Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/9/2014, 12:41

Mомчиња од Скопје спречени да заминат на џихад во Сирија
Македонија / Петок, 12 Септември 2014, 12:31


Жители на село во близина на Скопје спречиле неколку млади луѓе да заминат на џихад во Сирија, дознава Дневник.


Во еден случај момче било буквално извадено од автобус со кој требало да појде во војна. Момчето претходно исчезнало од дома, а по извесно време било најдено во џамија во Тетово. Потоа со автобус се обидело да замине за Турција, од каде што требало да се префрли во Сирија. Но, локалните жители се обиделе да го разубедат и буквално го извадиле од автобусот. Настаните ги потврдуваат и во Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Претседателката на Kомисијата, Валентина Божиновска, вели дека вахабистите преземаат џамии и пропагираат поинаков ислам.

- Имавме такви случаи кога луѓе разубедуваа млади момчиња подготвени, буквално тргнати на пат кон Сирија. Ако вахабистите во џамиите земат замав, може сериозно да ги застранат младите генерации муслимани, изјавила Божиновска.

Според официјалните податоци, сите 9 македонски државјани, кои досега загинале во конфликтот во Сирија, биле следбеници на салафистичката идеологија. Станува збор за вахабисти тврди Божиновска и ИВЗ.

Според МВР, тоа што загинатите биле салафисти не значи дека сите следбеници на таа идеологија заминуваат на света војна во Сирија и слични конфликти.

- Не можеме да поставиме равенство меѓу салафистите и џихадистите, не сите следбеници на таа идеологија учествуваат во конфликти , вели Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

Божиновска објаснува дека џихадот во Македонија го пропагираат вахабисти. Тие неодамна во „Тутунсуз“ и во Јахја-пашината џамија во Скопје упатуваа закани кон ИВЗ.

- Се нарекуваат салафисти, но апсолутно станува збор за вахабисти, чија интерпретација на исламот отстапува од традиционалното читање на Kуранот. Се вметнуваат во социјално загрозени средини, меѓу незгрижени луѓе, и ги оттргнуваат децата од ИВЗ и од традиционалното читање на Kуранот. Со нив не се излегува на крај, не ги признаваат легалните одбори на џамиите, поставуваат свои, влегуваат и работат со верниците, проповедаат поинаков ислам, додава Божиновска.

Kомисијата не може да го процени точниот број следбеници на ова движење, кои се повеќе зема замав.

Според Божиновска, движењето кај нас е увезено преку невладини организации, кои дејствуваат и во регионот, особено во Босна и Херцеговина, Санџак и на Kосово.

УВЕЗЕНИ ОД ИСЕЛЕНИЦИ

Салафистите се ортодоксни муслимани, а вахабистите се нарекуваат така за да се затскртијат од јавноста, објаснуваат во ИВЗ.

- Салафизам значи практикување на исламот какво што применувале првите три генерации муслимани вклучувајќи ја и генерацијата на пророкот Мухамед. Вахабизам е политичко движење камуфлирано како методологија за интерпретација на исламската вера. Поради камуфлажа, 80 отсто од вахабистите себеси се нарекуваат салафисти, а во суштина се вахабисти, објаснил Африм Тахири од Исламската верска заедница.

Разликата меѓу вахабистите и останатите муслимани, објаснува Тахири, е што секташите ја исклучуваат логиката во интерпретацијата на исламот.

sedumnaeset-dzhihadisti-seu

- Овие исламски правни школи, кои се применуваат во вахабизмот, не дозволуваат логика во решавањето разни правни проблеми, а ханефиската, која во нашата земја е и службена правна исламска школа за ИВЗ, дозволува употреба на логиката ако нема прописи во Kуранот и Сунетот за одреден проблем, додал тој.

Тахири понатаму тврди дека вахабизмот во Македонија почнале да го шират иселеници-повратници, а подоцна и млади што се школувале во арапските земји.

- ИВЗ не располага со такви статистики каде што има повеќе или помалку таканаречени салафисти, а исто така е убедена дека не секој што војува во Сирија и во разни други војни е член на ова движење. Својот став против вахабизмот ИВЗ јавно го има кажано од првите моменти на појавување на ова верско-политичко движење кај нас сметајќи го како опасен вирус за нашето општество. Но, за жал, нашиот став не е прифатен сериозно од надлежните органи, смета Тахири.

Една од главните карактеристики на вахабистите е што централно место во нивната идеологија е џихадот против режимите, кои ги сметаат за невернички, вклучувајќи и муслимански режими.

И ЗА ПРОПОВЕДИТЕ ВАЖАТ НОВИТЕ КРИВИЧНИ ОДРЕДБИ

И МВР и Kомисијата велат дека досега немале законска основа да интервенираат, но дека тоа е променето со последните измени на Kривичниот законик, кои пропишаа казна за учество во војни во странство.

- Ниту ние ниту друга институција досега немала законски основи да реагира, освен за нарушување на јавниот ред и мир или за нарушено владение на џамиите за што прво треба да се иницира судска постапка од ИВЗ. Затоа законските измени се идеална содржина за оваа појава, затоа што веќе не можат слободно да пропагираат, објаснува Божиновска.

И МВР нагласува дека може да реагира само со судска наредба за давање асистенција или врз основа на измените на Kривичниот законик против повикување или учество во странска војска.

МВР: НЕМА ЦЕНТРИ ЗА РЕГРУТАЦИЈА НА ЏИХАДИСТИ

МВР нема сознанија дека во земјава има центри за регрутација на џихадисти, но нагласува дека за секој таков случај ќе ги примени новите овластувања од Kривичниот законик за учество во странска војска или повикување на такво учество.

http://denesen.mk/web/?p=293396
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/9/2014, 13:47

Уште еден македонски државјанин загина во Сирија, Месуд Мусли 28- годишен од Скопје

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=48378
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/9/2014, 13:47

Борците бесни за вандализмот на Китино кале

Борците и кичевци се згрозени од грозоморното оштетување на посмртните останки на 550 борци кои се погребани во гробницата на кичевско Китино кале. Оваа заедничка гробница повеќе од седум децении е синоним на цената за борбата за слобода на луѓето кои загинаа во виорот на Втората светска војна и не го видоа сонцето на слободата. Од нелуѓе, како што велат борците, сега во слободна Македонија им се оштетени посмртните останки кои се расфрлани на сите страни околу гробницата, а повеќето од черепите им се искршени.

Боречкиот сојуз бара судот најстрого да ги казни овие сторители, оти не само што уништиле гробница и спомен обележје, туку ја погазиле нивната смрт.

Грозоморниот чин на вандализирање на споменикот од НОБ е откриен токму на денот на независноста, 8 Септември. Некој го скршил катанецот и провалил во спомен костурницата. Делегација на борците кои сакале да положат цвеќе биле згрозени од настанот. Ден по случката, некој ги собрал черепите и коските во вреќи, ги вратил во костурницата, а вратата била заварена.

- Што да кажам освен дека ова е нешто нечуено. Невиден вандализам е да се оштети вакво место. Срамно е - вели Сретен Лазески, секретар на кичевското Здружение на борците од НОБ.

Низ чаршијата кружат три приказни. Првата е дека зад кршењето на коските стојат активисти на некоја од двете владејачки партии, кои сакаат да исценираат дека има криза во Кичево. Втората е дека крадци на старо железо се сторители, а трети, пак, велат дека ова е дело на потомците на Балистите.

Засега никој не знае кој го осквернави гробот на 550 партизани. Од полицијата велат дека е извршен увид и дека започнале истрага, а од кичевското Јавно обвинителство потврдуваат дека е отворен предмет против непознат сторител.

Ова е втор инцидент кој се случува на Китино кале, а трет во кичевскиот округ. На 9 декември 2013 година беа украдени бистите на три народни херои кои пред три децении беа поставени на Китино кале. На 18 март годинава, некој ги искрши бистите на Драге Богески, Лавче Стефаноски и Олга Мицеска, а и ден-денес не е поставена новата биста на Ибе Паликуќа, која исчезна преку ноќ, пред неколку години. Сите бисти беа на мермерни фундаменти. Никој за овие два инцидента не беше осомничен ниту обвинет.

Оградата која го заштитуваше ова место, велат од полицијата постојано се краде. Околу импозантниот споменик - кој стаса сече дрвја за огрев. Китино кале во меѓувреме прерасна во локална депонија. Пред две години, по иницијатива на локалните власти беше најавено дека оваа локација ќе биде преуредена во туристичко место, ќе се ангажира туристички водич и 24-часовна чуварска служба, но од идејата засега нема ништо. Актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, поради службени обврски е недостапен да даде мислење за постојаниот проблем на Китино кале.

Оваа локација има голема не само историска, туку и археолошка важност за градот. Пред низа години на овој археолошки локалитет е откриена населба од бронзеното и железното време и средниот век. Се наоѓа на висок рид со две платоа, кој претставува најдоминантна точка во средишниот дел на градот, каде се гледаат остатоци од темели од бедем и кули. По површината има фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Најдени се и монети од древна Македонија.

http://plusinfo.mk/vest/150501/Borcite-besni-za-vandalizmot-na-Kitino-kale

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty12/9/2014, 13:49

HolyTemple напиша:
Уште еден македонски државјанин загина во Сирија, Месуд Мусли 28- годишен од Скопје

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=48378



______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 03:06

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 11:12

Битен е контекстот, а и локацијата. Редовно америве ни праќаат пораки од албански институти, универзитети, собири и сл.
Не дека не се сложувам со кажаното, пепел ја направија Македонија.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 16:28

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 16:48

Не пука ништо, не му се секирај. Ова се само спинови заедно со онаа стриптизетата на Канал 5 и евтините станови за војската, за да се одвлече вниманието од изјавата на Волерс и другите поважни теми.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 17:07

Убиени осуммина џихадисти во Ирак, меѓу нив и македонски државјанин
МАКЕДОНИЈА | 13.09.2014 16:56


При воздушен напад во Ирак врз припадници на исламистичката група Исламска држава биле убиени и осуммина џихадисти од Балканот, меѓу кои и еден од Македонија, објавија медимите во Приштина.



Како што јави дописникот на МИА, при вчерашниот воздушен напад се убиени осуммина Албанци, припадници на ИД, од кои шесттмина од Косово и по еден од Македонија и од Албанија.

Во списокт на загинатите, кој го објавуваат медиумите, се наоѓа и името на извесен Ебу Увејс од Македонија. Тој е втор македонски државјанин кој загина во Ирак, по Месуд Мусли(28) од Скопје, кој беше убиен пред три дена во Барса.

Заедно со десетте загинати во Сирија, официјалнот број на загинати македонски Албанци во овие две блискоисточни земји се искачи на 12. Досега официјално е потврдено дека од регионов се убиени по 12 Албанци од Македонија и од Албанија, 23 од Косово и еден од jужниот дел на Србија, поточно од село кај Бујановац.

http://republika.mk/?p=313440
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty13/9/2014, 17:23

HolyTemple напиша:
[Тој е втор македонски државјанин кој загина во Ирак, по Месуд Мусли(28) од Скопје, кој беше убиен пред три дена во Барса.

И во Барса ли гинат мајку му!? Изгледа лошо ливче изиграл. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 86 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: