|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/6/2015, 15:57 | |
| - JKD напиша:
- Зоран напиша:
- JKD напиша:
- Frogfoot напиша:
- Интересна работа... се надевам ќе остане само на ова.
Абе интересно што да ти кажувам..да си им у кожа дали ќе ти е интересно. Другар ЏКД од овој момент сите сме мети.
Први на удар ќе се мвр и арм.Зошто ? затоа што народот гледа во нив спас,во нив гледа надеж,а кога ќе видиш на вести дека нападнале касарна,станица,ти тураат како од гезве страв во психа,колку и да глумиш јак и стабилен.После тоа,немаш доверба во тие институции,и ете ти една класична параноја. Не на оние што се бават со терор целта им се цивили. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/6/2015, 16:01 | |
| Јас мислам дека целта им е страв и параноја,како кај граѓаните,така и кај политичарите. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/6/2015, 16:01 | |
| - JKD напиша:
- Јас мислам дека целта им е страв и параноја,како кај граѓаните,така и кај политичарите.
Штотуку ја напиша дефиницијата за терор. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/6/2015, 16:00 | |
| Присуство на командантот на здружената оперативна команда на свеченото отварање на мултинационалниот воен тренинг центар за обука на пилоти во Измир - Република ТурцијаВо период од 16-17 Јуни 2015 година, командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски на покана од командантот на турските воени воздухопловни сили, генерал Акин Озтурк присуствуваше на свеченото отварање на на мултинационалниот воен тренинг центар за пилоти (МВТЦП) во Измир, Р.Турција. За време на дводневниот престој командантот на ЗОК покрај присуството на церемонијата на отварање на МВТЦП, оствари средби со домаќинот, генерал Акин Озтурк, со останати високи воени старешини од турското вооружени сили и со претставници од останатите воени делегации кои присуствуваа на активноста. Притоа се разговараше за можноста за остварување на соработка помеѓу армиите на двете земји во областа на военото воздухопловство и можноста за обука на персонал од АРМ во мултинационалниот центар за обука на пилоти во Република Турција. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/06/komandant_zok_izmir.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/6/2015, 15:05 | |
| Посета на НГШ нa AРМ на КФОРНачалникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес (26-ти јуни), престојуваше во еднодневна официјална посета на КФОР. За време на посетата, НГШ на АРМ се сретна со командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фергусон и со командантот на КФОР, генерал-мајор Франческо Фиљуоло. На средбата која се одржа во кампот Бондстил, Република Косово, се разговараше за безбедносната состојба во регионот, можностите за унапредување на соработката со силите на КФОР, како и размена на информации со АРМ. НГШ на АРМ беше информиран за безбедносната состојба во зоната на одговорност на КФОР, како и за активностите и идните планови. Генералот Котески побара поголемо и поефикасно ангажирање на КФОР на границата помеѓу Македонија и Косово. Заклучено е дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено соработка и дека во наредниот период таа ќе продолжи да се развива во интерес на јакнење на безбедноста во регионот. Разговарано е и за понатамошната улога на Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој е во формацискиот состав на АРМ. Негова основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР. НГШ на АРМ се сретна и со командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама, со кого разговараше за одредени прашања поврзани со соработката и безбедноста во регионот http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/06/poseta_ngs_kfor.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/6/2015, 16:42 | |
| Началникот на ГШ на ВС на Кралството Норвешка во посета на АРМДенес (29 јуни 2015 година) со високи воени почести во ГШ на АРМ беше пречекана висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, предводена од НГШ на ВС на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на АРМ. Во обраќањето пред медиумите Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески ја истакна соработката со ВС на Кралството Норвешка која во изминатите години се движи во нагорна линија, што за АРМ е од врвен приоритет. Истакнувајќи ги искуствата и научените лекции кои АРМ ги стекна за време на извршувањето на задачите на хируршкиот тим на АРМ во рамките на Норвешката полска болница, во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан, генералот Котески најави понатамошно проширување на соработката со ВС на Кралството Норвешка. НГШ на АРМ посебно се заблагодари за поддршката од страна на ВС на Кралството Норвешка, за развојот на проектот за Балкански воено-медицински сили, чиј штаб е планирано да биде лоциран во Република Македонија. Адмиралот Брун-Хансен соработката со АРМ ја оцена како значајна, нагласувајќи дека во професионалните квалитети и способности на припадниците на АРМ, се уверил лично за време на нивното заедничко ангажирање во мисијата ИСАФ во Авганистан. Тој нагласи дека е особено задоволен од фактот што ВС на Кралството Норвешка помогнаа во трансформацијата на АРМ и одбраната на Република Македонија. НГШ на ВС на Кралството Норвешка, истакна дека во иднина ќе се изнаоѓаат патишта за јакнење на соработката на двете армии, при што ја истакна поддршката на Република Македонија кон полноправното членство во НАТО. За време на престојот во ГШ на АРМ, адмиралот Брун-Хансен оствари средба со заменик министерот за одбрана, Иљми Селами. На разговорите пред гостите од Кралството Норвешка, беше презентирана трансформацијата на АРМ и учество во меѓународни мисии за поддршка на мирот, а се разговараше и за меѓуармиската соработка во регионот, како и за унапредувањето на билатералната соработка помеѓу двете армии. НГШ на ВС на Кралството Норвешка, за време на посетата, ќе посети дел од командите и единиците на АРМ, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука. Во периодот од 2008 до 2012 година, во рамките на Норвешката полска болница во Мејмана, Авганистан беше распореден хируршки тим на АРМ кој успешно ги извршуваше задачите заедно со норвешките колеги. Кралството Норвешка на АРМ & донираше една комплетна Лесна маневарска полска болница во вредност од околу 2,5 милиони евра, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема во вредност од 57.000 евра, како и менторирање и финансиска поддршка на проектот „Лепеза“ и Регионалниот центар за односи со јавноста. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/06/ngs_norveska_poseta.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/6/2015, 16:34 | |
| НГШ на ВС на Кралството Норвешка ги посети Регионалниот центар за односи со јавноста, Центарот за медицинска обука и полкот за Специјални ОперацииНа вториот ден од официјалната посета на АРМ, началникот на ГШ на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен, придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денес ги посети Регионалниот центар за односи со јавноста, Центарот за медицинска обука и полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. Адмиралот Брун-Хансен беше запознаен со работата на центрите во кои Министерството за одбрана и ВС на Кралството Норвешка, имаат донирано конкретни финансиски и материјални средства и опрема, што претставува клучен фактор во нивниот понатамошен развој. НГШ на ВС на Кралството Норвешка беше запознаен за развојот на проектот за полската болница (Role 2), како и за иницијативата за формирање на Балкански воено-медицински сили, чиј штаб е планирано да биде во Скопје. Гостите од Кралството Норвешка искажаа задоволство од работата на Центарот за медицинска обука, што ќе претставува основа за понатамошно јакнење на соработката на полето на воено-медицинската обука. За време на посетата на пСО, гостинот од Кралството Норвешка, имаше можност да се запознае со мисијата, задачите, обуката и искуствата од учеството во мисии и вежби, при што од страна на припадниците на пСО беше изведена показна вежба со содржини од обуката. Не криејќи го задоволството од она што беше прикажано, адмиралот Брун-Хансен оцени дека високиот степен на обученост, интероперативност и примената на НАТО стандардите во обуката, се одлична основа за натамошна соработка помеѓу единиците за специјални операции на двете армии. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/06/ngs_norveska_vtor_den.html | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/6/2015, 16:44 | |
| Нека пуштат некоја донација не само да гледаат,една нивна чета е колку цела пСО...кај нив и тоа што е застарено кај нас ќе е добредојдено,во било кој поглед. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/6/2015, 16:47 | |
| Пред некоја година ни дадоа нова мобилна полска болница која кошта 2,5 милиони долари | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/6/2015, 17:01 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Пред некоја година ни дадоа нова мобилна полска болница која кошта 2,5 милиони долари
Знам дека и тоа е битно,ако не и побитно од ново вооружување или опрема,АМА....сите сакаме да ги видиме во нова опрема и вооружување,неголи нова болница... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|