Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес се одржа свечена заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок
Денес, во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, се одржа свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари - 2014“. На свеченоста по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Командантот на Командата за обука и доктрини (КОД) полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости. Честитајќи им ја свечената заклетва, министерот Џафери на војниците им посака успешни три месеци исполнети со многу работа и труд, од кои ќе произлезе успех. Тој истакна дека сите тие се потенцијални кандидати за професионални војници на АРМ, при што некои од нив ќе одлучат својата иднина да ја градат во професионалниот состав на АРМ. Командантот на КОД, полковникот Костовски на војниците им порача дека во наредните три месеци ќе им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката, со цел да се стекнат со знаењата и вештините, потребни за достигнување на предизвиците кои ги очекуваат во АРМ. Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, денес заклетва дадоа 205 војници од дваесет и втората генерација на доброволно служење на воениот рок, со кои во наредните три месеци, обуката ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамките на КОД.
Прво не ми го издавај идентитетот, второ никот ми е БАБУН, трето види за овие Талат бил за нас не криво ми е не се видовме а знам дека повеќе нема хахаххаха
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2014, 18:09
Ја се извињавам господин постар командант прва класа
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2014, 18:10
Ете, го направивме пак инкогнито.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2014, 18:18
Абе анонимус
Alvar
Број на мислења : 11127
Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2014, 18:32
______________________ Si vis pacem, para bellum
BABUN
Број на мислења : 133
Предмет: Re: АРМ - новости 7/3/2014, 19:35
Alvar напиша:
да не речат после Миле вака Миле така
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 14/3/2014, 13:49
Тромесечни брифинзи за обука и методско огледна вежба: „Извидувачки препад на командно место“
Во период од 10 до 13.03.2014 година во согласност со годишните планови за обука во првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) пред командантите на единиците се реализираа брифинзи за обука за првото тромесечие од 2014 година. На Тромесечните брифинзи за обука (ТБО), командантите и командирите на потчинетите единици ги брифираа командантите на бригадите за состојбите во нивните единици, достигнатата обученост и извежбаноста на припадниците на единиците и приоритетите за обука во второто тромесечје. Како дел од ТБО во 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), каде вообичаено се презентира дел од обуката на потчинетите единици, на полигонот за обука во гарнизонот Кичево пред командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и учесниците на брифингот, извидувачкиот вод од командната чета на 4. механизиран пешадиски баталјон изведе методско огледна вежба на тема „Извидувачки препад на командно место“. Концептот на операцијата беше реализиран во три фази: инфилтрација, извршување на препад и ексфилтрација. Објект за препад беше командното место (КМ) на непријателски паравоени формации, поставено во длабочина на противничките единици кои се во допир со нашите единици. Најпрвo со дејство на снајперски тимови беше онеспособено надворешното обезбедување на КМ, предходни тимови извршија совладување на внатрешното обезбедување на КМ, а потоа беше извршен препад на објектите со што е извршена целта на задачата. Заробените средства за врски и материјали при повлекувањето беа одземени, а деловите на КМ беа уништени со експлозивна направа. На крајот од методско-огледната вежба учесниците во слободна дискусија ја анализираат прикажаната активност.
Она што го кажа на примопредавањето на должноста за краток период и го остварува. Оние кои го познаваат им беше јасно дека ќе ја искористи новата позиција да внесе дел од духот на пСО и во новопотчинетите единици. На овие слики може да се забележат многу детали кои досега ретко или никако не беа користени од „обичните“ војници. Секоја чест за командантот.