се реши заедно со Грција, но и со поддршка на меѓународната заедница.
- Ние сме сведоци низ што минува Грција во последно време, особено последната година, од економски и политички аспект. Слично е и во ЕУ, преференциите на САД, тоа што се случуваше во овој период во Северна Африка, Блискиот Исток, сега Азија и Пацификот, тоа се некои работи што не се исти како што беа во 2008-та година. Работите се менуваат, а ние не сме изолирана земја од сето тоа што се случува на глобално ниво. И затоа се користи тој термин реален оптимизам, зашто реално треба да согледаме некои работи, нагласува министерот.
Тој смета дека е битно преговорите да продолжат и по членството во НАТО доколку Македонија влезе под референцата ФИРОМ.
- Во моментов е најзначајно Македонија да стане членка на НАТО што побрзо. Македонија во моментот има референца ФИРОМ на меѓународно ниво и тоа граѓаните треба да го знаат и доколку Македонија стане членка на НАТО под референцата ФИРОМ, не значи дека преговорите со Грција за името ќе престанат во тој момент, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими во интервјуто за Радио Слободна Европа. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 17/1/2012, 14:26 | |
| Отворена Иницијалната планирачка конференција за „СЕЕСИМ 12“„Напорите да се отстранат или да се ублажат ефектите од терористичките активности, од транснационалните закани или од природните катастрофи како и меѓународната соработка, ги зголемуваат националните можности за делување при вакви настани и активности според стандардите на евроатлантските структури –НАТО и ЕУ, што впрочем, претставува и стратегиска определба на земјите од регионот“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими кој денес во Домот на АРМ свечено ја отвори Иницијалната планирачка конференција за вежбата „СЕЕСИМ 12“ која оваа година ќе се одржи во Република Бугарија. На отворањето, претставникот на годинешниот домаќин на вежбата, полковникот Валентин Цветанов, се заблагодари за напорите на домаќинот и на присутните за организирање на оваа конференција и истакна дека е сигурен во крајниот позитивен резултат. На тоа се надоврза и претставникот на САД, Донован Морис, кој изрази уверување дека после оваа кооперација земјите кои се дел од процесот ќе бидат поподготвени за менаџирање на кризи од поголема магнитуда и дополни дека на оваа конференција за прв пат ќе биде применет модулот наречен „Joint exercise management module“. Симулациската мрежа СЕЕСИМ е развиена во 2000 година под чадорот на процесот СЕДМ со цел да служи како механизам за интегрирање на неколку иницијативи на СЕДМ преку досега остварените вежби, меѓу кои и онаа која се одржа во Република Македонија и Република Романија во 2006 година. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=otvorena-inicijalnata-planiracka-konferencija-za-seesim-12&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/1/2012, 16:36 | |
| УЧЕСТВО НА НГШ НА АРМ НА СОСТАНОКОТ НА ЕВРОАТЛАНСКИОТ ВОЕН КОМИТЕТ НА НАТО ВО БРИСЕЛДелегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески ќе учествува на состанокот на Евроатланскиот партнерски Воен комитет во сесија на началници на генералштабови (EAPMC/CS), кој се одржува денес и утре во командата на НАТО во Брисел. Денес на првиот ден од состанокот во Брисел, армиските лидери на членките на НАТО и ПзМ ќе расправаат за операциите на НАТО во мисијата ИСАФ во Авганистан и идното учество на НАТО во изградбата на безбедноста во овој регион за периодот по 2014 година, со посебен осврт на воениот аспект на мисијата ИСАФ, при што посебно ќе стане збор за обуката на Авганистанските безбедносни сили. Утре, пред Воениот комитет на НАТО е предвидено да бидат презентирани искуствата на Нордиските земји во примената на новиот Smart Defence концепт за одбрана, како и актуелната безбедносна состојба, активностите и идните планови на Алијансата за мисијата КФОР на Косово. На средбите во Брисел, покрај останатото се очекува генералот Котески уште еднаш да го нагласи зголемувањето на бројот на припадниците на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, кое е предвидено да се реализира наредниот месец со испраќање на мобилен тим за обука во Школото за Воена полиција на Авганистанските безбедносни сили во Кабул. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ucestvo-na-ngs-na-arm-na-sostanokot-na-evroatlanskiot-voen-komitet-na-nato-vo-brisel&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/1/2012, 16:38 | |
| МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ОСТВАРИ СРЕДА СО ЗАМЕНИК – ПОМОШНИКОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД, ФИЛИП РИКЕРМинистерот за одбрана Фатмир Бесими денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер. На средбата министерот Бесими го нагласи значењето за побрзо членство на Република Македонија во НАТО, како од аспект на стабилноста и развојот на Република Македонија, така и за регионот на Југоисточна Европа и додаде дека членство во НАТО на Република Македонија и регионот, ќе значи успех и за НАТО, за Европа и за САД упатувајќи на фактот дека тоа ќе гарантира безбеден и стабилен регион како предуслов за одржлив развој. Тоа, како што нагласи министерот Бесими, впрочем, е и заедничка цел и со тоа регионот ќе стане порелевантен партнер во мисијата за глобалниот мир. На средбата беше особено истакнато дека НАТО останува наш приоритет и дека ќе работиме активно во остварување на оваа стратешка цел на Република Македонија. Воедно, беше посочено и дека со голема посветеност и искреност ќе работиме на надминување на разликите со Република Грција во спорот со името и беше побарана поддршка од САД како пријател на двете страни да помогнат во овој процес кој се одвива под покровителство на Обединетите Нации. Во тој контекст министерот информираше и за планираните активности за посета на повеќе земји-членки на НАТО пред претстојниот самит во Чикаго, со цел изразување на стратешката определба на Република Македонија за членство во алијансата. Дополнително, министерот Бесими ја поздрави новата одбранбена стратегија на САД, која ги потврдува натамошните заложби на САД за сочувување на глобалниот мир и стабилност и изрази задоволство што евроатлантските интеграции, НАТО и стабилноста во Европа и регионот остануваат во вниманието на оваа стратегија заедно со приоритетите на САД за 21-от век каде што главниот фокус е насочен кон Азија и Пацификот. Заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, потврди дека САД силно ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија, констатираше дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат во насока на реализација на крајната цел – полноправно членство во Алијансата, и во тој контекст го поздрави долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии. На средбата на која беа присутни и амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, полковникот Карл Шулер и политичкиот советник Џесика Џон, министерот Бесими даде краток брифинг и за идните проекти на Министерството за одбрана на Република Македонија во областа на реформите во одбраната кои се во насока на постигнување компатибилност со НАТО-алијансата. Тој информираше за новата формација на АРМ според НАТО-стандардите, која беше донесена неодамна, а исто така информираше и за напорите за имплементација на новиот концепт на НАТО наречен „smart defense“ (паметна одбрана). http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-ostvari-sreda-so-zamenik-pomosnikot-drzaven-sekretar-na-sad-filip-riker&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/1/2012, 13:57 | |
| Пристигна контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ во АвганистанДенес, 20 јануари (петок) 2012 година, во утринските часови, на аеродромот ,,Александар Велики“ со специјален лет пристигна контингентот на АРМ од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр) кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан во изминатите шест месеци, почнувајќи од Јули 2011 година. Контингентот беше пречекан од Застапник командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Киро Галазовски и командантот на 1.мпбр бригаден генерал Димче Петровски. Ианку, изутринава заедно со контингентот од составот на 1.мпбр пристигнаа и најстариот национален претставник во мисијата, штабните офицери и менторскиот тим за обука кој задачите ги извршуваше на северот од Авганистан во рамките на контингентот на СР Германија. Единаесеттата ротација во која АРМ учествува со чета во најголемата мисија на НАТО, ,,Шкорпиите“ на АРМ ја завршија успешно, каде во изминативе шест месеци извршуваа сложени задачи пред се за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул, но и многу други задачи во кои тие ги покажаа високата обученост и оперативна способност, за што најдобра потврда се и првичните високи оценки од командните структури на Алијансата. Сите припадници на АРМ кои се вратија од мисијата во Авганистан се во одлична здравствена состојба, а според воспоставената пракса, на почетокот од Февруари во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип ќе биде организирана официјална свеченост за дочек, со присуство на високи гости. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=pristigna-kontingentot-na-arm-od-misijata-isaf-vo-avganistan&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/1/2012, 13:58 | |
| Бесими-Имами: Соработката помеѓу Република Македонија и Република Албанија е на исклучително високо нивоМинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денес се сретна со неговиот албански колега, Арбен Имами, при што беше потврдена одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста. За време на официјалните разговори, министрите за одбрана дискутираа за прашања околу интеграцијата на Република Македонија во НАТО, особено пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго. „Ние имаме одлични искуства при соработката на билатерален, на регионален план, но и во однос на евроатлантските интеграции. Впрочем, ние преку Јадранската повелба заедно минавме низ патот на интеграција кон НАТО“, истакна по средбата министерот Бесими. Mинистерот Имами уште еднаш ја потврди поддршката на Република Албанија за влез на Република Македонија во НАТО, истовремено истакнувајќи дека Република Албанија ќе продолжи, на средбите и форумите на сите нивоа, кои ќе се одржат пред самитот, безрезервно да лобира за интеграција на Република Македонија во Алијансата. „Колку побрзо Република Македонија и земјите во регионот се интегрираат во НАТО и во ЕУ, толку поголема ќе биде гаранцијата за мирот, за безбедноста за развојот“, додаде министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами. Воедно, министрите потврдија дека соработката на сите нивоа не само што ќе продолжи понатаму, туку и ќе се интензивира. „Разговаравме и за поддршката на Република Албанија за обука на офицери кои денес се дел од Армијата на Република Македонија, а тема на разговор беше и можноста заеднички да работиме на конкретни проекти и да го промовираме и концептот на „паметна одбрана“, додаде министерот Бесими, истакнувајќи дека развојот и одржувањето на регионалните капацитети треба да се базираат на овој концепт, со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни средства. Министерот Имами, во контекст на новиот концепт на НАТО потврди дека и покрај тоа што соработката е на високо ниво, сепак постои простор таа да се прошири и во однос на концептот „паметна одбрана“. Во насока на продлабочување на соработката, од двајцата министри беше поздравена иницијативата на Република Хрватска за заедно учество во Школата за воена полиција во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан. Дополнително, министерот Бесими ја потврди можноста за користење на капацитетите на Република Македонија како полигонот „Криволак“, Военомедицинаскиот центар и РТЦК, кои нашата држава ги нуди како регионални ресурси во рамките на евроатлантските интеграции. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=besimi-imami-sorabotkata-pomeg%CC%81u-republika-makedonija-i-republika-albanija-e-na-isklucitelno-visoko-nivo&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/1/2012, 18:27 | |
| Главна планирачка конференција за меѓународната теренска вежба ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012”Од вчера до 26-ти јануари во Домот на АРМ во Скопје се одржува Главна планирачка конференција за меѓународната теренска вежба ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012”, која ќе се одржи на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ и центарот за обука ,,Пепелиште“ од 16-ти до 29-ти мај годинава. Покрај извежбувањето на процедурите за донесување и спроведување на воени одлуки на командно место на ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012”, ќе биде реализирано и оценување на средната пешадиска баталјонска група на АРМ според Концептот за оперативни способности од нивото НАТО-1 и на механизираната пешадиска чета која е декларирана за учество во борбената група на ЕУ, а која ќе се оценува за НАТО-2 нивото. Според бројот на учесници, се очекува ова да биде една од најголемите вежби на НАТО изведени на АП ,,Криволак“, а според досегашните планови од АРМ ќе учествуваат околу 1500 припадници и околу 250 припадници од армиите членки на НАТО и ПзМ. Покрај споменатите декларирани единици АРМ на ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012” ќе учествуваат припадници на армиите од 20 земји и тоа: САД, СР Германија, Италија, Франција, Турција, Русија, Грција, Шпанија, Украина, Грузија, Белорусија, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Украина, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија и Унгарија. Со вежбата во улога на директор ќе раководи бригадниот генерал Џовани Саваресе од командата на НАТО во Мадрид, а полковникот Синиша Стаменов од Здружената оперативна команда на АРМ ќе биде кодиректор. ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012” ќе биде одлична прилика за уште една потврда на интероперабилноста и оперативната способност на единиците на АРМ, а се очекува таа да даде голем придонес кон меѓународната соработка на полето на одбраната, како и размената на искуствата помеѓу земјите од НАТО и ПзМ, но и промоција на можностите на АП ,,Криволак“ како еден од најголемите полигони за обука во регионот. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=kooperativni-longbow-lancer-2012&lang=mkНакратко ке има меѓународната теренска вежба по име ,,Cooperative Longbow/Lancer 2012” ... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/1/2012, 18:28 | |
| Одликување на капетан Сашо АврамовскиЗаради беспрекорното извршување на задачите, стручноста, несебичното залагање и професионализмот, како и огромниот придонес кон мисијата, по успешно завршената ротација во улога на штабен офицер во мисијата на ООН, УНИФИЛ во Либан, капетанот Сашо Аврамовски е одликуван со медал за посебни заслуги на Либанската армија. Медалот претставува високо одликување на Либанската армија, а капетанот Аврамовски како припадник на АРМ е втор припадник на АРМ на кого ова одликување Генералштабот на Либанската армија го има доделено досега. Покрај ова високо одликување од Линабската армија, за покажаните одлични резултати и унапредување на штабната работа во рамките на Здружениот Оперативен Центар на УНИФИЛ во Нагура, Либан, од страна на командантот на УНИФИЛ на капетанот Сашо Аврамовски му е доделен и медал на ООН за зачувување на мирот. Како посебно значајни настани заради кои капетанот Аврамовски ги добил признанијата се издвојуваат: учество во спасувачките мисии на УНИФИЛ во Средоземното Море, покажаната умешност, обученост и професионализам во примената на стандардните процедури во услови на прекин на оган и раздвојување на завојуваните страни, како и други помали акции, каде тој беше врска помеѓу Либанската армија, силите на УНИФИЛ и Ситуациониот Центар на ООН во Њујорк. Капетанот Аврамовски покрај редовните задачи, како штабен офицер во командата на УНИФИЛ, одржувал брифинзи од доменот на работата на Здружениот Оперативен Центар, а изведувал и обука на штабни офицери во командите на секторите при секоја ротација на контингентите. АРМ во мисијата на ООН, УНИФИЛ учествува од 2007 година со еден штабен офицер во командата на УНИФИЛ, а капетанот Сашо Аврамовски должностите во рамките на оваа мисија ги извршуваше во периодот од мај 2010 година, до мај 2011 година. Доделените високи признанија на припадник на АРМ од страна на ООН се уште еден доказ за врваната обученост на припадниците на АРМ, како и на доследната примена на стандардите и процедурите за извршување на мировни мисии на ООН. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odlikuvanje-na-kapetan-saso-avramovski&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/1/2012, 18:58 | |
| Брифинг на министерот Бесими со претставниците на медиумитеМинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска со новинарите задолжени за ресорот одбрана од печатените и електронски медиуми, одржа брифинг на кој информираше за идните настани и активности во 2012 година, во насока на интензивирање на комуникацијата со колегите и со институциите надвор од Република Македонија, секако со цел нивно запознавање со реформскиот процес и процесот на модернизација кој континуирано тече во Министерството и во Армијата на Република Македонија, како и со заложбите на Република Македонија за членство во НАТО-алијансата. Во тој контекст, како што брифираше министерот Бесими, е и т.н. „Агенда Чикаго 2012“ која ги опфаќа сите активности во наредниот период кои започнуваат идната недела со посетата на министерот Бесими на Соединетите Американски Држави што претставува одлична можност за информирање на партнерите за достигнувањата во посочената област. Во текот на посетата на САД, министерот ќе има прилика да оствари средба и со замениците на секретарот за одбрана на САД, Леон Панета, во Пентагон каде би се дефинирале и елементите за планираната средба со секретарот Панета во април, оваа година. Дополнително, министерот Бесими ќе оствари средби и во Стејт Департментот и во Конгресот, каде ќе се сретне со претставници на Републиканската и на Демократската Партија. Посетата на САД ќе биде искористена и за средби во ООН, каде ќе се разговара и за придонесот на Република Македонија во мировните мисии под покровителство на светската организација. Запознавањето со активностите и значењето кое го има членството во НАТО за Република Македонија, но и за поширокиот регион, како што истакна министерот, ќе биде во фокусот на разговорите кои министерот Бесими ќе ги има и со претставниците на Обединетата македонска дијаспора и Албанско-американскиот совет, од кои ќе биде побарана континуирана поддршка и вклучување во процесот на информирање и артикулирање на ставовите на Република Македонија поврзани со членството во северноатлантската алијанса. Агендата за изнесување на портфолиото на Република Македонија, по посетата на САД продолжува и на Состанокот на министрите за одбрана во Брисел како можност за реализација на одредени билатерални средби, на кој, пак, се надоврзува и состанокот на особено важната Меѓународна конференција за безбедност во Минхен, Германија, на која министерот Бесими, заедно со министерот за надворешни работи Никола Поповски ќе имаат можност да се запознаат со новите предлози во оваа област, но и да дадат свои мислења во делот на евроатлантската интеграција. Присуството во Минхен, според министерот Бесими, ќе биде искористено за бројни билатерални средби со колеги од целната група – земјите-членки на НАТО. Дипломатската активност, како што брифираше министерот Бесими, во насока на ефикасно и ефективно искористување на ресурсите, веднаш ќе продолжи и со официјална посета на Република Србија со што ќе се заокружи и процесот на официјални средби со претставници на земјите-членки на А5. Во тој контекст министерот напомена дека во текот на месец февруари или март ќе биде реализирана и посетата на Република Грција која беше договорена во октомври минатата година, на билатералната средба со тогашниот министер за одбрана на Република Грција. Во текот на брифингот министерот Бесими истакна дека ќе се работи и на интензивирање и оптимализирање на капацитетите во воената дипломатија, како и зајакнување на комуникацијата помеѓу воените аташеи и претставници на Република Македонија во странство. На новинарски прашања поврзани со очекувањата на министерот Бесими за исходот од самитот на НАТО во Чикаго, тој напомена дека Република Македонија прави сè што е во нејзина моќ за да ги запознае и увери земјите-партнери дека процесот на приклучување на нашата држава во НАТО претставува бенефит за сите, особено за регионот, од аспект на воспоставување на цврст регионален мир, развој и стабилност. Во тој контекст министерот ја посочи и одличната соработка со Република Грција во процесот СЕДМ, чиј дел е и мултинационалната единица СЕЕБРИГ, која во моментов од штабот во Лариса е командувана од генералот Здравко Поповски од Армијата на Република Македонија. Според министерот Бесими, активностите не запираат по овој прв бран средби, туку продолжуваат и со понатамошните посети на Норвешка, на Велика Британија, на седиштето на НАТО во Белгија, но и состаноци и средби со претставниците на земјите-членки на НАТО во Република Македонија. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=brifing-na-ministerot-besimi-so-pretstavnicite-na-mediumite&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 31/1/2012, 20:31 | |
| Министерот за одбрана Фатмир Бесими ја започна работната посета на САДМинистерот за одбрана, Фатмир Бесими, денеска, ја започна агендата „Чикаго 2012“ и во рамките на својата работна посета на САД, во Организацијата на Обединетите Нации се сретна со помошник генералниот секретар за мировни операции, Едмонд Мулет, заменик-раководител на одделот за мировни операции (DPKO), како и со заменик-амбасадорот на САД во ООН, Росмари Ди Карло. За време на средбата која се одржа во ООН се разговараше за значењето на придонесот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии, за одржување на меѓународниот мир и безбедност како и за заложбите за евроатлантските интеграции. Министерот Бесими истакна дека членството во НАТО алијансата е исклучително важно да се реализира што побрзо бидејќи тоа претставува бенефит не само за Република Македонија, туку и пошироко за регионот, од аспект на воспоставување на одржлив мир и стабилност како основа за идниот развој на регионот. Во овој контекст, тој истакна дека интеграција на земјите од регионот во НАТО претставува успех и за самата алијанса. Воедно, министерот Бесими побара и поддршка за упатување на покана за членство на Република Македонија во НАТО на самитот во Чикаго оваа година. Во разговорите, министерот Бесими информираше дека Република Македонија зема учество во мировните мисии од 2002 година сè до денес при што вкупната бројка досега распоредени војници изнесува 2.800, што гледано според големината на АРМ и на земјата претставува респектабилна бројка. Притоа, во моментот Република Македонија има околу 198 претставници во четири меѓународни мировни мисии, односно во ИСАФ (Авганистан), во АЛТЕА (Босна и Херцеговина), во УНИФИЛ (Либан) и во КФОР (Косово). Дополнително министерот Бесими укажа на размислувањата за идни ангажмани на Република Македонија во меѓународните мисии на ООН како и за можноста за испраќање на воено аташе во меѓународната организација. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-za-odbrana-fatmir-besimi-ja-zapocna-rabotna-poseta-na-sad&lang=mk | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|