|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/7/2012, 02:34 | |
| Затоа не сакам да се пријавам за вработување во АРМ, бидејќи сум разочаран многу, и од неа и од МВР. Кога ќе видам дека тие до вчера што пукаа (се мисли на УЧК) кон војската и полицјата, сега се во тие служби. И како после ќе бидам сигурен дека ако пукне војна нема да ме остават на фронт или да ми го свртат оружјето накај мене. Затоа немам желба, и не сакам да се пријавам да работам во овие служби ниту пак да отслужам воен рок. Многу пријатели , од полиција ми викаа пријави се на конкурсов за 300 нови полицајци, јас знаете што им викам "да му служам на врвот на УЧК (се мисли ДУИ), фала ама не". A највеќе сум разочаран од Македонците. Ако пукне војна нема да сепријавувам во војска, туку ќе си ја бранат фамилијата и сопствениот дом, за друго ништо не ме интересира веќе. Знам да ракувам со оружје и имам солидно познавање кон таа област, друго ништо не ми треба. Ако ми се пружи шанса да бидам повикан од странство, тогаш би ја одбрал Русија и некоја од СПЕТСНАЗ единиците (најомилена ГРУ) да ме обучува. Од тука несакам веќе ништо. Но добро да не забегувам со оф топици, но морав да го кажам тоа што ми лежи на срце. Се надевам нема со мојов пост да ја нагрдам темава. |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/7/2012, 17:28 | |
| Голем интерес за служење во АРМ Расте интересот за служење во доброволната армија. Денеска свечена заклетва дадоа 254 војници. Ова е рекорден број на доброволци. Сите се надеваат дека после завршувањето на три месечната обука ќе станат дел од професионалната армија. Воените правила и вештини, доброволците ги учат во велешката касарна. Отслужениот воен рок е главен услов за активирање во професионалната војска. Скоро десетина години е укинато задолжителното служење воен рок. Инаку до сега обука имаат поминато над 2 илјади кандидати. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... nje-vo-arm | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/7/2012, 15:17 | |
| Нова тура војници за во Авганистан Утре од кичевската касарна „Чеде Филипоски- Даме“ во Кичево, ќе заминат 149 војници на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Свеченоста ќе се одржи утре во 10 часот и на неа ќе присуствуваат министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Методија Величковски, претставници на локалната самоуправа од градот Кичево, роднините на припадниците од контингентот и други гости. http://www.plusinfo.mk/vest/48861/Nova-tura-vojnici-za-vo-Avganistan- | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/7/2012, 17:06 | |
| - Alvar напиша:
- Нова тура војници за во Авганистан
Утре од кичевската касарна „Чеде Филипоски- Даме“ во Кичево, ќе заминат 149 војници на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Свеченоста ќе се одржи утре во 10 часот и на неа ќе присуствуваат министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Методија Величковски, претставници на локалната самоуправа од градот Кичево, роднините на припадниците од контингентот и други гости. http://www.plusinfo.mk/vest/48861/Nova-tura-vojnici-za-vo-Avganistan- Има посакуавм срека и многу здодевни денови. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/7/2012, 17:34 | |
| Дечки војнициве се менуваат, скоро секогаш се нови или пак ротираат 2 екипи само (една таму, една дома) ? | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/7/2012, 21:41 | |
| - Frogfoot напиша:
- Дечки војнициве се менуваат, скоро секогаш се нови или пак ротираат 2 екипи само (една таму, една дома) ?
Intencijata e site po ednash ama ima nekoj i po 2 pati. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/7/2012, 11:02 | |
| Нов контигент на АРМ заминува за Авганистан Во кичевската касарна свеченост по повод испраќањето контингент на АРМ од 1.мпбр. во ИСАФ - Авганистан. Во касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето контингент на АРМ од составот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Методија Величковски, претставници на локалната самоуправа од Кичево, роднини на припадниците од контингентот и други. Во 13- та ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 149 припадници на 1.мпбр кои заедно со најстариот национален претставник ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Македонските мировници во наредните шест месеци задачите ќе ги изршуваат во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Покрај ова, мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат и сложени задачи како што се: патролирање и обезбедување на воената база и објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата. Во оваа ротација ќе биде распореден и менторскиот тим за обука на Авганистанските безбедносни сили кој во истиот период задачите ќе ги извршува во Мазар-е-Шариф во рамки на регионалната команда Север, која е под команда на вооружените сили на СР Германија, а двајца старешини ќе бидат распоредени во Кабулскиот интернационален аеродром КАЈА. АРМ во најголемата мисија на НАТО во Авганистан учеството со механизирана пешадиска чета го започна во јуни 2006 година кога во првата четна ротација беа упатени припадници од 1.мпбр. За досегашното професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг. http://www.brkajrabota.mk/vesti/svet/16702-nov-kontingent-na-arm-zaminuva-za-avganistan ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/7/2012, 16:35 | |
| Размената на искуства како предуслов за стабилен и безбеден регион – министерот Бесими ја посети Заедничката планинска обука на АРМ и НГВМинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска, на терените близу Демир Капија ги посети учесниците на шестдневната Заедничка планинска обука на Полкот за специјални операции на АРМ и Националната гарда на Вермонт од САД, како дел од Програмата на Здружени контакт-тимови за 2012 година. „Ова е уште еден доказ дека АРМ е во чекор со најсовремените стандарди и дека согласно тоа, е во позиција да одговори на сите предизвици. Оваа обука е неоспорен доказ за значењето на размената на искуства и заедничката соработка во областа на одбраната, а со неа се укажува и на фактот дека со заеднички напори и намери ние работиме кон тоа регионот да биде место на соработка, стабилност и безбедност“, истакна министерот Бесими, по прикажаните вештини и способности. Имено, за време на посетата, учесниците ги запознаа присутните, со местото каде се изведува обуката, а воедно прикажаа и дел од научените и усовршените вештини и способности – изведени беа неколку вежби за спуштање со помош на прусик, на осмица и на анкер, потоа вежба „Командо качување“ и „Евакуација на повредени на различни начини“. Обуката на која учествуваат девет припадници на Националната гарда на Вермонт и 11 припадници на Полкот за специјални операции, се реализира во периодот од 08-13 јули на терените на Матка кај Скопје и Демир Капија. Согласно плановите за развој на регионалната соработка, во септември, на истата локација алпинистички тимови од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе работат заедно со припадниците на АРМ на унапредување и усовршување на алпинистичките вештини. Соработката помеѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД датира од 1995 година, кога група припадници на АРМ заминаа за Вермонт, САД каде учествуваа на првиот алпинистички курс. Соработката во полето на алпинизмот продолжи до 1998 година, период во кој нашите припадници ги црпеа искуствата и вештините на инструкторите од Центарот за обука по алпинизам во Вермонт. Дополнително соработката помеѓу АРМ и НГВ продолжи и се прошири на многу полиња, од кои вредна е да се спомене заедничката мисија во Авганистан во 2010 година. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=razmenata-na-iskustva-kako-preduslov-za-stabilen-i-bezbeden-region-zaednickata-planinska-obuka-na-arm-i-ngv&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/7/2012, 16:31 | |
| Целосно опремена сала за фитнес во касарната во Тетово„Подобрувањето на капацитетите и условите за работа ќе придонесат кон унапредување на физичката кондиција на припадниците на Армијата на Република Македонија коja е и ќе остане во согласност со највисоките стандарди поставени од НАТО-алијансата“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, на денешното примопредавање на донација од Кралството Холандија – сала за фитнес во касарната во Тетово. По тој повод, пред присутните, меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, државниот секретар во МО, Петар Есмеров, командантот на Здружената оперативна команда, бригадниот генерал Методија Величковски и командантот на 1. мпбр, полковникот Стојан Димчов свое обраќање имаше и военото аташе на Кралството Холандија во заминување, потполковникот Тон Кудам. „Овој проект е одличен пример за начинот на реализација и развој на билатералната соработка помеѓу двете земји, начин на кој треба да се продолжи и во иднина“, истакна потполковникот Кудам, кој додаде дека му претставува чест што на овој начин и со ваков настан тој го завршува својот ангажман во државата. Имено, донацијата во вредност од околу 17.000 евра ја опфаќа сета опрема која е неопходна за функционирање на фитнес салата како и одредени дополнителни инфраструктурни зафати. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=celosno-opremena-sala-za-fitnes-vo-kasarnata-vo-tetovo&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/7/2012, 17:29 | |
| Вершбоу одушевен од идејата половина АРМ да се вклучи во мисиите на НАТОИмето па членство - добро познатата порака на НАТО уште еднаш, по кој знае кој пат ја слушна македонскиот државен врв, овој пат од заменик генералниот секретар на Алијансата, Александар Вершбоу, по средбата со министерот за надворешни Никола Попоски. Вершбоу иако вели дека НАТО нема план Б за членство на Македонија, со раширени раце и воодушевување ја прими идејата на министерот за одбрана половина од македонските војници да бидат постојано на располагање на мисиите на Алијансата. Додека Македонија бара искреност во оценката на напорите за членство во НАТО и согледување на грчките опструкции во процесот, пораката од Алијансата останува иста - решете го името, па ќе станете членка. НАТО нема план Б за државата која тринаесетта година по ред ги исполнува зададените задачи, но не може да го освои заслуженото столче во Брисел. Вершбоу е новоназначен заменик генерален секретар на НАТО, Американец е и во своето излагање наместо Македонија ја употреби референцата поранешна југословенска република. Неговата порака на средбите со премиерот Груевски, министрите Попоски и Бесими била да укаже дека и по самитот во Чикаго останува отворена врата за членството во НАТО и дека Македонија тој благодет ќе го види откако ќе го реши спорот за името. Од македонска страна му било укажано дека НАТО треба да ги согледа опструкциите од членката Грција кои го оневозможуваат членството на Македонија. Со ова изјава на министерот се согласи и Вершбоу, но вели очекува храбра стратешка одлука за спорот. Додека за членството во НАТО е резервиран поради името, Вершбоу на средбата со Бесими рекол дека е воодушевувачка идејата, половина од македонските војници да може да бидат распоредени во мисии на НАТО. http://kanal5.com.mk/%28S%28kvzduae04i05r4455m44rxq5%29%29/default.aspx?mId=37&eventId=94067 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|