|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/6/2012, 20:32 | |
| - Frogfoot напиша:
Црна пропаганда. тоа ни се актуелни слабости од времето. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/6/2012, 13:40 | |
| Работна посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Република Турција Од вчера, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција. Во Генелаштабот на Турските ВС во Анкара, НГШ на АРМ беше срдечно пречекан од началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Неџет Озел. Целта на посетата е унапредување на билатералната соработка со Турските ВС на полето на военото образование, логистиката и обуката на единиците за специлани операции, каде посебно ќе се разгледа можноста за проширување на соработката на полето на медицинското обезбедување. Во Анкара, вчера генералот Котески ја посети Турската Воено-медицинска академија ГАТА, каде се сретна со командантот на оваа престижна воено-здравствена установа на Турските ВС, генерал-мајор Садетин Четинер. На средбата беа разменети искуства и идеи за формирање на заеднички медицински сили, како и за соработката на ГАТА со Воено-медицинскиот центар на АРМ. За време на посетата, НГШ на АРМ оствари средба и со командантот на Воената Академија на ВС на Република Турција, генерал-мајор Ферит Гулер со кого разговараше за проширување на соработката АРМ на полето на военото образование, при што се сретна и со питомците од Република Македонија кои се школуваат во Турската Воена Академија. На разговорите, се очекува да биде потврдена одличната соработка на АРМ со единиците за специјални операции на Турските ВС, како и да се разгледа можноста за нејзино понатамошно проширување низ размена на искуствата помеѓу двете армии на полето на обуката и вежбите на специјалните единици. Како што е познато, АРМ има одлична соработка со ВС на Република Турција, на многу полиња, при што посебно е изразена во: обуката, военото образование, употреба на единици во мировни мисии предводени од НАТО, опремувањето и слично. Република Турција како земја членка на НАТО е стратешки партнер и голем поддржувач на приемот на Република Македонија во НАТО, а Турските ВС за потребите на АРМ имаат донирано значителната помош во материјално-технички средства. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=rabotna-poseta-na-ngs-na-arm-na-vooruzenite-sili-na-republika-turcija&lang=mk | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/6/2012, 15:11 | |
| Алвар алал да ти е како не те мрзи?
Попатно ветиле некоја помош. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/6/2012, 17:28 | |
| Билтен за активностите на командите и единиците на АРМ во периодот од 01 до 15 јуни 2012 годинаСо цел за поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста во Република Македонија за активностите на командите и единиците на АРМ, од денес ГШ на АРМ започнува со објавување на двонеделен преглед-билтен на активностите во командите и единиците на АРМ. За таа прилика, ве информираме за периодот од 01. до 15.06.2012 година. • Во период од 04 до 07.06.2012 во Загреб, Република Хрватска Главниот подофицер на АРМ, наредникот Драган Стојановски учествуваше на 6-та Конференција на Главните подофицери на Европските армии. Конференцијата беше организирана од страна на командата на Европските сили на Армијата на Соединетите Американски дршави USAREUR (United States Army-Europe Command) и Вооружените сили на Република Хрватска, каде учество зедоа главните подофицери од 38 армии од Европа.Во текот на конференцијата беа презентирани регионалните ресурси за обука на подофицери, НАТО школите за подофицери понудени од USAREUR и предизвиците при воспоставување на подофицерскиот кор. • Припадниците на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) на АРМ на 1-ви јуни организираа хуманитарна акција, со која тие донираа значителна количина на прехрамбени продукти на Центарот за социјална работа во Кавадарци. • На 7-ми јуни е реализирана инспекција на Командата за обука и доктрини (КОД) на АРМ во Велес од страна на инспекцискиот тим од Војската на Црна Гора. Оваа активност се спроведува согласно Виенскиот документ за контрола на вооружувањето, како планска активност во рамките на ОБСЕ. Република Македонија, Виенскиот договор го има потпишано во 1999 година и според него МО како репрезент на државата, редовно учествува во активностите за контрола на вооружувањето на армиите потписнички на овој договор. • Од 29.05. до 08.06.2012 година, во Вилдфлекен, СР Германија се одржа меѓународната вежба „EUROPIAN ENDEAVOUR 2012“ (ЕЕ-12) на која учествуваа 15 офицери и 3 подофицери на АРМ. ЕЕ-12 е копјутерски поддржана вежба на која покрај припадниците на АРМ учество зедоа и претставници од армиите на СР Германија, Република Чешка, Република Хрватска, Австрија и Република Ирска. На вежбата, од страна на припадниците на АРМ беше покажан висок степен на интероперабилност со останатите учесници, со кои е предвидено заедничко учество во EUBG II/2012. • Во Центарот за медицинска обука при Воено-медицинскиот центар на АРМ, на 8-ми јуни заврши курсот за самоспасувачи (,,Combat Live Saver”). Курсот се изведе во рамките на подготвителната обука со персоналот од следната ротација за мисијата ИСАФ во Авганистан, која е планирано да биде упатена во првата половина од месец јули 2012 година. • Во рамките на активностите за одбележување на јубилејот „ 20 години АРМ“ во организација на КОД на АРМ, на 9-ти јуни беше организирано искачување на врвот Солунска Глава. На маршот, покрај припадниците на КОД учествуваа и претставници од Министерството за одбрана, Здружената Оперативна Команда, полкот за специјални операции, питомци од Воената Академија ,,Михаило Апостолски“, СВР Велес и локална самоуправа на градот Велес. И покрај високата температура, сите 56 учесници на маршот, за три часа успешно се искачија на највисокиот врв на планината Јакупица – Солунска Глава. • Припадниците на брЛП на 9-ти јуни ја поддржаа традиционалната манифестација „Поречки културен панаѓур“ која се одржа во село Девич, општина Македонски Брод, при што подготвија војничко гравче за 1500 лица, а на 13-ти јуни по повод одбележувањето на денот од загинувањето на народниот херој Кочо Рацин во село Лопушник, ја помогнаа општина Другово со поставување на војнички шатори и подготовка на војничко гравче за 250 лица. • Од 12 до 15.06.2012 година Главниот подофицер на АРМ, наредникот Драган Стојановски учествуваше на третата Конференција на главните подофицери на армиите од земјите членки на Јадранската група (А – 5), која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. На конференцијата, наредникот Стојановски покрај останатото имаше успешно презентирање на Армискиот полигон ,,Криволак“, а беа разгледани и можностите за реализација на предупатна обука за мисии предводени од НАТО. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=bilten-za-aktivnostite-na-komandite-i-edinicite-na-arm-vo-periodot-od-01-do-15-juni-2012-godina&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/6/2012, 17:55 | |
| Отворен „Летниот кампус 2012“„Ова е одлична можност идните воени лидери да ги почувствуваат предизвиците на работа во мултинационални состави, нешто што со сигурност ќе биде присутно во нивното идно работење во мисите на НАТО“, истакна во своето поздравно обраќање заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев, на денешната свеченост по повод отворањето на „Летниот Кампус 2012“ во Центарот за обука „Пепелиште“. Учесници на кампусот кој се одржува трета година по ред се питомците од Република Македонија, од Бугарија, од Црна Гора, од Косово, од Обединетото Кралство и од Турција, како и студенти од повеќе државни и приватни универзитети од Република Македонија. Во таа насока, заменик-министерот Димитриев истакна дека „преку застапеноста на цивилно-воената компонента, ’Летниот Кампус-2012’ има за цел да овозможи учесниците делумно да ја почувствуваат комплексноста на соработката помеѓу цивилните и воените компоненти во еден ваков делокруг на активности, а воедно кај идните воини и цивилни лидери да се создаде јасна слика за основните цели кои ги поставува кооперативната безбедност како дел од новиот стратешки концепт на НАТО.“ Имено, оваа година на кампусот насловен „Имплементацијата на кооперативната безбедност видена преку индиректниот пристап во цивилно-воените и против-бунтовничките операции“ ќе бидат обработени двете водечки линии на операции, споменатите цивилно-воени и против-бунтовнички операции. Имајќи ги предвид времетраењето и комплексноста, кампусот нема да ги опфати сите активности и постапки потребни за успешно менаџирање и имплементирање на кооперативната безбедност, туку ќе се фокусира на основите врз кои почива овој концепт, т.е. на креирањето јасна слика кај идните воени и цивилни лидери за основните цели кои ги поставува кооперативната безбедност како дел од новиот стратешки концепт на НАТО. Кампусот кој ќе се одвива од 19-29 јуни е организиран од страна на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, а поддржан од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=otvoren-letniot-kampus-2012&lang=mk | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 22/6/2012, 08:32 | |
| Официјално на парадата на по повод 20 години АРМ ќе има освен пешадија и оклопна техника. Денес се видов со човек кој ми ги потврди информациите. Спремајте ги апаратите нашите стелтови ќ ги фати сонце | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 22/6/2012, 10:50 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/6/2012, 14:43 | |
| Министерот Бесими еден ден со Ренџерите на обуката во „базирање и исхрана во природа“Денеска, на планината Бистра, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими помина еден ден со припадниците на Ренџерскиот баталјон кои во моментот ја изведуваат обуката во „Базирање и исхрана во природа“. „Ова е една од најспецифичните обуки во оваа елитна единица на Армијата на Република Македонија, каде што нашите војници се соочуваат со природата за да преживеат, што е исклучително битно за подготвеноста на нашата армија согласно највисоките стандарди на меѓународните институции, пред сè НАТО. Оваа единица, всушност, во однос на подготвеноста во досегашниот период ги има добиено највисоките оцени од алијансата“, истакна министерот Бесими откако ги разгледа сите точки на поставениот камп. Министерот воедно додаде дека ги посетува Ренџерите и ги споделува условите во кои се реализира обуката со цел да се укаже колку е значаен примерот кој овие војници го даваат, заедно со нивните колеги, припадници на АРМ, особено во година во која Армијата прославува голем јубилеј – „20 години АРМ“. Во таа насока, министерот Бесими ги повика младите независно од нивната етничка и религиозна припадност да се приклучат и да ја одберат армијата како можност за развој на идна благородна кариера, во која тие не само што ќе придонесуваат кон мирот и стабилноста на својата татковина, туку и во глобални рамки. Целта на обуката е секој припадник на Ренџерскиот баталјон, со помош на стекнатите знаења за исхрана во природа преку успешно препознавање, собирање и приготвување на продукти од природата, да се оспособи за преживување и да продолжи со изведување на борбени дејства и тактички борбени постапки и во услови на недостаток на храна и вода. Истовремено, акцент се става и на оспособувањето за престојување и базирање во природа во подолг временски период и извршување на добиените борбени мисии. „Одлично се снаоѓаме, стануваме едно со природата и со сето она што ни го дава нашата татковина. Тука се прочистува организмот, се добива свежина и се полнат ќелиите“, велат Ренџерите кои воедно додаваат дека секојдневното среќавање со диви животни како и фактот дека се на час и половина од првото населено место укажува на тоа дека оваа обука е вистинска симулација на реалноста. Овој тип обуки кои се изведуваат најмалку еднаш во текот на годината опфаќаат теми од подготвување и формирање на логорска просторија, употреба на логорска опрема и изработка на импровизирани печки и огништа, техники на снабдување со вода, препознавање и собирање на печурки и диви билки за јадење, техники на фаќање на диви животни, риби и птици, и техники на нивно приготвување. Самата обука опфаќа и укажување на прва помош и транспортирање доколку дојде до труење од некои билки, каснување од змија, од разни инсекти или од диво животно, како и од топлотен удар, сончаница, изгореници или смрзнатини во зимски услови. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-eden-den-so-rendzerite-na-obukata-vo-baziranje-i-ishrana-vo-priroda&lang=mk | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/6/2012, 15:52 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/6/2012, 16:00 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|