|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/3/2015, 13:22 | |
| Граѓаните најмногу и веруваат на АРМ http://vecer.mk/makedonija/arm-ima-najgolema-doverba-od-gragjaniteСпоред истражувањето на јавното мислење направено од Центар за истражување и креирање политики-Скопје спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, граѓаните од регионот најмногу доверба имаат во државните и меѓународните воени институции. Во четири од шесте држави, политичките партии се на дното од табелата, а слаба доверба уживаат и судството и собранијата, покажува истражувањето спроведено во рамки на проектот „Застапување за отворена влада" финансиран од Европската унија, кој се имплементира во шест земји од регионот. Оваа анкета во Македонија е реализирана во август 2014 година.Во Македонија и Србија институции со најголема доверба се армиите. Во Македонија 71,5 проценти од испитанците и 69 проценти во Србија, ја дале довербата за армијата, додека во Албанија и Косово тоа се меѓународни воени институции како НАТО 71 отсто односно КФОР 67 процент. Во Албанија, армија е рангирана на третото место со 44 проценти согласно довербата на граѓаните. Армијата е рангирана четврта со 69 проценти од испитаниците во Црна Гора каде што граѓаните повеќе веруваат во здравствениот систем и тоа со 60,3 проценти и образовниот со 58,7 отсто, како и во Српската православна црква која има 55.6 проценти доверба кај испитаниците. Во Босна и Херцеговина армијата е втора институција со најголема доверба со 62 проценти, додека најмногу се верува во работата на претпријатијата за комунални дејности со 63,1 проценти | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/3/2015, 20:03 | |
| Која е ова партија па сега ? ТМРО бара враќање на воениот рокПартијата ТМРО апелира до македонската влада итно да се врати задолжителниот воен рок кај воените обврзници до 28 годишна возраст. ТМРО уште пред 2 години покрена јавна дебата и иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок, со оглед на тоа што државата не е членка на НАТО, ниту пак е со опкружување како Финска или Норвешка. Македонската младина е воено неспособна и неспремна, што е крајно опасно за безбедноста и опстанокот на македонскиот народ и македонската држава. http://www.mkd.mk/makedonija/partii/tmro-bara-vrakjanje-na-voeniot-rok | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/3/2015, 23:37 | |
| Нема проблем веднаш ќе "одам", и мамините и татините мази на богаташите, бизнисмените и политичарите да бидат во касарна, а после ТМРО и АРМ нека ми најдат работа. |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/3/2015, 23:42 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Која е ова партија па сега ?
Националистичка партија На Ванчо Шехтански, ако си слушнал за него, ТМРО партијата е во коалиционен партнер со ВМРО ДПМНЕ http://tmro-mk.weebly.com/ |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/3/2015, 15:35 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/3/2015, 12:26 | |
| Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Кралството ШпанијаДелегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, од денес престојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Кралството Шпанија. Денес, НГШ на АРМ во Мадрид беше пречекан со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез. Ова е прва официјална посета на ВС на Кралството Шпанија од страна на началник на ГШ на АРМ, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, се разговараше и за искуствата на двете армии од учеството во мисии предводени од НАТО и ЕУ и трансформацијата. На средбата посебно стана збор за проширување на соработката на полето на военото образование и користењето на услугите на центрите за обука на ВС на Шпанија за потребите на АРМ. Генералот Котески ја истакна соработката со ВС на Шпанија како исклучително важна во процесот на евро-атланските интеграции на Република Македонија, при што како можни форми за проширување на билатералната соработка, ја посочи можноста за користење на Армискиот полигон ,,Криволак“, организирање на заеднички вежби, како и соработка и размена на искуства од доменот на военото планирање и обуката за справување со импровизирани експлозивни направи. За време на престојот во Мадрид, генералот Котески ќе ги посети НАТО центрите за обука за справување со импровизирани експлозивни направи и за водење на воздухопловни операции, а ќе има можност и да се запознае со капацитетите, мисијата и задачите на падобранската бригада на ВС на Шпанија. Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспотавена во октомври 2009 година, со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана. Во изминативе три години, соработката на АРМ со ВС на Кралството Шпанија се одвива на повеќе полиња како што се: военото образование, јазичната обука, обука на клучни специјалности пред упатување во мисија и обука за проверка на воздухопловни радионавигациски уреди. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/03/poseta_na_NGS%20na_ARM_na_VS_na_Spanija.html | |
| | | loran11
Број на мислења : 21
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/3/2015, 21:59 | |
| koja smesna hgarda ja imaat site razlicna visina hahahahah | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/3/2015, 22:24 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Кралството Шпанија
Горанчо им ја "украл" униформата на шпанскиве гардисти Инаку знае некој зашто на левиот чеп на униформата на Горанчо има ознака на НАТО? Имам гледано такви кај офицери кои војските им се во НАТО, јас колку што знам Македонија не е во НАТО, зошто носи НАТО ознака? Ако може некој да ми објасни, ако знае? |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2015, 14:12 | |
| Прием на делегација од Вооружените сили на Република Турција од заменикот на НГШ на АРМПо повод одбележувањето на 116 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, во тридневна официјална посета на Република Македонија од денес претстојува делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција. Денес, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини се сретна со бригадниот генерал Шукру Екен, кој ја предводи делегацијата на ВС на Република Турција, во која покрај високи офицери на ВС на Република Турција се и питомци од Средното воено училиште на ВС на Република Турција. На средбата во ГШ на АРМ, генералот Сејдини ја истакната одличната соработка на АРМ со ВС на Република Турција, како и сестраната поддршка која Република Турција и ја дава на Република Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО. Генералот Екен се заблагодари на пречекот и поддршката од МО и ГШ на АРМ во организацијата на свеченоста по повод одбележувањето на 116 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, како настан од историјата кој ги спојува двете пријателски земји. Утре, со високи почести, во предворјето на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј на градот Битола, каде се наоѓа спомен собата на Кемал Ататурк, ќе се одбележи 116 години од неговото дипломирање во Воената гимназија. На свеченоста пред музејот во Битола ќе одржи пригодна програма, а се очекува да присуствуваат амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, високи претставници од МО и ГШ на АРМ и други високи гости. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/03/turska_delegacija.html | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/3/2015, 14:20 | |
| нека фрлат нешто ново... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|