Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 29 ... 55, 56, 57 ... 78 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyСре 24 Окт 2012, 08:22

Министерка за одбрана на Норвешка во посета на Македонија

Во дводневна работна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за одбрана на Кралството Норвешка, Ан-Грете Стром-Ериксен по покана на министерот за одбрана, Фатмир Бесими.

На средбата двајцата министри ќе разговараат за билатералната соработка во областа на одбраната, чиј есенцијален дел меѓу останатото е и донацијата на лесно-маневарската полска болница ROLE-2, која официјално ќе биде предадена за време на медицинската вежба `Безбедна патека-2012`.

Кралството Норвешка е континуиран поддржувач на реформите на одбраната во Република Македонија, а воедно е донатор во неколку клучни проекти.

Утре во Центарот за обука `Пепелиште` македонскиот и норвешкиот министер Бесими и Стрим-Ериксен ќе присуствуваат на вежбата `Безбедна патека - 2012`.

Според најавите од Министерството за одбрана ќе се одржи предавање на медицинскиот пакет од Кралството Норвешка, а до крајот на 2012 година ќе пристигне логистичкиот пакет за поддршка на истата во соработка со Армијата на САД.
http://sky.mk/index.php/makedonija/1192-ministerka-za-odbrana-na-norveshka-vo-poseta-na-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyСре 24 Окт 2012, 17:31

„НОРВЕШКА САКА ДА ЈА ВИДИ МАКЕДОНИЈА ВО НАТО ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО“: СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА НА КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА, АН-ГРЕТЕ СТРОМ ЕРИКСЕН

„Норвешка ќе продолжи да ги поддржува амбициите на Македонија за членство во НАТО и жалам што Алијансата сè уште не е во можност да ви упати покана. Се надевам дека ќе најдете решение за името што е можно поскоро“, истакна норвешката министерка за одбрана Ан-Грете Стром Ериксен на заедничката прес-конфренција во Скопје со македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими.

Двајцата министри оценија дека Норвешка претставува значаен партнер на Република Македонија во остварувањето на нејзината стратешка цел за евроатланската интеграција и оти двете земји имаат исклучителна соработка во повеќе сегменти од одбраната.

- Македонија е кредибилен партнер и се надевам дека понатаму ќе ги развиваме нашите односи, додаде Стром Ериксен. Истовремено таа нагласи дека Норвешка ќе остане континуиран поддржувач на реформите во одбраната во Македонија и оти ќе помогне во реализацијата на проектите како што се прераснувањето на Регионалниот тренинг центар за комуникации во Центар за обука на Партнерството за мир, поддршка на Воено-медицинскиот центар и проектот за ресоцијализација на воен персонал „Лепеза“.

Министерот Бесими изрази благодарност за донацијата од Норвешка на лесно-маневарската полска болница ROLE-2, која официјално ќе биде предадена за време на медицинската вежба „Безбедна патека-2012“.

АРМ - новости - Page 56 DSC_7184_1

АРМ - новости - Page 56 DSC_7278

АРМ - новости - Page 56 DSC_7285

АРМ - новости - Page 56 DSC_7342

АРМ - новости - Page 56 DSC_7392

http://www.morm.gov.mk/content/?66EA71053CB1870E4865ADA7260A820406EB7C6F
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyЧет 25 Окт 2012, 16:31

МАКЕДОНИЈА ЈА УНАПРЕДУВА ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА СЛУЖБА – ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА РОЛЕ-2 ПОЛСКА БОЛНИЦА, ДОНАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА

„Република Македонија со донацијата на Кралството Норвешка исполнува значаен критериум во декларираните единици на земјата за учество во мировни мисии преку развој на подвижната полска болница од ниво-2. Ние вложуваме големи напори и успеваме да креираме ефикасна и кредибилна воено-медицинска служба“, порача денеска министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими на Денот на високи гости на вежбата „Безбедна патека – 2102“ во Центарот за обука „Пепелиште“, каде се изврши и примопредавањето на значајната донација од Кралството Норвешка – лесната маневарска полска болница РОЛЕ-2.

Како што истакна министерот Бесими, цврстата заложба за зајакнување на придонесот во меѓународните операции денес станува реалност, бидејќи споменатата донација со вредност од над 2 милиони евра ќе даде значаен придонес во подобрувањето на капацитетите на АРМ за учество во меѓународните операции предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН.

Министерот за одбрана на Кралството Норвешка, Ан-Грете Стром Ерихсен пред присутните посочи дека Македонија отсекогаш играла клучна улога во растот на стабилноста и во развојот на регионот на Западен Балкан. „Јас сум горда што можам да кажам дека во последните неколку години нашата билатерална соработка во полето на одбраната отиде еден голем чекор напред. Ова најмногу се однесува на нашата воено-медицинска соработка“, истакна министерката Стром-Ерихсен. Одлуката заеднички да работиме во Авганистан имаше големо влијание, посочи таа, во нашето зближување и во креирањето заеднички бенефит во операциите каде медицинската поддршка е од клучна важност.
Двајцата министри во своите обраќања истакнаа дека и понатаму ќе се залагаат за понатамошен развој на меѓусебната соработка, почитување и поддршка.

Ситуационата тактичка вежба „Безбедна патека 2012“ планирана од Бригадата за логистичка поддршка, а во реализација на Бригадата и на Воено-медицинскиот центар има за цел да се оцени функционалноста и да се изврши примопредавање на РОЛЕ-2 полската болница со што ќе се заокружи заедничкиот проект на Република Македонија и на Кралството Норвешка. Дел од билатералниот проект на воено-здравствените служби на двете земји е и реконструкцијата и опремувањето на Центарот за медицинска обука.
Како придобивки за Армијата на Република Македонија од билатералната соработка, освен новата, комплетна и најсовремено опремена РОЛЕ-2 болница, спомената е работата на медицинскиот персонал во интернационална средина, усвојувањето на медицинските НАТО стандарди, процедури и протоколи и поставувањето на медицинската обука планирана врз основа на богатото норвешко искуство.

АРМ - новости - Page 56 DSC_7502

АРМ - новости - Page 56 DSC_7515

АРМ - новости - Page 56 DSC_7528

АРМ - новости - Page 56 DSC_7550

АРМ - новости - Page 56 DSC_7557

АРМ - новости - Page 56 DSC_7563

АРМ - новости - Page 56 DSC_7626

АРМ - новости - Page 56 DSC_7682

АРМ - новости - Page 56 DSC_7714_1

АРМ - новости - Page 56 DSC_7724

АРМ - новости - Page 56 DSC_7748

АРМ - новости - Page 56 DSC_7774

АРМ - новости - Page 56 DSC_7783

АРМ - новости - Page 56 DSC_7786

АРМ - новости - Page 56 DSC_7798

АРМ - новости - Page 56 DSC_7801

АРМ - новости - Page 56 DSC_7805

АРМ - новости - Page 56 DSC_7823

http://www.morm.gov.mk/content/?3E63AC6D98DE1CBCAACDDF84C37D7079413C79FF
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyВто 30 Окт 2012, 22:04

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КФОР ВО ПОСЕТА НА АРМ

Висока делегација на КФОР предводена од командантот на оваа мисија, генерал-мајор Волкер Халбауер, на кого домаќин му е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, денес (30-ти октомври) претстојува во официјална посета на ГШ на АРМ.

На средбата во ГШ на АРМ се разговараше за безбедносната состојба во регионот, трансформацијата на АРМ и нејзиното учество во мисии. Гостите од КФОР пред ГШ на АРМ, ја презентираа безбедносната состојба на Косово, активностите и идните планови на КФОР.

Од двете страни е заклучено дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработката и дека постои потреба од нејзино проширување во наредниот период.

Како што е познато, во јуни 2007 година, во целосна оперативна готовност беше ставен Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој е во составот на Командата за логистичка поддршка на АРМ. Негова основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР.

АРМ - новости - Page 56 DSC_7846

АРМ - новости - Page 56 DSC_7858_1

http://www.morm.gov.mk/content/?37C10FEF347519B4122D0F7708D59D0ADE94D100
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyСре 31 Окт 2012, 16:25

СРЕДБА НА НАЧАЛНИКОТ НА ГШ НА АРМ СО ПРЕСТАВНИЦИТЕ НА ТРИНАЕСЕТАТА РОТАЦИЈА НА АЛТЕА


Денес, 31-ви октомври Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески оствари средба со медицинскиот тим на АРМ кој ќе учествува во тринаесетата ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

На средбата, НГШ на АРМ од страна на лидерот на тимот беше запознаен со текот на подготовките за упатување во мисија како и со работата и задачите кои го одчекуваат тимот во рамките на мисијата АЛТЕА. Генералот Котески истакна дека медицинскиот тим на АРМ во изминативе шест години на најдобар начин ги покажа способностите и интероперабилноста на АРМ во рамките на мисијата на ЕУ, но и даде огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија за што најдобра потврда се високите оценки добиени од командата на ЕУФОР.

Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево. АРМ во мисијата АЛТЕА учествува со медицинскиот тим од ноември 2006 година.

АРМ - новости - Page 56 IMG_2933

АРМ - новости - Page 56 IMG_2936

АРМ - новости - Page 56 IMG_2940_1

http://www.morm.gov.mk/content/?B9446367FA4BFD725DD74F6B9847D19727E77AE9
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyПон 05 Ное 2012, 22:23

Запалено возило на АРМ (ФОТО)

Вечерва на булеварот Гоце Делчев во Скопје, во близина на стоковната куќа Мост, се запали возило на АРМ. Пожарот избувнал од моторот на возилото, а по брзата интервенција на пожарникарите беше угаснат. Ниту едно лице не е повредено.Полицијата изврши увид.

фотографии: Роберт Атанасовски
http://www.mkd.mk/73001/crna-hronika/zapaleno-vozilo-na-arm/?pid=3719#img

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyСаб 10 Ное 2012, 19:12

24 Вести: Офицерите од Слупчане ќе бидат ослободени од одговорност

Министерството за одбрана нема намера да го послуша началникот на Генералштабот на Армијата, Горанчо Котески и да ги казни четворицата офицери што заедно со Бесими се поклонија на споменикот на ОНА во Слупчане.

„За Министерството за одбрана случајот е затворен. Ставот е познат и нема што да додадеме“, ни рекоа од кабинетот на министерот Бесими.

А, ставот на Министерството уште од првиот ден е дека во случајот немало прекршување на процедурите бидејќи униформираните лица биле на настанот по наредба на министерот.

За разлика од кабинетот на Бесими, началникот на Генералштабот сметаше дека офицерите постапиле спротивно на правилата на службата, па уште пред месец и половина поднесе барање за поведување на дисциплинска постапка против нив. Потег кој претходно го побара и претседателот Иванов.

„Има стручни органи кои ќе го разгледаат овој случај. Место во одбраната и во АРМ за политика и импровизации нема“- изјави меѓу другото началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Горанчо Котески.

Но, денеска началникот воопшто не знае до каде е процедурата што ја потегна. За сите информации од неговиот кабинет не упатија на министерството, кое е надлежно за дисциплинската постапка, бидејќи униформираните лица на Армијата што салутираа во Слупчане или се дел од кабинетот на министерот или се на задача во министерството.

Во секој случај, со оглед на ставот на министерството, јасно е дека Бесими нема намера да ги казни офицерите со кои заедно се поклонуваше. Дали и кога формално ќе бидат ослободени од одговорност останува непознато, но тоа веќе се сведува на техничко прашање. Откако ќе го добие на рака решението на Бесими, на Котески ќе му остане можноста да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка.

Инаку, за учество на воени лица на политички собири и манифестации според Законот за одбрана предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра, а според законот за служба во АРМ предвидена е дисциплинска одговорност, со санкции што се движат од еднократна казна од 15 отсто од платата, преку забрани за унапредувања и одземања чин, до отказ од работа.


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyНед 11 Ное 2012, 10:52

АРМ - новости - Page 56 XkKUL

MAKEDONSKO IZASLANSTVO U BSD-u

U sklopu službenog posjeta OSRH makedonsko izaslanstvo na čelu s načelnikom GS-a Armije Republike Makedonije, general-bojnikom Gorančom Koteskim, 26. listopada posjetilo je Bojnu za specijalna djelovanja u vojarni "Drgomalj" u Delnicama. U makedonskom izaslanstvu bili su i brigadir Slave Ilijevski, načelnik J-3 GS-a Armije Republike Makedonije, Ana Ežova Kržaloska, pomoćnica pročelnika Sektora za međunarodnu suradnju, brigadir Zvonko Atanasovski, vojni izaslanik za RH i brigadir Pavle Arsovski, zapovjednik Pukovnije za specijalne operacije.

Generala Koteskog u BSD-u dočekao je zapovjednik, pukovnik Dražen Ressler. Gostima je održana multimedijalna prezentacija o misiji i ustroju, zadaćama i budućim smjernicama razvoja BSD-a. Posebno su istaknute sadašnje zadaće i budući obučni ciljevi postrojbe, te dosadašnje iskustvo sudjelovanja pripadnika BSD-a u međunarodnim obrambenim aktivnostima, operacijama ISAF-a u Afganistanu, kao i o operativno-mentorskim timovima. Upoznati su i s područjem razmještaja Bojne za specijalna djelovanja, te suradnjom s civilnim institucijama u pružanju pomoći u akcijama traganja i spašavanja u slučaju nestalih vojnih osoba. Pukovnik Ressler je na kraju izlaganja naglasio želju za nastavkom suradnje koja je započeta još 2005.

General Koteski je naglasio kako podržava uzajamnu suradnju dviju specijalnih postrojbi. U svom izlaganju stavio je naglasak na međunarodne aktivnosti u kojima sudjeluje Armija Republike Makedonije i njihove specijalne snage. Brigadir Pavle Arsovski zapovjednik Pukovnije za specijalne operacije u svom je obraćanju predstavio ustroj specijalne bojne makedonskih snaga. Također je izrazio želju za uspješan razvoj makedonskih i hrvatskih specijalnih snaga, uz obostranu suradnju. Za makedonsko izaslanstvo pripadnici BSD-a pripremili su praktičnu demonstraciju specijalnih vještina obuke, taktičko-tehnički zbor i praktični prikaz vježbe prilaza i okruženja te pretrage i čišćenja objekta.
http://www.hrvatski-vojnik.hr/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyНед 11 Ное 2012, 11:13

Alvar напиша:
АРМ - новости - Page 56 XkKUL

MAKEDONSKO IZASLANSTVO U BSD-u

U sklopu službenog posjeta OSRH makedonsko izaslanstvo na čelu s načelnikom GS-a Armije Republike Makedonije, general-bojnikom Gorančom Koteskim, 26. listopada posjetilo je Bojnu za specijalna djelovanja u vojarni "Drgomalj" u Delnicama. U makedonskom izaslanstvu bili su i brigadir Slave Ilijevski, načelnik J-3 GS-a Armije Republike Makedonije, Ana Ežova Kržaloska, pomoćnica pročelnika Sektora za međunarodnu suradnju, brigadir Zvonko Atanasovski, vojni izaslanik za RH i brigadir Pavle Arsovski, zapovjednik Pukovnije za specijalne operacije.

Generala Koteskog u BSD-u dočekao je zapovjednik, pukovnik Dražen Ressler. Gostima je održana multimedijalna prezentacija o misiji i ustroju, zadaćama i budućim smjernicama razvoja BSD-a. Posebno su istaknute sadašnje zadaće i budući obučni ciljevi postrojbe, te dosadašnje iskustvo sudjelovanja pripadnika BSD-a u međunarodnim obrambenim aktivnostima, operacijama ISAF-a u Afganistanu, kao i o operativno-mentorskim timovima. Upoznati su i s područjem razmještaja Bojne za specijalna djelovanja, te suradnjom s civilnim institucijama u pružanju pomoći u akcijama traganja i spašavanja u slučaju nestalih vojnih osoba. Pukovnik Ressler je na kraju izlaganja naglasio želju za nastavkom suradnje koja je započeta još 2005.

General Koteski je naglasio kako podržava uzajamnu suradnju dviju specijalnih postrojbi. U svom izlaganju stavio je naglasak na međunarodne aktivnosti u kojima sudjeluje Armija Republike Makedonije i njihove specijalne snage. Brigadir Pavle Arsovski zapovjednik Pukovnije za specijalne operacije u svom je obraćanju predstavio ustroj specijalne bojne makedonskih snaga. Također je izrazio želju za uspješan razvoj makedonskih i hrvatskih specijalnih snaga, uz obostranu suradnju. Za makedonsko izaslanstvo pripadnici BSD-a pripremili su praktičnu demonstraciju specijalnih vještina obuke, taktičko-tehnički zbor i praktični prikaz vježbe prilaza i okruženja te pretrage i čišćenja objekta.
http://www.hrvatski-vojnik.hr/
Имаме долга традиција и соработка со оваа единица уште од 1995 во базата Шепурине.
Нашите биле обучувани од Хрватски кадари легионери...
И како куриоизитет со хрватски ознаки и униформи.
кусрот бил селективен
а з а странците можеби имало и попуст. ( те за нас и за бос хрвати )
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 EmptyПон 12 Ное 2012, 16:36

ЕСИМИ: ДА СЕ НОСИ УНИФОРМА, ДА СЕ КОМАНДУВА ИЛИ ДА СЕ БИДE ВО ВРВОТ НА ХИЕРАРХИЈАТА НЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА САМО НА МАЖИТЕ

понеделник, 12 ноември 2012, 13:51

Соопштение за активности за родова рамноправност во областа на одбраната – конституиран Комитетот за родова перспектива во Министерството за одбрана

Министерството за одбрана на Република Македонија во насока на развој на еднаквите родови можности, како и во улога на носител на Стратешката област „Жени, мир и безбедност“ во Националниот план за акција за родовата рамноправност, прави решителни напори и презема сеопфатни активности за вклучување на родовата перспектива во одбранбената политика.

За таа цел денес (12 ноември) во рамките на Министерството беше конституиран Комитетот за родова перспектива и родова рамноправност чија задача е координација на планираните активности, мониторинг и евалуација на процесот на имплементација на донесените програми, како и креирање иницијативи за донесување на нови документи од областа.

Значењето за развој на оваа област во системите за одбрана и безбедност беше потенцирано и од министерот за одбрана, Фатмир Бесими, кој присуствуваше на конститутивниот состанок на Комитетот каде ги поздрави сите нејзини членови. Министерот Бесими посочи дека рамноправноста како една од придобивките на современието претставува гарант за искористување на целокупните потенцијали на сите индивидуи, недискриминирани по ниту една основа. Денес да се носи униформа, да се командува или да се биде во врвот на хиерархијата не е привилегија само на мажите, порача министерот Бесими.

Комитетот се состои од 26 лица, вклучувајки вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и универзитетски професори со екстензивно знаење во областа на родовата рамноправност. Имено, дел од овој комитет се деканот и продеканите на Факултетот за безбедност, проф. д-р Снежана Никодиновска Стефановска, односно доц. д-р Фросина Ташевска Ременски и доц. д-р Снежана Мојсоска. Од професорската фела, дел од овој Комитет се и професорите Лидија Георгиева и Марина Митревска од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет од Скопје. Како и други претставници од академската заедница и секторот за безбедност и одбрана.

Комитетот донесе одлука да изготви „Програма за еднакви можности на жените и мажите во МО и АРМ“, како и „Анализа за застапеноста на жените во одбраната и односот кон нив“.

Една од основните активности е и реализацијата на Меѓународна научна конференција за родова рамноправност и родова перспектива на која ќе се вкрстат стручни и научни размислувања за начините на унапредување на родовата рамноправност, особено во едно сензитивно поле како што е одбраната и безбедноста.

Република Македонија еднаквите можности на жените и мажите ги регулира со Уставот како највисок конститутивен акт, но и со инкорпорирање на родовиот концепт во законската регулатива (Законот за еднакви можности, Законот за спречување на сите форми на дискриминација) како и со Стратешките документи за имплементирање на утврдените одредби (Националниот план за акција за родова рамноправност, Стратегија за родова заедница).

Воедно како една од целите на „Програмата за еднакви можности на мажите и на жените во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија“ е „Да се обезбеди континуиран развој во реализацијата на правото на еднаквост и создавањето на еднаквите можности“, при што конкретно дефинирани задачи на краток и на среден рок се едногодишните акциски планови во кои ќе се утврдат приоритетите, начинот на нивно спроведување и предвидениот буџет, очекуваните резултати, како и квалитативно - квантитативните индикатори за постигнатиот успех.

Во функција на транспарентноста и отворениот пристап, Министерството за одбрана ја приложува и моменталната состојба во однос на застапеноста на жените во рамките на Министерството и на АРМ. Имено во рамките на Министерството за одбрана, 37,4% од вработените се припадници на женскиот пол, додека тој процент во Армијата на Република Македонија изнесува 8,6%.

На Конкурсот за Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2012 година, од пријавените, 25,15% се жени, додека вкупниот процент на застапеност на жените во Воената академија изнесува 25%. Треба да се напомене и дека 25% од слушателите - кадети во Центарот за обука на пилоти припаѓаат на женскиот пол. Дополнително, во јуни оваа година, при пријавувањето за доброволно служење воен рок, 4,06% од пријавените беа жени, додека процентот на примени кандидати - жени изнесува 5,30%.

Донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот на безбедност на ООН во 2000 година ги пренесе заложбите на меѓународната заедница за зголемување на учеството на жените во креирањето и развивањето на мировната и безбедносна политика. Резолуцијата повикува на целосно и пропорционално вклучување на жените на сите нивоа на донесување на одлуки, во превенција на конфликти, во пост - конфликтните состојби и изградба и одржување на мирот.

http://morm.gov.mk/content/?0EFD8EC4654B89C3559B13E2C11303D3E32D8FC9

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 56 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 56 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 56 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 29 ... 55, 56, 57 ... 78 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: