|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Gjole^Stolarot
Број на мислења : 32
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2015, 17:38 | |
| Ако има некој на форумов што бил , нека пише како поминал , дали има некои промени од минатата година.. Поздрав | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2015, 17:58 | |
| Како што знам денес покрај физички проверки им правеле и психички и општообразовен тест | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2015, 19:31 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/2/2015, 21:38 | |
| Се пријавив,ама уште не ми се јавиле
Викаат дека денес на психо тестот бутнале појше од пола кандидати | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/2/2015, 12:25 | |
| Одбележување на Денот на Меѓународните Воени спортови Денес, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одбележа „18 февруари - Денот на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС)“. Спортскиот ден, кој по десетти пат се одвиваат во АРМ, го отвори командантот на Здружено оперативната команда на АРМ, генерал-мајор Методија Величковски. На свеченото отворањето, генералот Величковски пред спортските екипи нагласи дека денешниот ден претставува значаен сегмент во обуката и развитокот на борбената готовност на АРМ. На денешните победници им порача дека нивната победа треба да ги одликува една рамноправна, но чесна игра, одлика на армиската професија. Генералот Величковски истакна дека преку ваквите натпревари ќе се изврши селекција и ќе се одредат претставници на АРМ кои ќе ја претставуваат нашата армија на шестата воена олимпијада која ќе се одржи оваа година во Јужна Кореја. Покрај натпреварите, на денешната свеченост, професионалниот војник Игор Цветановски од полкот за Специјални Операции беше прогласен за „Спортист на годината 2015“. Оваа титула тој ја доби за неговото залагање за развојот на спортот во АРМ. По овој повод генералот Величковски му додели диплома и пехар со амблем на МСВС. Овој спортски настан денес истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, каде над 3000 припадници на АРМ под мотото „СПОРТ ЗА СИТЕ“ се натпреваруваат во следните дисциплини: крос на 8 km за мажи и на 4 km за жени, мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг и шах. Кросот во Скопје се одржа на патеката на кејот на реката Вардар, а останатите дисциплини на терените на воениот стадион во Скопје. АРМ од 2005 година е полноправна членка на Меѓународниот совет за воени спортови, со што се стекна со право на учество на сите меѓународни спортски натпревари во организација на оваа меѓународна асоцијација на воените спортови. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/02/msvs_gs.html | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/2/2015, 13:26 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/2/2015, 13:36 | |
| Во исто време сме го стајле во две различни теми ја еве по дома,ти ? | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/2/2015, 13:39 | |
| Еве и јас по дома,хаха ваљда тука нема да пуштаат со врски да му е... баш ме интересира,ајде кога ќе те викнат рашири очи и уши и после пиши тука спремен ли си ? | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/2/2015, 14:46 | |
| Официјална посета на НГШ на АРМ на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина Од вчера, делегација на АРМ предводена од НГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Денес, НГШ на АРМ во Сараево беше пречекан со високи воени почести од началникот на Здружениот штаб на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Анте Јелеч. На средбата, двајцата генерали констатираа дека односите меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се пример за одлична соработка во регионот, а во прилог на ова е успешната билатерална соработка помеѓу двете армии. Покрај продлабочувањето на билатералната соработка, на средбата стана збор и за заедничките активности во рамките на Јадранската повелба во А5 формат, како и во мисијата „Resolute Support“ во Авганистан. Генералот Котески искажа целосна поддршка во остварување на зацртаните цели кои Босна и Херцеговина треба да ги остварите како актуелен претседавач на Јадранската повелба, при што потенцираше дека годинава Република Македонија е домаќин на средбата на началниците на генералштабовите од А5 форматот. Генералот Котески ја истакна подготвеноста за давање отворена помош во поддршката на Босна и Херцеговина на патот кон членство во НАТО. За време на престојот во Сараево, НГШ на АРМ беше примен и од министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зекријах Осмиќ. Во рамките на посетата на Босна и Херцеговина, генералот Котески, денес во кампот Бутмир кај Сараево, ги посети припадниците на АРМ, кои се распоредени во мисијата АЛТЕА, каде положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници од воздухопловната бригада на АРМ кои загинаа во хеликоптерска несреќа враќајќи се од мисијата АЛТЕА. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/02/poseta_bih.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/2/2015, 14:40 | |
| Началникот на ГШ на АРМ положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар, каде пред единаесет години трагично загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Генералот Котески присуствуваше на церемонијата за одбележувањето на единаесет годинишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, која се одржа во Ротимље, на местото каде се урна владиниот авион. Вчера, во рамките на официјалната посета на Босна и Херцеговина, Началникот на ГШ на АРМ, во кампот Бутмир кај Сараево го посети Центарот за мировни операции (PCOTC), на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, каде беше запознаен со работата на овој центар и идните планови на полето на соработката со АРМ. За време на престојот во кампот Бутмир, генералот Котески се сретна со припадниците на АРМ кои се распоредени во мисијата АЛТЕА, при што беше информиран за извршувањето на задачите во мисијата на ЕУ. По средбата со македонските мировници во АЛТЕА, делегацијата предводена од НГШ на АРМ, положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници од воздухопловната бригада на АРМ кои загинаа во хеликоптерска несреќа враќајќи се од мисијата АЛТЕА. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/02/polaganje_venec_rotimlje.html | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|