Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty22/5/2014, 16:09

Припадниците на АРМ покажуваат огромна хуманост и професионалност во извршување на задачите во Обреновац

Продолжува ангажирањето на припадниците на АРМ кои се распоредени за давање помош во поплавените подрачја во Обреновац и неговата околина. Изминативе два дена нивна основна задача е испумпување на водата во пониските точки на Обреновац и создавање на услови за започнување со отстранувањето на последиците и штетата која во големи размери му е нанесена на овој град во Република Србија. Пумпите за отстранување на водата и агрегатите од АРМ, кои се ставени во употреба за снабдување со електрична енергија на поважни објекти во акцијата за помош и спасување на Обреновац, претставуваат значаен придонес во заедничките напори за одбрана од поплавите и враќање на животот во ова место.
         Припадниците на АРМ задачите ги извршуваат исклучително  професионално и во отежнати услови, а нивното ангажирање е во склад со потребите и барањата на властите во Република Србија, со кои имаат одлична соработка. Во изминатиот период, тие покажаа огромна хуманост и подготвеност за делување во услови на природни катастрофи од големи размери.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/05/Obrenovac_pomosta_prodolzuva.html

АРМ - новости - Page 34 9I9f9UR

АРМ - новости - Page 34 G35ZuSo

АРМ - новости - Page 34 BuJxC98

АРМ - новости - Page 34 6d3acxc

АРМ - новости - Page 34 MBzEUs3

АРМ - новости - Page 34 SIC3XXj

АРМ - новости - Page 34 DDBQcBq

АРМ - новости - Page 34 KrmPICO

АРМ - новости - Page 34 1ZJEt01

АРМ - новости - Page 34 AZ2yhcs

АРМ - новости - Page 34 ABkhoMC
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty22/5/2014, 16:12

Учество на НГШ на АРМ на Kонференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денес (21-ви мај) учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
На средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе се разгледуваат прашањата за состојбата во Авганистан и мисијата ИСАФ по изборите одржани во оваа земја, капацитетот на безбедносните сили на Авганистан, како и за плановите за распоредување во наредната фаза на ИСАФ.
На вториот дел од Конференцијата, во фокусот на учесниците ќе биде разгледувањето на развојот на Оперативниот план за мисијата ,,Одлучна поддршка“ како форма на ангажирање на НАТО во пост-ИСАФ периодот.
Во рамките на Конференцијата, денес е предвидено генералот Котески да положи венец со свежо цвеќе на споменикот пред командата на НАТО во Брисел, а се очекува тој да оствари и повеќе средби на маргините на Конференцијата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/05/nato_konferencija_ngs.html

АРМ - новости - Page 34 1BTyuqh

АРМ - новости - Page 34 DmpWFIt

АРМ - новости - Page 34 UEVWdI7

АРМ - новости - Page 34 KzH6cqb
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty22/5/2014, 16:16

Вежба на инженерискиот баталјон со боеви минско експлозивни средства: „Уривање на елементи и материјали“

Во период од 19.05 до 21.05.2014 година на армискиот полигон (АП) „Криволак“ со припадниците од инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада се реализира вежба со боеви минско експлозивни средства (МЕС) „Уривање на елементи и материјали“.
Стационарното логорување, (инжб) го реализираше во летниот логор „Стрела-1“ на АП Криволак, при што се реализирани следните теми:

Уривање на земја и елементи од армиран и пренапрегнат бетон,
Уривање на елементи од дрво и
Уривање на челични елементи и материјали.

На ден 21.05.2014 година се реализираше вежбата број 3 „ Уривање на елементи и материјали “ под директен надзор на командантот на инжб, кој воедно и учествуваше во подготовката и реализацијата на вежбата.
По завршување на вежбата беше извршена анализа со заклучок дека целта на вежбата (обука на војниците во правилна и безбедна работа при мануелни операции и стандарди при уривање на елементи и материјали) е во целост постигната со што е зголемена и борбената готовност на единицата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/05/urivanje_na%20elementi.html

АРМ - новости - Page 34 ADBZlms

АРМ - новости - Page 34 ZoIl2HF

АРМ - новости - Page 34 XmPt9tP

АРМ - новости - Page 34 JD88Q8p

АРМ - новости - Page 34 JJSj4hP

АРМ - новости - Page 34 BiHxwjU

АРМ - новости - Page 34 WzG8a7n

АРМ - новости - Page 34 ONsR4mg

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty22/5/2014, 20:30

Играла се деца!  Laughing 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty23/5/2014, 17:52

Заврши Примарниот курс за лидери

Во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) 49 слушатели професионални војници од единиците на Армијата на Република Македонија го завршија Примарниот курс за лидери.
Со завршетокот на курсот единиците на АРМ добија професионални војници оспособени за работа на должностите во единиците како лидери на тимови – десетари. Низ текот на тринеделната обука од страна на инструкторите од ЦИО задолжени за обука, слушателите на курсот ги оспособија за успешно командување со тим. Строевата обученост и изграденост на слушателите се подигна на повисоко ниво за време на смотрите, низ реализирањето на обуката и при секое друго постројување и организирана активност.
Исто така се утврдуваа и подобруваа веќе стекнатите воено стручни знаења во ракување со оружје и воена опрема на ниво на тим, методичка подготовка за успешно реализирање на обука, правилна примена на тактиката, техниката и процедурата на ниво на тим при извршување на борбена задача.
На завршетокот на курсот сите слушатели добија сертификати за завршен Примарен курс за лидери кој ги подели застапникот на командантот на ЦИО мајор Оливер Велески.

http://www.arm.mil.mk/vesti/kod/2014/05/KOD_zavrsetok.html

АРМ - новости - Page 34 NOMBg4w

АРМ - новости - Page 34 XNrjNKw

АРМ - новости - Page 34 JFjzcgg

АРМ - новости - Page 34 QJNEvtx

АРМ - новости - Page 34 KJu2jLM

АРМ - новости - Page 34 5BJ5Hja

АРМ - новости - Page 34 7Q6jjnm
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty23/5/2014, 22:21

Цитат :
Хвала Македонији...

АРМ - новости - Page 34 KR4JYsx
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty26/5/2014, 19:31

Успешно завршено учеството на мултилателарната вежба „Платинест Орел 14-2 “ во Романија на припадниците од контингентот за следната ротација во мисијата ИСАФ

На ден 24.05.2014 година, пристигнаа припадниците на АРМ од контингентот кој се подготвува за следната ротација за мисијата „ИСАФ“ кои од 13-23.05.2014 година учествуваа на мултинационалната вежба „Платинест Орел 14-2 “ во Романија.
Вежбата „Платинест Орел 14-2 “ се изведува секоја година во армискиот полигон „Бабадаг“ кој е најголем и најмодерен во Романија, со цел подготовка за мировни мисии, подобрување на интероперабилноста помеѓу партнерските армии и зајакнување на меѓусебните односи преку заедничка обука.
На вежбата покрај припадниците на АРМ учествуваа и припадници на осмиот марински корпус на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и припадници на армиите од Романија и Бугарија.
За време на двонеделната обука рамноправно со останатите учесници нашите мировници изведуваа и ги споделуваа своите знаења во противтерористички вежби, напредни вежби во гаѓање на подвижни и неподвижни цели, справување со импровизирани експлозивни направи, воени операции во населено место и боречки вештини.
Со завршување на вежбата припадниците на АРМ кои се дел од следната ротација на контингентот „ИСАФ“ го збогатија своето воено искуство кое во голема мерка ќе им користи во текот на извршување на задачите во мировната мисија.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/05/vezba_platinest_orel.html


АРМ - новости - Page 34 FoCpdS8

АРМ - новости - Page 34 S5wObUo

АРМ - новости - Page 34 ZEKvBLl

АРМ - новости - Page 34 W7uebbi

АРМ - новости - Page 34 ZE8Yn76

АРМ - новости - Page 34 8hRiZJN

АРМ - новости - Page 34 N9K3YVM

АРМ - новости - Page 34 JnZR5xk

АРМ - новости - Page 34 8B0xSCZ

АРМ - новости - Page 34 NucicWa

АРМ - новости - Page 34 TYlofWd
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty26/5/2014, 19:39

Учество на припадници на Армијата на Република Македонија на осмиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2014“

На ден 25.05.2014 година на стрелиштето „Камник“ во Скопје припадниците на АРМ учествуваа на осмиот меѓународен турнир во стрелаштво „ Гран При Скопје- 2014“ на кој забележаа забележителни резултати.
Турнирот е меѓу наголемите и најатрактивните од овој вид во Европа и се организира секоја година од страна на македонската спортска стрелачка федерација и на него традиционално АРМ покрај директно учество во натпреварувањето придонесува и во уредувањето и обезбедување на стрелиштата.
Во име на Началникот на Генералштабот на АРМ, турнирот го отвори генерал-мајор Методија Величковски, командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) при што им се обрати на натпреварувачите посакувајќи им постигнување на врвни резултати.
На натпреварот учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од Република Македонија и од неколку странски држави во дисциплините : пиштол на 25 метри, пушка, тактичка полуавтоматска снајперска пушка и снајперска пушка на 100 метри.
Натпреварувачите од командите и единиците на АРМ остварија високи резултати при што екипата на ЗОК освои трето место во дисциплината „тактичка полуавтоматска снајперска пушка“ и поединечно освоено трето место во женска конкуренција во дисциплината „пиштол“ од посв1кл. Ирена Лековска од полкот за специјални операции.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/05/megunaroden_turnir_strelastvo.html


АРМ - новости - Page 34 7Ug5mv1

АРМ - новости - Page 34 OO98IBb

АРМ - новости - Page 34 SdHKQod

АРМ - новости - Page 34 Fwygo3S

АРМ - новости - Page 34 9tNbzdD

АРМ - новости - Page 34 5oXKb8f

АРМ - новости - Page 34 WnrdfPj
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty27/5/2014, 11:54

Искажана благодарност и признание на припадниците на АРМ од страна на ГШ на Војската на Србија, за ангажирањето во Обреновац

На 23-ти мај 2014 година (петок) дел од припадниците на АРМ ангажирани за давање помош во Република Србија за време на вонредната состојба заради поплавите, беа испратени од Обреновац. Во името на началникот на Генералштабот (ГШ) на Војската на Србија, на припадниците на АРМ им се обрати началникот на Управата за човечки ресурси на ГШ на Војската на Србија генерал-мајор Слаѓан Ѓорѓевиќ. Во оваа прилика, тој на припадниците на АРМ им се заблагодари за нивното професионално извршување на задачите и помошта која ја дадоа во Обреновац, додавајќи дека со ангажирањето на АРМ во Република Србија за време на поплавите е унапредена и соработката помеѓу двете држави и армии.
Припадниците на АРМ кои го завршија ангажирањто во Обреновац безбедно се вратија во својата матична единица во раните утрински часови на 24-ти мај (сабота). Дел од припадниците на АРМ остана и понатаму да се ангажира во Обреновац со задача за учество во отстранување на последиците од големите поплави со кои посебно беше зафатен Обреновац и неговата околина, каде е нанесена огромна штета.
Врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, на 17-мај АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема во Обреновац, Република Србија и 3 илјади ќебиња за Босна и Херцеговина.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/05/blagodarnost_obrenovac.html

АРМ - новости - Page 34 Rv4V6cQ

АРМ - новости - Page 34 Ur4FyHo

АРМ - новости - Page 34 3BAtaiR

АРМ - новости - Page 34 3bhNtsV

АРМ - новости - Page 34 8SuCtBf

АРМ - новости - Page 34 AvdNYaw

АРМ - новости - Page 34 JSsUtQL
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty29/5/2014, 09:35

Сака да направи дечково нешто ама не му оди

АРМ да се модернизира како сојузничките војски од НАТО

Првиот човек на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, за британскиот весник „Телеграф“ пишува дека во овие тешки времиња, во текот на кризата во Украина, неопходно е секоја од членките на НАТО да инвестира во ресурси и во модерно екипирање на својата војска

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ОДБРАНАТА
Кризата во Украина покажа дека одбраната на својата земја, а со тоа и одбраната на демократијата во светот, е поважна сега од кога било, па токму затоа секоја членка на НАТО треба сериозно да работи на полето на модернизацијата на својата армија. Ова е извадок од авторскиот текст на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, објавен изминатава недела во британскиот дневен весник „Телеграф“.
Во текстот Расмусен инсистира дека членките на НАТО сакале или не мораат да инвестираат во одбраната и во нејзиното опремување.

Првиот човек на Алијансата пишува дека во овие тешки времиња, во текот на кризата во Украина, неопходно е секоја од членките на НАТО да инвестира во ресурси и во модерно екипирање на својата војска.

- Знаеме колку ова наше барање е голем предизвик во сегашната економска клима, но климата во сферата на безбедноста е од животна важност - се вели во текстот.

Долгорочно, отсуството безбедност ќе чини поскапо, отколку што инвестициите би ги чинеле државите сега, предупредува тој во својот напис во „Телеграф“.

Неопходна модернизација на АРМ

Токму овие најнови препораки на Расмусен, кој изминатата недела беше гостин во Македонија, а се дадени кон членки на НАТО, можеби би требало Македонија да ги разгледа многу сериозно.

Експертската јавност во земјава честопати посочуваше дека на АРМ во моментов очајно ѝ треба набавка на нова и модерна опрема и оружје.

Македонија треба да купи транспортен авион за трупите што одат на мисии во странство, хеликоптери за транспорт и за специјалните единици, нови џипови за командосите и да обезбеди дигитална опрема за пешадијата за проектот „Војник на 21 век“.

Шаренило на потеклото на вооружувањето

Наследството од ЈНА, набавките и донациите на оружје и на опрема во АРМ направија своевиден спој на Истокот и Западот и уникатно шаренило во вооружувањето на нашата војска.

Во овие моменти во АРМ се користат руски тенкови, украински авиони и хеликоптери, германски оклопни возила, британски, американски и австриски џипови и холандски камиони и италијански комбиња. Освен орудијата, македонскиот војник на себе носи најчесто југословенска пушка, американски чизми и македонски шлем и униформа.

На честите воени вежби на домашниот воени полигон „Криволак“, кои се одржуваат за да се оцени борбената готовност на нашата војска додека чекаме да влеземе во НАТО, лесно може да се забележи дека пешадијата, воздухопловите и оклопните возила во овие „воени игри“ се поддржувани од американска и од југословенска артилерија и борбени ракети.

Со какво оружје располага АРМ

Исклучувањето на Република Македонија од ембаргото за увоз и извоз на оружје на Обединетите нации во 1996 година ја наметна потребата од опремување на АРМ со современо вооружување и воена техника. Во услови на ограничени финансиски можности, Република Македонија во периодот помеѓу 1992 и 2000 година набави одредени количества оружје и воена опрема. Во тој период АРМ проблемот со недостиг на скапо современо оружје и воена опрема го решаваше низ донации и поволни аранжмани од земјите-членки на НАТО и други пријателски држави. Немирите што ја зафатија Република Македонија пред 13 години ја принудија нашата земја, и покрај лошата економска состојба, да пристапи кон набавка на сето оружје и воена опрема што недостигаа.

АРМ - новости - Page 34 Arm-modernizacija

Пешадија

Во моментов стандардно пешадиско вооружување на АРМ се југословенските верзии на автоматската пушка „калашников“ - од пушката „М70АБ2“ до лесниот митралез „М-84“. Стандардни во единиците на АРМ се и снајперската пушка „М-76“ и автоматскиот пиштол „М-61 скорпион“, а од југословенско производство се и орудијата за поддршка - минофрлачите и противтенковските орудија. Традицијата продолжува и со српската снајперска пушка „М-93 црна стрела“, произведена во истата фабрика, како и другото пешадиско оружје на АРМ.

Одредени единици на АРМ се вооружени и со американски јуришни карабини „М-4“, покуса верзија на пушката „М-16“, а на располагање имаат и германски автоматски пушки „Г-3“ и „Г-33“, автомати „хеклер и кох“, „МП-5“ и митралези „МГ-3“ и британски, германски и фински снајперски пушки. Од западно производство се комуникациските системи, беспилотните летала и најголемиот дел од електронските системи на АРМ.

Оклопни единици

Копнената војска на АРМ денес поседува повеќе од 300 борбени возила: повеќе од 20 тенка „Т-55“ и „Т-72“, 11 борбени возила на пешадијата „БМП-2“, повеќе од 200 оклопни транспортери „ТМ-170 хермелин“, „БТР-70“, „БТР-80“, „М-113“ и „леонидас“.

АРМ располага и со 126 камиони од „ДАФ“ и околу 150 американски камиони „М-35“.
Армиската македонска артилерија може да се пофали со фактот дека поседува повеќецевни ракетно-лансирни системи „БМ-21 град“ (122 мм) и „М-63 пламен“ (128 мм), 108 хаубици „Д-30“ (122 мм), 36 хаубици „М101А1“ (105 мм), ридски топови „Б-1“ (76 мм), бесповлечни топови „М-60“ (82 мм) и минофрлачи со калибар 60 мм, 82 мм и 120 мм.

Воздухопловство

Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ поседуваат четири борбени авиони „су-25“ (од Украина), 6 школски авиони злин-242Л, 12 борбени хеликоптери „ми-24В/К“, 4 борбено-транспортни хеликоптери „ми-8МТ“, 3 транспортни хеликоптери „ми-17“ и два повеќенаменски хеликоптери „УХ-1Х хјуи“.

Единиците за противвоздушна одбрана се опремени со мобилни системи за противвоздушна одбрана стрела-10М, преносни системи за противвоздушна одбрана игла-1 и стрела-2М, како и со противавионски топови со калибар од 20 мм и 40 мм.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5261466372&id=9&setIzdanie=23183&fb_action_ids=873960142618032&fb_action_types=og.likes&fb_ref=.U4ZbkqARQsw.like
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 34 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 34 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: