Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 86, 87, 88 ... 93 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty13/9/2014, 18:07

lol!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty13/9/2014, 20:06

Генерал напиша:
Не пука ништо, не му се секирај. Ова се само спинови заедно со онаа стриптизетата на Канал 5 и евтините станови за војската, за да се одвлече вниманието од изјавата на Волерс и другите поважни теми.

Претпоставувам од истата причина некој ги манипулира албанските ученици во Марија Кири Склодовска
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty13/9/2014, 20:25

JKD напиша:
http://www.dokaz.mk/gruevski-mu-se-zakanuva-na-ahmeti-deka-ke-go-izbrka-od-vladata/ ќе пукне нешто изгледа а ?

Ајде сега да видиме дали ќе ги избрка од влада. Cool
http://www.plusinfo.mk/vest/150595/FOTO-Uchilishteto-Cvetan-Dimov-preimenuvano-vo-Hasan-Prishtina-

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty16/9/2014, 19:48

СКОПСКАТА НАСЕЛБА ГАЗИ БАБА ЕПИЦЕНТАР НА ВАХАБИСТИТЕ

ПОЛОВИНА ОД ЗАГИНАТИТЕ ЏИХАДИСТИ БИЛЕ ОД ИСТО МААЛО КАЈ ОДМЕТНАТИТЕ ЏАМИИ
Датум: 16.09.2014, 12:08


Седуммина од десетте македонски вахабисти за кои официјално е потврдено дека загинале во Сирија и Ирак биле жители на скопската општина Чаир, а петмина биле од исто маало во населбата Гази Баба, дознава „Дневник“ од сигурни извори.

Двајца џихадисти живееле на иста улица, а други тројца на улици во радиус од педесетина метри, во маалото меѓу џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсуз“ за кои Исламската верска заедница (ИВЗ) предупреди дека се преземени од вахабисти.

Улиците им се вкрстувале

На иста улица во подножјето на ридот Гази Баба живееле двајца македонски вахабисти кои загинале во џихад. Месуд Мусли (28), припадник на Исламската држава, загинал во Басра во Ирак минатата среда и е последен на листата со официјално потврдени жртви на џихад од Македонија и засега единствен што загинал во борбите на оваа исламистичка група во Ирак. Минатиот ноември во џихад во Сирија загинал и соседот на Мусли, Ријад Мемиши (23).

Една улица погоре на падините на Гази Баба живеел Бурхан Беслими (25), кој загина во Сирија минатиот месец.

Во истото маало, на две паралелни улици, живееле уште двајца скопски џихадисти. Башким Бела (24) во јули загина во борбите во Сирија, а од истото маало потекнувал и Сами Абдулаху, школуван во медресата во Kондово, кој загинал во Сирија во август лани.

Уште двајца од официјалниот список со загинати џихадисти се жители на Скопје, и двајцата на општина Чаир. Џелал Самакова (33), последната жртва на конфликтот во Сирија, кој загина на почетокот од месецов, живеел во мала уличка кај улицата Џон Kенеди, а од истата населба потекнувал и Б.Ш. (23), џихадист што загинал во Сирија на 23 ноември лани.

Следбеници на салафизмот

Официјалниот список на македонски државјани загинати во џихад во Сирија и Ирак досега брои десет имиња, потврдени од сигурни извори. Но, медиумите на албански јазик од земјава и регионот јавуваат за уште неколку џихадисти од Македонија кои загинале во Сирија. Засега овие имиња не се официјално потврдени.

Останатите тројца џихадисти од официјалниот список потекнуваат од Kуманово, од скопското село Грчец и од гостиварското Беловишта. Аднан Реџепи (33) од Kуманово загинал во Сирија во мај годинава, а Расим Зеќири (29), првиот македонски државјанин загинат во Сирија, загинал во пролетта 2013 година. Зеќири бил иселеник во Австрија од каде што и заминал на џихад. Иселеник бил и Ниметула Имери (38), кој од Германија лани заминал во Сирија и заедно со скопјанецот Сами Абдулаху загинал во битката за преземање на затворот во Алепо од владините сили во август лани.

Безбедносни извори наведуваат дека ниеден од загинатите џихадисти не се школувал во верски училишта во арапските земји и дека речиси сите потекнувале од средноимотни семејства. Сите, според изворите, биле следбеници на салафизмот, идеологија која буквално ги толкува светите книги на исламот. ИВЗ, пак, тврди дека станува збор за политичко-верската секта вахабисти за кои предупреди дека ги презеле скопските Јахја-пашина џамија и „Тутунсуз“, во чија непосредна близина живееле половина од досега загинатите џихадисти.

Македонски иселеник во Италија заминал на џихад во Сирија

Мунифер Kарамалески, по потекло од Македонија, е еден од педесетината џихадисти од Италија кои заминале во Сирија, јавуваат италијанските медиуми. Kарамалески (25) седум години живеел во северна Италија, а пред крајот на минатата година ненадејно заминал со сопругата и трите деца. Медиумите пренесуваат изјава на сестрата на Мунифер, на која ~ се јавил од Сирија.

Таткото на џихадистот, Музафер, кој 22 години живее во Италија, за медиумите тврди дека син му имал одлична работа во градежништвото и дека имал многу пријатели во местото во кое живеел. Kога заминувал, синот му рекол дека ќе оди во Македонија да бара подобра работа, но подоцна му се јавил од Босна. Последна со него контактирала сестрата Себил, на која ~ рекол дека е во Сирија.

Медиумите пренесуваат дека на почетокот од септември во Босна и Херцеговина биле уапсени 16 луѓе кои регрутирале џихадисти од Италија за Исламската држава. Повеќето од регрутираните биле на возраст од 18 до 25 години и живееле во северна Италија. Се смета дека десетина од 50 џихадисти од Италија досега загинале во борбите.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=15A662FA4AE03349886AC8CE6E9C11B6
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 16:04

ПОВАМПИРУВАЊЕ

Невзат Халили решил утре да ја прогласи република Илирида и предлага конфедерација со „ПЈРМ“
Претседателот на т.н. република Илирида Невзат Халили, премиерот Баки Сулемани и претседателот на националниот фронт за човекови права и слободи Идриз Синани-Куманова утре од 12 до 14 часот свечено ќе ја прогласат републиката, јави порталот Алмакос.


„Република Илирида ќе биде фактор на стабилност во Балканот и во ЕУ, бидејќи ни најмалку не ги загрозува административните граници, туку ќе спроведе конфедерална реорганизација меѓу двете републики: Илирида и „ПЈРМ“. Република Илирида ќе биде демократска република и ќе ги гарантира сите права на малцинствата кои сакаат да живеат во неа“, соопштуваат организаторите.

Прогласувањето на Илирида најпрво беше најавено за 15 септември, но истиот ден на најавата беше објавено дека поради меѓународен притисок прогласувањето ќе биде одложено. Само два дена потоа пак е најавено прогласување.

Алмакос објавува дека членови на „претседателството на Илирида минатата недела престојувале во Германија“.

Во изјава за порталот Синани вели дека се убедени дека република Илирида, „по прогласувањето, ќе функционира како и кантоните во Швајцарија – еден парламент на Албанците, еден на Словените и сите што ќе живеат на територијата на Илирида ќе уживаат еднакви права, согласно меѓународното право“. Тој објаснува и како ќе се чува таа територија. „Ние ќе ја контролираме република Илирида, целата наша територија ќе биде чувана со силите на гардата на Илирида“, вели Синани.

Идриз Синани за Алмакос вели дека ако оваа идеја не ја прифатат Македонците, проблемот може да се реши по мирен пат, „ние сме за мир, а доколку сакаат со војна, може да одберат што сакаат“.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/nevzat-halili-reshil-da-ja-proglasi-republika-ilirida-i-predlaga-konfederacija

За мене секоја закана треба да се сфати сериозно, но подучен од досегашните случувања сметам дека ова е уште еден спин со кој некој сака да се одвлече вниманието од некои други работи. Но досега низ историјата многупати се покажло дека времето на крај покажува што е вистината.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 16:19

Хм ова ми звучи како "анонимниот херој" кој пред два ипол месеци по првите насилни протести рече дека ќе кревал војна во Македонија, ама изгледа заборавил на војната. Мислам дека ова е уште една таква работа, ама пак треба да се зема со доза на резерва.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 16:51

Каде ќе се основа таа илирида ? на Македонска територија ? каде по точно ? не прочитав ништо такво во текстов.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 17:45

http://media.mk/article/40320/utre-vo-12-ke-se-proglasuva-republika-ilirida

"Утре во 12, ќе се прогласува Република Илирида"

Каде, во Германија?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 17:50

Треба да страдаат во "сообраќајка" овие..
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty17/9/2014, 21:54

Извинете, не приметив дека истата вест била постирана погоре... Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 87 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 87 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 86, 87, 88 ... 93 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: