Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 66 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty20/5/2014, 14:26

Барем нема орка да биде министер


ДУИ го губи само Министерството за одбрана?
Линк
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty20/5/2014, 19:21

Momak od Gjorce напиша:
Барем нема орка да биде министер


ДУИ го губи само Министерството за одбрана?
Линк

Наводно,Милошески ќе бил на одбрана...или Попов не се сеќавам,кај Јанко кога читаше весници,го пишуваше тоа...а еден од овие двајца,ќе биде на МВР,а бркот ќе одел наводно во министерство за правда..
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty20/5/2014, 20:42

Антонио Милошоски!? Laughing Laughing Laughing 
Подобро да го остават Талат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty20/5/2014, 23:51

Само професионалец со повисок чин во АРМ , македонец и малку поодврзано ќесе со пари за набавка на нова воена опрема .
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty21/5/2014, 12:50

Доделување на НАТО медал на припадниците на македонскиот контингент во мисијата ИСАФ

Медалите беа врачени од страна на началникот на штаб на мисијата ИСАФ генерал потполковник Кенан Хуснуоглу, додека генерал мајор Рејнхард Волски  во обраќањето пред присутните го истакна придонесот кој го дава македонскиот контингент за безбедноста на базата  искажувајќи пофални зборови за совесното извршување на сите поставени задачи.
Медалот на НАТО за служба во мисијата ИСАФ се доделува на учесници во мисијата кои  учествувале најмалку 30 дена во мисијата , а од 2011 година на рибонот за медалот се додава и бројка за повеќекратно учество во мисијата.
Досега  на повеќе од 3000 припадници на АРМ им е врачен медал за учество во мисијата ИСАФ со која респектабилна бројка сме меѓу побројните нации кои учествувале во мисијата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/05/nato_meda_isaf.html

АРМ - новости - Page 33 StLncve

АРМ - новости - Page 33 XtW4wZ9

АРМ - новости - Page 33 XtW4wZ9

АРМ - новости - Page 33 8Jr3nZh

АРМ - новости - Page 33 HMEAYck

АРМ - новости - Page 33 Tn4G18e

АРМ - новости - Page 33 OLbzx8x

АРМ - новости - Page 33 NMSbVCw

АРМ - новости - Page 33 MMXhgI0

АРМ - новости - Page 33 XPUfBzR
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty21/5/2014, 16:27

„Отворен ден“ во касарната во Кичево за учениците од средните и основните училишта

На ден 21 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево се организира и реализира „Отворен ден“ за учениците од средните и основните училишта од Кичево, по повод одржување на традициите и одбележувањето на „Денот на поранешната 2 механизирана пешадиска бригада“.
На отворениот ден, кустоcот од Музејот на Западна Македонија одржа историски час за формирањето на „Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред“. Во неговото излагање го нагласи историското и военото значење, целта и одвивањето на борбените дејствија. На 21.мај 1943 година Главниот штаб на Народно Ослободителната Борба на Македонија од пристигнатите борци го формира „Кичевско-Мавровскиот партизански одред“.
Во текот на денот, во организација на 4. механизиран пешадиски баталјон од 1. механизирана пешадиска бригада беше реализиран и тактичко техничкиот (ТТ) збор со неколку работни точки, на кој учениците од средните и основните училишта со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користи во единицата.
Учениците покажаа голема заинтересираност за прикажаното вооружување и опрема, така што имаа повеќе прашања за лицата кои презентираа на ТТ-зборот.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/05/otvoren_den_za_ucenici_kicevo.html

АРМ - новости - Page 33 5A5EU4t

АРМ - новости - Page 33 EYNK6uJ

АРМ - новости - Page 33 ACu8bEQ

АРМ - новости - Page 33 8reTfso

АРМ - новости - Page 33 EfBcqdd

АРМ - новости - Page 33 Ni5ky0w

АРМ - новости - Page 33 YH7CoRH

АРМ - новости - Page 33 4rW6vsg

АРМ - новости - Page 33 OduVu9x
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty21/5/2014, 23:04

Војниците на АРМ како американските маринци

Вкупно 71 склек за две минути треба да направат младите војници до 21 година за да освојат 100 бодови на физичките проверки додека девојките треба да направат 42 склека. За максималните бодови, мажите од најстарата генерација од 57-61 година која е подложна на проверките, треба да направат 53 склекови и 64 стомачни додека за долната граница од 60 бода, мажите треба да направат 18 склека и 26 стомачни, а жените треба да направат осум склека и 26 стомачни како мажите.

Македонските војници и офицери тренираат на ист начин како американските маринци, а силната волја несомнено им е главното оружје со кое ги издржуваат исцрпувачките тренинзи кои за нив поминуваат во услови далеку под американското ниво.

Тестот на издржливост војската треба да го положи во три дисциплини, склекови, стомачни и трчање на 3.2 километри, а нивниот перформанс се оценува според бодовна скала од 50 до 100 бодови.

Незадоволителна оценка се освоени 59 бода, задоволителна е 60-64 бодови, добра оценка се 65-74, додека 75-84 бодови значат дека припадникот се истакнува додека за војникот или офицерот кој освоил од 85-100 бода се вели дека особено се истакнува.

Проверките за физичката подготвеност се спроведуваат два пати годишно, првата редовна проверка е во април, дополнителната во јуни додека втората редовна проверка е во септември и втората дополнителна во ноември.

Тука нема пардон а тестот се смета за положен доколку персоналот во текот на календарската година ги положил двете редовни и дополнителни проверки.
Полковникот и портпарол на АРМ, Мирче Ѓорѓоски, вели дека физичката проверка влече длабоки корени, а за составувањето користени се искуства од повеќе држави од светот пред се од НАТО за да се воспостават врвни стандарди.
- Во најдобар дел, нашата физичка проверка е идентична со американската, поточно со маринците. Таа 15 години е еден од критериумите и од стандардите кој е исклучително важен во кариерата и во развојот за еден припадник на АРМ. Тоа ние сме го вградиле во законот за служба и во одредени правилници со кои тоа се регулира, истакнува Ѓорѓески.
Војската и офицерите треба да бидат физички активни преку целата година за да можат да ги поминат строгите критериуми.

Специјалните единици се подложни на уште построги критериуми и на проверките треба да освојат многу повеќе бодови односно доколку минимумот за офицерите и војниците е 60 бодови, припадниците на баталјонот за специјални намени и ренџерите треба да освојат 80 бодови.
Имено, најмладата група до 21 година во машка конкуренција, за да ги освои максималните 100 бодови треба да направи 71 склек за две минути додека жените не се ни малку поштедени и за 100 бодови, припадничка на АРМ треба да направи 42 склека.
Минимумот за проверките се 60 бодови а за да ги постигнат овие бодови, најмладите машки треба да направат 42 склека а жените 19 склекови.

Тие треба да се истакнат и во делот на стомачните вежби и конкретно, мажите треба за две минути да направат 78 стомачни да освојат 100 бода на оценувањето додека долната граница е 53 стомачни за мажите а 50 за девојките.

За да ги поминат подготовките, и најстарата генерација која е подложна на проверка од 57-61 година треба да покажат значителна физичка спремност.
Имено, за да освојат 100 бода, мажите треба да направат 53 склекови и 64 стомачни додека за долната граница од 60 бода, мажите треба да направат 18 склека и 26 стомачни додека жените треба да направат осум склека и исто 26 стомачни како мажите.
Трите километри трчање, за 100 бода, најмладите мажи треба да ги истрчаат за 13 минути додека жените за 15.36 минути додека мажите до 61 година, за максималните 100 бода, патеката треба да ја истрчаат за 15.18 минути а жените за 19.42 минути.

Минимумот за трчање за постарите е 19.54 минути за мажи а за жените 24.48 минути.
Полковникот Ѓорѓоски вели војникот или офицерот може да биде ослободен од трчање по препорака на лекар-специјалист.

Сепак, мора да ги помине стомачните и склековите а трчањето да го замени со 10км возење велосипед или 4 километри пешачење, рече тој.
Полковникот објаснува дека од оценката се одредува така што се пресметува аритметичката средина од збирот од бодови.
- Физичката оценка е многу важна, но се разбира не и пресудна. На пример, лицето може да биде одличен спортист, но ако не биде комплетен на военостручен план тој пак може да го изгуби статусот. Секако, многу е важно на пример, ако разгледувате двајца старешини за унапредување, ако сите оценки им се исти, а едниот има подобра оценка по физичко, тогаш логично е тој да добие предност. За Генералштабот, и останатите штабови на бригади, полкови, имаме два пати неделно од 12 до 14 часот во вторник и четврток тренинзи. Таму секој има можност да трча, вежба доколку сака може да работи и по програма од стручно лице. Кај единиците пак има задолжителни часови организирано трчање, вежбање, истакнува Ѓорѓески.
Физичката проверка е само една компонента од целосната службена оценка која се добива на годишно ниво. Сепак, критериумите се така строги што, доколку само една компонента е негативна, целосната службена оценка за таа година е негативна. Доколку некој од целокупниот активен воен персонал на АРМ, добие две години по ред негативна оценка заради на само една компонента, на пример, слаб резултат во физичката проверка, тогаш тој ризикува да ја изгуби службата.
- Во оценувањето имате повеќе критериуми а еден од нив е физичката подготвеност. Доколку вие имате по некој критериум негативна оценка вие за таа година имате негативна оценка комплетно. Ако и наредната година имате негативна оценка тогаш ризикувате, по основ на закон да ја изгубите службата, вели Ѓорѓоски.

Од офицерскиот кор, исклучени од физичка проверка се само генералите додека останатиот воен персонал може да бидат исклучен од проверките доколку е упатен на служба во странство, во воени претставништва, мисии и штабови на НАТО и други меѓународни организации и воени единици како и за школување, стручно оспособување и усовршување и специјализација за потребите на службата.

Ѓорѓоски вели дека вака поставената физичка проверка бара од секој припадник на АРМ редовно да ја одржува кондицијата.
- Доколку покажува макар и минимум од овие резултати или постигнува добри просечни или одлични резултати, тоа е многу важно за извршување на задачите. Да не правиме муабет за војникот на бојното поле. Исто така физичките активности несомнено се одличен начин за подобрата здравствена состојба на секој припадник на АРМ. Ако редовно вежбате и спортувате, ќе имате многу помалку здравствени проблеми, смета Ѓорѓоски.
Припадниците на Генералштабот на АРМ, вежбаат на воениот стадион во Градскиот парк додека војниците од касарните, вежбаат на игралиштата во касарните.
Сепак, прашање е колку АРМ и покрај големата желба да има подобри услови за спорт, со нејзиниот буџет може да успее да направи сопствени теретани.

http://www.vecer.mk/?ItemID=B40F904F870CB54AB0EDEBC547144504
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty22/5/2014, 13:01

ахахаха маринци примени се дечки со 38 склека и 40 стомачни , според ова за нив сум супермен со 80 склека ,82 стомачни и 13 мин 3200 м. ,бруки живи

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty22/5/2014, 13:15

И мене не ми се верува дека е вака...имам видено бајаги војници со мешлаци,или со коска и кожи на нив...
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty22/5/2014, 13:22

можам и слики да приложам од тие војници што влегоа пред мене ,ама не би било убаво до тие војници да се изложат на јавност , значи буквално јас им броев 38 склеа и 40 стомачни и време на 3200 17и 38 и ете сега е бо АБХО чета се јадам жив кога ке видам ваква статија ареланоста е сосем друга

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 33 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 33 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 33 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 66 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: