|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
РИС
Број на мислења : 2581
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/4/2014, 19:44 | |
| Да , да ете и Шведската армија ќе се намали и ќе брои околу 8000 војници . Ќе има вишок CV-9040 и ГРИПини а и сега има вишок на БМП-1 и МТ-ЛБ . | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/4/2014, 21:21 | |
| - Alvar напиша:
- За АРМ и нејзиниот буџет стана збор и на вчерашната претседателска дебата, очигледно дека немаат намера да го зголемат истиот... со оглед дека било европски и светски тренд да се намалуваат воените буџети.
Беше кажано дека од GDP-то издвојуваме исто колку и Словенија, со тоа што нивниот GDP е барем 6 пати поголем од нашиот, па така и средствата за армијата се 6 пати поголеми од нашите. Нешто кое прет. Иванов изуми да го напомене. Истото во секундата кога го кажа го помислив. Заборави да каже колку стотици милиони е 2, нешто % кај нас, а колку во Словенија, пошто нели, буџетот „ни е ист„ . | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/4/2014, 21:35 | |
| Па не е будала тоа да го каже е сега работава е што другиве кепеци не ја знаат таа работа,зашто сите ги боли тулето за војска па за да можат со таа информација да добијат + поени | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/4/2014, 22:27 | |
| Можда се исплашија после она што му се случи на Бучко, па си најдоа други места за перење на пари со што го запоставија министерството за одбрана и одбраната на земјата ја ставија во листата на споредни работи. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Iko
Број на мислења : 503
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/4/2014, 03:28 | |
| Ris...samo mala korekcija...Shvegjanite ushte pred godini i godini gi povlekoa od operativna upotreba (a potoa - i gi rasklopija, i celosno gi istopija) - i svoite BMP-1 (verzijata BMP-1P koja kaj niv domashno beshe zavedena kako "PBV-501A"), i svoite MT-LB (verzijata MT-LB/T koja kai niv domashno beshe zavedena kako "PBV-401A")...oddamna ne gi koristat...i ednite i drugite.... Inaku - chisto komparativno...da...Shvegjanite imaat namera da vo slednite 2 godini go namalat svojot aktiven voen sostav na neshto okolu 8000 pripadnici (skoro kako nas) - od segashnite nakaj 15-tina iljadi...NO - so striktnata razlika shto finansiskite sredstva koi se odvojuvaat za niv sega - nema ni da se gibnat vo idnina...so drugi zborovi...za par godini - aktivniot sostav na Shvedskite Vooruzheni Sili od nakaj 8000 pripadnici - seushte kje si go dobiva normalno sekoja godina - voeniot budzet namenet za niv SEGA...koj iznesuva ramno... 6 MILIJARDI i 462 MILIONI Amerikanski Dolari...da povtoram...SEKOJA GODINA... E sega fino lepo - kompariraj ja taa astronomska cifra za toj sostav - so onaa bedna mizerija za nashiot sostav...i taka i taka - rechisi isti kje bidat po brojnost na personalot... Inaku...toa e edvaj nakaj 1.1% od godishniot Shvedski BNP - koj iznesuva blizu 600-tini MILIJARDI Amerikanski Dolari... Pa ti sega vidi... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/4/2014, 14:30 | |
| НГШ на АРМ му додели Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка на Главниот подофицер на НГ на Вермонт Денес, 8-ми април (вторник), Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески му додели Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка на Главниот подофицер на Националната гарда (НГ) на Вермонт, главен наредник Форест Глаџет. Одликувањето на Главниот подофицер на НГ на Вермонт, беше доделено во присуство на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Џефри Предмор, гости од НГ на Вермонт, Главниот подофицер на АРМ, главниот наредник Драган Стојановски и дел од клучниот персонал на ГШ на АРМ. При врачувањето на одликувањето, генералот Котески го истакна успешното извршување на задачите при заедничкото распоредување на припадниците на АРМ со НГ на Вермонт во намеските сили ,,ФЕНИКС“ во Авганистан, но и одличната соработка со овааа сојузна држава на САД, која е партнер во соработката со АРМ. Честитајќи му за остварениот придонес на наредникот Глаџет, НГШ на АРМ нагласи дека со различните форми на едукација и обука со НГ на Вермонт досега се опфатени околу 3000 припадници на АРМ, што резулатираше за релативно краток временски период, припадниците на АРМ да ги достигнат стандардите на НАТО особено во обуката. Златната значка на Армијата за партнерство, координација и соработка е високо одликување на АРМ, кое на наредникот Глаџет му се доделува заради неговите заслуги во реализацијата на голем број курсеви и различни обуки за подофицерите на АРМ, како во Република Македонија, така и во сојузната држава Вермонт. За него, ова беше и признание од АРМ, за особениот придонес во подготовките и учеството во наменските сили ,,ФЕНИКС“ во мисијата ИСАФ во Авганистан, кога припадниците на АРМ беа распоредени заедно со припадници на НГ на Вермонт. Главниот подофицер на НГ на Вермонт, низ билатералната соработка со Армијата на САД, даде голем придонес и во изработката на програма за развој подофицерскиот кор на АРМ, со чија примена АРМ стана лидер во регионот во оваа област. Денес, наредникот Глаџет ќе одржи предавање пред питомците од четврта година на Воената академија ,,Михаило Апостолски“, а за време на престојот во Република Македонија, ќе посети и други единици на АРМ. НГ на Вермонт претставува партнер на АРМ од 1994 година, со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/04/dodeluvanje_zlatna_znacka.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/4/2014, 16:11 | |
| Присуство на началникот на штаб на ЗОК на Денот за високи гости на вежбата „Викинг 14“ во Белград Р.Србија Денес, 08.04.2014 година во Белград, Р.Србија началникот на штабот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) бригаден генерал Стојан Димчов присуствуваше на денот за високи гости на меѓународната командно штабна вежба - „Викинг 14“. во организација на САД и Кралството Шведска, а на која учествува и АРМ. Вежбата „Викинг 14“ која е седма по ред од оваа серија вежби се изведува во време од 31.Март до 10 Април.2014 година на неколку локации во Европа, покрај главното место на изведба во Кралството Шведска се изведува и на издвоени места во Србија, Ирска, Бугарија и Грузија и на неа учествуваат преку 2500 учесници од 40 земји и 35 организации. Оваа година од АРМ на вежбата учествуваат (девет) припадници од кои еден е оценувач, шест се вклучени во структурата на главниот штаб во Кралството Шведска и двајца припадници се вклучени во воспоставена команда на мултинационална бригада во Р.Србија. На Денот за високи гости во центарот за обука на војската на Р.Србија беа прикажани компјутерски симулации кои се изведуваат во реално време на сите локации на вежбата врз основа на сценариото кое е дизајнирано да обезбеди заедничка обука и работа на воените, полициските и цивилните структури во нестабилно опкружување каде се спроведуваат мировни операции за стабилизација и реконструкција. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/04/viking_14_visoki_gosti.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/4/2014, 13:59 | |
| Инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ во Здружената Оперативна Команда и во првопотчинетите команди На 08-ми и 09-ти Април 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и во командите на бригадите од составот на ЗОК престојуваше инспекциски тим од Вооружените Сили на Руската Федерација со цел согледување на состојбата по прашањата од специфицираната област согласност со одредбите од „Виенски документ 2011“. Во текот на обиколката на ЗОК и командите на 1 механизирана пешадиска бригада, воздухопловната бригада, бригадата за логистичка поддршка и Резервни сили, инспекцискиот тим е запознаен со сите активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“ како и со историјата, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема на единиците. Инспекциските посети согласно одредбите од „Виенски документ 2011“ се редовни годишни активности кои се спроведуваат со цел размена на информации од воен карактер при што потполно транспарентно се запознаваат со актуелната состојба со вооружувањето, опремата и обуката во единиците кои се посетуваат. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/04/vienski_ppe.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/4/2014, 12:57 | |
| Успешен настап на воениот оркестар на АРМ во МОБ Вчера, 14.04.2014 година, Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, настапи со целовечерен концерт во големата сала на Македонската опера и балет (МОБ) со кој беше свечено затворена манифестацијата „Денови на македонската музика“. На оваа реномирана музичка манифестација, Воениот оркестар за прв пат настапи под диригентската палка на Сашо Татарчевски, при што специјално за оваа прилика како гостин заедно со оркестарот настапи саксофонистот Стив Теми од Оркестарот на маринците на САД. Синоќа, пред исполнетата сала на МОБ, публиката имаше можност да ја проследи премиерната изведба на музички дела обработени за Воениот оркестар од познатите македонски музички автори: Илија Илиевски, Кокан Димушевски, Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Благој Цанев, Глигор Смокварски, Томе Манчев и Џон Вилијамс. Во оваа прилика, Воениот оркестар на АРМ уште еднаш ги покажа своите огромни можности, а аплаузот на сцената на МОБ, уште повеќе го издигнаа како музички состав со високо стручно реноме, кој после овој настап се етаблира и како значаен чинител во развојот на македонската музичка култура. Настапот на Воениот оркестар на „Денови на македонската музика“ претставува продолжување на проектот од цивилно-воената соработка, чија цел е АРМ да биде поблиску до граѓаните, заради што и во текот на 2014 година се предвидени настапи низ повеќе градови на Република Македонија. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/04/voen_orkestar_mob.html | |
| | | minceski
Број на мислења : 17
| Предмет: Дали ќе има конкурс за пфв оваа година? 15/4/2014, 14:00 | |
| Дали ќе има конкурс за пфв оваа година? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|