|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Нед 19 Фед 2012, 16:30 | |
| Свечена презентација на активностите за јубилејот „20 години АРМ“Одбележувајќи го развојниот пат на Армијата на Република Македонија во изминатите 20 години, и воедно осврнувајќи се на идните предизвици, но и перспективи, денес во Домот на АРМ, со свеченото презентирање на Годишната програма на активности, започна да се чествува јубилејот „20 години АРМ“. Во оваа пригода министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, се осврна на два елементи – досегашниот развој на Армијата на Република Македонија, како и она што нè очекува во иднина. Потенцирајќи ги 1992 и 1995 година како години во кои во касарните почна да пристигнува првата генерација на регрути во АРМ, односно Република Македонија го започна својот пат кон евроатлантските интеграции, министерот Бесими истакна дека со помош и поддршка од НАТО-алијансата кон која се стремиме, Република Македонија успеа да стане фактор кој придонесува кон зачувување на мирот и просперитетот во светски рамки. „Со сите реформи во одбраната и во Армијата, како и со политичките определби, Република Македонија успешно се трансформираше од увозник во земја-извозник на мирот на глобално ниво“, истакна министерот Бесими. Дополнително, министерот се осврна и на она што ќе биде во фокусот на идните активности за усовршување и развој. „Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија посветено работат со цел изградба и зацврстување на мирот и стабилноста, но и партнерството и пријателството. Ние сме посветени на реформите и на заложбата за создавање Армија на иднината, Армија која е професионална и престижна, Армија која и понатаму достоинствено ќе претставува репрезент на Република Македонија“, додаде министерот Бесими. Пред присутните министри во Владата, претставниците од кабинетот на Претседателот, амбасадорите и воените аташеи акредитирани во Република Македонија, претставниците од Министерството за одбрана и од АРМ и останатите гости се обрати и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески кој го истакна значењето на Армијата во изминатите две декади, а воедно го трасираше и патот по кој ќе се движи АРМ во иднина. „Денес АРМ, во чии редови се наоѓаат припадниците на сите етнички заедници, израсна во современа и модерна воена организација која со сиот капацитет ќе продолжи да ги извршува задачите кои и се доделени со Уставот. Големите достигнувања и предизвици нè обврзуваат и понатаму да се развиваме, изградуваме и да не отстапиме од патот кон евроатлантските интеграции“, потенцираше генералот Котески кој воедно дополни дека овој јубилеј и неговото достојно чествување се најдобра можност за оддавање признание на сите оние кои се заслужни за овој дваесетгодишен непрекинат развоен пат на АРМ, пат кој под мотото „Заедно, чесно и одговорно“ продолжува и понатаму. На свечената презентација, официјално беше промовирано и логото на јубилејот „20 години АРМ“, чии елементи „ја истакнуваат уставната функција на Армијата како темел на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Република Македонија и нејзината тенденција за континуирано усовршување, раст и развој“. Чествувањето на јубилејот на Армијата, ќе се одвива преку поголем број активности во текот на повеќе месеци – научни трибини, конференција, отворени денови во касарните, изложба во Домот на АРМ и сл., додека централната свеченост ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=prezentacija-na-programata-20-godini-arm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Пет 24 Фед 2012, 16:51 | |
| Министерот Бесими и Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески во посета на Техничкиот ремонтен центар и Центарот за обука и дресура на кучиња на АРМДенес, 24-ти февруари, Министерот за одбрана Фатмир Бесими и Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески извршија посета на Техничкиот ремонтен центар (ТРЦ) и Центарот за обука и дерсура на службени кучиња (ЦОДК) во АРМ. Во рамките на посетата, Министерот за одбрана и Началникот на ГШ на АРМ беа информирани за мисијата, задачите и моменталниот статус во споменатите центри. Во оваа прилика, извршена е обиколка на пунктовите за одржување на моторни возила, вооружувањето и други технички средства во ТРЦ, додека во ЦОДК покрај обилколката на сместувачките капацитети за службените кучиња, беа презентирани и полигоните за обука, каде беше изведена и показна вежба со службените кучиња. Посетата беше прилика да се согледаат опременоста, специфичноста и капацитетите, како и функционалната поставеност и потребите за понатамошен развој на ТРЦ и ЦОДК. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-i-nacalnikot-na-gs-na-arm-general-major-goranco-koteski-vo-poseta-na-tehnickiot-remonten-centar-i-centarot-za-obuka-i-dresura-na-kucinja-na-arm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Нед 26 Фед 2012, 21:34 | |
| Одбележана осумгодишнината од смртта на поранешниот претседател Борис ТрајковскиПретседателот Борис Трајковски беше личност која безрезервно и несебично се посвети на својата таковина, Република Македонија. Тој беше вистински народен човек и неговото работење секогаш беше во духот на развивањето на регионалната и меѓународната соработка. Претседателот Трајковски беше активна личност во се што правеше, верувајќи дека сите граѓани на Македонија без разлика на своето етничко и релиозно потекло, можат да живеат во заедничка хармонија. Ова денеска го истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими на одбележувањето на осумгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, јави известувачот на МИА. - Врховниот командант ја извршуваше водечката улога како човек со семејни вредности, човек кој беше храбар и трпелив градител на мостови во време на конфликти во балканскиот регион. Република Македонија загуби великан и голем промотор на мир и на човечки вредности, потенцира Бесими. Тој потсети на познатата мисла која, како што рече, ја дефинираше работата на претседателот Трајковски – „Сите ние споделуваме една иста судбина наречена Македонија“. На спомен – обележјето во Ротимље цвеќе положија македонска делегација предводена од минстерот за одбрана Фатмир Бесими. Во состав на делегацијата беа министерот за образование и наука Панче Кралев, генерал- мајор Зоран Димов, македонскиот амбасадор во БиХ Рами Реџепи и Мирко Крстевски, претставник од семејствата на загинатите. Цвеќе положија претставник од Кабинетот на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, делегации од Министерството за одбрана на БиХ, медицински тим од војската на Република Македонија, од градот Мостар, од општина Столац, дипломатскиот кор во БиХ… Министерот Бесими денеска се сретна и со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ. Претседателот Борис Трајковски на денешен ден во 2004 година загина во авионска несреќа во близина на Мостар, Босна и Хрецеговина. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот. Истрагата што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност. Пропустите биле во тоа што екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа процедурата и дека врши полна процедура при слетувањето. Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година. Трајковски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи. Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години. За претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до 26 февруари 2004 година кога загина во авионска несреќа во близина на Мостар. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odbelezana-osumgodisninata-od-smrtta-na-poranesniot-pretsedatel-boris-trajkovski&lang=mk | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости Пон 27 Фед 2012, 19:47 | |
| Нека почива во мир...без дилема може да се каже дека беше претседател кој најмногу се залагаше за Македонија од било кој досега. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | shady3
Број на мислења : 113
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 28 Фед 2012, 11:02 | |
| http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonski-oficeri-ke-ja-obuchuvaat-voenata-policija-vo-kabulНачалникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, оствари средба со тројцата штабни офицери и менторскиот тим за обука,составен од пет старешини на АРМ, кои во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамки на школото за Воена полиција на авганистанските безбедносни сили. Како што денеска соопшти ГШ на АРМ, тие заедно со нивните колеги од армиите на: Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, во наредните шест месеци ќе извршуваат задачи за обука на авганистанските безбедносни сили во Кабул. Инаку, од септември 2011 година, АРМ во овој проект започна со распоредување тројца штабни офицери во штабот на школото за Воена полиција на авганистанските безбедносни сили во Кабул, кои во изминатите шест месеци успешно ги извршуваа задачите. Со распоредувањето на менторскиот тим за обука на Воената полиција, од наредниот месец АРМ ќе го реализира најавеното зголемено учество на Република Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан, каде задачите во најголемата мисија на НАТО ќе ги извршуваат заедно со механизираната пешадиска чета од составот на 2.механизирана пешадиска бригада, штабните офицери, мешовитиот менторски тим за обука и хируршкиот тим. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 28 Фед 2012, 15:00 | |
| Испратен менторскиот тим во Школото за воена полиција во мисијата ИСАФНачалникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, оствари средба со тројцата штабни офицери и менторскиот тим за обука, составен од пет старешини на АРМ, кои во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на Школото за Воена полиција на Авганистанските безбедносни сили. Тие, заедно со нивните колеги од армиите на: Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, во наредните шест месеци ќе извршуваат задачи за обука на Авганистабнските безбедносни сили во Кабул. Инаку, од септември 2011 година, АРМ во овој проект започна со распоредување на тројца штабни офицери во штабот на Школото за Воена полиција на Авганистанските безбедносни сили во Кабул, кои во изминатите шест месеци успешно ги извршуваа задачите. Со распоредувањето на менторскиот тим за обука на Воената полиција, од наредниот месец АРМ ќе го реализира најавеното зголемено учество на Република Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан, каде задачите во најголемата мисија на НАТО ќе ги извршуваат заедно со механизираната пешадиска чета од составот на 2.механизирана пешадиска бригада, штабните офицери, мешовитиот менторски тим за обука и хируршкиот тим. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ispraten-mentorskiot-tim-vo-skoloto-za-voena-policija-vo-misijata-isaf&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Чет 01 Мар 2012, 13:09 | |
| Одбележана 18-годишнината на Полкот за специјални операции на АРМДенес, во касарната Илинден, беше одбележана 18-годишнината на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На свеченоста, покрај другите присуствуваа министерот за одбрана, Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, претставници на МО и АРМ, претставници на дипломатскиот кор, претставници од НАТО, претставници од локалните власти и други гости. Командантот на Полкот за специјални операции, полковник Зоран Додевски во својот говор истакна дека денешниот ден за нивната единица е посебен ден кога уште еднаш се собрани да ги согледаат и да ги чествуваат сите вредности и одлики кои ги красат како луѓе и како војници, а кои се градат макотрпно во целото постоење на единицата. „18 години сме сила на која сметаат сите граѓани на нашата вековна татковина, 18 години сме лојалност и вештина која не остава двојба на ниту една страна дека сме спремни за она за што макотрпно се подготвуваме секој ден во секоја година. 18 години сме вашата гордост и вашата доверба“, потенцираше полковникот Додевски. „Она што единицата била во изминатите 18 години и она што ќе биде во иднина е веќе докажано со огромниот број на успешно завршени мисии секаде каде што тоа било потребно, како и со 180 одличја доделени на нашите припадници во земјата и во странство, но исто така и со неброените пријателства и врски воспоставени со нашите граѓани ширум земјата, како и со нашите браќа по оружје од целиот свет“, истакна полковникот Додевски. Министерот за одбрана Фатмир Бесими честитајќи им ја 18-годишнината на Полкот за специјални операции, меѓу другото истакна дека сме овде, на овој ден, да ги одбележиме сите досегашни и идни успеси и предизвици на Полкот, сите убави горди денови, со надеж дека така ќе ги има и понатаму. „Вашата зрелост ја покажавте во овие 18 години, така треба да продолжите и во иднина. Мирот и стабилноста не се едноставна работа, тие не се постигнуваат преку ноќ. Тоа се вредности кои треба долго време да се постигнат, но многу лесно можат да се скршат. Наша одговорност е да создадеме иднина, секој на свој начин, вие можете тоа многу добро да го докажете, тоа е исклучително важно за иднината на Република Македонија. Вие имате можност да бидете пример за сите институции во државата и за сите граѓани да ја заштитиме Македонија, мирот и стабилноста“, истакна меѓу другото министерот Бесими. По повод 1 март, Денот на Полкот за специјални операции, со наградно отсуство беа наградени вкупно 40 припадници на единицата, пофалници добија 34, а во повисоки чинови се унапредени четворица припадници на пСО.. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=odbelezana-18-godisninata-na-polkot-za-specijalni-operacii-na-arm&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости Пет 02 Мар 2012, 10:42 | |
| Со мало задоцнување, нека им е честит јубилејот. Па и да се подноват со нова опрема. | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости Пет 02 Мар 2012, 11:27 | |
| Многу добри слики,се надевам нема понатаму да гледаме во мала резолуција. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|