Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 42 ... 81, 82, 83 ... 91 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty7/6/2013, 21:09

Legija91 напиша:
Наредната недела очекуваме донација од САД -1 шлепер тоалетна хартија jupii

Со 25% тоалетна вода...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty8/6/2013, 23:08

Терористите стравуваа од „војниците со сонцето“
Ирачаните главно не поврзуваа со поранешна Југославија. Но, во Вавилон, кога кажавме дека сме Македонци, луѓето нè допираа, сакаа да се сликаат со македонски воjници. Американците се сликаа со нас до тврдината што jа освоил Александар Македонски, до, како што велеа „вашата некогашна престолнина“, раскажува Хаџи Јанев

Игор K. Илиевски

„Одеднаш нè облеа топлината на пустинското сонце. Сè околу нас беше разурнато, а врелиот воздух беше тежок од мирисот на животни во распаѓање. Во авионот со часови размислувавме за секој детаљ на тоа што нè очекува, но штом стапнавме на почвата, сè заборавивме.“ Со ваков прв впечаток 38 македонски војници, од кои 28 припадници на специјалните сили „Волци“, на 6 јуни 2003 година ја почнаа првата борбена операција на АРМ надвор од македонска територија – операцијата „Слобода за Ирак“. Но, шокот на армиските командоси не траел долго – до крајот на македонското учество во мисијата тие ќе заслужат 120 американски медали ва борбени заслуги и, што е најважно, сите живи и здрави ќе се вратат дома.

Десет години подоцна, командантот на првиот контингент потполковник Методи Хаџи Јанев, тогаш капетан, раскажува за мисијата.

- Првата глетка на која наидовме беше американски камион што налетал на заседа. Сè Уште гореше, заедно со луѓето во него. По некои десетина километри налетавме на американска единица која возвраќаше на напад од една куќа. Но, моравме што побргу да се превеземе од аеродромот во Багдад до базата во Таџи и да „пролетаме“ покрај Американците – вели Хаџи Јанев, денес универзитетски професор, кој мина повеќе од 12 години во специјалните сили.

Домашните подготовки не излегуваат на терен

Македонија испрати свои трупи во Ирак веднаш по американската инвазија и Резолуцијата 1546 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Специјалните сили на АРМ беа дел од американската дивизија со матична база во Таџи. Првиот контингент служеше со 4. Пешадиска дивизија. Во извештајот по првата ротација на американската дивизија стои: „непријателската активност во зоната на операции на 4. Пешадиска дивизија беше поголема отколку во која било друга област во земјата, поради големата концентрација на сунитски групи на отпорот, лојални на режимот на Садам Хусеин.

Една и пол година по Рамковниот договор, првиот контингент на АРМ во Ирак мораше да го одрази новиот принцип на пропорционална застапеност на заедниците. Затоа, на тимот од 28 командоси му беа додадени и припадници на други единици на АРМ. Покрај таа отстапка од стандардната процедура, војниците добија само три месеци за да се подготват за мисијата. Но, „волците“ велат дека и покрај тоа успеале да состават добар тим и да ги завршат сите подготовки. Вистинското изненадување дошло од друга страна – како што велат војниците, и најдобриот план се крши со првиот испукан куршум.

- Се подготвувавме ефективноста да ја мериме со број на неутрализирани борбени цели, на кршење врати и заробување луѓе. Но, во Ирак многу бргу моравме да научиме како да соработуваме со цивилите бидејќи веднаш сфативме дека целта не треба да биде да го уништиме системот, туку да го вратиме во нормала. Ако имате поголема соработка со населението, добивате навремено безбедносни информации бидејќи тие ги имаат информациите. Вие може да се занесувате дека имате информации – вели ирачкиот ветеран.

Така македонските командоси почнале да се учат на стрпливост, соработка и дипломатија. Наместо во бројот на заробеници, успехот го броеле во бројот на луѓе чија доверба ја стекнале. Првично замислената операција на „директна акција“, за која биле дизајнирани подготовките, по третиот месец станала најспоредниот сегмент на задачите во Ирак, што го опфатиле целиот спектар специјални операции. „Волците“ учеле на терен, а првиот македонски борбен контингент немал туѓи грешки на кои би учел.

- Таму првпат почнавме да работиме „меки упади“, првпат почнавме да работиме со локални сили, бевме тренери на ирачките специјални сили, научивме да работиме со нив, да ги инкорпорираме. Научивме дека треба многу добро да ја запознаеме културата на луѓето за да може да ги разбереме и нив, и средината во која оперираме – вели Хаџи Јанев.

Тимот на „Волците“, нагласува неговиот командант, успеал и да го премести фокусот на операцијата, но и многу брзо да ги „стави во колосек“ останатите членови на контингентот, кои се вклопиле во мисијата и почнале да даваат резултати.

„Волците“ како „зелени баретки“

Само шест дена по пристигањето во Ирак, на 12 јуни „волците“ учествуваат во првата голема операција „Заливски удар“ западно и северно од Багдад, сè до Тикрит, каде што заробуваат тројца важни„опасни личности“.

Набрзо, и високите офицери од 4.Пешадиска дивизија увиделе колкав е квалитетот на специјалците од земјата чиј вкупен број вооружени сили е колку американската единица. „Волците“ самостојно си ги одредуваат мисиите, а Американците им ги ставаат на располагање сите расположливи капацитети: од оклопни возила за заштита, хеликоптери за транспорт и огнена поддршка, артилерија и авиони за воздушни напади...

- Дури, немаа проблем да ни дадат и радиооператори, што е исклучителна отстапка, бидејќи системот на кодови во врските е строго чувана тајна. Не ни дадоа радиоуред, но ни дадоа радио-оператот и офицер кој постојано беше со нас, што помогна и во надминување на правните бариери – вели командантот на првиот контингент во Ирак.

По првите неколку месеци, „волците“ добија задача да ги обучуваат ирачките специјални сили, но и да организираат обука за урбано војување, тактика на мали единици и борбени вештини за американски единици. За статусот на првиот контингент „волци“, покрај американските медали кои им ги врачи лично тогашниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, зборува и еден друг, ретко забележан детаљ, во моментот кога слетаа на скопскиот аеродром, по ротацијата во Ирак, командосите на униформите носеа американски ознаки за специјални сили - истите ознаки кои ги носат „зелените баретки“.

Репутацијата значела и голем ангажман - „волците“ за шест месеци имале повеќе од 340 мисии, од снајперски мисии, заседи, рации, до операции кои бараат продолжен престој на терен.

- Ќе отидевме на мисии по 15 дена, поради тајноста на мисијата ќе замрзневме во некој пустински дел. Дел од тие операции сè уште се класифицирани, но, на пример, неколкупати имавме задача за обезбедување нафтени платформи, во времето кога остатоците од Садамовиот режим почнаа да ги палат зашто беа оценети како критична, стратешка инфраструктура. Американците проценија дека редовната војска нема капацитети сама да го направи тоа, во 2-3 наврати бевме испратени како засилување. Наша задача беше од таму да вршиме истурени патроли. Поради нашата мобилност и елементот на изненадување, кои ни беа принцип на дејствување, најдовме и заробивме неколку „лоши момци“ - раскажува ветеранот.

Во текот на разговорот, офицерот со повеќе од 12 години искуство во специјалните сили, речиси да не изустува реченица во која не истакнува дека секоја операција во Ирак е резултат на целиот тим на „волците“ и на исклучителните професионални квалитети на секој од нив.

Избегнувавме оклопни возила

Но, репутацијата на македонските специјалци многу брзо по нивното доаѓање се проширила далеку надвор од заштитните насипи на базата во Таџи. Околу месец и пол по пристигањето на контингентот, разузнавачите од 4.Пешадиска дивизија добиле информација дека „лошите момци“ веќе ги познаваат македонските војници.

- Почнавме да даваме резултати, успеавме во неколку наврати да заробиме „сили што не соодветствуваат со системот“. Тогаш стигна разузнавачки податок од информатор дека се испитува кои се „се војниците со сонцето“ кои не се Американци. По тоа наредив да се тргнат знамињата од возилата. Го спуштивме и знамето на базата бидејќи беше добар репер за гаѓање од дистанца – раскажува Хаџи Јанев.

Реномето на „војниците со сонцето“ било потврдено и со застрашувачки податок – терористите распишале награда за нивните глави. Kомандантот вели дека тоа е еден од моментите во шестмесечната мисија, каде што секој ден е борба за живот, кој најмногу го загрижил.

- Особено опасно беше и во неколку наврати кога требаше да изведуваме операции надвор од зоната на одговорноста, на пример во Самара или во Вавилон, во периодот кога почнаа сериозно организираните заседи, не само со импровизирани експлозивни направи, и кога требаше сериозно да дебатираме дали ќе бараме смена на возилата или ќе го задржиме курсот на лесни возила, подвижни, со голема маневрибилност за сметка на оклопот – вели командантот. „Волците“ во Ирак употребуваа теренски возила „хамви“, без оклопна заштита, но со голема мобилност и брзина. Иако голем дел од тимот сметал дека треба да се заменат со оклопни борбени возила, „волците“ сепак решиле да ги задржат, за да не ја изгубат најголемата предност – факторот на изненадување, брзина и мобилност.

Операциите во Ирак неколкупати ги однеле македонските војници во Вавилон, што го инспирало капетан Хаџи Јанев по враќањето да ја напише книгата „Слобода за Ирак – патот за Вавилон“.

- Ирачаните главно нè поврзуваа со поранешна Југославија. Но, во Вавилон, кога кажавме дека сме Македонци, луѓето нè допираа, сакаа да се сликаат со македонски војници. Американците се сликаа со нас до тврдината што ја освоил Александар Македонски, пред, како што велеа „нашата некогашна престолнина“ - раскажува Хаџи Јанев.

Во Ирак АРМ научи да учи

Од медицински прегледи на локалното население, до координирање на здружени операции на авијација, оклопни единици, пешадија и артилерија, првиот контингент на „волците“ во Ирак многу работи мораше да направи за првпат. Привилегијата да бидат прва единица во борбена операција надвор од татковината на командосите им донесе и хендикеп да немаат претходник од чии грешки и искуство би можеле да учат.

- АРМ денес е најискусна во регионот во учество во меѓународни операции. Но, во Ирак научи како да учествува во борбени операции кои не се само мировни, научи што значи да се биде дел од коалиција, промени принцип на донесување одлуки и успеа да го тестира, научи да го цени ефектот што единиците може да го постигнат на терен. Научи како да учи – заклучува денешниот потполковник.

Гледајќи на мисијата од дистанца од десет години, вели дека денес многу работи би направил поинаку и смета дека тогаш во одлуките го водела младоста. Најважната работа што тој ја научил е дека не е важно времето минато во некоја работа, туку посветеноста со која ~ се пристапува. Истиот принцип важи и за командување со тим врвно обучени професионалци, како што се „волците“.

- Водството, лидерството на тие момци не може да им го наметнете со чинот. Во специјалните сили не добивате почит од војниците заради тоа што имате чин, туку заради тоа што ќе успеете да им докажете дека можете да им бидете водач. Тоа значи да пукаш добро како нив, да трчаш добро како нив, да се тепаш добро како нив... Но ќе мора да знаеш и да бидеш многу правичен, иако тоа е тешко, и да носиш одлуки што не секогаш ќе ти се допаѓаат. Најмногу од сè, мораш да знаеш да го почитуваш тимот и да знаеш да го истакнеш ефектот на секој од нив - вели Хаџи Јанев, кој и денес би отишол да предводи контингент од своите некогашни соборци.

Чекор до Садам

Меѓу „лошите момци“ кои првиот контингент македонски командоси ги зароби во Ирак се и тројца од „шпилот карти“ на 55 најбарани Ирачани. Иако до денес не постојат официјални податоци за тоа, еден од заробениците на „волците“ е директната врска преку која е откриено скривалиштето на Садам Хусеин. Хаџи Јанев, како и сите „волци“, е многу воздржан кога зборува за оваа операција.

- Станува збор за операција во која учествувавме за да го оствариме центарот на гравитација на мисијата. Нашата операција беше одлучувачка точка. По неа, Американците за многу краток период, 15-20 дена, успеаја да го постигнат центарот на гравитација – вели Хаџи Јанев.

Во воената терминологија, „центар на гравитација“ е клучната цел на секоја воена операција, критичната мисија за да се оствари целта на војната. Во Ирак, тоа беше неутрализирање на силите на режимот и фаќањето на Садам Хусеин.

На 13 декември 2003 година, поддржувани од 4.Пешадиска бригада, американските специјални сили го заробија Садам Хусеин, поранешниот претседател на Ирак. Ротацијата на дивизијата заврши во пролетта 2004 година.

Ирачаните ни зборуваа српски

„Волците“ имаат безброј приказни од операцијата во Ирак. За среќа, не сите се поврзани со заседи, куршуми и експлозии.

- Беше забрането да се користи алкохол, но бидејќи му верував на тимот, исклучителни професионалци, знаевме понекогаш да купиме пиво на црниот пазар и да се почестиме. Kога ми се роди ќерката, ги викнав колегите, а на еден од нив му реков да оди под креветот и да донесе една од „бомбите“. Но, тој се враќа, а во рацете држи вистинска бомба. Така си доби прекар – раскажува командантот.

Во времето на Движењето на неврзаните, Ирак имаше богата традиција на соработка со тогашна СФРЈ. Со тоа е поврзана една од најпознатите анегдоти на „волците“ во Ирак. Тим командоси спроведувал неколку заробени Ирачани, кога еден од нив спокојно почнал да се оддалечува од групата. Продолжувајќи шега со своите колеги, еден од „волците“ му се обратил на српскохрватски, фаќајќи го за рамо: „Ма где ќеш бре ти?“. Ирачанецот, спокоен, одговара: „Kод сестре.“ На подзинатите војници им раскажал дека бил воен пилот и студирал во Белград, каде што го научил јазикот.

- Еднаш вршевме упад во објект и еден од колегите кој беше до мене едноставно исчезна. Се стаписав и почнав да се вртам наоколу, барајќи го. Одеднаш, слушам глас некаде одоздола. Погледнувам, а тој пропаднал до септичка јама, само очите му се гледаат – раскажува ветеранот.

Добиени 119 американски одликувања

АРМ учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ од 6 јуни 2003 година до 31 декември 2008 година. Во 11 контингенти наизменично се заменуваа тимови на „волците“ и ренџерите. Во 2008 година на контингентите им беше додаден и по еден пешадиски вод, кој ја обезбедуваше базата во Таџи. Низ мисијата минаа вкупно 490 македонски војници.

За борбени достигања, меѓу кои и спасување живот на коалициски војници, македонските војници добија 119 американски одликувања: осум „Бронзена ѕвезда“, 43 „армиски медали за достигања“ и 68 „армиски медали за заслуги“.

Медалите на припадниците на првиот контингент им ги врачи лично американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој затоа допатува во Скопје.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3E2AAFA94906984BB2FDA94B1051F793
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty9/6/2013, 01:42

Според мене замачкување очи од политички аспект.. aplauz

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty9/6/2013, 11:12

За што?
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty9/6/2013, 15:28

Па се тоа го вртат, македонските војници биле супер, им даваат ордени ова она, а за прашањето за НАТО .. средите си го името, ако толку не подржуваат ке се завземат малку повеке за нас, а од една страна пак ни прават замачкување на очи исто како и на србите а им се грб на шипците, да не шарам по темата, мислам дека ме сфакаш..

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty19/6/2013, 22:53

Џафери во Бурже се сретна со францускиот колега

http://www.plusinfo.mk/vest/96315/Gzaferi-vo-Burzhe-se-sretna-so-francuskiot-kolega

Од блиски извори до владата дознаваме дека ке се набават 12-комада нови ловци Мираж 2000 во размер 1/72...Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty20/6/2013, 00:00

Шо мајка Џафери на Бурже!?!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty20/6/2013, 12:59

И Македонија може како Србија да купи воени авиони на кредит

На аеродромите во Србија наскоро ќе се најдат 24 модерни воени авиони „миг-29М2“ од руско производство и два авиона што се летачки радари, а медиумите шпекулираат дека за ова Белград ќе плати приближно 32 милиони евра по авион со пари од руски кредит. Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека не е исклучено Македонија наскоро да издејствува набавка на воздухоплови со помош на странски кредит

МОСКВА ГО ОДОБРИ КРЕДИТОТ НА БЕЛГРАД ЗА НАБАВКА НА „МИГОВИ“

Русија неделава ѝ одобри милионски кредит на Србија, чија точна сума засега сѐ уште не е позната, но овие пари нашиот северен сосед ќе ги намени за купување модерни руски воени авиони.
Тоа ќе биде една од најголемите набавки на современо вооружување во последните две децении, а на аеродромите во Србија наскоро ќе се најдат 24 мултинаменски модерни воени авиони „миг-29М2“ од руско производство и дополнително два авиона што се летачки радари. Белградските медиуми шпекулираат дека Србија ќе плати приближно 32 милиони евра по авион.

Прелиминарните преговори за набавка на борбените авиони се одржани за време на средбата на двајцата министри за одбрана на Русија и на Србија во Москва, на 23-24 мај годинава, а испораката на „миг-29М2“ може да се изврши веднаш по потпишувањето на договорот. Авионите прво ги нарача Сирија во 2007 година, но никогаш не стигнаа таму поради меѓународните санкции.

Ваквите набавки на најсовремено вооружување се исклучително ретки во армиите од регионот поради мултимилионската сума што треба да ја издвојат државите од опкружувањето. Последна набавка од овој тип на Балканот „слетала“ во октомври 1987 година, кога ЈНА купила ескадрила од 16 авиони „миг“ од СССР.

Официјално, тогаш СФРЈ платила 16 милиони долари за секој авион, а неофицијално се шпекулирало за многу повисоки бројки и се претпоставува дека Југославија за 16 авиони со сета придружна опрема, ракети и резервни мотори и разни делови, платила приближно 105 милиони долари. Но дури и оваа цифра за тоа време била проценета како исклучително ниска.
За разлика од Србија, македонската авијација и противвоздушна одбрана се скудни во арсеналот на оружје со кое располагаме.

Сите опции се отворени

Емил Димитириев, заменик-министер за одбрана, вели дека не е невозможно Македонија наскоро да издејствува набавка на воздухоплови со помош на странски кредит, впрочем како што направи сега Србија.
- Сите опции за модернизација на АРМ се отворени и секако дека постои ваква можност - вели Димитриев.

Тој објаснува дека речиси секој производител на воена опрема нуди кредити и офсет-програми, кои овозможуваат со компензација да се набави секаков вид оружје и воена техника.

Димитриев објаснува дека голем број држави набавката на воена опрема ја вршат користејќи ги овие поволности, па не гледа причина зошто Република Македонија треба да биде исклучок од овој тренд.
- Македонија сериозно размислува на ова поле. Ние може да ги искористиме и двете поволности (кредит од земјите што продаваат оружје и офсет-аранжмани за плаќање со компензација), па налик на тоа што сега го стори Србија и ние еден ден да си ја зацврстиме на здрави нозе нашата воена флота на воздухоплови - истакнува заменик-министерот.

Приземјени „сухои“

Историјатот на македонското воздухопловство почнува две-три години по осамостојувањето. АРМ дури на 28 јуни 1994 година ги доби првите хеликоптери, генерално транспортни, популарниот „хјуи“ од американско и „ми8“ од руско производство. Последните руски модели беа купени од украинското воено воздухопловство. До денес не е објавена сумата што е платена за нив. Според некои шпекулации, дадени се по 500.000 евра за хеликоптер, според други и до два милиона евра.

Како и да е, хеликоптерите беа тука кога изби воениот конфликт, а нивната улога за поддршка на копнените единици беше бесценета. Само во почетокот на конфликтот екипажите беа украински посади, за потоа да бидат заменети со македонски, ништо помалку добри од нивните украински колеги.
Првите и досега единствени борбени авиони на АРМ веќе деветта година стојат препуштени на временските услови на стојалиште во базата на воздухопловната единица на АРМ кај скопскиот аеродром. Запустени и заборавени, четирите „сухои“ паузираат на воениот аеродром. Од АРМ и од Министерството за одбрана немаат одговор каква ќе биде нивната понатамошна судбина. Воени извори тврдат дека, теоретски, можно е леталата да се оспособат за оперативна употреба, но со оглед на нивната состојба, тоа би бил скап проект. Во Министерството за одбрана засега нема планови за „сухоите“.

Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед.

Пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619132035222&id=9&prilog=0&setIzdanie=22909

До кога ќе читаме вакви текстови...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty20/6/2013, 13:14

Котевски:Донации има,но од нив не се живее
http://republika.mk/?p=85610
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty20/6/2013, 14:14

За предвремени парламентарни да не се спремаат?Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 82 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 82 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 42 ... 81, 82, 83 ... 91 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: