Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty9/9/2014, 15:14

На интернет.

Ти треба само принтер (без разлика дали црно бел или корол зошто не прави никаква разлика бидејќи боите се црно бела) и симнуваш слика во ваква езолуција и ја принташ

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/ShababFlag.svg/1280px-ShababFlag.svg.png

Само не е баш паметна оваа идеја околу палењето бидејќи на тоа знаме е напишана исламска порака која може да ги погоди чувствата на обичните муслимани.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 09:25

Кој ги гради џамиите во Македонија?

Повеќе од 350 џамии се изградени во Македонија во последните десет години. Само во главниот град и неговата околина има дваесетина нови џамии, најчесто изградени без одобрение за градба и без комплетна документација, неопходна за објектот да биде легален.

Експанзијата на градење џамии е најочигледна во западна Македонија, како и во северните делови од земјата. Но, последните години се гради и околу Штип и Валандово. Кој ги дава парите за џамијата не е небитен податок. Тој што донира за нејзината изградба подоцна има и влијание врз неа. Но, тие податоци е тешко да се прецизираат.
Според грубите процени на градежите фирми што се занимаваат со изградба на џамии, за да се направи еден ваков објект се потребни повеќе од еден милион евра. Само минарето може да чини од 50 до 60 илјади евра. Разликата во цената зависи од материјалите што се користат за изработка на објектот, од бројот на минарињата и госелмината на џамијата.

Интересно е тоа што новите џамии во Македонија се градени според арапски терк, за разлика од постарите верски објекти од времето на Отоманската империја.

Според разузнавачки извори, најмногу пари за изградба на џамиите доаѓаат од арапските држави, како Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Египет. Официјално, пак, најмногу пари плаќа Владата на Саудиска Арабија. Овие пари првично се наменети за отворање училишта и за промовирање на религијата, како и за аџилак во Мека и Медина. Пред десет години од државата на аџилак заминувале верници со еден автобус, што значи до 50 луѓе од Македонија, а последниве неколку години на пат заминуваат од 25 до 30 автобуси. Според официјални информации на Исламската верска заедница, превозот за овие верници го плаќа Владата на Саудиска Арабија, чие население 97 отсто (или 25 милиони луѓе) е муслиманско.

Во последните 10 години влезени се една милијарда евра за ширење на исламот, од кои 600 милиони биле наменети само за изградба на џамии. Другите пари се наменети за аџилак, други простории, за хуманитарна помош за Ромите, за стипендии.

Според познавачи на оваа проблематика, најголем увозник на радикалниот ислам во државава е Саудиска Арабија.
И во Босна и Херцеговина, од каде што се смета дека доаѓа радикалниот ислам во Македонија, најголем финансиер за изградба на џамии е Владата на Саудиска Арабија. Со нејзина поддршка во Босна се изградени околу 140 џамии, како и мегаџамијата на кралот Фахд во Сараево.

На списокот на земји што се главни финансиери на изградбата на џамиите во Македонија се и Катар, Кувајт, Малезија, Либија и Египет.

Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) ја финансираше реконструкцијата на Мустафапашината џамија. Според информации, сите фирми што ќе се пријават на јавен тендер за обнова или изградба на некој објект, подоцна стануваат донатори на пари што влегуваат во државава на ист начин како и во Босна и Херцеговина, јужна Бугарија, во Чеченија и Азербејџан, во Узбекистан, Киргистан и Казахстан.

(Авторот е поранешен помошник директор во Агенцијата за разузнавање во Република Македонија)



[box color="#333333"]
- од излезот на Скопје по патот кон Гостивар се изградени 88 нови џамии
- во селото Теарце е обновена старата џамија, а овој период се градат уште три нови џамии
- од патарината во Тетово до Скопје се забележува дека во секое село има нова џамија
- клучка на влезот на Тетово (десно од патот има недовршена џамија)
- на влез во Гостивар (џамија со две минариња)
- по стариот пат за Гостивар преку Боговиње (десетина нови џамии)
- по една нова џамија во селата Чегране и Форино
- нова џамија на влезот во Куманово (кај Дивата населба)
- во Слупчане, Ваксинце и во Липково
- во Кичево има седум џамии, а сега се гради и осмата
- џамија во изградба на магистралниот пат Кичево
- Охрид
- во источна Македонија најчесто се градат џамии во ромските маала, а во последните три години има џамии во ромското маало во Струмица, во Виница и во јуручките маала во Радовишко
- нови џамии во Валандово и во Демир Хисар (финансирани од турската влада)
- џамии во сите села во Струга
- џамија во Велес и во Битола
- две нови џамии кај клучката за влез во Скопје
- една во селото Нерези, веднаш до манастирот „Пантелејмон“
- две во шумата Водно (нема населено место околу нив, само три куќи)
- во населбата Бутел, патот кон градските гробишта
- во населбата Карпош
- џамија Араста во Старата скопска чаршија
- две џамии во населбата Ченто
- една во населбата Бутел
- две џамии во Арачиново
- една џамија во Катланово
- една џамија кај аеродромот Александар Велики
- три џамии во населбата Шуто Оризари
- по една во селата Студеничани и Моране
- една во Чифлик, кај селото Свети Петка
- неколку џамии во Кондово и во Шишево
- една во Љуботен[/box]

http://www.mkd.mk/97469/kolumni/koj-gi-gradi-dzamiite-vo-makedonija-zoran-mitevski

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 11:26

Подеднакво битно е да се запрашаме ШТО направила досега државата во врска со ова? Па во западниве држави се водат огромни дебати кога треба да се изгради ЕДНА единствена џамија... и тоа без минаре, додека кај нас ги штанцаат како на лента, без дозвола и без прашање. Што правеа институциите изминативе години, та нели нема да толерираме дивоградби... а замижаа пред подигнување на цели села кој се изградија на диво, некој од нив во меѓувреме станаа градчиња. Го контролира ли некој протокот на пари во земјава, или се додека има прилив не е битно од каде идат?
Абе сами си ја пишуваме посмртницата, тоа е она кое најмногу ме фрустрира. Осет за држава и нација 0 (нула).

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 14:38



Интересни последни минути...
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 20:02

Alvar напиша:
Подеднакво битно е да се запрашаме ШТО направила досега државата во врска со ова? Па во западниве држави се водат огромни дебати кога треба да се изгради ЕДНА единствена џамија... и тоа без минаре, додека кај нас ги штанцаат како на лента, без дозвола и без прашање. Што правеа институциите изминативе години, та нели нема да толерираме дивоградби... а замижаа пред подигнување на цели села кој се изградија на диво, некој од нив во меѓувреме станаа градчиња. Го контролира ли некој протокот на пари во земјава, или се додека има прилив не е битно од каде идат?
Абе сами си ја пишуваме посмртницата, тоа е она кое најмногу ме фрустрира. Осет за држава и нација 0 (нула).

Си знаат убаво, само си ќутат нашите за мир у куќа.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 21:13

Арно ама и мирот се троши. Со пикање на главата во песок само правиме бетер.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/9/2014, 21:14

Учениците во Хемиско преку Фејсбук добиваат лекции да не одат на часови

Четиристотини ученици Албанци од средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ во скопски Аеродром денеска повторно не се појавија на настава, иако учебната година почна пред неколку дена. Најавиле дека ќе продолжат да протестираат сè додека не им се исполнат барањата - да имаат наставници, претставници на училишниот одбор, помошник директор, педагог и психолог кои се етнички Албанци. Директорот на ова училиште, Павле Павлов, вчера се сретнал со родителите и со советник на министерот за образование и наука, ама до никакво решение не дошло.

- Еден од родителите ми рече дека јас ако сум сакал, за 24 часа сум можел сите барања да им ги исполнам. Ако го следам законот, нема да можам тоа да го направам. Констатиравме дека се работи за неконструктивен состанок и не знам како во иднина ова ќе се реши - вели Павлов за „Плусинфо“.

Едно од барањата на родителите е иницирано од екстерното тестирање. Имено, учениците што следеле предмети на македонски јазик, тестот биле принудени да го полагаат на албански, поради што сметаат дека се оштетени во оценувањето.

На првиот училишен ден, како што објаснува тој, група родители ја блокирале влезната врата и им дале инструкција на децата да не влегуваат на часови. Од тогаш па до денеска, секој ден учениците етнички Албанци, доаѓаат во школскиот двор, поминуваат таму 15 минути и добиваат инструкција преку Фејсбук да си одат дома.

- Колегите наставници Албанци одат на работа секој ден. Децата не доаѓаат. Јас ги разбирам барањата на родителите и драго ми е што се трудат нивните деца да ги едуцираат на достоен начин. Но, напоменувам дека проблемите мора институционално да ги решаваме, а не со вадење на децата од училишните клупи. Тоа повторно ним ќе им се одрази зашто ќе одработуваат саботи. Образованието е задолжително и секој родител поединечно е одговорен да го праќа своето дете во училиште. Размислувам да се обратам и до државниот просветен инспекторат за тој понатаму да постапува со оние родители чии деца не следат настава. Не велам дека нема недостатоци, но мора да имаме соодветни кадри независно од тоа од која етничка заедница се - вели за „Плусинфо“, Павлов.

Тој додава дека годинава ниту еден ученик не се запишал во гимназијата во ова училиште и таму останале само стручните класови за кои признава дека се преполни и дека капацитетот на училиштето е премал поради што е потребно дел од децата да се дислоцираат во други училишта.
http://plusinfo.mk/vest/150270/Uchenicite-vo-Hemisko-preku-Fejsbuk-dobivaat-lekcii-da-ne-odat-na-chasovi

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/9/2014, 13:08

Да се вработат Албанци, па макар и незаконски, македонски јазик да предава Албанец
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=A57ADF7C3827664DB7FDB70EEA460AA1

Додека од сруга страна го имаме ова:

СКАНДАЛОЗНО СО ОБСЕ ВО АЛБАНИJА
Еди Рама нема време за Торс, таа нема време за македонското малцинство
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=A968B8AD6FADAD4B87B7B7672631F774

Албански политичари градат рејтинг на македонски прашања
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91114104422&id=9&prilog=0&setIzdanie=23270

Бугарија не може да се одбрани, Албанија стана „нова Грција“
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=910141010382&id=9&prilog=0&setIzdanie=23269

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/9/2014, 17:13

Абе и тие што ги имаат вработено,дали 2ца се со диплома.Другото е или со средно,или со диплома од Косово и Мала Речица.

Инаку,има/ло акција на бит пазар,којзнае што се дешавало..ги бркале дивите продавачи.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty12/9/2014, 01:06

Што добиваме ние ако влеземе во НАТО?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 85 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: