| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 22:51 | |
| - dejand напиша:
- Здраво, како прв пост би прашал кои се критериумите кои што треба еден кандидат да ги исполнува?
Поздрав Дејане а за што? | |
|
| |
dejand
Број на мислења : 15
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 23:06 | |
| па за ПФВ дали има некои измени на критериумите а исто и за пСО волци, но кој е патот до нив- како се стасува? | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 23:20 | |
| - dejand напиша:
- па за ПФВ дали има некои измени на критериумите а исто и за пСО волци, но кој е патот до нив- како се стасува?
jas ne znam. | |
|
| |
dejand
Број на мислења : 15
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2012, 23:24 | |
| па би замолил некој што знае да цитира !!! | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/3/2012, 00:21 | |
| - dejand напиша:
- па би замолил некој што знае да цитира !!!
Основно е да имаш одслужено воен рок. Потоа кога ќе има конкурс се конкурираш и во зависност од родот има посебни норми. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/3/2012, 16:32 | |
| Бесими: Патот кон НАТО е значаен за Република МакедонијаМакедонија ќе продолжи да се бори за мирот и безбедноста во светот. Активното учество на македонските мировници во мисиите на НАТО ќе продолжи и во иднина. Министерот Бесими вели дека НАТО алијансата во Македонија може да гледа верен партнер за соработка. Командантот Џејмс Ставридис вели дека во секоја посета на ИСАФ мисијата во Авганистан го дочекуваат македонски војници. Тој ги поздрави реформите кои се спроведуваат во македонската армија. - Имавме можност да разговараме за многу прашања, меѓу кои и продолжување на градењето на стратешкото партнерство. Сакам да ве пофалам за вашиот успех и напредок во земјата на патот кон членството во НАТО, рече Ставридис. Адмиралот Ставридис за време на дводневната посета на Македонија ќе оствари средби и со претседателот Иванов, премиерот Груевски и министерот за надворешни Никола Поповски http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/besimi-patot-kon-nato-e-znachaen-za-republika-makedonija | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/3/2012, 16:39 | |
| Средба на министерот Бесими со командантот на Сојузничката команда за операции, адмиралот СтавридисРеформите во областа на одбраната, регионалната соработка, новата структура и формација на Армијата на Република Македонија, исполнувањето на партнерските цели на среднорочен и долгорочен план, буџетот, како и напорите за модернизација на одбраната беа темите на кои се фокусираа министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, и адмиралот Џејмс Ставридис, Командант на Сојузничката Команда на НАТО за операции, на денешната средба во Министерството за одбрана. Како што истакна министерот Бесими, на средбата станало збор и за позициите и за учеството на Република Македонија во меѓународните мировни мисии предоводени од НАТО-алијансата, согласно принципот „Заедно во, заедно надвор“. „Сè додека НАТО е присутен во мировните мисии, таму присутна ќе биде и Република Македонија, како респектабилен партнер на алијансата“, додаде министерот Бесими. „Секогаш кога ќе отидам во Авганистан имам можност да ги видам и да ме отпоздрават војниците од вашата земја. Кога работиме заедно ние го зацврстуваме нашето стратегиско партнерство и ние треба да продолжиме заедно во справувањето со предизвиците на 21 век“, потенцираше адмиралот Ставридис кој ја пофали Република Македонија за успехот и напредокот кон членството во алијансата. По средбата, министерот Бесими и адмиралот Ставридис заклучија дека патот за членство кон НАТО е многу значаен за стабилноста на Република Македонија и на регионот, при што членството во алијансата е успех и за регионот, но и за НАТО. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-besimi-so-komandantot-na-sojuznickata-komanda-za-operacii-admiralot-stavridis&lang=mk | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/3/2012, 18:08 | |
| Иванов именуваше старешини согласно новата структура на АРМ
Претседателот и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов донесе укази за поставување на старешини во Армијата на Република Македонија согласно новата организациско-формациска структура.
Како што информираат од кабинетот на Иванов, за директор на Генералштабот на АРМ е поставен бригаден генерал Димче Петрески, за командант на Здружената оперативна команда е поставен бригаден генерал Методија Величковски, за началник на штабот на Здружената оперативна команда е поставен полковник Мухамет Рацај, а за командант на Првата Механизирана пешадиска бригада е поставен полковник Стојан Димчов.
„Со овие поставувања започнува практичната имплементација на новата организациско-формациска структура на Армијата на Република Македонија", велат од кабинетот на Иванов. /крај/со/ач
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/3/2012, 21:21 | |
| АРМ добива нова формација и нови команданти
АРМ почна да ја имплементира новата формација, која треба да го поедностави командувањето и да овозможи брзо распоредување на борбени сили, способни за борби со висок интензитет и за целиот спектар на воени операции.
Со укази на врховниот командант, претседателот Ѓорге Иванов, за директор на Генералштабот на АРМ е поставен бригаден генерал Димче Петрески, досегашен командант на Првата механизирана пешадиска бригада.
Нов командант на Здружената оперативна команда е досегашниот командант на Втората бригада, бригаден генерал Методија Величковски. Началник на штабот на Здружената оперативна команда е полковник Мухамет Рацај, а за командант на Првата механизирана пешадиска бригада е поставен полковник Стојан Димчов.
Според извори од кабинетот на претседателот, сите позиции се за генерали, но офицерите сега само се поставуваат, а унапредувањата ќе следуваат.
- Овие четири укази се практично првата етапа на поставувањето на АРМ согласно новата формација. Досегашните две механизирани пешадиски бригади се интегрираат во една. Трансформацијата не опфаќа само преместување на персонал, туку ќе следува и промена на локации на единиците, промени во опремата, во борбените капацитети... - велат во кабинетот на претседателот.
Новата формација на АРМ беше најавена во Стратегијата за одбрана од март 2010 година. Трансформацијата треба да заврши до 2015 година, а ќе ги опфати сите сегменти на армијата. (И.K.И.) | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/3/2012, 21:24 | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
|
| |
| АРМ - новости | |
|