|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/1/2012, 12:47 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/1/2012, 13:35 | |
| Осумдесет милиони евра нé чинеле мировните мисии
Искуствата што македонските војници ги добиваат во странските мисии се со огромна вредност за нас, а сé што учат теоретски во своите клупи и истовремено го вежбаат на воените полигони не се ни споредува со вистинското теренско искуство во воени услови на мировните мисии, вели пензионираниот полковник и воен аналитичар Благоја Марковски
Десетта година по ред македонската армија учествува во мировни мисии, што ја чинело државата околу 80 милиони евра. За овој период Македонија испрати близу 500 македонски војници што учествуваа во стабилизацијата на Ирак и уште толку што учествуваат во Авганистан, Босна и во Либан.
Прва мировна мисија во која македонските војници учествуваа е во 2002 година во Авганистан. Потоа следува мисијата „Слобода за Ирак“, каде што македонските војници помина неколку години. Сега Македонија партиципира во мисијата ИСАФ во Авганистан, во мисијата на Европската Унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и во логистичката поддршка на КФОР за Косово. Во последниве девет години приближно две илјади македонски војници учествувале во неколку мисии. Во Авганистан имаме 242 припадници на АРМ, од кои најголемиот дел се во Кабул, каде што ја обезбедуваат главната команда на ИСАФ.
Ова е сметката што ја плативме за да добиеме условна покана за членство во НАТО-пактот, оптоварена со решавање на спорот за името со Грција.
Попречувачот на нашите евроатлантски амбиции, Грција, пак, како членка на НАТО и држава што во количество и во квалитет има добиено најмногу бесплатно оружје од САД, во моментов учествува со 140 војници во Авганистан. Според грчко-американскиот неделник „Грик њуз“, дури 120 од нив се обични инженери. Тоа е придонесот од 250-илјадната грчка армија.
Според процентот на војници во борбени операции, Македонија е во водечките земји-учеснички во мисиите во странство, веднаш по САД и Велика Британија. Моментно во странските мисии учествуваат околу четири отсто од вкупниот број македонски војници. Тој просек во НАТО-земјите е малку повеќе од еден отсто од вкупните воени сили.
Полковникот во пензија Благоја Марковски вели дека од формирањето на АРМ досега нашата армија стана респектибилен фактор, кој е рамо до рамо со земјите-сојузнички на сите фронтови каде што се бранат мирот и демократијата.
- Конфликтот ги прекина реформите на армијата што почнаа во 1998 година, но веќе во 2002 година АРМ го испрати својот прв претставник во мировните сили во Авганистан и го почна преминот од дотогашниот корпусен кон бригаден принцип на поставеност - објаснува Марковски.
Армијата, објаснува полковникот, многу брзо се оспособи за мировни операции, а ние преку АРМ во 2004 година од земја на која и е потребна воена помош станавме земја што учествува во давање воена помош. Секаде каде што учествуваа македонските војници беа вистински претставници на земјата и амбасадори на мирот. За нивниот ангажман стигнуваат само пофалби и честитки.
- Искуствата што македонските војници ги добиваат во странските мисии се со огромна вредност за нас, а сето она што го учат теоретски во своите клупи и истовремено го вежбаат на воените полигони не се ни споредува со вистинското теренско искуство во воени услови на мировните мисии - оценува пензионираниот полковник и воен аналитичар.
Според него, присобраните податоци и искуството од реален простор и време во реални воени услови, за среќа на странска територија, наместо на домашна, може практично да се употреби во одбраната на нашата земја. - Можеби најпозитивен ефект од странските мисии е афирмирањето на нашите војници како амбасадори на Македонија, односно на земја во која демократско општество развива заштита, безбедност и борба за спречување на терористичките акции - истакнува Марковски.
Тој истакнува дека не треба да се жали за големите пари што се одвојуваат од и онака малиот буџет на АРМ, наменети за оваа цел.
- Мирот најмногу чини кога се брани во мирно време, а ова е една класична реченица, која комплетно ја објаснува намената на овие средства за странските мисии - резимира пензионираниот полковник.
НОВА МАКЕДОНИЈА
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/1/2012, 14:37 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/1/2012, 18:21 | |
| Е сега што се ке имавме со тие 80 милиони евра,немаше арм да бите тоа што е...ама тоа ти е... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/1/2012, 18:21 | |
| Одбележана 4-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптерМинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, придружен од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески со положување венци со свежо цвеќе пред командата на ВИНГ-от на АРМ и кај катлановско Блаце ја одбележаа четиригодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија. На споменатите локации свежо цвеќе положија и делегации на Здружената оперативна команда и ВИНГ-от на АРМ, претставници на локалната самоуправа како и членови на семејствата на загинатитите припадници на АРМ. Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odbelezana-4-godisninata-od-nesrekjata-na-armiskiot-helikopter&lang=mk | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/1/2012, 00:58 | |
| Лесна им земја! | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/1/2012, 18:27 | |
| НОВАТА СЕРВИСНА СТАНИЦА ВО КИЧЕВО – ПРИМЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНЦЕПТОТ „ПАМЕТНА ОДБРАНА“„Денес бевме сведоци не неколку елементи – АРМ е подготвена за НАТО и активно учествува и придонесува кон мисите на меѓународно ниво, потоа имавме можност да видиме армија која е многу активна помеѓу граѓаните со вложување во соработката со цивилниот сектор и во практика видовме дека АРМ е професионална армија која применува конкретни чекори за имплементирање на новиот концепт на НАТО, „паметна одбрана“ чија суштина е да се извршуваат работите со помалку, но поефикасно алоцирани средства“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими на денешното свечено пуштање во употреба на новата Сервисна станица за потребите на 2. Механизирана пешадиска бригада, сместена во касарната „Чедо Филипоски – Даме“ во Кичево. Министерот Бесими истакна дека токму отворањето на оваа сервисна станица покажува дека АРМ го имплементира новиот концепт на НАТО, концептот „паметна одбрана“.„Сервисниот центар не е направен со нови средства и нови инвестиции, туку со расположливите средства, со идеите, со креацијата и со волјата на касарната и командата тука во Кичево, користејќи ја опремата која била дел од АРМ и која денес е ставена во нова функција“, додаде министерот воедно истакнувајќи дека со оваа сервисна станица сервисите кои ќе се направат ќе бидат посистематски вршени со што возилата ќе бидат поподготвени, побезбедни и поефикасни, што, пак, ќе влијае на зголемувањето на борбената готовност и на заштедувањето на средства за сервисирање надвор од касарната. Имено, сервисната станица располага со капацитети за современо дијагностицирање на неисправностите кај моторните возила, потоа за проверка на системите за кочење, за осветлување, за управување како и за брза и ефикасна замена на моторното масло и течноста во системот за ладење. Во текот на свеченоста, министерот Бесими заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, останатите гости од МО и од АРМ, пратеници од Собранието на Република Македонија и делегација од локалната самоуправа се запознаа со активностите на 2. мпбр. во рамите на воено-цивилната соработка. Во тој контекст беа доделени и благодарници на лицата и установите кои дале свој придонес во успешната реализација на зацртаните проекти. Дополнително министерот Бесими и останатите присутни преку видео-конференциска врска имаа можност да воспостават директен контакт со мировниците на АРМ во Авганистан, при што можеа да се уверат во успехот на контингентот кој треба да се врати во Република Македонија, но и во капацитетите и способностите на новиот контингент кој во моментов стапува на своите задачи http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=novata-servisna-stanica-vo-kicevo-primer-za-implementacija-na-konceptot-pametna-odbrana&lang=mk | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/1/2012, 23:33 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/1/2012, 23:35 | |
| Бесими рамковно ја балансира армијатаОд Министерството за одбрана најавуваат правичната застапеност да биде избалансирана и за сите етникуми во државата, а не само за Албанците Еден процент годишно рамковни вработувања за да се постигне правичната застапеност на етничките заедници во Министерството за одбрана и АРМ. Ова е динамиката на организацискиот план што се спроведува во овој ресор при пополнување на слободните работни места. Според најновите статистички податоци, направени кон крајот на октомври минатата година, правичната застапеност е приближно постигната во АРМ, каде што Албанците се застапени со 18,57 проценти, за разлика од Министерството за одбрана, каде што овој процент изнесува 11,07. За граѓаните да се вработат во армијата мора да минат строги психофизички тестови и да го имаат отслужено воениот рок. Во Министерството за одбрана условите за вработување на службениците се идентични како, на пример, во Министерството за животна средина, за транспорт и врски и слично, што значи дека се поедноставни отколку во професионалната војска. Селвет Барути, портпаролка на Министерството за одбрана, ги најавува очекувањата на ресорот правичната застапеност да биде избалансирана и за сите етникуми во државата, а не само за Албанците. - Дека сме на добар пат да ја исполниме оваа обврска говори и податокот дека првпат од вкупно 149 испратени мировници во странство, 53 се Албанци - објаснува Барути. Според анализите на Министерството за одбрана, овој ресор има вкупно 714 вработени и 7.015 вработени во АРМ. Во администрацијата работат 628 Македонци, 82 Албанци, 10 Срби, 6 Турци, 7 Власи, еден Ром и тројца Бошњаци. Во Армијата, пак, 5.168 се Македонци, 1.303 се Албанци, 155 се Турци, 135 Срби итн. Во армискиот врв, освен Македонците, Албанците имаат најмногу офицери, 106, и подофицери, 392. Зад нив се Турците, со 18 офицери и 30 подофицери. АРМ има 14 офицери и 26 подофицери од српската заедница. Бројот на офицери и подофицери од другите етнички заедници е под десет. Аналитичките податоци што се однесуваат за професионалните војници велат дека државата има вработено 2.508 Македонци, 755 Албанци, 99 Турци, 68 Срби, 61 Роми, 34 Власи, 22 Бошњаци и 34 лица од другите етникуми. ---- Бога ми,доста ги имало.. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/1/2012, 00:09 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|