Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 87, 88, 89 ... 94 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty18/9/2014, 11:47

15 годишно девојче, конвертит во ислам од Македонија отиде во Сирија

Преминав во ислам, не грижете се, добро сум!

СВЕТ | 18.09.2014 09:40

Петнаесетгодишно девојче родено во Скопје, кое со родителите пред неколку години се преселило во Лиеж, Белгија, преминало во ислам и додека било на одмор во родниот град скришно заминало во Сирија, дознава „Дневник“. Во Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека девојчето е пријавено како исчезнато, но не даваат повеќе детали за случајот, ниту за нејзиниот идентитет.
- На 15 јули во Скопје е пријавено исчезнување на девојчето. По неа првин беше распишана локална, а потоа и национална објава за потрага по исчезнато лице. Во постојан контакт сме со белгиската полиција и трагаме по девојчето – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.
Девојчето, родено во Скопје, со родителите и сестрата живеело во Лиеж. Таа и сестра и речиси секое лето доаѓале во Македонија и распустот го минувале кај баба им. Годинава во Скопје дошле на 30 јуни. Двете девојки патувале сами затоа што македонските закони дозволуваат малолетници постари од 14 години да патуваат без придружба на родител. На 15 јули бабата пријавила дека девојчето исчезнало.
Полицијата почнала локална, а потоа и потрага во земјата. Биле проверени и граничните премини, но нејзиното име не се појавувало во евиденцијата на минувања на државната граница. Но, затоа се појавило името на нејзината 19-годишна сестра. Подоцна било утврдено дека тој ден девојчето заминало на скопскиот аеродром и со пасошот на својата сестра влегла во авион кој од Скопје летал за Истанбул. Невообичаено за неа, тој ден девојката се нашминкала и ја собрала косата за да личи на сликата на пасошот.
По извесно време од ненадејното исчезнување девојчето им пратило преку телефон СМС порака на родителите. Во неа навела дека го напуштила христијанството и преминала во ислам, дека е во Сирија и дека е добра. На родителите им потенцирала да не се грижат за неа.
Засега нема потврдени информации зошто малолетното девојче заминало во Сирија, дали пристапило на некоја од завојуваните страни и каде точно се наоѓа во земјата во која беснее граѓанска војна и секој ден се бројат десетици загинати.
Истрагата што се води во Македонија утврдила дека таа за време на кратките престои во земјава немала контакти со радикални исламисти, ниту какви било слични радикални структури. Се претпоставува дека девојчето било индоктринирано во Белгија, од млади муслимани со кои се дружела, но засега нема потврдени информации каде, како и што конкретно се случувало со неа додека била на улиците на Лиеж. МВР не ги коментира овие наводи.
Ова е прв случај на македонска државјанка да замине во Сирија. Досега нема официјален податок колку македонски државјани заминале да се борат во Сирија, но официјално е потврдено дека деветмина загинале во Сирија и еден во Ирак. Сите биле вахабисти и се бореле во исламистичките групи Џабха ал-Нусра и Исламска држава. Седуммина од загинатите биле жители на скопската општина Чаир. Тројца македонски државјани во Сирија заминале од Германија и Австрија, каде што живееле. Инаку неофицијално се зборува за уште неколку загинати, но освен на фејсбук форумите нема потврда за тоа.

http://republika.mk/?p=315070
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty18/9/2014, 14:25

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty18/9/2014, 16:33

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty18/9/2014, 19:36

Текстов го преземав од форумот на Кајгана, и сакам да кажам дека е многу точен. Додека низ Македонија крстосуваат радикални исламисти и албански шовинисти, македонските "Џемјс Бондови"
се курчат со скапи коли, благодарение на најсилните значки сто ги носат. Тоа е кога некој кого не го интересира да ја работи разурзнавачко-контраразузнавачка дејност, туку во тие служби поголемиот дел се само заради сигурна и висока плата. Додека има луѓе кои завршиле на факултет за таа работа седат на улица. МОСАД пред пред три години им даде извештаи со точни информации каде се има гнезда на такви групи, од МВР ништо не се презема. Ако немаат желба да ги шпиунираат, нека потпишат соработка со Израел како што имаат со американската НСА нека преселат централа на МОСАД во Македонија, барем они се најсилна светска служба и нека им даваат информации на тацна на МВР.


РАДИКАЛНИОТ ИСЛАМ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО СТРУШКО,БЕЗБЕДНЈАЦИТЕ ПО КАФЕАНИ!!!
SEPTEMBER 16, 2014

Македонија дефинитивно има голем сериозен безбедносен проблем , со навлегување на голема врата на Исламскиот фундаментализам.Дечките кој државата ги плаќа за прибирање на контраобавештајни податоци , како прави маникени ,се шетаат по улици и кафеани и глумат големи обавештајци , им недостига уште легендарниот актер Сашко Коцев ,да ги подземе во некоја негова Стенд Ап комедија , секако за статисти , за друго ,не се знае дали би ги бивало, за декор ,можеби!

Македонските безбедноси служби немаат воопшто точен податок ,колку државјани на Македонија ратуваат во Сирија, Авганистан , Ирак?! Тоа пред се се малди дечки кој се обучени од страна на исламските радикални фундаменталисти, кој се враќаат во Македонија и се најголема потенцијална опасност за безбедноста на Македонија ,а и во регионот пошироко. Тие во своите глави веќе имаат друг чип, оној фундаменталистички , и нема ниту момент да размислуваат, за до колку е потребно, да го употребат оружјето и нивното знаење за војување во некоја си прилика , како во Македонија , така и во регионот.

Во повќе наврати пишувавме за делувањето на „Црвено Црната Алијанса“, нејзините контакти во Струга во делот на СУБК,како и во СТрушко,а и во Дебар, Гостивар,Тетово. Оние кој треба да внимаваат на нивното делување , кој државата ги плаќа за зачувување на безбедноста и уставниот поредок , тие повеќе сакаат да дознаат од портали , или пак некој да ојде кај нив и да им сервира све на тацна , а тие само да ја напишат службената белешка!!!

Исламскиот Фундаментализам на голема врата е навлезен во Македонија , но за дечките кој преферираата ресторани ,а во интерес на безбедноста на Р.Македонија ,ќе им дадеме сознанија ,а тие нека си проверат .

Струга ,Лабуништа веќе 10 години наназад се едни од најаките вехабистички центри во овој дел на Балкан. Посебно е развиен во делот на селото Лабуништа , каде имаат едукативни центри , печатење на пропагандни материјали , снимање и копирање на ЦД -Дискови за ширење на Вехабизмот. За шал никој не превзема ама баш ништо оперативно на теренот ,како би се спречило овој важен регрутен центар да се сузбие.

Додека разузнувачите од СУБК Охрид , оделение Струга уживаат по охридските ресторани, одсвем Лабуништа во период од само неколку месеци и соседното село Октиси,постана дел од Вехабистичкото братсво. За таа цел во Џамијата во Октиси ,главниот Оџа Рамадани е припадник на Вехабистичкото движење во Македонија. За таа цел на посета на Октиси пристигнува и водачот на вехабизмот во Македонија Бекир Алими (види фото), каде во џамијата во Октиси прават собир на вехабистичките приврзаници , како и план како и на кој начин да се прошири движењето ,а и можноста за регрутирање на војници за борбите во Сирија.[​IMG]

Одсвем Струшко-Дебарскиот регион ,кој поради стратиграфијата , како и гранични места кој се погодни за префрлување на оружје и лјудство, вехабизмот на голема врата навлеува во Гостивар , особено во месноста на планинскиот дел на Чегране , каде според определени сознанија на ОхридСкај формиран е и тренинг камп.

Ваквата појава на радикалниот излам е загижувачка , пред све од безбедносен карактер како на Македонија , така и на регионот, па така нерзабирливо е тоа што жител на селото Велешта -Струшко погинува во Сирија како припадник на радикалните исламисти ,а во Македонија за истото или не се знае ,или пак се премолчува?! Која би била целта на премолчувањето?? Кој се финасиерите на вехабистите ,а кој немаат бради ,а тераат милионски бизниси во Македонија со што го финасирааат радикалниот ислам , секако дека е прашање на оделот на контра разузванање при СУБК Охрид !

Сашо Денесовски

http://ohridsky.com/?p=27216
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty19/9/2014, 01:05



сакаат легално да биди бе хеј Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty24/9/2014, 16:33

Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty25/9/2014, 09:54

MISFIT напиша:
http://tocka.com.mk/1/137960/tarifa-za-vahabist-100-evra-za-nosenje-brada-200-za-kratki-pantaloni

Еден ден парите ке секнат , што тогаш.
А во мегувреме брадата ке порасне.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty25/9/2014, 11:30

За жал ние не сме во толку комфорна позиција за да чекаме да секнат парите друже Зоки.
Мада за 300 евра (брада + 3/4 пантолони) да се подзамисли човек... има некој контакт од салафистиве кај нас? Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty25/9/2014, 12:44

Alvar напиша:
За жал ние не сме во толку комфорна позиција за да чекаме да секнат парите друже Зоки.
Мада за 300 евра (брада + 3/4 пантолони) да се подзамисли човек... има некој контакт од салафистиве кај нас? Very Happy

Оди во Јаја Паша Џамијата и кажи им на одборот дека сакам да станувам вехабија, они ќе те упатат, според нив на "(не)правиот пат" Very Happy
После обработката која ќе ти ја направат за вехабија и финансиските средства, само треба да поминеш одредено време и на авантура во Сирија или Ирак, ако имаш среќа да преживееш во ред, само моменталнава ситуација во Сирија е таква што тешко некој да се извлече жив од америчките прецизни бомби и ракети на Предаторите, Ф-16ките, Рапторите и проектилите Томахавк. Very Happy lol!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty25/9/2014, 13:25

Се ова ми изгледа на многу невкусна игра. Важно чичко Сем си шитка оружја на големо, битпазар не му е рамен....
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 88 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 87, 88, 89 ... 94 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: