Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty4/4/2014, 18:39

Ај ќе му пишам на тој што е задолжен за сликите да отворат профил на Фликр.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty5/4/2014, 12:52

Членството во НАТО останува главна цел на Македонија

Интеграцијата на нашата земја во НАТО е заедничка обврска и главна политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани, вели министерот за одбрана Талат Џафери.

АРМ - новости - Page 23 CzjO4Ut

Постои голема можност ако Македонија ги обедини сите политички сили да се инсистира земјата да биде поканета за членство во НАТО на идниот самит
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ НА АЛИЈАНСАТА
Стратегиска определба на Македонија останува зачленувањето во НАТО. Ова е главната порака што ја упатија високи државни функционери и политичари од власта и од опозицијата на вчерашното одбележување на 4 април, Денот на НАТО во земјава.

- Денот што го одбележува Алијансата е ден што ја промени визијата за мирот, безбедноста и стабилноста и потврди дека е остварена основната замисла од вашингтонскиот договор - истакна вчера министерот за одбрана Талат Џафери на свечената манифестација за одбележување на јубилејот во Домот на АРМ.

Безбедност, стабилност и економски пораст

Тој подвлече дека Алијансата беше, е и останува главен двигател на споделувањето на заедничките вредности на демократијата, на слободата, на правдата, на човековите права и слободи и на многу други општоцивилизациски вредности.

Според него, во септември, на самитот на НАТО во Обединетото Кралство, земјите-членки ќе најадат начин високо на својата агенда да го стават и прашањето за проширување со нови земји-членки.
- На членството во НАТО се гледа како на суштински предуслов за зголемување на безбедноста и на стабилноста, кое позитивно ќе влијае и врз деловната клима, економскиот пораст, развојот и благосостојбата на нашите граѓани - истакна Џафери.

Интеграцијата на нашата земја во НАТО за Џафери е заедничка обврска и главна политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани.

Тој порача дека Македонија останува посветена на понатамошниот придонес и во новата мисија „Резолут сапорт“ по 2014 година, во рамките на заедничкиот СОФА-договор со НАТО и партнерите.

- Армијата располага со експерти за обука и советување во областа на воената полиција, врските, разузнавањето и други области, во согласност со потребата на Авганистан и нашите национални капацитети и способности - додаде Џафери.

Според шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија, полковник Александар Александров, НАТО не е само сојуз на држави со споделени вредносни системи засновани врз консензуални одлуки.
- НАТО е сојуз на целосно независни држави што постојат и носат одлуки како такви, а не во услови на лимитиран суверенитет - посочи Александров.

Потпретседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, во своето обраќање говореше за активностите во Алијансата, која во 2013 година успешно извршуваше задачи во Авганистан, за поддршката во Косово, како и за зголемената и продлабочена работа насекаде низ светот.

На следниот самит да влеземе во НАТО

На оваа тема првиот човек на Коалицијата за позитивна Македонија, Владо Бучковски, истакна дека НАТО беше и треба да остане и натаму единствената алтернатива за Македонија.

- Сето она што се случува последните неколку месеци во Украина треба да биде дополнително предупредување до нашите партнери од Алијансата дека не треба Македонија да ја остават сега кога НАТО ѝ е најпотребен - подвлече Бучковски.

Тој објасни дека во Коалицијата за позитивна Македонија сметаат дека постои голема можност ако Македонија ги обедини сите политички сили да се инсистира земјата да биде поканета за членство во НАТО на идниот самит, кој ќе се одржи есента во Британија.

- На тој начин ќе се испрати сериозна порака до сите граѓани на Македонија дека политичарите го респектираат преовладувачкото јавно мислење на оваа тема, кое достигнува фантастични 90 проценти поддршка - подвлече Бучковски.

Поранешниот министер за одбрана напомена дека Македонија овој чин одамна го заслужи.

- Ако во 2008-та за членство бевме попречени од грчкото вето, сега по добивањето на хашката пресуда е вистински момент Република Македонија да биде поканета под привремената референца и да почне постапката за членување во НАТО - објасни Бучковски.

Тој објасни дека постапката за овој чин трае во Алијансата меѓу 12 и 18 месеци, а сите држави-членки на НАТО треба спогодбата да ја ратификуваат во своите парламенти.

- Ние предлагаме како решение последна држава што треба да го ратификува нашето членство во НАТО да биде соседна Грција. Токму овој период од 12 до 18 месеци е сосема разумен период во кој двете земји би можеле да најдат заедничко прифатливо решение за разликите за нашето уставно име - резимира Бучковски.
АРМ рамо до рамо вежба со НАТО
Две големи воени вежби под префикс на НАТО, од која едната во Македонија, а втората во Белгија и во Луксембург, се вметнати на листата на активности на македонската војска за наредните месеци.
Во центарот за обука „Пепелиште“, на полигонот Криволак, од 7 до 12 април ќе се одржи воената вежба „Македонски блесок-10“ (МБ-10), на која ќе има завршно оценување на припадниците на АРМ за добивање сертификат за учество на одредени меѓународни операции предводени од НАТО, ЕУ или од ОН.
Вежбата ќе се реализира со приближно 1.400 војници, а таа ќе има четири фази според сценариото базирано на мировните операции на ОН предводени од НАТО.
Од друга страна, во мај и во јуни, сто и педесет војници на АРМ ќе бидат оценувани како дел од борбена група на Европската Унија и на НАТО на воена вежба во Белгија и во Луксембург. Во вежбата „Брз лав 14“ ќе учествуваат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија.
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty5/4/2014, 13:31

Alvar напиша:
Добро е што во последно време почнаа полека, полека да работат на промоција на АРМ, со навремени соопштенија проследени со фото материјал.
Ми се допаѓа и што има чести посети на единиците од страна на основните и средните училишта, како и од факултетите.
Но сепак, треба малку да вложат во едукација на оние кој фотографираат, како и во поквалитетна фото опрема. Така ќе има квантен скок во презентацијата на АРМ и нејзините единици.
Не е на одмет да си отворат и страна на Flickr каде би ги ставале фотографиите во орегинална големина, овие од страната на МОРМ и АРМ се премногу мали.

Пример:
https://www.flickr.com/photos/idfonline/
https://www.flickr.com/photos/augustinfotos/
https://www.flickr.com/photos/defenceimages/
https://www.flickr.com/photos/marine_corps/
https://www.flickr.com/photos/soldiersmediacenter/
https://www.flickr.com/photos/usairforce
https://www.flickr.com/photos/usnavy
https://www.flickr.com/photos/armee_de_terre/
https://www.flickr.com/photos/nzdefenceforce
https://www.flickr.com/photos/nznavy/

Само ги лажат децата ,поубаво нека не идат

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty5/4/2014, 16:55

Momak od Gjorce напиша:
Членството во НАТО останува главна цел на Македонија

Интеграцијата на нашата земја во НАТО е заедничка обврска и главна политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани, вели министерот за одбрана Талат Џафери.
На оваа тема првиот човек на Коалицијата за позитивна Македонија, Владо Бучковски, истакна дека НАТО беше и треба да остане и натаму единствената алтернатива за Македонија.

- Сето она што се случува последните неколку месеци во Украина треба да биде дополнително предупредување до нашите партнери од Алијансата дека не треба Македонија да ја остават сега кога НАТО ѝ е најпотребен - подвлече Бучковски.

Тој објасни дека во Коалицијата за позитивна Македонија сметаат дека постои голема можност ако Македонија ги обедини сите политички сили да се инсистира земјата да биде поканета за членство во НАТО на идниот самит, кој ќе се одржи есента во Британија.

Ако мислат дека ќе се "изгребат" за членство во НАТО со Украинскава криза, се лажат.
Ми се чини дека е крајно време да му се каже на народов во МК дека нема ни под разно членство во таа институција без промена на име и националност. Точка!
Ова е услов поставен од СИТЕ членки, не само од Грција. Иако, за воља на вистината, порано бевме неспоредливо поблиску до тоа членство отколку сега... после сите глупости кои ги направивме дома. Секако, мое лично мислење е и дека за ова прашање кај нас и нема некој особен интерес, со оглед дека можеби во моментов и ние самите (читај политичкиот естаблишмент) сме против влез во оваа алијанса, т.е. бараме членство, молиме бога да не не примат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 00:31

Ако е тоа условот чесно е да им кажеме ФАЛА.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 09:48

Или навистина не не сакаат или сакаат да не принудат кон промена на името. Трето нема.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 12:56

Од планот на вмро за АРМ,мислам дека мораа и можеа да понудат повише...го пролистав планов за АРМ и едниствено ми се допадна планот за доближување на АРМ со граѓањите тоес отварање на емисија на МТВ за АРМ...уште не ја прослитав програмата што ја понудија за МВР ама мислам дека е многу по обемна...

ОПРЕМУВАЊЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМ
Континуираното подобрување на капацитетите на Армијата со цел градење армија компатибилна со НАТО опфаќа:
» Опремување на среден пешадиски баталјон и баталјонска група.
» Фазно спроведување на концептот паметна одбрана, преку кој се постигнува поголема ефикасност на вооружените сили и поголема економичност за нивно опремување и дејствување.
» Опремување и модернизација на АРМ со современа воена опрема, која обезбедува висока заштита на силите, брзо распоредување и високоинтензивни операции во сите теренски и климатски услови.
» Опремување, модернизација и спроведување на реформи во одбраната и развој на воените способности за учеството во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Р О К : 2 0 1 4 - 2 0 1 8 Г О Д И Н А


еве ви линк од понудата...од 24е-та страна почнува програмата за АРМ,а од 232-ра за МВР...
http://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/documents/VMRO%20programa%202014-2018%20v2a.pdf
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 13:04

Во последните 8 години имаа шанса, време и пари за ова да го завршат. Наместо тоа единствена инвестиција во армијата во последните 8 години беше нов министер за одбрана, поранешен командант на терористичка паравоена формација која војуваше против АРМ и другите сегменти да безбедносните сили на РМ. Сепак да не забегуваме во политички води. Едноставно да се надеваме дека без разлика кој политички субјект ќе дојде на власт, АРМ ќе добие поголем дел од колачот.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2554

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 13:26

Може некој да ми објасни што значи ова , средан пешадиски батљон и батаљонска група , дали се тоа два батаљона со различна структура на опременос или еден исти батаљон ? scratch 
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty6/4/2014, 18:11

За АРМ и нејзиниот буџет стана збор и на вчерашната претседателска дебата, очигледно дека немаат намера да го зголемат истиот... со оглед дека било европски и светски тренд да се намалуваат воените буџети.  Rolling Eyes 
Беше кажано дека од GDP-то издвојуваме исто колку и Словенија, со тоа што нивниот GDP е барем 6 пати поголем од нашиот, па така и средствата за армијата се 6 пати поголеми од нашите. Нешто кое прет. Иванов изуми да го напомене.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 23 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 23 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: